Исто ми прави и на мене. Јас ја дојам уште зашто не пие ништо друго течност. Не фаќа шише, чаша, клунче, ништо. А инаку преку ден доењето ѝ е или игра или за заспивање ама многу малку цица веќе. Ноќе и сабајле убаво цица после другото е веќе игра. Не сум размислувала за одбивање зошто ми е страв да не дегхидрира како што не пие ништо друго. Колку време го доеше првото дете? инаку и јас си го сфаќам така емотивно, и неможам да замислам моментално да се одбие.. Иако веќе јаде сѐ и цицањето ѝ е повеќе игра или за заспивање, ќе ми фали така да ме гледа со очињата додека цица и да ме чешка со раката на вратот
Мајки чии дечиња заспиваа само со цицање, од како ги одбивте како почнаа да заспиваат малечките? Ќерка ми е 21 месец и цица за заспивање и преку ноќта ама сакам да ја одбивам веќе и не знам што ќе правиме во врска со спиењето.
Заспиваше со приказни раскажување, двајцата легнати на спална. Сега веќе и без приказни,само си лежиме.
Момче е моето. Ние почнавме одбивање со "финта" дека цицето е расипано (исшкртано со моливче за уста) и прво ги тргнав денските подои. Го оставав за заспивање сам како ќе одлучи,ама веднаш уште од првата вечер одевме во кревет во времето за спиење со книга. Прво беше со книги,после почна да ги разлистува и да се расонува па се префрлив на раскажување. Во текот на 10тина дена се случи 2-3 пати да цицне за заспивање ,јас не се бунев а ниту пак му нудев. Мојот цуца цуцла и кога ќе му текнеше за цице ќе му кажев дека е расипано, и му ја давав цуца, и тоа не една -туку две Така што,после 10 дена престана да цица за заспивање и се будеше само еднаш ноќе. За 3 недели престана целосно со цицање и мирно си ја спие ноќта. Одбивањето беше помеѓу 18 и 19 месец, сега ќе прави 22м. Сеуште вика дека цицето е расипано, он цицал од таму млеко ама кога бил мал
Се извинувам, не знаев дека е машко. Јас на ќерка ми и велам ама цицето е какано, не е убаво ама таа си плачи. И одпосле кога ќе заврши со цицање самата се трга и вика кака. 21 месец е, и цица само на пладне кога има дремка и навечер за спиење.
Намачкај со нешто да личи на какано. Со кармин, или еурокрем (само не давај да проба хахаха) направи и филм малце, тука се со возраст со моето. Кај мене секогаш пали некој муабет кога не сака да пие Молерс. Го земам во раце како за доење и муабет и мама да ти кажам едно дете кај отишло да се шета со мајка му....или даде знаеш што направила,била со вујче во зоолошка и таму видела ....додека кажам две реченици сум го истурила молерсот во уста. Така да држи се до тоа, какано е цицето ќе си ги испрљаш запчињата после нема да можеш да јадеш соленки/бонбони/банани...и одма понуди нешто ситно да грицне да свртиш внимание.
Креветчето ни е споено со спалната па лесно ми е само го вртам и е во креветче. На околу 20 месеци почна така да заспива.
Мајки помош. Веќе една недела откако го одбив. Градите ги чувствувам полни (не преполни во смисла тврди туку не ми се издишани како што ми беа кога цело време дремеше на цицка) и од вчера почнувам да чувствувам болка на моменти негде внатре. Си реков да измолзам малку, стиснав тоа шприца како да имам новороденче и престанав. Некој совет дали и што да правам? До сега буквално ништо не правев. И со кого се советувате ако имате проблем (педијатар, гинеколог...?)
Мајки помагајте како да го одбијам потполно цица само навечер пред заспивање ; денски пред да стани и уште еднаш пред да заспие за време на неговата дневната дремка; значи 3 пати и сега како да намалувам пример прво за дневната дремка пробав да го нишам ама не ми успеа . Исто навечер ако се разбуди како да продолжиме со спиење?
Малата веќе 2 дена не цица. Ама многу мака имам со градиве. Тврди, болни,грутки.. хаос. Почнав денес со бромергон, пола апче сабајле, пола навечер. Се одмолзувам, ама не знам колку, како колку да ми олесни? Ми олеснува кога не се тврди градите.. Синојќа се одмолзив во 11, па во 1, па во 5 .. и под топол туш во 8ч.Не скроз, колку маалку да ми омекнат градите. Ако го правам поретко тоа мака имам ептен. После колку време ќе ми престане болката? И дали да се стегам или не мора дека пијам апчињА? @Kaetana Или кој има искуство нека помага
Мое искуство и со двете деца: двајцата цицаа по 18 месеци, ппследниот месец намалував подои и кога стигнавме само да цицаат пред спиење им кажував дека цицето го зело кучето, па го каравме кучето зошто, па испадна дека и кучето било мало и требало да порасне, измислував приказни, не ме прашувајте не знам од каде ми дојде оваа идеја, не знам. Важно за 2 дена се одбија, и преспиваа цела ноќ. Градите кога ќе ги осетев полни и болни се измолзував по малку под туш, носев стегнат спортски градник и одвреме на време ставав листови зелка за да ми ги олади. Многу се плашев пред да ги одбијам, многу беа зависни од цицање ама многу лесно поминав и јас и тие
И јас овде да пишам Од кога се роди(3 месеци) сме на доење плус ад Може од коментари и совети околу мене не успеав да останам само на доење ама тоа е, бидна веќе Кога и да заплачеше бебо муабетот беше дека е гладен брзо дај му шише, твоето млеко не е хранливо/ретко е И за цуцла лажливка исто, дај му цуцла мирен ќе биде, не фати до 3 месеци, и еве сега ја фати таа од др браун, но престана да цица Ако претходно заспиваше на града, сега заспива со цуцла Немав којзнае колку млеко да го најаде/смени оброк ама сепак тоа беше наше време Нема врска Еве една недела цицаше само ноќе заспиен, сега 2 вечери и така не сака Се измолзувам и мислам дека ќе се повлече млекото, имам по 2 3 капки само За следно бебе ќе се трудам бар до година да го држам на мое млеко Затоа бидете упорни, немојте никој да слушате како мене
Ние бевме на ексклузивно доење до 5 месеци, ни ад, ни цуцла лажливка.. после тоа цврста храна и цице , освен цице и вода, друго не сакаше. Малечката има 14 месеци. Веќе напорно ми беше,почна по цела вечер да цица и да спие на цице, не можев да издржам.. Ама па сега тешко ми е. Среќа почнав да ги пијам апчињата инаку одма ќе и дадев цице, па и нека цица до 5год ако сака Глупава сум, требаше да стегнам заби да издржам, ама тоа е ,бидна веќе.Нема назад.
Поминавме подобро отколку што очекував. Сабајлето во кревет цицаше,после 2,3 часа побара,се намчкав со сенф, проба, не и се допаѓаше,заплака малку,ај пак да проба,се згрози. До попладневната дремка не побара. За спиење ја нишав, се гураше со главата во мене, ама и викав какано е, ќе заплачеше малку и така заспа. Навечер исто. Се будеше 2,3 пати во текот на ноќта, ја нишав, приплакуваше, не сакаше да ја спуштам во кревет, ќе се успиеше добро и ќе ја спуштев, ама спиевме гушнати, не сакаше поинаку. Сабајлето кога стана побара и реков какано е. И толку. После тоа не побара ич. Сабајлево си станува ме бакнува ,ме гушка и одиме доручек правиме. Мислев хистерии ќе има, ама добро го прифати тоа. Дури подобро од мене јас уште жалам Ама нашето беше лошо, спеше со цицката во уста, не можев да станам ни до вц да одам..