Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Престанок на доењето - одбивање

Дискусија во 'Бебе' започната од ivanceto1984, 9 декември 2010.

  1. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.268
    Допаѓања:
    18.385
    @Kaetana во процес сме на одбивање,дали треба да почнам да пијам чај од жалфија или друго нешто да преземам со градите?
    Последно цицање му беше вчера утрото во 7ипол ,ја преспа ноќта и дури денес за заспивање побара (после 38 часа).
    Веќе недела дена сме на еден подој најчесто беше ноќниот околу 5-6.
    Денес малце ми се стврднаа градите.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    5.367
    Пол:
    Женски
    Имаше ли проблеми со градите кога имаше само еден подој?
    Јас се измолзувам два пати на ден (наутро и навечер) и сакам да намалам само на едно, но ми е страв, бидејќи кога не се измолзувам повеќе од 12 часа, ми се прават како грутки на градите.
     
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.268
    Допаѓања:
    18.385
    Не осетив тежина, само вчера ми беше тешко зошто немаше цицано повеќе од 24 часа.
    Вечерта пак ми побара за заспивање и пак во 4 ноќеска...сега пак одново да исклучиме пред заспивање.
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  4. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.445
    Допаѓања:
    22.875
    Пол:
    Женски
    Да е прашам нешто, колку време после одбивање од доењето имавте по некоја капка млеко во градите?
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    Како сте сега? Инаку можеш да пиеш чај од жалфија, 2-3 чаши на ден... И одмолзувај само малку колку да ти олесни и само во случаи кога имаш тврди гради и осеќаш тензија.

    Може да трае и година дена... Не проверувајте често бидејќи самото стискање е стимулација.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.268
    Допаѓања:
    18.385
    Добра сум, повремено осеќам некои жештини во градиве,ама не ми се тврди.
    И деснава повеќе тежи од левата,левата како издишана е:D
    4 дена како не цица воошто
     
    На crazylady и Kaetana им се допаѓа ова.
  7. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    Полека се спремам за одбивање,намаливме подои проблемот е што не сака ад и никакво друго млеко,само во каши бејби лав,буквлано ми го треска шишето кога ќе го види.Имала ли некоја таков проблем?се мислам да и давам чај ноќта кога ќе ми се буди се ежам од плачките
     
  8. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.268
    Допаѓања:
    18.385
    Колкаво е?
     
  9. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    11 месеци сме
     
  10. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.445
    Допаѓања:
    22.875
    Пол:
    Женски
    Престанав со доење лани на 17 мај. Еве скоро година време после тоа, одвреме навреме кога ќе стиснам, има жолти капки млеко.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    на која возраст престанавте со доење?
     
  12. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.445
    Допаѓања:
    22.875
    Пол:
    Женски
    Син ми беше година и 5 месеци кога го одбив од доењето.
     
    На Chuchanov му/ѝ се допаѓа ова.
  13. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.018
    Пол:
    Женски
    Син ми се одби сам, на 1 и пол година во ист ден со цуцла и со цице. Како? Настинат беше, тогаш му почнаа и тантруми, мама бремена 5ти месец и незнам како се случи. Пред тоа, кога сакаше сисаше. Не го терав со сила никогаш. Беше најголемо сисалче што го познавам до година. Напредуваше одлично, по книга и плус си имашеж После по малку се одбиваше и месец пред скроз да се одбие имаше по 1 подој, ретко 2. Мака немав, се одмивав со топла вода тие 2-3 дена и тоа беше се. Сега сум 38 недела и осеќам како да ми надоаѓа млеко, често се масирам па се надевам и со ова бебенце ќе имам ваква успешна приказна. Многу се надевав дека ќе ги дојам заедно, но баткото навистина реши да стане голем батко и се одби.
     
    На MilaSs12 и *malenavolena*87 им се допаѓа ова.
  14. anadimitrova14

    anadimitrova14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    7
    Zdravo devojki,vaka maloto mi e 2 ipol godini a jas seuste imam mleko vo gradite koga ke se stegnam kapi po edna kapka mleko,kazete mi priroden lek kako da prestane mlekoto da se laci,i dali moze mesecniot ciklus da mi zadocnuva so denovi od mlekoto vo gradite.Da napomenam ne sum bremena
     
  15. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.268
    Допаѓања:
    18.385
    @Kaetana поминаа повеќе од 3 недели како воопшто не цица.
    Му пробиваат сите четири тројки деновиве,плус болен е има некој вирус.
    После 14 дена од одбивање на шала му реков цицето какво е,запамтил расипано се насмеа и никому ништо.
    Овие два три дена ме стиска за гради и кенка како кога сакаше да цица.
    Што сака да ми каже детево,сега му текна да тагува?
    Го залажав со пајакот,одма скокнав од кревет ама ми е страв да не го држи долго меморијава за цицето:D
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Balerina90

    Balerina90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Малото има 5 месеци. Од раѓање беше на цице+ад. Од 4ти месец одбива цице, значи никако не сакаше, ни во спиење, ни во темно и тивко, никако. Еден месец се молзев и давав плус ад. Но, млеко се помалку и помалку имав. Од 100мл на молзење стигнав до 40мл. А бебе веќе пие се повеќе, 150мл. И решив веќе да не се ни молзам затоа треба 3пати да се молзам за еден негов оброк.
    Значи не молзам 48 часа веќе, ама осеќам малку болка кај градите, и ми се потврди. Болката е само на допир.
    Не сакам да пијам апчиња, сакам природно да пробам.
    Прашање до поискусните. Дали треба малку да одмолзам за да немам болки и грутки, да пијам чаеви, дали да се стегнам со пелена ?
     
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    јас се одмолзував еднаш во денот и по препорака ги стегнав градите.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Balerina90

    Balerina90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Се одмолзуваше по малку или скрос ги празнеше градите ? И колку дена отприлика ?
     
  19. Macmac89

    Macmac89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    164
    Леле мајки како се соочувате кога треба да престанете да доите? Малста ми е 7 месеци и останав пак бремена и од здравствени причини морам да престанам да дојам зошто имам лошо минато искуство со абортуси па гинекологот ми кажа дека уште еден месец најмногу може да ја дојам, душа ме боли само плачам зошто ми е жал, страсен цицач е... Незнам психички јас како ќе се справам со одбивањето.
     
  20. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    Не е несекојдневно. Децата уште долго после одбивање знаат да се галат и да бараат да ги галат градите. Само внимавај, има шанси заради забите да сака да цица - верувам не сакаш да продолжиш, така да јас би го оставила да ги гали и да се теши, ама би инсистирала на тоа дека цицето е расипано.

    Не можам да замислам колку ти е тешко. Види уште еднаш со гинекологот разговарај. Баш ако го поминеш овој месец и ништо не е - шансите да е понатаму нешто се исти како и во овој месец..значи оние кои мораат да ги одбијат децата се оние кои лежат и се на прогестеронска терапија. Така да... Разговарај. Може има шанси да не мора да го одбиеш. Едно е минатото, а и секоја бременост е различна.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.