Да чкртнам за успомен ред -два на темава. После 3години доенечки стаж , со многу плачки и неспиење го одбив синко од доење. Беше страсен цицач,шише цуцла не прифати воопшто,спиеме заедно што беше отежнителна околност ,и навистина многу тешко го одбив. А и јас мака видов ,ептен многу млеко имав цело време . Плачеше тој плачев и јас Ставав зелка на градите речиси цел месец ,и пиев таблети по половинка неделно за да намали лактацијата. Се изначитав секакви совети за полесно одбивање но кај нас немаше ефект ништо . Само решителноста моја ми помогна ,до душа се изнаплакав,но ако чекав тој да се откаже,мислам дека до прваче ќе цицаше И после 3 месеци од одбивањето кога ќе ме види синко како се преслекувам одам трча да се гали и се радува на ,,балоните ,, не знам кога престана лактацијата бидејќи не проверував,но немам повеќе.Бев на ехо и се е ОК. среќно и само решително
Нема потреба да ги чепкаш, може после 1 година сеуште да имаш млеко.Штом немаш болки и нелагодност како да не си доела однесувај се.
Ние дојдовме до еден подој во 24ч. Планирам прво да го намалувам времетраењето на подојот, за да се намали и создавањето на млеко. Дали сега би требала да почнам со додатни работи, како чај од жалфија, тесен градник и сл. или откако скроз ќе престане да цица?
Ако имаш мака полни гради, грутки, болки откако скроз ќе го одбиеш, макар што мислам дека нема да имаш никаков проблем бидејќи дојдовте до само еден подој, што поретко влечи толку помалку млеко
Стигнавме до само два подои дневно за заспивање, едно денски и едно ноќно, нема да ни е проблем да го скинеме ноќното заспивање бидејќи ни се случило и без цицање да заспие тоа ќе ни е следно скратување, но како потоа да го укинам дневното? Како ги заспивате денски малите што се успивале со цицање?
Јас незнам како ќе ја одбијам од цицање. Во моментов пишувам и плачам. Деновиве е настината, носе тече нон стоп, воопшто не јаде млеко не пие а и неможе да цица заради носот . Денеска не цицаше цел ден , на пладне не ја заспав со цице намерно но надеж дека ќе успеам да ја заспијам сл млеко или нишање но безуспешно. Сега пак пробав да не дадам но вришти плаче абе душава ме боли вака . Цица за заспивање преку ден обично кога доаѓам од работа јас ја заспивам навечер и ноќеска до два пати се буди. Многу ми е тешко и ме боли кога ја гледам таква . Сакав да ја одбијам мислам повеќе ќе јаде ептен е слабичка.
здраво мами, малата ми е 14+ месеци,полека сакам да ја навикнам од шише да пие млеко насабајле и навечер нудам за да можам да ја одбијам од цицање но многу тешко ни оди,или ке се напие малку или ич, подоите се намалени, цица за заспивање само и во текот на ноќта се буди и така презаспива,и градите ми се меки не како претходно не се стврднуваат, никој неможи да ја нишка и да заспие само со цице а цуцла не ми фати, сокче не пија. повеќето ми велат доволно било до година да цица, демек одбиј ја како расти разбира и многу потешко ке се одбиела,се лажела по цице затоа се буди, но како кога не заспива со нишање имам пробано и цуцла не фаќа мислам со цуцла да фаќаше или млеко од шише ќе ми беше полесно за да ја одбијам. Прво дете ми е и незнам неможам да се решам,уште нема забче и не е проодена. ај ве молам за совет и искуство,ќе ви бидам благодарна! ❤️
Ако цицањето го замениш со шише млеко детенцето ќе навикне и пак навечер ќе ти се буди за шишенце млеко, што значи полека намалувај со ноќните подои, заспиј го со цицање и наредно будење не давај, милувај го гушни го, зборувај му тивко, ќе се буни неколку вечери ама биди упорна, не е стварта да се мачиш со нишкање, како расте раце и грб ќе те болат …. за цуцла допрва не помислувај, потоа мака и од тоа да ја одбиеш. Истиот случај како твојот бевме, ни остана уште само еден подој за денско заспивање и се мислам како да најдам начин да го заспијам денски а да не биде на града
фала многу за одговорот, да но некогаш кога ќе се разбуди навечер ке ја земам и знае да презаспие сама но тоа се случи од ко ке заспие и ако стани после некоа минута можи сонва е тогаш ќе ја гушнам и можи да презаспие но кога ќе се разбуди скрос после 4,5сати и само со цицање и знаеше да биди и будна по саат, два ваљда беше во скок и морав да и дадам да цица,тогаш пробав со млеко реков да не е гладна но не прифати. Мене ми е и за заспивање како ја заспиваш навечер ти без да цица? оти рече само денскиот подој ви е за заспивање ☺️ колку месеци сте и навечер ти се буди и сама презаспива ништо не даваш? и цуцла не цуцате и вие? убав ден!
Реши се не даваш и крај не отстапувај, некогаш сама ќе ти презаспие, некогаш ќе ти е будна и по час и половина се дури не сфати дека нема цице, ќе навикне само биди упорна и не отстапувај. Моето има 22м не прифати ниту цуцла ниту шише, сакав наеднаш после годината да го одбијам зошто очи немав склопено, многу ми беше стресно како за мене така за него па одлучив постепено да го одбивам, почнав со ноќните подои како се будеше така не давав и почна да врзува повеќе саати се дури не дојде момент да ја преспива цела ноќ и на крај еве скоро два месеци успеав да го тргнам и заспивањето на цица навечер и го заспивам без цица, во 21ч го спремам за спиење, гасам светло и легнувам до него и му зборам тивко ајде нано нано, сите спијат и почнувам цела фамилија да му ја спомнувам како баба нано дедо нано….. ќе се врти лево десно ќе покенка, ќе си заспие, а некогаш и на моево лице ќе го стави неговото и ќе го нишкам кратко си заспива и си спие до сабајле, знае на сред ноќ да се исправи на газе ќе види не реагирам и само си легнува и си продолжува, апсолутно ништо не давам, навечер ќе го нахранам убаво и водичка и 11 саати си спие, значи само упорност, на почетокот многу плачеше, ме удираше по гради ама три -четири вечери тоа. извини на долгиот пост, ако те интересира нешто друго слободно прашај
15.01.2021 Да ми стои датуми за спомен. Дента примив инекција и сестрата ми напомена дека дента не смеам да го дојам син ми. И реков тоа е тоа. Ми требаше нешто да се случи за да се одлучам да ставам крај со доењето. Син ми има 2год. и 1 месец. За преспивање се намачкав со сенф и кога лапна се згрози. Му велам болно цицето. Ме гледаше со сожалување. И се сврте и си заспа. Просто неможев да поверувам. Вечерта го носам да го заспивам и беше многу тажен не сакаше да влезе во соба, а не бара цице ќутеше. Го заспа маж ми. Ноќта се разбуди два три пати и викна цице пак му велам боли цице. И си заспиваше. Другиот ден му ги покажав пак шлакнати со сенф и палома пак се потресе. И не ги спомнува повќе. Го носам на спиење со муабет ајде да те чешкам и си иде без проблем. На ноќе кога ќе се разбуди не го спомнува само вели чешајме. Али ја се здробив од плачење. Многу ми фали, поубави чувство мислам дека нема.
Син ми е 19 месеци, цица само за заспивање навечер, се буди и во 5 пие ад и после му треба да поцица 2мин колку да заспие. Млеко скоро и да немам. Пробав да го одбијам еднаш ама до 4 саат око не склопи. Го нишкавме со мм, му пеевме ама никако не заспа. Кога го фати криза веќе почна да се треска од плачење и попуштив. Ама деновиве мене нешто ми се дешава. Повеќе не сакам да го дојам, за мене е завршено. Почна самиот процес да ми ствара одбивност и огромна нелагодност, до толку што плачам од што не сакам да го дојам. Не знам што ми се деси ама си ги сакам градите за себе... Планирам во петок да се спремам да седам ако треба и до сабајле ама ваљда ќе попушти и ќе заспе. Секој совет е добредојден. Едит: Само да кажам дека пие Ад, почнавме кога имаше 1 година. Пие 150мл пред денското спиење и одма после тоа на рамо и заспива на жената што го чува без никаков проблем. Пие пред спиење 150мл па цица за да заспие и станува често(некогаш и не) накај 5/6 и пие уште 150мл. Убаво јаде секогаш, добар е на килажа.
24 месеци.. душа немам, желба немам, нервоза ме фаќа, плачам, а она си ужива и нема намера да го смени ова. На вечер не цица веќе 4 месеци преспива цела ноќ амаа денскии затоаа да не и сум пред очи. Пробав да ја убедам дека е расипано, дека е какано, она зеде да ме брише, маа ако не давам главата ја мава од под. Не знам стварно.
Мене па најлесно ми беше скратувањето на денските подои, кога и да ме влечеше одма скокав го шетав низ соби или со топки, со играчиња ќе го заиграв и батали ама затоа пак ноќните душа ми вадеше
Епа ист е и мојот, се треска од земја. Само мојот преку ден не цица воопшто ама за заспивање навечер мора цицка. Пред некој ден мислам дека од кревет ќе се фрлеше зашто не сакав да му дадам. Ги имав залепено со фластер и кога виде, хистерии...
Мислам дека е веќе голем и за Ад. И пиењето ноќе може и навика му е. Доењето исто. За Ад-то не знам како би те советувала, можеби да пробаш да не му даваш неколку вечери ни ад? ама ако решиш да не доиш веќе едноставно пресечи и тоа е тоа. Неколку вечери ќе се помачите ама ќе се навикне. Јас од 12 месеци веќе престанав ноќе и за денските дремки да давам да цица. Денски без проблем ми заспиваше во раце, ноќе се будеше 1-2 пати ама ја земав и ја презаспивав со нишкање. И после некое време почна воопшто да не се буди. Од 13 и пол месеци не цица ни навечер пред заспивање зошто почна сама да не заспива како порано што заспиваше на града. Сега само сабајле кога ќе стане цица и тоа од навика колку само да се погали. Некои денови ја залажувам со друго и не ѝ давам и после не ми ни бара, така да некогаш се случува еднаш во 2 дена да цица само. Не сум дала ни ад ни кравјо, не ми прифати. 14 и пол месеци е.
Да го запишам и јас последниот подој 22.01.2022 22 месеци доенечки стаж. Нека им е наздравје млекцето
Синко е 19м, го започнав процесот на одбивање, но постепено. Некако брзо ми дојде, но заради одредени здравствени тегоби ми е советувано да престанам. До сега скратив еден ноќен подој и еден дневен. Не е едноставно за двајцата. Да споделам еден коментар од позната професорка докторка, кога и кажав дека се уште дојам, таа со згрозеност и со осуда одреагира многу негативно, во стилот, кој тоа ве советува да доите до 2 години?! Ова ми беше најболен коментар до сега во мојот доенечки период....
И мене истото ми се случи, малиот летото повраќаше и го однесов на државно примаше инфузии, го прашав докторот педијатар дали дента да го дојам (некаде година и пол имаше тогаш) кога ми упати еден поглед целиот згрозен -зарем уште го доиш олкаво магаре?? Сестрата го поддржа- одбивај го одма што е то?? Буквално овие зборови, преќутев ми идеше в земја да пропаднам од срам