Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Престанок на доењето - одбивање

Дискусија во 'Бебе' започната од ivanceto1984, 9 декември 2010.

  1. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    Даа. Ама како ќе прајш да го заспиваш??
    Моментално мм ја заспива, за дремка, оти е станата од 6ч, очите и се затвораат и се спие ама ете ја слушам плачи, на моменти вреска.. Ама ништо еве си седам во дневната, па ќе го видиме исходот. Почнавме ама тешко ни оди.... Можи ќе смени.
     
    На tambelina и flower55555 им се допаѓа ова.
  2. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.351
    Допаѓања:
    4.725
    Пол:
    Женски
    Мојов со друг не заспива, а и да заспива пак ке треба и сама да пробам оти преку недела до ручек сме сами.. ке пробам некако со галење пеење, незнам шо ке упали само како да соберам сили.
    Ете велат ке плачи 2-3дена и толку е, ама јас како ке издржам да го гледам да плачи незнам...:worried:

    Шо напраивте вие?
     
    На tambelina и Makedonka007 им се допаѓа ова.
  3. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    Ништооо!!! Плачеше многу, подолго време, мм се обиде ама не издржа и ми ја даде, заспа за 3 - 4 мин со цицање.
    А размислував, ми дојде една идеја...
    Можи и другите да кажат мислење, ако сакат

    Да ја оставам ноќе да заспива со свекрва ми?? Неколку ноќи, па после да се обидам некако сама? Или на неа ќе се навикни само ???
     
    На flower55555 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Колкави ви се децата? Мојава ја одвикнав на 2 год,разбираше колку толку. Си ставив црн пипер и ѝ кажав дека е расипано цицето и дека луте. Само лизна, ја излуте и толку, ќе го погалеше и ќе заспиеше. Знам дека тоа не е најдобар начин, ама и јас така како вас се измачував ама без успех.
     
    На srekice и Makedonka007 им се допаѓа ова.
  5. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.351
    Допаѓања:
    4.725
    Пол:
    Женски
    Колку шо знам по лесно е да ја заспива друг, од колку ти. Е сега да не биди пак како сега, да се мачи па да попуштиш. Ако мислиш дека би можела да се справи, остај и ја.
    @forumce 16м е мојов, така не вервам да се разбери :doh:
     
    На Makedonka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    @forumce @flower55555

    Мојава почнува да знај кај е цицето, зато сега ми е шансата дури скорз не разбира. Некогаш и текнува ме трга, некогаш не.
    Морам како шо рече @Spidy како шо знам и умеам.
     
    На flower55555, tambelina и Spidy им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.569
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    Кога ќе ја одбиеш целосно, ќе заспива сама кога ќе сфати дека нема цице. Не ја учи со свекрва ти, ти ќе си ја заспиваш. Ама треба прво да си решена да ја одбиеш. Се додека доиш, ќе си заспива со цицање. Кога ти ќе решиш дека е доста, тогаш сосема прекини го доењето.
     
    На KuklickaSk, tambelina, drugarka и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    Ок. Јас ќе ја заспивам. Но, Како???
    Отворив фемина само за да пишам дека ноќва без успех!
    Преѓе купив ново шише, алпско млеко. Се спремив за спиење, атмосфера во соба, пуштено ѕвезденото небо и музиката за спиење од моб, ја легнав на страна и давам млеко (разредено беше 40/60 вода) и не не, почна да писка, ајде заборај и пак давам не не, турка и пишти. Мм проба никако пак, пишти онака до зајдување. И ете ја зедов на цице е, 40мин веќе и со 4 обиди да ја легнам, ме осеќа на секое легнување и плачи на глас..
    Ајде ноќва ќе поминиме, од утре како?
     
  9. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Абе секако дека ќе плачи, обично секое одвикнување до 3 дена плачат. Само треба да си решена дека не даваш, а ти не си.
     
    На tambelina, Larahappy и Makedonka007 им се допаѓа ова.
  10. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    И како да ја заспијам? Со држење пеење нишање? Јас или сопругот??
    Тој некако паничар ми е, уплашен е ко ќе плачи малата вака.
    Кажи ми во точни чекори и ќе постапам така, ова стварно до лудило ме донесва.
     
  11. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Цица преку ден? Ако цица прво се укинуваат тие подои. Тие се едноставни, а бара одма ја заигруваш со нешто или испадни прошетај се така неколку дена додека не заборави.
    Последни ноќните ќе ги оставиш, а почне да бара земи ја и нишкај ја додека не презаспие. Ако прифатен шише вода ќе ти биде уште по лесно.
     
    На Makedonka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    10.370
    Првата вечер нишкав 1 час oна плачеше jа не пoпуштив се измoри и заспа...пoсле си намалуваше на време :) се oдвикна..

    Ама синoќа имавме мака сo запчетo премнoгу плачеше па и дадoв за утеха :worried: :nod:
     
    На KuklickaSk, BabyT* и Makedonka007 им се допаѓа ова.
  13. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    Не цица преку ден. Тој период за дремка е со свекрва ми, па со неа заспива. Ноќно време заспивање обавезно со мене. Не знам стварно како да постапам. А и на работа одам (прва смена само) (facepalm)
     
  14. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    И кај нас уште една 4рка цела да излези, па 3ките после.. Е тешко ќе биди знам.
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Издржи 3 дена, толку се плачките.
    Зимај нишкај, ќе презаспие.
     
  16. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    Ама и за заспивање плачи и ко ќе станва преку ноќ. Толку многу плачеше и твојата??? Со пиштење, зајдување??
     
  17. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.268
    Допаѓања:
    18.385
    И јас таман дојдов до некој ред,се разболе и морав нон стоп на цице:wasntme:
    Од утре пак на режим,да ги скратиме денските па ноќните(facepalm)
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.569
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    Повеќето плачат. Нема со бебињата лесно...не разбираат од прва. Не сфатив зошто сакаш да прекинеш со доење, дека одиш на работа или ти е тешко да ја заспиваш со цицање навечер? Друго млеко секако не прифаќа, ама па и нема потреба. Ако не можеш да ги издржиш плачките, тогаш почекај.
    Чарето е нишкање, пеење, раскажување приказни, шетање од соба в соба ако треба, или само лежење на кревет еден до друг. За секое дете е различно, сама треба да најдеш што "пали" кај твоето.
     
    На KuklickaSk, Makedonka007, drugarka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Scorpion91

    Scorpion91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Зе извинувам што упаѓам, но ако нишкањето стане навика па после без нишкање да не заспива? Јас од тоа се плашам :/
     
  20. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Секое дете различно го поминува тој процес, во главно поминува за некој ден. Кај мене многу плачеше од одвикнување од цуцла затоа што беше поголема и разбираше.
    Ама 3 дена и толку, како и за цице.

    Од кога ја одбив неколку дена нишкав, после пошто од навика стануваше, нудев шише вода и така презаспиваше без нишкање.
     
    На Scorpion91 и Makedonka007 им се допаѓа ова.