@Annath ти благодарам женска! Ќе пробам од вечер упорно, па ќе пишам овде. Иначе и почеток на работа ама не е тоа мака, поќе е од здравствени причини за мене. Треба антибиотици, поврзано со кожни проблематики, и веќе не може да чекам оти се влошува проблемот. @BabyT ти благодарам женска! Ќе пробам вечер, па се надевам дека 3 дена ќе е и кај нас.
13м од цице, а од цуцла на 19м. Ги сметам за иста навика,чисто за споредба, многу полошо поминав со цуцлата.
10 ипол месеци, завршивме и со цицање и со цуцла. Еве веќе 2 дена е без цуцла, а цица минимално еднаш по 2 мин колку да не фатам мастит. До крај на недела и тоа ќе прекинеме. Следен месец од шише се тргаме. Искрено среќна сум што издржав да дојам волку, и да порасне толку голем од мајчино млеко. Немавме воошто плачки ни за цицање ни за цуцла.
Хеууу Во 21:10 почнав, во 21:50 мисијата успешна!!! Вечера, па цртани, исклучив цртани, почнав песнички да пејам, се бунеше плачеше, продолжвав пеев, ама не бев нервозна, пристапив со голема љубов и желба за на двете да ни е најдобро. По кратко време заспиваше, па останав така уште 10тина минути да си нишкам и шшшкам, полека до креветче, ја спуштив, малку кемна, ја задржав и шшшш и готово! Пресреќна сум, ви благодарам на сите за поддршката и советите. Искрено подруго замислував дека е, ама ми го сменавте погледот на откжавање со вашите искуства. ПРВ ден ни е, ама така и ќе продолжам! Иначе јас само ноќно време ја доев и сега имам млеко во градите. Ќе престани лактација сега кога не се дои или??? Не се ептен тврди, ниту ептен меки, некоја средина се. Мислење за ова??
Ме изнасмеа ова со црниот пипер, јас мојата пробувам веќе да ја одбијам, крајно време е, ама тешко ми иде некако. Очигледно ќе морам и со такви методи да се служам, ако ништо друго не ми успее
Обично 2,3 ден знаат да стврднат градите, јас одмолзив колку да ми олесне и ги стегнав со тесен градник.
Ама како шо ми се стврднати и како грутки да имам. Внтре ми се поќе тврди, горен ден се меки. И на исправување/истегнување десна града осеќам како мала болка од грутка на десната града. И кај тебе Бејби беше вака или да одам на гинеколог за мастит?
Оцет, сенф, бибер... Се побав и си цица без гајле како ништо да нема Незнам со што да пробам веќе. Некоја искуство со таблетки за прекинување на млекото?
@BabyT фала ти. Ќе ја пратам градата деновиве. И ќе реагирам ако треба. @Scorpion91 значи умори ја преку ден и ноќно, почни цртани горе како шо напишав. Упорност многу! Ако плачи, ќе се умори и ќе заспие. Вчера мојата ептен се умори, како бајче спиеше, не се разбуди во текот на ноќта, дури во 9 сабајле. А обично околу 7 станва.
Да ми стануваше, зато и лактацијата последно ми се зголеми. Ама собери нерви, сила и издржи 1 саат и така неколку дена. Ние прва ноќ ја поминавме, ќе кажам за крајниот резултат.
Како да се стегам?? Да носам ептен тесен прслук во таа смисла?? Ќе намалам течности. Чај од жалфија ќе пијам по малку. Сега ми се подобри од сабајле.
Како ја презаспиваше? Мојов цицач,дење не бара ако не му дадам, веќе избегнувам и да му давам. Цица дење кога еднаш,кога ниеднаш,ама затоа ноќе маста ми ја вади. Конкретно вчера, цицаше за заспивање во 22, се разбуди 1ипол, 4ипол, 6ипол и стана во 9 Пробав со вода да му дадам, ќе се напие ,па бара цуцла ,па ја фрла. Некогаш ќе ми успее водата и ќе презаспие, ама тоа најчесто се случува кога е до мене на спална,кога е во креветче а нудам вода се расонува и се бунтува плаче и ајде вади цицката. Изгледа покасно го осеќам дека е разбуден иако и креветчето е до мене. Сакам да ја преспиваме ноќта двајцата,а да си цица наутро и навечер. Кога ќе успееме да не цица во текот на ноќта,ќе му ги скратам и последните два подои. 11 месеци има,се надевам до година дека ќе успееме. Ја викам викендов баба на гости, не се издржува
Леле исто сме. Бебе е помал ама ноќеска заспа во 9 па стана во 11, 2, 4, 6 и 7 на крај. Како ќе одам на работа не знам. Како ќе го научам да спие исто не знам. Не дека цица, само најлесно ми е така да го заспијам. Оди нишај го 6 пати у вечерта.