Јас сум осмо одд, од Скопје сум и решив да се запишам средно во Димитрија Чуповски во Велес, и затоа морам да престојувам во интернат. Меѓутоа не знам како е таму, децата како се? некои велат дека децата во интернатот биле 'заникаде' и многу се закачале. но јас навистина не знам како е, не знам и ако се запишам како ке се вклопам во друштвото, како ќе се снајдам таму сама.. Ве молам дајте ми некој совет.
Престој во Интернат Мене не ми е јасно зошто од толку школи во Скопје би идела да учиш средно во друг град и да престојуваш во интернат. Сите од други градови доагаат тука да учат ,ти обратно.
Престој во Интернат И јас ќе одам во Димитрија во Велес.Ти се запиша? Шо документи треба? Неможам да најдам на страната на интернатот
Престој во Интернат Женска најубаво прашај си директно во интернатот или јавете се. И јас имам живеено во интернат и колку што се сеќавам треба свидетелствата копии, извод, е сега за втора,трета,четврта година требаше и државјанство не сум сигурна дали треба и за прва... П.с имај убав престој
Престој во Интернат Јас бев таму оваа година не е нешто нај нај, не е како во скопскиот интернат што кажуват како било построго е за излегување,камери имаш насекаде и обезбедување пред влез на интернат мене искрено не ми се допаѓа. За во интернат ти треба дражавјанство,копии од свидетелства од 5 до 8, мислам дека требаше и потврда од твоето основно училиште само незз за што беше потврдата и уште некои согласности треба да се потполнат тие ти ги даваат во интернатот, јас кога отидов да прашам што документи требаат ми дадоа лист со документите што треба да се обезбедат за упис. Иначе како од толку училишта во Скопје баш во Велес најде ?
Најдов и на интернет,фала на одговорот. Не сум од Скопје и ногу поблиску ми е Велес.Иначе и не ме пуштаат,плус и поевтино ми е.Пред еден месец бев во интернатот,ме бендиса мене
Како се интернатите во Македонија некој ако знае или престојувал во некој интернат во Македонија ќе го замолам да ми напише.
па интернатите се за кого како многу е важно какви луѓе ќе сретнеш. Во Прилеп е мн.добро бидејќи сите се мн. дружељубиви а сега имаат и нов дел, нови соби во кој има и вц додека за во постариот дел вц се посебни за сите во ходник си има камери воспитувачи пинг понг сала, теретана, студентска читална таа е без камери мислам мислам дека има уште една читална ама нз а и машки женски мн не смеат се мешат си имаат машки спрат и женски ама заеднички им се овие читалните пинг понг салата и надвор во дворот слободно си се дружат. Има и студенти од муслиманска вероисповед и не дозволуваат мн женски да се мотаат околу нив
Имам една другарка што сака да иде у Васил Дрен у Скопје средното т.е. ке се префрли таму,има ли некој интернат за тоа средно и како функционира ?
Има во Здравко Цветковски - Скопје, таму имате интернат, интернатот е бесплатен и бесплатни три оброци дневно. (Оваа го знам од конкурсот за запишување во јавните ученички домови), интернатот е супер лично го имам видено, имаат секции за математика, историја и сл., може да патува до училиштето со 24 - ка и обратно. Градот дава бесплатен превоз ако има премногу ученици запишано од Карпош. Оваа го знам оти и брат ми планира да учи таму, и тој е од друг град и ќе престојува во интернатов.
Еј здраво, јас сум нова овде. Јас сум од друг град и сум девето, инаку сум одлична ученичка, но сакам да се школувам средно во Скопје како на пример во Здравко Цветковски и да бидам во тој интернат, ве молам некој да ми објасни по детално какво е училиштето, со каков успех можеш да се запишеш итн. Но немам друарки или другари за таму но навистина сакам па и родителите ме подржуваат. Дали има некој што истото го сака како мене? Ве молам дадете ми ваши мислења. Исто и за Јахја Кемал , колку се плаќаат интернатите и слично, ве молам помош❤️
@itsmemyself Од каде си и на која струка сакаш да одиш?? Интернатите не се наплаќаат. И јас сакам да учам во Скопје медицина, но ќе видам и размислам. Имам другари и другарки што се во интернатот во Здравко Цветковски
Или во Јахја Кемал ако сака некој да се запише нека ми пише пошо сакам таму ама неам другари а 80% сиг ке се турци и албанци