Мислам дека нема ваква тема, но доколку сум пропуштила нешто слободно ставете ја таму каде што треба да биде. Јас сега се наоѓам во еден ваков период каде што размислувам претерано за некоја работа и постојано се преиспитувам себе си. До сега не успеав да пронајдам начин како да се справам со ова и затоа се решив да побарам помош тука. Сега ќе ставам еден кратко објаснување за темата извадок од интернет иако претпоставувам дека веќе знаете што тоа значи. Што значи претерано размислување? Претерано размислување - исто така наречено умирање - е кога постојано се задржувате на истата мисла или ситуација постојано до точка што ќе ви го попречи животот. Прекумерното размислување обично спаѓа во две категории: размислување за минатото или грижа за иднината. Ако се борите со претерано размислување, може да се чувствувате „заглавени“ или неспособни да преземете каква било акција. Може да биде тешко да ги извадите мислите од вашиот ум или да се концентрирате на нешто друго. Понекогаш, прекумерното размислување може дури и да ги влоши работите. „Карактеристика на претерано размислување е тоа што е непродуктивно“, вели Џесика Фоли, лиценциран психотерапевт во Волтам, Масачусетс. „Пример може да биде трошење часови размислување за некоја одлука и можеби пропуштање рок или губење на сон“. Прекумерното размислување не е исто што и под стрес или загриженост за одредена околност. Имајќи многу размислувања за стресна ситуација на краток рок може да ве поттикне да направите потег. Кога сте нервозни за важна работна презентација, на пример, тој стрес може да ви помогне да започнете акција. Ќе работите напорно на проектот и ќе заминете малку порано од денот за да бидете сигурни дека сте на време. „Не е лошо секое претерано размислување“, вели Фоли. Но, станува нездраво кога ве спречува да преземете акција или го попречува вашиот секојдневен живот и благосостојба. Што мислите дали има спас од ова? Верувајте не помага да си викам самата на себе не се замарај кога мозокот ми врие од размислување. Очекувам некое друго решение ако може секако
Лошата страна некогаш те спречува да превземеш акција, ако е посилна од позитивната. Секогаш постои ризик да, али ти не се ни трудиш да ризикуваш кога преовладува тоа. Еден период кога размислував само позитивно не ми беше гајле на исходот.
Не се дијагностицирајте без веза. Јас сум overthinker, исто и маж ми и ќерка ми се. And here's a meme
Ме погоди сега Читам на интернет дијагнози и барам помош тука и низ муабет некои сфаќаат дека не боледувам од тоа
Мене мозокот 24/7 ми работи со 300 на сат. Е некогаш е вон контрола ко ќе и анкс смеша прсти. Некош велам да се сменам со некој да одморам малку, ама не знам како би било ако е "бавно" или полошо, "тивко".
Тука сум, и jас сум личност што секоја можна ситуација ја размислува, ја разглаба во главата по илјадапати, ако е придружена со анксиозност следува и panic attack. Сум била во таков период, како членката што побара мислење, не спиење по цела вечер, што да се прави, кој крај да се фати, дури и да несакам да мислам мозокот сам мисли. Е за ова мене ми помагал седатив, одма ми го смируваше мозокот, ми ги растеретуваше мислите. Секој момент мислев на нешто што ме мачи, одам да спортувам во глава милион планови, стратеги, мисли, а кога пешачам опасни дебати си водев сама со себе. И мислам дека ваквото преголемо размислување за нештата во голема мера е асоцирано со анксиозност. Спасот е да живееш во сегашност, да превеземеш акција, а не само ќе правам ова, ќе правам она и на крај ништо. Насочување на целото внимание во сегашно време, живеј го моментот, а размислувањата за иднината без да превземеш било каква акција се залудни.
Overthinking-увањето е ко да си врзан со јаже, и колку повеќе мрдаш и употребуваш сила, толку повеќе чворовите се затегнуваат, наместо да се опуштиш и полека да се отплеткаш. За мене спасот е стоицизмот. Едно од главните "правила" во стоицизмот е да се фокусираш само на она врз кое имаш контрола (а во реалност ретко врз што имаме контрола). Една од главните, ај да кажам цел на стоицизмот, е да бидеш фокусиран на сегашниот момент. Што се случувало, се случило, останува во минатото, не можеш да го смениш и нема поента да трошиш време мислејќи на истото. Што ќе се случи не можеш да знаеш, сосема е океј да помислиш на одредени сценарија, но не и да заглавуваш на нив, нема поента да трошиш време мислејќи на истите. Во контекст на ова ќе спомнам уште едно од главните "правила" на стоицизмот, а тоа е дека не можеш да ги контролираш надворешните случувања, можеш да ја контролираш само твојата реакција на истите. Што и да се случува, на тебе останува како ќе изреагираш, како ќе се чуствуваш, што ќе мислиш, како ќе постапиш. Прост пример, гранка од дрво паѓа врз твојата кола и ја крши шофершајбната, не си ти крив, не си направил ништо за тоа да се деси, едноставно се случило; е сега на тебе останува дали и колку ќе се нервираш, очајуваш, тагуваш, итн. Тука играат улога и приоритетите во животот, кога ќе избереш што ти е есенцијално и ќе се фокусираш на тоа, нема да трошиш многу мисли и чувства на други нешта. Упрости си го животот, батали сè што не ти значи, нема потреба баш сè и сешто да правиш, а поготово не нешта што не сакаш. Ептен ако си приморан на нешто и да немаш избор, пак фокусирај се на есенцијалното, направи го тоа што мораш за да се вратиш побрзо на тоа што најмногу ти значи. Има уште едно "правило" што помага околу проблемот со overthinking-увањето, а тоа е немој да патиш од измислени проблеми. Сенека има кажано "патиме многу повеќе од имагинацијата отколку од реалноста". Скоро ништо од тоа што стравуваме дека можеби ќе се деси не се случува. А и да се случи, претераното размислување и грижење и потресување во меѓувреме не помогнало никако. Затоа ќе се фокусираш на сегашниот момент и на тоа што е во твоја контрола. И за крај ќе го спомнам мотото на стоицизмот - memento mori. Во буквален превод значи "памти дека ќе умреш". Кога вистински целосно ќе го укапираш ова, ќе ја осетиш краткотрајноста на животот, ќе сфатиш дека смртта не е настан што ќе се деси во иднината, туку е процес што се случува секој ден, тогаш ќе ја осетиш важноста на сегашноста, ќе ја увидиш скапоценоста на времето и ќе разбереш дека стварно нема поента да се троши на претерано размислување. Прашање на перспектива е.
Супер тема! И да, невростимулаторите имаат врска, зашто го стимулираат работењето на мозокот и неговите процеси. Од оваа причина на пример не пијам кафе после 6-7 ноќе ако сакам да заспијам смирено во нормално време. А ако сакам да работам до доцна или ми требаат идеи и креативност тогаш пијам. И точно е дека и самодисциплина треба за да се стават под контрола. Учиш како да си сам на себе оној кој си ги регулира и контролира мислењето и емоциите.
Дефинитно overthinking - от е мојата најлоша карактеристика. Се навраќам на глупи моменти и тоа ме прави нервозен. Но, би сакал во иднина тоа да го искоренам.
Јас сум overthinker про макс.Да ми пише некој гм место гммм одма фаќам да мислам шо е работата.Или ќе прочитам статија, факт, интервју и одма подлабоко почнувам да мислам.Пример ако прочитам (трескам сеа) : бебето се развива од ембрион во фетус за 2 недели, ја ќе почнам да мислам како се развива, а зошто е 2 а не помалку/повеќе итн Или пандемијава кога почна, и си викав и јас ќе фатам, па одма овде леле и моите леле ќе им се деси нешто. Или ете како за сообраќајката кај Сити Мол, одма почнав да мислам, како се десило, зошто, нели ви праќав и цртежи дури, се замарав, па си мислев шо ако другачије возел… Некогаш ме води кон лоши мисли и бедови.Пример ќе видам слика со дечко и девојка, и одма, ја немам дечко, ја ќе умрам сама, се гледам у иднина себеси во тие моменти како сите околу мене се во брак/врска, и се среќни… Некогаш го оставам да тече за да видам до кај ми иде мозокот, некогаш се пресекувам одма на друго мислам.А и за позитивните работи.Некогаш и гуглам, пример седам и ќе видам мајонез да кажам на тв, и одма аха а како се праи мајонез, и идам на интернет копам, па успат уште нешто ќе искочи, па ај и тоа Или да ми рече некој, ова поготово со машки, те сакам, идам да спијам, ќе се видиме, со другари сум. Е еве со последниот шо се глеав, ми викаше не седам на телефон ич, и ја одма, а дали ме лаже, и ако ме лаже кои се причините, дали сум згрешила нешто, ако не седи на телефон шо праи како праи. Мозоков ми работи 300 на саат 24/7 значи ме нервира некогаш.Затоа и дувам за да се смири малце.Станувам од сабајле, до кујна не сум отишла, ја одма рачунам што ќе правам дента, во колку саат, сѐ до детаљ, па ми текнува дешавка па враќај филмот..ужас За навечер да не зборам.Некогаш до 3-4 сум седела дур чекам да се умори… Психа е заебана работа
Не го сметам тоа за решение. Исто како и кога ќе ми каже некој има и полошо. Што ќе смени тоа во мојот живот ако знам?
isto jas i sinmmi i kazano mi e od psihijatar i psiholog deka luge so pogolem koeficient na iq go imaat toj problem
znam,mozes da se tesis,istoto i da anks vazi,znam mn ubavo,mozokov mi e 300h den,vecer,cak i od spienje koga stanuvam ,toa e….
А кај да напраам тест за iq освен во Менса? Да видам дали е до тоа А знам другарка исто што е премислувач, ама ѝ утврдија на доктор високо iq
Јас баш обратно размислувам. Тие што имаат ниска самодоверба претерано размислуваат. Не се сигурни во своите постапки.