Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Престанок на доењето - одбивање

Дискусија во 'Бебе' започната од ivanceto1984, 9 декември 2010.

  1. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Не мора да пие млеко, ќе даваш само млечни производи.
    Штом си почнала да воведуваш таман.
    За ноќните кажав,ќе плачи ама 3 дена е тоа.Башка имаш време како што кажа, почни подој по подој да кратиш.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    5.787
    i jas sum.vo faza na odbivanje, sakav da.vmetnam.ad.mesto podoj pred spienje ama.ne mi go prifaka ad ...Sega istrazuvam.sto i kako naredno da prevzemam ako najdes.nacin spodeluvaj ha.
     
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Пред малку пишав во темата за адаптирано. Јас секој ден му нудам вода од шише и го фрла со гадење. Денеска се запрепастив кога ја испи водата и му спремив ад пред спиење. Шишето го прифати ама млекото не му се свиѓа. Сега се мислам какво да купам, ми се гледа дека би пиел од шише.
    Инаку, си мислам само со плачки се одбива, јас затоа одложувам. Не сум спремна психички да истрпам толку плачење неколку ноќи по ред, а точно знам дека ќе ја преплаче ноќта за цицка и знам дека ќе попуштам. Какво ад даваш?
     
  4. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    5.787
    moeto.znae da pie od sis i prethodno piese na.pocetokot.aptamil a potoa i baby love ama.sega ne saka ednostavno.Sekako e.proces osbivanjeto mislam.so.denskite okej ama.noknite ke vidam sto ke napravam do krajot.na mesecot.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Ајде, па сподели.
     
    На SanelaS му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.382
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки. Јас на бебе (12+,уште ми е бебе) му ги тргнав ноќните подои уште пред 2 месеци отприлика со надеж дека ќе ја преспива ноќта. Ама сепак ретко споил 6-7 саати сон. Сега па, со забиве, теорија нема. Како и да е, немав мака со тргање на ноќните подои и го презаспивав со нишање, никогаш не бил посебен љубител на цице. Пошто тргнав на работа, му давав да цица пред 1 дремка, па прекинав. Останаа 2 подои, пред спиење и насабајле. Пред спиење не сакаше да цица најчесто, а сабајле знаевме да се успиеме понекогаш и да остане без цицање. Дефинитивно ми е намалено млекото, на едната града цели 2 дена нема цицано, и кога ќе ја стиснам не излегува млеко, на другата пробавме сабајле да цица, ама не му одеше некако, нервозен беше, и му дадов ад, за чудо испи малку и заспа. И така решив јас доста беше цицање, ни се погодија коцките, сега е таман времето. Ми прифати ад пред спиење 150 мл испи, ќе видиме како ќе биде ноќта. Мада ништо посебно не очекувам зошто од забиве е хаос, цел ден се лигави и плаче. Дека бебе не жали по цице е факт, ама јас не сум се ни стегнала, ниту пијам некој чај за прекинување на лактација. Може така да поминам, без ништо буквално, или да се стегам за секој случај? Со еднава града од кај што не цицал 2 дена немам апсолутно никаква мака, ќе видиме следниве денови, ама не знам што да правам, дали да превземам нешто од погоре напишаното.. Ако некој го прочита рефератов и ми одговори би било супер :D
     
    На MilaSs12 и Kaetana им се допаѓа ова.
  7. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.971
    Пиј чај од жалфија ако те стега таа града кај што цица само по малку измолзи колку да ти олесни и не проверувај дали имаш млеко бидејќи стимулираш така да надоаѓа. Ти супер си ги намалила подоите со тек на време ќе исчезне
    Јас многу рано прекинав со доење и морав апчиња ти мислам нема да имаш проблем но следи добро ситуација да не ти се направат грутки
     
    На MilaSs12 и Cherry333 им се допаѓа ова.
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Баш истото скоро го прашував мојот матичен, те прочитав си направила истото што го добив како совет, постепено намалување на подоите, млекото само ќе си секне, во случај на некаков проблем се посегнува по лекарства, чаеви итн
     
    На MilaSs12 и Cherry333 им се допаѓа ова.
  9. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    17.113
    Пол:
    Женски
    Јас го доев две години,кај мене буквално и немаше млеко,он повеќе си ги користеше како цуцла :) Го одбив,ниту се наполнија ниту стврднаа,буквално ништо,така си останаа градите.Ниту се стегав ниту апчиња имав потреба да пијам.Ќе си процениш по градите,и по тоа колку млеко ќе се собере.
     
    На srekice, MilaSs12 и Cherry333 им се допаѓа ова.
  10. Mucenceto

    Mucenceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2019
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки ајде кој има искуство да сподели.. 14 месеви сме скоро се одбиваме пред недела дена но немавме никаков проблем ниту малата ниту јас.. за замена почна да пие сокче домашно и не ми направи никаков проблем дали одбивањето не беше одеднаш туку постепено подој по подој. Е сега ме загрижува тоа што се уште се буди навечер не бара ништо да пие само кенка ја допрам и продолжува мислев дека е до цицањето но ете не било до тоа.
     
  11. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    И најчесто не е до цицањето. Будење навечер на таа возраст е сосем во ред. Ќе растат заби за брзо, многу е нормално да дојде и до вриштење дури. Најди начин на презаспивање кој ќе функционира.
     
    На srekice, MilaSs12 и Mucenceto им се допаѓа ова.
  12. Mucenceto

    Mucenceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2019
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Изгледа тоа ни е начинот ја допрам и продолжува :/
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    Се надевам ќе ви успева цело време. :)
     
    На Fatalnata, Mucenceto и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.675
    Допаѓања:
    18.332
    Пол:
    Женски
    Внимавај да не даваш сок пред спиење заради здравјето на забите.
    Штом така ти презаспива, на коњ си. Те бара тебе, сака сигурност, сосема е нормално.
     
    На Mucenceto му/ѝ се допаѓа ова.
  15. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.993
    19+ Месеци, мама е спремна, бебе ќе видиме ноќва. Заспа со приказни, му требаше саат и 15 мин, досега без цице нема заспано.
    Доењето ми беше најубава приказна, сакам да ја запаметам ко таква. Лесно одеше ко песна, страствен цицач, но веќе од градинка кога ќе дојдеше и сабајле иако наспан станува сака да се мази, каснам на работа. Мислам дека е доста.
    Ме чекаат парафинските чорапи, да ги измазнам петиве ко на бебе :D
     
    На Fatalnata, nadenadia, srekice и 3 други им се допаѓа ова.
  16. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Генерацијооо, ние овие два дена само пред спиење цицаме. Значи еден подој.
    Ќе си пукнам, многу ми е мака.

    Како да се оправам со психава:doh:
     
    На Septemvri и drugarka им се допаѓа ова.
  17. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.993
    Ме заборави зеноооо, за ден. Ни трауми ни драми. Каков цицач. Не од еден подој, од десет. Заспа со приказна и галкање по грпче за 5 минути денес.
    Нема лек за психа, само време.
    Мене тешко ми е многу денес...
     
    На Fatalnata, Mucenceto и srekice им се допаѓа ова.
  18. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Јас веќе три месеци намалувам подои. Дојде ред на овој писледниов. Ја успивам со нишкање. Она не ни бара. Мислам бара, ама ја заигрувам и заборава. Ама пусто, мене мака ми е многу. Ке го терам овој пред спиење додека се средам јас;(
    Не очекував волку тешко да ми падне.
     
    На Septemvri, Kaetana и drugarka им се допаѓа ова.
  19. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.993
    Јас не успеав со намалување, беше драма за цицо и да појдев до wc, иако оди во градинка и таму супер функционира. Решив од сега за сега. На последниот подој, ама беше претпоследен.
    Децата ни пораснаа, треба да наздравиме. И да пивнеме малце, па второ уште 2 години :D:D
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Ако си како мене никогаш нема да престане да ти е мака.
    До ден денеска ми фале тоа:inlove:
    Како и да е сеуште стоам на тоа дека сум ја направила вистинската одлука ама многу ми фалат тие моменти :(
     
    На Mucenceto, Kaetana, drugarka и 1 друга личност им се допаѓа ова.