Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Престанок на доењето - одбивање

Дискусија во 'Бебе' започната од ivanceto1984, 9 декември 2010.

  1. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Ај тука да си олеснам и да прашам, мали е 9месеци, почнувам со работа така што си има три оборци и една ужинка, денски цица само за заспивање и кога спие. Зашто ќе бидам на работа тој период сам ќе си заспива, али работам од дома сепак ќе може града да му дадам да поцица ако сака. Пред спиење почна да пие ад, но кога ќе се разбуди си бара цице. Еве сега моментално цица, а пиеше ад во 21ч.
    Кога прифати ад некако си реков готово е ќе се одбиеме ама сега некако ме фати жал. Не сакам да се одбие, не сум спремна...
    Може ли да си тераме вака, ад пред спиење и цице на барање уште долго? Или ова е почеток на крајот на нашата доеничка приказна ;(
     
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.675
    Допаѓања:
    18.332
    Пол:
    Женски
    Може, 19 м цица на барање, без ад. Има периоди на јадење и периоди на нејадење и цице секогаш е прв избор. Гладен сит, си цица, а за заспивање обавезно.
     
    На dunika, PurpleMind, Филотеа и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Сврти неколку страни наназад. Имам и јас и другите пишувано за постепено одбивање. Не ти треба никој да го оставаш да плаче и да му правиш стресови на дете.

    Крати подој по подој. Многу е лесно ќе видиш.
     
    На Kitten и sweet-17 им се допаѓа ова.
  4. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.268
    Допаѓања:
    18.385
    Како да го скратам подојот во 5 сабајле?
     
  5. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Тогаш станува? Одиш на работа?
     
  6. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    @Sofi.ja Јас најпрво утринскиот подој го тргнав. Штом ќе се разбудеше ја земав во раце и почнував да ја гњавам. А закенкаше ја лажев со нешто.
    И одвечер имав спремен доручек и одма нудев. Не де бунеше ич. И ден денес е иста песна. Јаде штом ќе се разбуди.
     
    Последна измена: 21 март 2021
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.268
    Допаѓања:
    18.385
    Он се будеше повеќе пати ноќе,во последно време 1-2 пати. Едното будење е од 3 натака, може да е 3,4,5.
    Јас одам на работа,он во градинка и го будам после 7.
    Не знам како да го прескокнам тој подој во текот на ноќта а да не се расони, голем е веќе 17м.
     
  8. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.382
    Пол:
    Женски
    Јас прво ги тргнав ноќните подои со надеж дека ќе преспива ноќ. Уствари не било до доењето, туку до спиењето со мама на спална, ама не е битно.. За да презаспие го нишав, давав цуцла, или крајно водичка, сѐ освен цицање. Постепено се навикна и престана да станува. Сега еднаш во две недели ако стане со плачки, водичка му давам и одма презаспива. Цуцла во текот на ноќта сам си става ако се разбуди и си продолжува да спие..
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  9. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.605
    Исто се чувствувам, затоа и дојдов на темава. Немав проблем се' до вчера кога една пријателка ми рече "и моето овака се тегнеше и испушташе цицка пред да се одбие". Проблем е што моето е 5++ и стварно мислам дека е прерано, а колку бев возбудена оти почна со кашички... Ад пие кога сум на работа, иако инсистирам да доаѓам дома и да дојам.
     
    На Butterfly1107 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Ете шери ти пишала. Кога ќе се разбуди во 5,нишкај или нуди вода. Во почетокот нишкај, со вода може да се расони.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  11. derjus

    derjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    денес трет ден од одбивање имам многу млеко молзам по малце редам зелки ама камен ми се градиве за колку дена ќе ми се намали млекото ? трудна сум неможам да пијам ништо:/
     
  12. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.971
    Колку подои сте имале претходно и колку долго доеше?
    Малку е лошо камен што ти се прават убаво празни ги да бидат меки градите. Значи еднаш ќе и испразниш скроз додека да дојдат меки а потоа наредното колку да ти олесни.
     
  13. derjus

    derjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    2 години има денски еден подој навечер повеќе пати се будеше да испразнав ама пак ми се полни:/
     
  14. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.971
    Наеднаш прекина не кратеше подој по подој?
    Тоа од гинеколог што ми кажа е дека треба време. Јас доста рано прекинав беше потешко ти подолго си доела и треба време.
    Не би можела детали да ти кажам бидејќи не знам само да не ги оставиш тврди градите скроз празни ги. Олеснувај ги и молзи се стискајќи ја ареолата по малку не цела града да ја стискаш
     
    На derjus му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Многу ми е рано ама сакам да прашам нешто оти малку изгубена сум. Ако пробам да го одбијам бебето пред да се вратам на работа, дали тоа значи дека ќе треба да има некои оброци со АД на 8,9 месеци и понатаму?
    Не знам со кога им е потребно млеко...
     
  16. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Како прекина да се буди ноќеска, го научи во креветче? Моево се будеше 1-2 пати ама ноќеска душата ми ја извади, повеќе беше буден и кенкаше дали дека заби вади (ги вади 2 месеци) ама ми се плаче за спиење.

    @Bicka77 Ако сака ад давај му, моето не сака, па му давам јогурт со вечерата. Такви совети добив тука, а и секаде читам до година да се дава млеко. И јас бев загрижена за истото ама во мат позиција сум, ни млеко имам доволно, ни ад прифаќа.
     
    На Bicka77 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.382
    Пол:
    Женски
    Не, уште тоа фали да го научам. Со мене спие и во принцип преспива цела ноќ, сабајле околу 4 5 знае да се разбуди ама одма презаспива. Следно е тоа, сам во креветче, морам да пробам некоја вечер. И мојов не пие ад, на почетокот пиеше, си реков супер, ама после почна да плука. Му правам навечер каши со тетрапак чат пат и секој ден јаде јогурт, кисело млеко нешто. Одбиен е од година, ама сам си се одби, не дека сакаше и да цица. За заби не причај, 4 вади не знам колку месеци уназад се премачи, една извади. Па сега кога гледам колкаво забиште му излегло, греотка се со забивее :doh:
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. macence994

    macence994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    353
    Пол:
    Женски
    Здраво мами
    Убав на мајка е 17 месеци веќе, сеуште се доиме но цврстата храна не ја јаде ,пример 2 3 залчиња и несака повеќе, а за цицање не одбива никогаш, сакам и да го одбивам ама незнам како да почнам .веќе 6 месеца сум вратена на раб ама ми е мака навечер по цела вечер да дреми на цицка и коа ќе си дојдам од раб уште на врата одма бара да цица
    Додека сум на раб па ќе јаде нешто друго а коа сум дома нема шанси
     
  19. maca050619

    maca050619 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2017
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    незнсм дали е за овде но ќе прашам ние цицавме 1 месец не вел после продолживме со ад мене ми прекина млекото , ама на левата града брадавицата ми е внатре а на другата нормално извадена , скоро 2 мес не цицаме
     
  20. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.268
    Допаѓања:
    18.385
    Дојдов до моментот кога мене ми е повеќе тешко психички, отколку што му е на бебето (детенце од година ипол)
    Кукав од 9 месеци навака за одбивање, сега ми иде да рикам да плачам.

    Тешко ми е што го гледа и гали цицето ,а не му го нудам да си го лапне како што знае;(;(
    6ти ден како се одбиваме,почнав од цицањето за дневна дремка.
    Ги ишкртав градите со моливче за уста и направивме филм дека е расипано цицето.
    Плачеше само првиот пат кратко ,а вечерта му го понудив да цица. Уште па ми вика "расипано" демек што ме правиш будала знам дека е расипано а ми го нудиш :rofl:
    Ја изгуравме скоро цела недела,дење ќе спомнеше некогаш цице,ама не бараше,не се тегнеше со маица како што знаеше да прави.
    Цицаше ноќе за заспивање и еднаш во текот на ноќта (мое дете еднаш да стане ноќе=невозможна мисија).
    Вечерва му раскажав приказна,го пикна рачето го погали цицето,извади цуца мислев ќе бара,пак си ја лапна и си заспа.
    Јас останав со подотворена уста. Дали да се радувам уште еден чекор до одбивање поблиску, дали да плачам од што ми е тешко на душава,му го кратам уживањето....

    Ах колку било тешко, ова е исто како со трудничко меше,кукаш кога тежи сакаш да се породиш побрзо,а откако ќе се породиш ти фали...
     
    На MissBreezy му/ѝ се допаѓа ова.