Јас гледав до моментот каде што Илгаз си замина со кампот и потоа како случајно ја сретна Џејлин. Ова се случува откако го ослободија Чинар. Потоа некако убрзаа, па беше свадбата на Илгаз и Џејлин, тој пресврт не ми беше јасен. Сега не знам дали се сеќаваш на овој дел.. На моменти и убрзуваат 6 месеци, па Џејлин е обвинета за убиство, ама не сакам многу спојлери за ова..
Спојлер Тоа е последна епизода на прва сезона. Открија дека Сердар е вистинскиот убиец тоа веќе знаеш па малку направија fast forward на цела приказна за да не го тупат веќе. Се сретнаа во шумата пред да оди Илгаз во кампот и се простија па правеа свадба на плажа, после тоа беа на меден месец ама од тоа ќе има инсерти во следната сезона. Нема некоја филозофија, добро си сфатила како што пиша. Сега ќе почне втора сезона, ќе има прича нова за сериски убиец, пак драми со мајка и нема да го прифати Илгаз ниту семејството негово итн. На Чинар глупиот ПАК нема да му дојде паметот ќе направи нова глупост, сите ќе ги вплетка во неа. Инаку таа сцена “6 месеци потоа” цело време ќе се повторува како исечок низ епизодите во втора сезона, а ни јас уште не знам што уствари се случува и кога ќе кажат, далеку сум стигната со гледање ама за ова уште нема разрешница.
Фала ти премногу за одговорот. Бидејќи на Сител беше како една епизода, затоа е нејасно. Кога би знаеле дека завршува сезоната, веројатно појасно би било. Искрено серијава мене ми е преинтересна, држи внимание, но заради недостаток на време не можам да ја гледам онлајн инаку ќе си ја изгледав. Убаво би било вака да има дискусии и мислења и од други членки.
Кога би имала време на турски да ја гледаш ќе ја доживееш скроз поинаку... синхронизацијата на сител е катастрофа дури и не преведуваат се како што треба. Пресуда е една од најубавите турски сррии што сум ги гледала држи внимание до крај и мој совет ти е да не читаш спојлери пред време
Серијава е се поинтересна. Штета што немам време да ја гледам на нер, па морам да чекам на тв. Инаку не знам зошто ама се мислам дека тој серискиот убиец е дечкото на Ајлин, Четин.
Devojkive sto imaa gledano neka ne kazuvaat.., no jas mislam deka e sefot od tatkoto na Ilgaz, a vmesani se noviot nacalnik, Cetin, Tolga i slikarot. Nekako novive likovi se site misticni..
Спојлер а тој нели беше со нив затворен , имам гледано некои исечоци на турски и видов и тој беше во подрумот непосредно пред да ги најдат. Или тоа намерно да не го откријат го направи . Психопат ама и тој докторот не стое за салам човек , да не ќе излезе и нешто со него ?
Спојлер Епа намерно го направи тоа за да не изгледа сумљив. За докторот уште не знам не сум стигната.
Малце беше чуден, ама воопшто не ми текна на него. За Четин се сомневав , не знам зошто ама чудни приказни кажува А за газдата на Метин и тој новиот началник не ми идеше дека се поврзани, мислев дека е само еден човек. Матат нешто и овие дали заедно или одвоено ќе видиме.