Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Престанок на доењето - одбивање

Дискусија во 'Бебе' започната од ivanceto1984, 9 декември 2010.

  1. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.268
    Допаѓања:
    18.385
    Јас имав вчера два обиди за нишкање,неуспешни.
    Абе се тегне како кифла плаче урла.
    Ај на крај попуштив викам ќе му дадам ќе цица, се нацица,нема веќе млеко он сака со цицка во уста да спие. Ме налути многу
     
    На Makedonka007 и Cherry333 им се допаѓа ова.
  2. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    Мојата беше страствен цицач, макар шо сите бебиња шо цицаат, цицето им е слаба точка. Така да сите сме во иста ситуација. Јас мислев нема шанси да се откажи некогаш, ама поверував дека е можно.
    Единствено мене ми поможи нишање и пеење и шшшкање ама упорно!! Таа плачи, јас шшкам. Се превртува в раце, јас упорно нишкам, ама без нервоза бидејќи знаев дека ќе се измори и ќе заспие.
    Ти за ноќе пробај исто со нишкање и пеење. Ко ќе стани земи го в раце и нишкај. Кај мене ни вода ни млеко друго, ништо не поможи.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    Фала ти.
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    Уште една УСПЕШНА НОЌ! Ја легнав пред 10мин. Денес како да не постоело цице, скорз заборај, не ме фаќа кај градите на блузата. Си идам од работа и само се гушкаме, си играме.
    Вечерта малку на гости кај баба, па домче, ја капевме, застанавме положба за спиење, пуштив цртани, почнав да и раскажвам за цртанот, после на низок тон да пејам, нагласувајќи на самогласки и сосема малку кемкаше, продолжи да ме слуша и си затвори очи, си заспа :rock:
    Тешко ми беше денес, посебно сабајлево заради одбивањето и помислата како бевме споени, ама ми помина и гледам повеќе да не мислам на то, со сила да се терам да се осеќам неубо, безвезе.
    Ќе го памтам како еден преубав период меѓу неа и мене:inlove:
    Пак ќе речам, мислев дека е невозможно ова со мојата ќеркичка, ама сепак храбро зачекорив и резултатите се позитивни:D
    Бацки до сите мои учителки на оваа тема :*
     
    На elimkd, macence994, tambelina и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    Софија не се лути. Малечко е. Многу е нормално однесувањето и да сака да спие со цицка.

    Зошто бе женчи ни е нормално бебето да сака да спие со цуцла пример, а ако сака со цицка - тоа е веќе лошо?
    Цуцлата ја смислиле баш затоа што бебињата отсекогаш сакале да спијат со цицка во уста. Не е ништо ново. Ама верувам дека некој така нѐ научил во меѓувреме и очекувањата ни се малку tempered with.
     
    На tambelina, Septemvri, Sofi.ja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    Имам назад пишано и кај мене беше така првиот пат. Многу плачеше и попуштив и дадов цице. @BabyT ми рече дека не сум била одлучна, ако сум била нема да давам и точка. Убо и ја сфатив пораката и наредниот пат го истрпив плачот и успешно беше.
    Ако си толку сигурна дека сакаш да прекиниш, истрпи го плачот, знај дека е за добро на двата, посекако пишиш дека немаш млеко.
    Во иста ситуација бев, вервај, има решение.


    BTW и вчера си заспа, малку со кемкање, малку со цртани, уморена беше. Од се по малку и заспа кај 10:30 до 8ч сабајлево, без ноќни будења.
     
    На Septemvri, Sofi.ja и BabyT* им се допаѓа ова.
  7. anetass

    anetass Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    35
    Здраво, ве молам за совет. Мојата ситуација е следна... 10ти ден како го одбив, на почетокот - првите 5,6 дена беа тврди, имаше грутки.. Но одмолзував и се стегав со тетра и секој ден беше подобро. Последниве 4 дена не молзам, не се стегам, престанав и чајот од жалфија да го пијам. Градите омекнаа и не осеќав повеќе тежина и сл. Се појави овие денови само едно мало топче кое болеше на допир, па го пратев него, го масирав само тој дел, се трудев мн да не чепкам. Од синоќа, откако се истуширав (нежно поминав низ нив со блага масажа да проверам да не има некоја грутка и сл) почнаа да се стврднуваат и да ми тежат, чешаат, особено едната кај што имаше и топче претходно. Денес исто, се повеќе се стврднуваат и едната боли на допир (не се премногу тврди како при одбивањето првите денови, ама има нелагоднист и тежина)..
    Што да правам? Да молзам, масирам и стегам како на почетокот, да се враќам или да не чепкам, само под туш со топла да седам?
     
    Последна измена: 18 септември 2020
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    Од топлото се отвораат каналите и се полнат со млеко. Значи прво се стегаш, пиеш чај од жалфија, се одмолзуваш по потреба, и после обратно правиш... туш со топла вода е за отворање на канали да тече млекото, не за прекин на доење. Измолзи ги убаво до крај, стегни ги пак и намали внес на течности. При туширање со ладна вода најарно, ако не можеш да издржиш, тогаш млака. Топла кон жешка не.
     
    На Kaetana и anetass им се допаѓа ова.
  9. anetass

    anetass Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    35
    Аха, значи да не молзам веднаш до крај па да стегам, туку само да стегнам, да пијам чај и по потреба да измолзувам? Па ако не бива така, тогаш да молзам до крај и стегам? По колку време да бидам така стегната? Јас се стегав поголемиот дел од времето, па да не сум грешела некаде..

    За водата ладна знаев откако ќе се испразниш дека треба, мислев дека топла треба кога нема одмолзување, за опуштање, нешто така (facepalm)

    До кога вака да се стегам, одмолзувам, жалфија и намалени течности? Пошто еве божем беше добро, се опуштив.. се направи пак беља
    Фала ти мн на совети :)
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    Да се измолзиш сосема, и да се стегнеш. Намали внес на течности, би требало да е ок. И како што реков при туширање, само ладна или млака вода, без масажи. Не би требало да има грутки.
    Иначе јас пиев Бромергон и со двете деца после одбивањето, не можеше само од себе да престане млекото.
     
    На Kaetana и anetass им се допаѓа ова.
  11. Scorpion91

    Scorpion91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Денските подои успеав да му ги скратам скроз, но преку ноќ виси на цице, беше болен извесно време и неможев да го оставам да плачи, сега пробувам ама не сака да чуе значи! Инаку првото заспивање му е со малку цртани и потоа со шеткање и пеење песнички, така ми заспива на рамо. На секои 2ч станува и ако не му дадам пишти се траќа (една недела ми креваше тт 39,5 тоа време, сега прима антибиотик), како да постапам незнам, се плашам пак да не крени тт, да не го измачувам, а кај и да е за некоја недела тргам на работа од 05ч сабајле, не наспана неможам да работам :|
    Како да постапам? :worried::worried:
     
    На Sofi.ja и Makedonka007 им се допаѓа ова.
  12. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    10.370
    2-3 дена нема да даваш ќе ниде плачки и ќе се oдвикне.
     
    На Scorpion91 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Scorpion91

    Scorpion91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Многу едноставно кажано, и така е... Навидум изгледа лесно, но премногу стресно и за мене и за него...
    Морам да стискам заби и да го истрпам врескањето.
     
    На Sofi.ja и Makedonka007 им се допаѓа ова.
  14. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    Во иста ситуација бев. И можам да ти речам само 2-3 дена стисни заби, првиот пат најмногу. Жално е додека плачи ама најдобро ќе е за двата. 1 саат издржи, ноќе ко ќе станва исто само нишкај, пеј, ако плачи, ќе презаспие. Додека цицаше мојата беше друга, сега како друго чупе да имам во тој поглед на спиење. Иди ноќ, ја земам в раце (гледам цртани да не пуштам сега, ако плачи поќе ќе пуштам малку), и в раце и пејам, ја нишкам и заспива, сега за 10--15 мин сме готови. Ноќе станва еднаш или ниеднаш, ако стани ја нишкам и презаспива. Сега и се тројките на ред, потешко ќе биди, ама периодот со цицање заврши кај нас.
    Упорност само! И реши се и почни.
    Среќно!
     
    На Septemvri и Scorpion91 им се допаѓа ова.
  15. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    10.370
    Гo прojдoв и jас тoа. 3 дена така беше, сега акo се разбуди вoда давам и прoдoлжува.
     
    На Scorpion91 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Scorpion91

    Scorpion91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Благодарам за поддршката :l:
     
    На Makedonka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.351
    Допаѓања:
    4.725
    Пол:
    Женски
    Јас не го можам ова :(..
    Пробав денеска, ни цртани ни ништо, плачи вреска не дава да го кренам, не дава да го допрам.
    Плачев и јас, и на крај попуштив му дадов да цица и одма заспа.
    Како да соберам сили незнам...
     
  18. MACKICA1902

    MACKICA1902 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    350
    Пол:
    Женски
    Мојот син се треска од земја и на цел глас цииицццеее вика..Плачење до давење..Секогаш ја буди по малку сестра му која иако спие во другата соба се се слуша....додека го научиш да цица па после ај откачи го..зачаран круг
     
    На flower55555 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.351
    Допаѓања:
    4.725
    Пол:
    Женски
    Ништо, ке си цицаат дур да тргнат на школо :D(facepalm)
     
    На MACKICA1902 и Makedonka007 им се допаѓа ова.
  20. Scorpion91

    Scorpion91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Почнав од сношти со одбивање. Имаше многу плачки, на секои 2 часа се будеше и се појако плачеше, го заспивав шетајќи по собите и пеејќи, иако едвај го држев се тегнеше како алигатор... Но не попуштив , издржав цела вечер да го слушам како вришти. Вечер продолжуваме, преку ден не ни бара. Е сега, градиве ми се исти, не чувствувам притисок, малку одмолзив кај 10ч има млеко, на допир се исти како вчера, незнам дали да превземам нешто пред време или да чекам да видам дали ќе има промени...
     
    На tambelina и flower55555 им се допаѓа ова.