Mi objasnija ama mnogu sturo. Samo da kratam podoi. Dali toj 1 sto ke go skoknam treba da odmolzam za da olesnam a shto e so drugitr 6 podoi? Celo vreme da odmolzuvam za da olesnam? Vkupno imame 7. Sega vtor den skokam 1 od utre ke skoknam vtor podoj...valda dobro oravam Fala mila!
Имате 7 подои. Јас пример би скратила еден ама нема да го прескокнам, туку ќе пробам и другите да ги развлечам. Ќе видиш во кое време градите не ти се стврднуваат многу, тие подои можеш да пробаш да ги скокнеш (пример тој што е навечер не можеш, или сабајле - градите се камен). И секој пат кога скокаш, правилото е - не молзиш. Гледаш се полнат гради, станува непријатно - молзиш тогаш и тоа не до мека и лразна града, туку додека ти се опушти тензијата. Тесен градник, чај од жалфија и нане. Друго чаре нема. Многу е мало бебето, хормоните ти се уште во ек, тоа е проблемот. Да е подоцна е полесно.
Девојки да прашам, ја одбив ќерката пред една недела. Поради константни проблеми со градите и многу чести мастити морав да примам терапија бромергон при одбивање. Докторот ми рече да пијам 5 дена и така беше, се одмолзив малку 2 пати ама малку и толку. Е сега градите уште ме болат на допир на одредени места, не се тврди нема грутки али сепак болат. Дали е нормално и до колку време да толерирам болка, страв ми е да не направам некој проблем со оглед на тоа што имав многу проблеми додека доев. Да напоменам дека 1.5 година дојам и последно доев исклучиво навечер. Фала ви однапред
Штом си пиела бромергон мислам дека малце биле 5 дена за да престане млекото. Мене а и други познанички што ги пиеле ни ги препишаа да се земаат 5 дена 2 пати на ден по пола и уште 10 дена по едно цело апче. Прашај повторно гинеколог дали да земаш. Стегни се со прслук помал и лист од зелка стави.
Престанав да дојам пред околу 2 месеци, немав ништо до пред една недела кога ми се воспали десната брадавица. Зедов ланолин од Mum care, не поможи многу. Имам малку и ко гнојче на страната, потечено, кога ќе стиснам излегва по малку гнојчето. Во аптека ми дадоа друг ланолин многу подобар. Почнав со него па ќе видам. Ама штом ја допрам со маица (како да се трие) ме боли многу... Не е ништо страшно така? Да продолжам со новиот ланолин и ќе пратам ситуација. Некоја да кажи мислење? Иначе бев денес на гинеколог во болница и не можев да добијам, во родилна бил, со царски пороѓај.. И понеделник кај матичниот ќе одам во краен случај.
Tusiraj se najizmenicno toplo-ladno.Ako mozes da najdes cist vosok rastopi go inisturi go na cista gaza i nosi go na tebe na grada Nad nego nekoj star gradnik moze i od onie za doenje sto se. Ova dodeka ne pojdes na ginekolog. So pomin!
Ее супер штом така сама сум сл бебе уште тоа викам Како ги пиеше? Мене ми дадоа 2×1/2 неделно 2 недели така да пијам... се на се 2 апчиња и да очекувам да ми омекне градата..
И јас бев сама со бебе и баш ми беше страв и ги почнав баш во викенд кога не бев сама.. Пола апче пример во 08h сабајле и друга половина 20h на вечер исто и другиод ден, 2таблетки беја доволни од последната половина прекина градите да течат. Ако ги одеќаш пак тврди можеш по малку да одмолзуваш барем еднаш да ти олеснува
Кај мене другачие ми ги даде којзнае зошто Пола денес, пола во петок После пола нареден вторник со пола нареден петок. И до нареден петок тррба да престане така ми кажа. Супер штом е без ефекти некои
Син ми не цица веќе неколку месеци, одбивањето беше постепено и немав некои проблеми после тоа. Ама неколку дена градите ги осеќам како полни со млеко, онака баш како кога доев, мислете ли дека е нормално тоа?
Веројатно ок. Не проверувај дали имаш млеко - веројатно има некоја капка. Сѐ додека не ти се тешки и баш отечени, и ако немаш грутки, не е проблем, веројатно е моментално чувство или нешто. Ама следи во секој случај.
Не дојам од 16ти Ноември. Одбивањето одеше постепено, па мислам тоа ми беше плус во ситуацијата. Немам грутки, ама градиве уште ми се полни млеко. Ако се стиснам шприца. Што со тоа? Дали треба да пијам нешто? Исто така, многу ми се сензитивни на допир, и ме болат и на мал стисок, осеќам нелагодност. Некој да сподели искуство?
И јас уште имам ако стиснам. Не стискај. Ако немаш грутки, ништо страшно. Нелагодноста мене ми ја снема коа буквално се издишаа, и виснаа. Тоа беше некаде месец, два од последен подој.
Прочитав назад колку што можев и сфатив дека е подобро постепено одбивање. Ве молам која има време да ме советува. Бебето има 8 месеци (за 4 дена). Морам да напоменам дека е страствен цицач и шише не сака да види, цуцла само за заспивање откако ќе се нацица. Има 3 оброци и од вчера почнав со една мала ужина. Преку ден цица најмногу 2 пати или воопшто не цица, но ноќеска цица минимум 5-6 пати. Сега е во скок и вади заби, па цица многу повеќе, не знам колку точно. Прашањата се: Дали мора да има 3 оброци и 2 ужини за да почнам со одбивање? Дали мора да пие млеко наместо подој и на кој начин, а тоа да не е шише? Како евентуално да го научам на шише? Што да правам ноќе кога кризира за цицање? Му ја ставам цуцлата, демонстративно ја вади и ја фрла, вика на цел глас додека не му дадам да цица. Ова ми е најтешко, не знам како да се справам со ова. Да напоменам дека не се брзам за одбивање, можам да се обидам постепено во наредните 2 месеци ама кај и да е, сакам да почнам со работа и да почнам терапија за пцос.
1.оброци да, а за ужини самото дете ќе си покаже, мислам дека е мало за 2 ужини. 2.Не мора да пие млеко многу количински, ако не сака не ни мора. Нуди млечни работи, к. Млеко, јогурт. 3.навечер подојот се остава последен со тоа што е 3 дена плачење. Он плаче- ти нишкаш и не попушташ. Прво ќе ги намалиш денските подои, со тоа што кога ќе почне да бара ќе бараш занимација да го заиграш и да забораве. Денските ептен лесно ги решив јас,навечер исто беше со станување со тоа што после почнав да нудам вода од клунче и на него се навлечи, па од него ја одвикнував. Вака најдобро не давај ништо.
Фала ти за одговорот. Околу млекото со шише, прашањето ми беше дали бебето мора да пие млеко? Ако прекине да цица, треба да пие млеко или си останува само на цврста храна? Млечно сега воведувам затоа му дадов ужина (малку јогурт со 3 вишни) и понатака ќе воведам втора ужина. Денските и кај нас веќе не се голем проблем ама за ноќните многу се плашам. Значи мора со плачки