Престој во Шенген зоната

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од pretty7, 25 март 2018.

  1. pretty7

    pretty7 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2018
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Не најдов ваква тема па затоа отворив нова... имам прашање во врска со тоа колку е дозволено престој во шенген зоната? дали 90 дена се брои од последниот пат кога си влегол или од првиот пат.. пример имам влезено на 10 јануари 2018 па се имам вратено во македонија на 11 фебруари па пак имам отидено 22 февруари и сега до кога смеам да седам таму? и дали доколку сега април околу 20 пример излезам имам право повторно да се вратам таму после 2 3 недели престој во мк или треба да чекам 3 месеци? се надевам дека има некој запознаен со ова да ми одговори хитно ми треба... фала однапред...поздрав
     
  2. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    7.767
    Пол:
    Женски
    Од 10ти јануари до 10 јули имаш право да седиш 90 дена во Шенген. Не ти ги израчунав добро деновите но ми изгледа како да имаш седено прилично долго. Внимавај многу на ова зашто може да ти лупнат забрана за влез.
    По истекот на тие 90 дена треба да седиш 3 месеци во мк па по 3 месеци ќе имаш пак право да патуваш во шенген. :)
     
    На pretty7 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.577
    Допаѓања:
    6.582
    Луѓе за во Швајцарија дали е потребна виза и колку може да се остане?
     
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    9.971
    Допаѓања:
    147.937
    Пол:
    Женски
    Не е потребна
     
  5. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.577
    Допаѓања:
    6.582
    Значи може и без проблем да се седи и 6 месеци или само 3?Сигурно е ова?
     
  6. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    9.971
    Допаѓања:
    147.937
    Пол:
    Женски
    90 дена
    Сигурно е, ние бевме за Швајцарија без виза. Важат шенгенските правила
     
    На cresa-jagoda и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    5.920
    Пол:
    Женски
    Дали сите земји членки на ЕУ спаѓаат во Шенген зона?
    Поконкретно, дали Бугарија спаѓа во Шенген зона?
    Добив некоја информација дека едно со друго не било поврзано. Малку ме замислија. :^)
    Би ми било многу од помош, ако некој знае. :)
     
  8. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    7.767
    Пол:
    Женски
    Не се сите ЕУ членки во Шенген зона. И Бугарија не спаѓа во Шенген. :)
     
  9. IAmPresident

    IAmPresident Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2015
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    459
    Пол:
    Женски
    Здраво. Дали некој знае дали има ограничен престој у Швајцарија со бугарски пасош. Со македонски знам дека е ограничено, ама стрикно за Швајцарија дали треба да вадам некој посебен документ за повеќе временски престој или можам само со бугарскиот пасош?
     
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.570
    Допаѓања:
    3.266
    Точно! Тоа се две сосема различни работи.

    Британија (Обединето Кралство), Бугарија, Ирска, Кипар, Романија, Хрватска, иако се членки на ЕУ, моментално ( 2018 ) не се дел од шенген-зоната. Некои од нив сè уште не ги исполнуваат условите а некои едноставно не сакаат да бидат дел од заеднички систем на контрола на границите, па си имаат свој засебен.

    Од друга страна Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн не се во ЕУ но се дел од шенген-зоната.

    Понатака Сан Марино, Ватикан и Монако не се членки ниту на шенген ниту на ЕУ но донеле одлука да немаат гранична контрола со соседите.

    Исто така, земјите кои се членки на ЕУ не значи дека се автоматски дел од евро-зоната туку си имаат свои валути како на пр. Унгарија, Чешка, Полска, Хрватска, Бугарија, Романија...
     
    Последна измена: 7 септември 2018
    На Daydream и Dust им се допаѓа ова.
  11. diksi77

    diksi77 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ajde nekoj da pomogne ako ima iskustvo malku begam od temata ... znaci vaka vo germanija bev pred 3 goidi kako azil me deportiraa i mi stavija zabrana 2ipol godini vo megu vrmee 2 ipol godini pominaa pred 5 meseci jas se uste nemozam da izlezam vo evropa bev vo ambasada plativ 20 evra isprativ pismo no ni pismo ne stigna nitu nisto nekoi mi vikaat ne bilo lesno avtomatski ti dodavale uste 2 godini od tamu ...pomos lugee