Тотално се согласувам. Јас се премислив. Нека остане ноќниов подој уште малце. Не сум спремна. А штом се двоумам, подобро е да не прекинувам. Ке умивам уште малце. Твојот случај ми влева надеж и самодоверба. Ќе покаже самата.
@Kaetana синко не е спремен, а не сум ни јас. Ке почекам да излезат 5ките. Таман и зимава ке помине. Знаеш, кога прими вакцина пред неколку месеци, цицето му беше утеха. Гушка, гали, плаче и ме гледа во очи. Златен е. Вели тите.
Пред два дена почнав со одбивање, со кратење подои. Син ми има 1год. и 10 месеци... Останав само пред спиење да му давам и ноќното, станува по 2-3 пати сигурно. Како ги скративте ноќните подои? Тешко ми оди многу затоа што сме сами по цел ден и само јас го заспивам па затоа ми се чини дека и ноќното доење е невозможно да се надмине
Зошто да не ја оставаш подолго со тој еден подој? Прашувам зашто ние сме со 1-2 подои. И друго прашање. Ад не сака да пие никако. Дали кога ќе се одбие треба да зголемам млечни производи за да надокнадам зашто многу ретко му давам, дали 2 пати неделно јогурт или кисело млеко? Мора секој ден нешто млечно да јаде?
Не мора. Пожелно е ферментирани млечни производи да даваш, ама калциум има и во други производи. ВО принцип многу зависи и од возраста на детето.
Не цицаше три дена и ми падна многу тешко. И пак и дадов. Кога ќе останат на еден подој тогаш не ни цица, она се лаже само. Но, ми се случува и да ме тегне преку ден да бара да цица. Затоа ваљда не треба долго да остане тој подој Млеко никакво не и давам, не сака, а не и ни треба.
После колку време би требало да нема млеко ако стиснеш? Малиот околу еден месец не цица. Немав проблеми со полнење на градите, немав болки и сл., освен малку нелагодност на почетокот откако прекина да цица. Од навика секоја вечер под туш со топла вода ги поминувам. Да не треба да проверам пролактин?
Не стискај постојано. Гледај градата да нема грутки и да не боли. Јас не доам веќе 1г а кога ќе стиснам има по една капка.
Само што бев на преглед, зашто повремено имам чувство дека ми надоаѓа млеко. Малата престана да цица ноември 2019. На стисок сеуште искача по некоја капка од десната дојка. Докторката рече дека е нормално сето тоа и ДО 5 ГОДИНИ после доење
Не, не, не стискам, откако не цица не сум стискала, само вчера проверив. Планирам понатаму да правам трансфер, па си реков да не прави проблем за нова бременост ако е пролактинот висок.
Тоа сепак ќе се консултираш со гинеколог, али нормално е да има по една капка кога стискаш (да не шприца, да нема грутки и да не тече само од себе)
Едвај капка мала излезе кога стиснав, немам грутки и не ми тече, немам ни болки. Е, ако земам да стискам повеќепати, можеби ќе шприцне, но не сум пробала, си реков да не чепкам
Ако не се стимулира создавање млеко нема да се лачи ни пролактин. Не верувам дека ќе имаш проблем за забременување.
Има логика Не ми текна дека се лачи пролактин со создавање млеко преку стимулирање. Си мислев ако има млеко вака после одбивање дека автоматски пролактинот е повисок.
Оли кај мене мали сам се одби од цицање и месец дена пред да забременам исто стискав при туширање имаше капки. Во меѓувреме забременив и немаше ни капка.
Здраво мајки Малиот ми е скоро 20 месеци,сакав да го одбијам секако за месец,два. Но тој беше настинат овие денови,имаше шлајмови и одбиваше да цица,само ноќе и наутро,значи не се одби скроз.Ова утро осетив едната града ми е малку тврда ,бев под топол туш,малку ми олесна,ем цицаше тој,но сеуште стои така тврдо и ми е нелагодно.Сега сум во мисла што да правам.Дали наеднаш да го одбијам,или да ја средам градата со тоа што ке продолжам со доење и под топол туш. Може ваше мислење?
Мене пак ми е многу прекрасен момент што доењето го радува, знае да си побара, и што го смирува во секое време. Баш му е сигурно место. И мило ми е кога ќе ја гледам експлицитно неговата радост за самиот чин. Одговорот за тоа дали да го одбиеш или не - го имаш само ги. Доењето е врска меѓу тебе и твоето дете, и никој нема право да ви се меша во истата.
Совети како полесно да го одбијам? Сами сме и немам на кого да го оставам да преноќи или да го причува, 24/7 сме заедно. Преку ден цица 2-3 пати, навечер исто а некогаш и почесто.