Конечно заврши мојот доечки стаж за овој живот.Син ми го одбив на 2 години и 3 месеци..голем љубител на градиСи цицаше еднаш дневно и навечер за спиење обавезно иако се беше повеќе лигавање отколку цицање. Веке еденд месец не цица и се одби толку лесно дури за неверување.две вечери се будеше со плачење но малку вода малку нишкање и од тогаш си спие по цела вечер иако има моменти кога во сон плаче па го нишкам го милувам да заспие..конечно по 4 години откако станав мајка можам да се наспијам како човек( керка ми ја одбив на 15 месеци зашто бев трудна)..уф колку било убаво спиењето...можеби беше пресудно тоа што се вакцинирав па два дена пред вакцинација решив дека е готово и морам да го одбијам..градите ниту ме болат ниту се потечени но сеуште имаат мирис на млеко...
Мајки кпо методи користите за одбивање преку ноќ? Лесто станува и не продолжува без цице а сакам да го одбивам веќе?
Исти маки и ние мачиме 18 месеци има, имаме само два подои, дење кога заспива и навечер. Морам итно преку ден да ја одвикнам да заспива со доење, почнувам со работа. Е сега верувајте пробав се и безнадежна сум, преголем стрес е сето ова за мене Никако не заспива и на крај морам да и дадам цице инаку нема шанси. Цел ден ке плачи и нема да заспие А многу е мала за да не преспива преку ден
Јас дневното цицање го откачив со муабетот дека е расипано(ишкртано со моливче за уста) цицето. Почнав од 18+м. Плачеше само првиот пат (првата денска дремка без цице) и не беше нешто многу драмење како што замислував. Пробај.
Majki ve molam za sovet, imam 7m kerkicka a ostanav pak bremena, moram da ja odbivam zosto imav kriticna bremenost pa sega povtorno preventivno ke pravam serklaz i ke primam utrogestan i moram da prekinam so doenje. Dali nekoj na taa vozrast bil prinuden da go odbie bebush i kako go napravivte toa so ogled na toa sto e strasten cicach. Sekoj sovet bi mi bil dobredojden
Малово е 16 месеци цица само еднаш преку ден за дремка ама затоа навечер се буди како новороденче. Како да постапам за да спие цела ноќ без будење? Инаку спие со мене..
тоа е мноооогу голем мит Мојава уште памети. Кога ја одбивав исто мислев 3 дена. Цел месец бараше цице.
Мојов си е голем цицач, некогаш не дочекува да се наместам тој фатил цица. Дури спие сака да цица ептен треба поцврсто да заспие за да се тргнам. Не би го одбила ама навечер не се издржува буквално како новороденче е ако не му дадам вришти сите ги буди, никој не е наспан од него. Да цица само еднаш навечер ок ама вака тешко.
Не би рекла дека е мит, можеш да ги прочиташ моите мислења на темава кога го одбивав. Буквално 3 пати заплака кога пробав првиот пат да не му дадам да цица за дневна дремка. Го намалуваше тоналитетот и времетраењето на секое плачење. Инаку не форсирав ,го оставив сам да ги крати ноќните подои и му требаа 2-3 недели за скроз да ги скрати,па уште некој ден за последниот подој. Ако инсистирав и за ноќните верувам дека ќе успеев,но не сакав да биде траума за двајцата. Знаеше да побара, но немаше драми правење како претходно,се држев до муабетот дека цицето е расипано. Сега после месец ипол од одбивање доаѓа да го види ,се смее и ги бацува, еднаш тргна со отворена уста да ги баци јас како од оган избегав. Не велам дека не памти,но не врескал како претходно кога ќе сум рекла не. Откако поминаа 3 дена од одбивање за преку ден веќе не ни бараше дење,дури без цицање заспиваше некогаш ноќе.
Zdravo! Imam prasanje, od sabotata pocnav so Bromergon. Se odmolziv do kraj, gi stegnav gradive i pocnav so apcinjata. E sega, kako da znam deka nema veke mleko? Ne osekam nekoi teskotii, no gi drzam stegnati, strav mi e da gi pustam?
Јас кога пиев апчиња не ги стегав ќе осетиш кога ќе ги испиеш градите ќе ти се "издишат"скроз меки како памук ќе ти станат. Ако ти се тврди рачно одмолзувај колку да си олесниш. Не проверувај дали имаш млеко
Здраво, Еве и јас со моето искуство , пред 5 дена го одбив ќерка ми веќе е 2 и пол година, многу тешко ни оди зашто таа никоаг не прифати нкаква цуцла или шишиња и единствен начин на спиење беше тоа. Се трудев многу пати ама никако без успех и сега морав зашто направив колоноскопија со тотална анестезија и веќе се уморив голема цела ноќ не спиеше. Тоа што сакав да прашам е дека веќе 3 дена почнав да пијам Бромергон , но многу ми е тешко од нив, ми се врти ми се гади главоболка, а сеуште кога стиснам градите тече млеко, гинекологот ми рече 10 дена да ги напијам, вие колку време ви требаше за да престане млекото?
Мајки еве малиов 3 дена како не јаде ни пак цица тој цицаше само ноќе еве овие два ноќа само за успивање цицаше а ноќе се будеше ама одбиваше цицање сакам да искористам ова да го одбијам инаку онака се будеше нон стоп за цицање иако е 11месеци земав чај од жалфија што друго ми треба и како го пиете по колку пати чај?
Олеснувај си ако ти се преполнети градите, не се одмолзувај скроз и облечи тесен прслук и ќе сопре само до себе. Јас барем вака го сопрев и понатака ако стиснеш можеби да има капка две да излезе ама секнато ќе биде млекото. Патем јас не ни го пиев чајот од жалфија.
Мене гинекологот ми кажа чај од жалфија дека воопшто не играл улога. Ако не сопреш по природен пат со намалување на подои тогаш апчиња