Денес прв ден пробувам да не цица навечер. Се намачкав со бебешка паста за заби. Фати и се згади. Ги гледаше, се вртеше и се откажа. Душа ми плаче Ама стана напорна со овој последен подој
Со лесно нека е Јас додека скројам план за одбивање дечково почна да ме строи. Дига маица и вика цицај! Ама со наредба. По 2,3 пати на ден, плус за заспивање и ноќе. Веќе почнаа коментари доста му е,голем е! П.с. има 16м.
Не е голем. Мафни ги. Од твоја цицка цица. Што им е нив гајле. Јас ја одбивам пошто сите подои ги тргнав. И ми рекоа да не ја чувам долго со тој еден. Јас до утре може да се премислам
Тоа се коментари од обична раја иначе се што сум прашала медицински лица велат најубаво до две години, што мене искрено ми изгледа многу
Врз мојата одлука да дојам подолго од 1 година влијаат повеќе фактори. Прво, знам дека има голем бенефит врз здравјето. Второ, синко е нејадач, па во кризни ситуации цицка е спас. Дома сум, што е огромна предност и го ценам тоа што имам таква можност. И двајцата уживаме во доењето. Зошто мислиш дека е премногу?
Коментаров упатен до мене конкретно беше од личност што доеше 5 дена , и престана зошто тетки и стринки и викаа бебето ти плаче, слабо ти е млекото! А слабо млеко е постои и така се префрли на ад,а детето на година и два месеци во шишето имаше сок-фанта. И затоа сега она ми се чуди како мојот њ голем за цицка Друг муабет од педијатар, ја прашувам да не му излегуваат тројки дека последниов период бара и дење да цица,што не било случај до сега,вика тројки нема ама он не треба да цица дење,доволно е само навечер и наутро. Јас викам јас сум среќна што сега навечер ретко се буди,а не како претходно да виси на цицка на секој 40-60минути. Така да и да стане 1-2 ноќе немам гајле, пак имам време за спиење. Очекувам сам да почне да си ги крати,како што ги скрати тие 300 подои во текот на ноќта. Едно вика книгата ама друго реалноста..
Не срце грешка си. Јас ја одбивам пет месеци веќе. Кратев подој по подој. Двете сме среќни. И јас во почеток викав аууу, до година ли?? Многу е!! Но си каснав од гзот. Не е така. Најубавото доење е после година. Кога веќе се разбира. И те чека со раширени раце. Најубаво
Синко има 3 4 подои, од кои 2 се за заспивање, еден наутро кога ке стане и еднаш во тек на ден, некогаш цица некогаш не.
Не е и дека не цицаме. Вака до прво може да тера. Почна да јаде колку толку и не бара цице. Ретко ретко денски да цица, воглавно нудам храна цел ден, бидејќи оброците не му се обилни.
Не ни очекувам да пројаде по одбивање. Такво ми е детето. Чоколада одбива, не е до вкусот или не знам што.
Иста е значи. Благо јок. Али затоа вчера кулен и извади на мачка од уста за да касне Кога ќе решиш да одбиваш, најлесен е утрински подој.
Па да, тој подој што го има кога ке стане можам без проблем да го тргнам, повеќе му е мазење. Памет немам за овие за успивање како ке биде. Нам ни дојде маче, синко зема печеница, ке касне тој па ке даде на мачето.
Ноќниот е најлош. Еве вечер пишувам како ќе биде. Втор ден нели. А преку ден исто лесно помина. Се истрчуваше надвор. Влегувам, одма јадење. Ке земеше некоја играчка, ќе ја занишкав и заборави за една недела.
Не мора да значи. Ако е детето спремно, ќе оди како песна. Ние бевме со еден подој многу долго време. Цицаше навечер само за заспивање. Кога видов дека веќе е спремна психички, дека заспива со други луѓе комплетно без проблем, ги изваде сите заби, ... решив да пробам. Толку лесно го остави тој еден подој, што буквално во две вечери се заврши работа. Јас бев попарена, таа беше супер. Дефинитивно има некоја невидена убавина во доење на тодлер. Неколкупати имам спомнато една изрека што ја видов, и тоа ептен на срце ми застана. Вика.. breastfeeding a toddler is a reward for breastfeeding a newborn...