Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Престанок на доењето - одбивање

Дискусија во 'Бебе' започната од ivanceto1984, 9 декември 2010.

  1. Anaouou

    Anaouou Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    2.247
    Еве три ноќа како не цица ама дење му давав по еднаш колко да си олеснам. Да не треба да измолзувам бидејќи ми се стврднуваат гради? И листови да земам ли од зелка што помагаат?
     
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Само кога ќе осетиш стврднување измолзи малку колку да осетиш олеснувње. Следниот пат исто така. Постепено ќе осетиш дека нема веќе да се преполнуваат и кога ќе престанат да се стврднуваат и ти престани со измлзување, нема потреба веќе од стимулација.
    Сега детето веќе не цица ни преку ден, така?
     
    На Anaouou му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anaouou

    Anaouou Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    2.247
    Даа тој одамна не цица дење само ноќе стануваше нон стоп но сега еве 3 ноќа нешто одбива сам мислам дека заради забчиња па сакам да искористам ситуација да го одбијам а вчера му дадов бидејќи ми беа малку стврднти.
     
  4. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да го одбиеш, а тој сам не бара преку ден, не му давај. Така го пролонгираш процесот. Сама одмолзувај, но по малку, како што ти пишав.
     
  5. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.971
    Мене ми рекоа по малку колку да олесни одмозлување со стискање на ареолата на градата, не со пумпа. Со топол туш масажи и после тоа да држам ациди борици облоги на тетра ги ставав. Зелка не сум користела таа знаж ја ставаат за запушени канали
     
    На Anaouou му/ѝ се допаѓа ова.
  6. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.605
    Кога одлучивте да престанете со доење? Малиот е 9 месеци, ги има сите оброци во денот. Доењето служи за да се засити насабајле додека да спремам појадок, навечер кога заспива, евентуално ноќен подој со презаспивање. Но што е со остатокот од времето? Си игра со градиве, гриза, шмука и ротира во круг, испушта, па пак влече, а не цица. Градиве ми се партал баш од ова, не само што болат, виснаа. :( Да не му дадам, жал ми е, доаѓа и сам си ја повлекува маицата и си наоѓа пристап до града. Како постапувате во оваков случај?
     
  7. **MajkaE **

    **MajkaE ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    298
    Пол:
    Женски
    Мајки како ги одвикнавте вашите бебиња од доење? Тргнувам на работа уште малку и стварно не знам што да правам.Иначе сме 7+
     
  8. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.382
    Пол:
    Женски
    Не мораш веднаш да го одбиеш. Имаш право на пауза за доење до година на детето, значи 6 ипол саати можеш да седиш на работа до тогаш. Сама избираш кога ќе ја користиш паузата. Некако комбинирај да цица пред работа, па оброк, ужинка, спиење, па пак нека цица кога ќе се вратиш. После почни полека да кратиш подои, еден по еден. Јас така го одбив. Прво почнав да не му давам на сабајле, па после денски скратив, остана само пред спиење. Навечер исто скроз скратив поради тоа што не спиеше, тие подои први ги тргнав. Моево дете не ни беше некој фан на цице, па го одбив на година без многу отпор. Среќа што го одбив тогаш, кога се поголеми стануваат малку поинаетливи и тешко да се одбијат без протестирање и драми.. како и да е, лекот е кратење подој по подој. Јас немав никаква мака со градите, не ни пиев чај, ни стегање или апчиња. После неколку дена од последниот подој малку ми се стврднаа, ама ништо посебно и не ги пипнав. Сега скоро после 6 месеци си ја притиснав градата несакајќи и протече млеко, што значи треба време скроз да се регулираат градите. Ако немаш мака со грутки не ги пипкај и најважно, не ги стискај да проверуваш дали тече млеко.
     
    На Chuchanov му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.817
    Пол:
    Женски
    Ќе цица после работа.
    Јас тргнав на работа кога бебе беше 9м а цицаше 22м.
    На работа ако осетиш притисок ќе се одмолзиш малку.
     
    На crazylady, Fatalnata, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.268
    Допаѓања:
    18.383
    Дали имавте промена во циклусот после одбивањето?
    Добив после 3м од пораѓај,го одбив на 19м, 2 месеци по ред на време си доаѓа,а сега ми подрани 5 дена (што никогаш во живот ми се нема случено,обично ми доцни)
     
  11. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    што си кажувате сами на себе за одбивање...?
    бев демек решена...ама навистина неможам не сум спремна,значи си јаде и цица само навечер и во текот на ноќта,кога ќе ме види после работа одма ме тегне бара ама тоа не е цицање повеќе како гушкање и да осети близина
    сега ќе прави 13 месеци,напорно ми е навечер па сакав да прекинам Ама
    срце ми се замрзнува кога ќе замислам...еве ќе оставам подолго но повторно ќе дојде време и се си мислам исто ќе се осеќам,незнам како сама на себе да се посоветувам
    да се одбие сама најдобро би било,но како што гледам нема абер
     
    На crazylady и Chuchanov им се допаѓа ова.
  12. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.971
    А зошто воопшто се грижиш толку? 13 мес не е малку време растат и треба да уживаш во нејзината нова етапа од животот и да ја пуштиш да си порасне. Зборот ми е ако те грижи фактот дека бебето ти расте?
     
    На crazylady, Bella* и Chuchanov им се допаѓа ова.
  13. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.382
    Пол:
    Женски
    И мене еднаш откако го одбив ми дојде на 25 дена, никогаш не ми се случило тоа, ама не придадов посебно значење..
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    Ние сме во процес на одбивање 14 месеци сме,штета што е само со мене после работа,цицаше многу пати но полека еве цела недела пробувам да и кратам подој.прво наутро почнав да не и давам со баба и надвор се јас се спремам и одам на работа,сношти пробав преку ноќ во дозерка си ставив ад во шишето вода на собна и кога стана и дадов (испи 50мл) спиеше до сабајле,ама кога стана бараше да цица.
    Проблем ми е цицањето после работа и пред спиење навечер ,здравје планирам после работа 1 саат да не се враќам дома да ја заспат,а пред спиење мажот ми да ја зема да ја заспие(тешко ни оди ме бара вика мама) но мора да бидеме поупорни
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    Знаеш некако го осеќам тоа како "разделба" незнам како да објаснам..знам дека расте разбирам...второ дете ми е,ама премногу сум чуствителна на таа тема
    не се разбирам ни самата (facepalm)
     
    На crazylady и Kaetana им се допаѓа ова.
  16. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.971
    Тоа и јас пробувам да ти го кажам да не го сфаќаш така да не си ја правиш сама на големо. Она секогаш ќе е твое бебе не постои разделба. Јас на месец ипол прекинав со доење замисли па тогаш толку мало. Секогаш ќе те бара тебе доела или не. Нема разделба
     
    На crazylady, Chuchanov, Brpbrp и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Престанавме со доење при крај на мај. Немав некој проблем со гради. Деновиве ми протекува млеко... Едната града многу притисок осеќам.Циклусот хаос. Искуства со вака протекување млеко по неколку месеци?
     
  18. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    Веќе не цица ноќе и давам сок кога ќе стане и си продолжува.значи поубаво спиее и станува во 7ипол-8,кога цицаше во 6 сабајле беше будна.
    Во петокот си направив проблем градата камен ми стана на работа ставив лист од зелка,па ациди борици,млеко почна многу да ми тече јас да потам си дојдов дома и сакаше да цица и дадов ми олесни малкоо,па зедов мало шише со жешка водаа да ги разбијам топчињата.се надевам лесно ќе се одбие
     
  19. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Стави топла тетра на градата и ќе ти олесни. Барем мене само тоа ме пушташе и масирав да ги разбијам грутките.
     
    На Chuchanov му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    Останаа уште 2-3 подои за заспивање,сега кога си одам од работа право надвор ја вадам бара ама ја залажувам со мачето,кучето и не и давам после 4 да спие...
    Во понеделникот се намачкав прополис после работа :doh: поплаче и ништо по некое време пак цицаше
    Се надевам за недела две ќе заврши доењето.Убаво ни беше и на двете,но сега на мене ми е потешко од нејзе.