Моево има 15м и сега откако се разборе почна да бара Ќе му текне во текот на денот, ми покажува кон градите и вика сиса. Го залажувам за да не му дадам. Долго време имаме еден подој дење-за заспивање, и цица пред спиење и во текот на ноќта (во последниов период 1-2 пати). Јас се спремам за одбивање,а он се научи и бара сисе. Завчера се облекувам за на работа ,ме виде гола ме грабна. Сега е вистински момент да раскинеме врска доење? Инаку не бил некој страствен цицач (освен ноќе) дење јас сум му се нудела.
Како успеа да ја заспиваш без цицка? Истиот случај е сега и синко. За два месеци ќе почнам со работа и сакам да го одвикнам од денското цицање и спиење со цицка.
Жено само ти си мотивација за мене. Браво како успеа до тука да стигнеш, ке го следам твојот пример. Само мислам мене нема да ми е толку мака
И јас мислев така, се додека не се доведов до свршен чин. Денес трет ден како цица само пред спиење навечер. Ќе го влечам некое време. Да се навикнам јас и телото. На крај и Андреа. Несакам да ни биде стрес. Ти држам среќа. Кога почнав да кратам ноќни подои, се личеше невозможно. Мислев ќе нема крај. Ништо поубаво од постепено одбивање. Двете страни задоволни.
Ништо од моето одбивање, 2 ноќи само во сон еднаш, качи тт, му дадов цице, сега е обесен. Веќе дур не рече ДОСТА МАМО макар и на 5 год, ќе му давам, тоа е. Мене пусто, жал за него, тешко... 4 м без ден пропуштен во градинка, сега ми се разболе.
Нема откажување. Мене исто ми се деси. Почнав да кратам на ноќните, и качи тт. Цицаше 24 часа. После си продолжив и се среди. Ќе приметиш кога е време, верувај. Ке почне да не презаспива после цицање навечер. Тоа, е сигналот. Стигни ти да ме цица од заспивање, па до 5 сабајле. После е лесно.
Толку беше од доењето, од денес веќе ни наутро не сака, врти глава само што ќе спуштам маица. Мене па тешко ми падна ова, се осеќам како да не ме сака Ќе ми помине, само ете, ич не ми е сеедно. Страшно ми недостига близината, гушкањето, допирите, само ми се насолзуваат очиве од мака Патот до доењето ми беше тежок, едвај ми дојде млеко поради необрнување внимание во болница. Се трудев на секој начин и да цица, да не е само на ад, преголема ми беше желбата да дојам. Прво се надевав дека барем до 3 месеци ќе успееме, па после си реков ај барем до пола година, но еве речиси пред да направи 9 месеци заврши приказната. Задоволна сум и со толку, но криво ми е. Е, сега, од десната града нема цицано од завчера наутро, а од левата од вчера наутро. Немам болки, немам грутки, но некоја нелагодност чувствувам долу околу ареолата. Дали да оставам така, дали да молзам, дали да пијам нешто? Ве молам за совет.
@0ли Супер истеравте досега. Браво! За криво - тоа си е дел од престанокот скоро секогаш, без разлика кога... Не прави ништо сѐ додека не почувствуваш апла тензија и собирање на млеко.
Секоја вечер ги масирам под туш со топла вода, тоа навика ми е од почеток. Или малку е еднаш на ден, да не треба повеќепати? Да, во право си. Така веројатно се изразив бидејќи посакував подолго да трае, но задоволна сум што успеавме и дотука да стасаме.
@0ли браво, не се грижи нормално е тоа чувство ,ама доволно е 9 месеци , сега си јаде и храна па нема што да се секираш. Првата ќерка морав да ја одбијам оддеднаш на 10 месеци а беше страствен цицач и ме гледаше и плачеше за цице , а мене срце м исе кинеше.. помина и тоа. Сега другово не можам да ја одбијам никакооо има 16 месеци и цица како новороденче , ќе се најаде ручек и право на цицање ќе славам кога ќе дојде тој момент да се одбие Јас сакам да ве прашам поискусните со одбивањето , тоа со црн пипер , сенф и сл кога може да се стави на града а детево да свати дека е какано и да се одбие? Жал ми е тоа да и го правам ама па ако нема друго чаре
А зашто не пробаш постепено? Андреа пред 4 месеци цицаше 20 пати на ден. После јадење цицка. Мислев до прваче ке цица. Тогаш мислев ке биде како со Шантел, ама еве. Останавме на едно само, кое дури не го ни бара. Со сила и бутам за да не ми се направи мастит. Пробај, и јас почнав на 16 месеци да кратам.
Знаеш кога сум надвор негде пола ден не ни бара секако, не ни и текнува. Ако сум до неа , било да лежам, било да ја земам во раце одма ме влече по блузата. За преку ден што викаш ќе се обидам да не и давам ете ќе ј залажам со млеко, јогурт, што и да било ама за навечер е тешкото. Некогаш спие скоро цела ноќ, а некогаш цела ноќ цица