1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Преферирате да работите со надреден/шеф или надредена/шефица

Дискусија во 'На работното место' започната од etjena, 6 септември 2010.

?

Преферирате да имате шеф или шефица?

  1. Шеф

    83 глас(а)
    78,3%
  2. Шефица

    23 глас(а)
    21,7%
  1. etjena

    etjena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    52
    За темава ме инспирираа неодамнешни случувања кај мене на работа. Отсекогаш сум сметала дека ако сте жена поддржувана од жена на повисока позиција од вас тогаш шансите да успеете се поголеми отколку ако шефот е маж. Неодамна ова се потвди. Какви се вашите искуства.
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Напротив , моето мислење е обратно. На едно работно место имав двајца шефови, на последното шефица.
    Ќе зборувам од мое искуство, изненадена бев како ми се урнаа стереотипите за тоа дека мажите ги гледаат жените само како сексуални објекти. Имаше некој потопол прием со шефовите, повеќе разбирање од нивна страна, попустливост, едноставно беа почовечни и далеку позабавни.
    Чувствував и ентузијазам и желба за напредување и мотивираност.

    Шефицата, и општо жените имам чувство дека сакаат постојано да се натпреваруваат со други жени. Постари или помлади, сеедно. И други ми го кажале тоа, врие некој бес, љубомора, сомнеж.
    Дефинитивно без разочарана. Јас играв на картата дека сме жени, дека и онака светот не потценува доволно, па треба да се разбираме и да си помагаме, а испадна сосем спротивното.

    Можеби и до луѓето било, не знам искрено.

    Како и да е, лично би одбрала надреден шеф, наместо шефица.
     
    На kathy es му/ѝ се допаѓа ова.
  3. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    646
    Ма каква шефица.....шеф бре......
    шефицата ако се покажиш дека малку повеќе разбираш од неа или сл....ќе те мрази ќе те избрка од работа...знаете како функционира тоа кај жените......
    Јас лично сакам шеф.....може повеќе да добиеш со него :$ ,од различни аспекти,во секој поглед можеш да го шармираш.......само треба да се вклучат жеските тактики.... :$
    се срамам..... :$
     
    На Ygritte и Trendafilka им се допаѓа ова.
  4. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    повеќе би сакала да имам шеф, отколку шефица.
    мислам дека мажите повеќе се разбирливи и попустливи за разлика од жените. немам искуство во оваа област(не работам), сеуште, но сепак од надворешните околности и од искуствата на тие околу мене, можам да го констатирам сето ова.
    жената, да, е дел од нашиот свет и со самото тоа мислиме дека ќе биде заштитнички настроена кон нас, дека ќе ни биде од помош, и во одредени ситуации попустливоста ќе игра голема улога... но сепак според мое мислење, иако таа ќе ти биде шефица сепак ќе те гледа како конкуренција, се повеќе ќе ја истакнува својата позиција со тоа што поинаку ќе те гледа и ќе се издигнува над тебе.
    едноставно, секогаш ќе биде во трка со тебе. ;)
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    А може јас да бидам шефицата?!

    Шеф молим лепо...ако веќе се мора.Нема каприци,нема хирови,нема љубомора,нема хистерија...НЕМА ПМС!!!
    Едино да е маж заробен во женско тело,со осет за реално,рационално...се наоѓа и по некоја таква,ама е зрно песок во пустина.Простете,ама сите жени шефици што сум ги сретнала биле како она што го пишав погоре и глупи како семки од домат.

    Крај.
     
    На kathy es, CameliaMiller, Klara007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Klara007

    Klara007 Нов член

    Се зачлени на:
    28 август 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    27
    Јас на работа имам шефица, нажалост :@ И најискрено НЕ МОЖАМ ОРГАНСКИ ДА ЈА ПОДНЕСАМ :devil: и плус да додадам дека е само 4 години постара од мене(на директорот му е ќерка)...Можам до сабајле да дрдорам овде за неа и да си олеснам на душичката, но само некои работи ќе кажам - релативно нов работник сум и вложувам невиден труд за постигнам успеси и работава со голем елан и љубов ја работам, меѓутоа до сега ако сум постигнала 10 успеси во тек на една седмица и еден кикс сум направила, она со саати ќе ми труби за киксот и дури наслутувам закани со отказ по тоа што го дрндори :@ И имав гз да ми извините, ова да и го речам и знаете што ми одговори - што очекуваш ти? Да те тапкам по рамо секој ден дека добро работиш? Треба на грешките да ти укажувам, за да не ги повториш и да напредуваш побрзо! До негде е управо за ова, ама јас не барам она да ме тапка по рамо, туку како рел.нова вработена да ми го цени трудот и да ми даде поттик дополнително за работа, а не нон-стоп да се фокусира само на грешките, кои сум ги направила. На мое место девојката што работела 3 години(замината е во странство ради брак) била стварно добар работник и јас тоа го гледам по документите тука и по фајловите нејзини на компјутер :!: Али, таа е сестра на најдобриот другар на мојава шефица и немате поима каква пристрасност има кон неа и што ме вади од такт е тоа што цело време ме споредува со неа- види Ана ова како го сработила, види Ана овој извештај како го спремила, види Ана како ги подредила договорите со клиентите, види Ана како има увид за сите фактури итн..........Ова секој ден го слушам :envy: Јас знам дека Ана била успешна, ама алооо јас не сум Ана!!! И ова и го плеснав во фаца - и викам - зашто цело време со Ана ме споредуваш, можда па јас имам некои квалитети, кои Ана ги нема? И она вика - Лелеле, љубоморна си ти на Ана! Како можеш
    вака...
    ... Правилник потпишав за работа, а самата она не ги почитува правилата во истиот што се наведени. Отварам едно сабајле во фирма и хаооос тука! Дотичнава си седела со друштво до сабајле, пиеле, јаделе тука, пушеле цигари...Кога видов полни пепељари пикавци, садови еден куп, корне смрди внатре...!!!! Ама има овци како мене , кои ќе исчистат..!!! Забегав девојчиња со постов , ама да се вратам на главното- би сакала да имам шеф, дефинитивно!!! Ќе бидам поштедена од љубоморни испади, ПМС и хистерии..Па уште некој згоден да се погоди :$ Ама морам да трпам тука , иначе ќе немам од што да преживеам...Што да правам!

    П.С. Морав да редактирам, за да додадам дека е стварно ружна :puke:
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Порано, кога се уште купував хрватски Cosmopolitan прочитав една многу интересна и поучна статија со наслов „Zena je zeni vucica“ - самиот наслов доволно кажува, нели? ( Ибаш би сакала да ја најдам онлајн статијата, иако нема врска со темава, ама многу кажува за жените).
    Ние жените ретко знаеме да ги цениме другите жени, некако како да сме натпреварувачки настроени, и се трудиме да бидеме подобри, поубави, поспособни... што ли уште не?! И нормално дека кога шефот е жена, нема лесно да си поминете, па макар и најдобро вршете си ја работата и бидете најспособни. Секоја чест на исклучоците, не велам дека ги нема, ама ретки се, на една рака можеш да ги изброиш.
    Важно е шефот/шефицата на работа да биде професионалец, да го цени трудот на своите вработени, да ги мотивира и да ги пофали од време на време за постигнатите успеси, затоа што и за него/неа е тоа успех, како и за целата фирма. Искрено, мене не ми е важно дали е шеф или шефица се додека ги има овие наведени карактеристики. Затоа што има и шефови кои се однесуваат непрофесионално.
    Во моментов, јас лично би одбрала да бидам сама свој шеф... а ако ми се остварат плановите, за некое време и тоа може да биде :)
     
    На kathy es, Vetruska и sesilija им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Преферирам јас да бидам надредена :)
    Инаку од искуство подобро ми било со шеф, пообјективни се. Кај жените чувствата се вмешани и понекогаш ја губат можноста за правилно расудување.
     
  9. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Аnnath кога ќе ја најдеш статијата Zena je zena vicica и на мене да ми кажеш каде е да ја погледам .
    Абе што им фали на жените ај што сте запнале ... јас мојов шеф ни два посто не го рецкам :lol:
    Тој подобар од мене ...мало сутра :lol: Абе кога ќе му застанам се тресе од мене ... е ај сега маж подобар од жена ...грешна проценка не се цениме ние жените па мажите ни се криви :)Ова мала шала се зависи од личноста ....
     
  10. etjena

    etjena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    52
    :D АУ сите сте за шеф. Искрено да ви кажам јас имав шефица која максимално ме буткаше напред од неа се научив и го добив првото унапредување. потоа имав друга која ме зеде под своја заштита и ми го обезбеди последново унапредување. Ни еднаата ни другата не ми се роднини ниту сум ги знаеле претходно. Мене комуникацијата со шефиците ми оди плус помала е веројатноста шефицата да ти се удвара :D . Читајќи ги вашите постови се замислив дали можеби моите подредени мислат дека јас сум баба рога???
     
  11. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    јас лично на моето прво работно место на кое за среќа уште работам се сретнав со шефица. жената е топ супер феноменална. за се што имаш проблеми на работа не ти е јасно креваш телефон ја прашуваш, се оди безпрекорно. сака да излегува со нас. ете кога бев викенд надвор од ск. знам дека беше и таа таму и се јавив и пиевме кафе онака баш се осетив другарски. така да ете јас на моето прво работно искуство сум имала среќа да запознаам жена која е стварно беспрекорно топ. ви посакувам повеќе среќа со шефиците :lol: :lol:
     
  12. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    882
    Ма кај се видело жена да излезе на крај со жена. Гласам за шеф :rock: :rock:
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. marina22mk

    marina22mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    51
    Според мене зависи од шефот/шефицата. Досега сум немала искуство со жена шеф, но сметам дека зависи од шеф до шеф, секој има различен карактер и различен начин на работа.
     
  14. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Нормално е дека со шеф е подобро.... :$ :rock: :rock: :rock:
    Жена на жена е лошо, заради љубомората! |( , а на машките ич не им чуе за такви работи. си го тераат филмот и работата........ :rock:
     
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.404
    Зависи од човекот, не може да се генерализира.
    Повеќе сум имала шефици, и имам и крајно позитивни и крајно негативни искуства. Шеф сум имала само еден, и тоа беше супер искуство.
     
  16. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Зависи од личноста, а не од полот. И кај шефовите и кај шефиците има прекрасни личности и пред се колеги, а има и онакви кои ти доаѓа да клоци да ги дигнеш :devil: :lol:
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  17. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    До пред 1 месец претпоставениот ми беше жена, а сега маж.Морам да кажам дека сега си поминувам многу подобро одколку со жената.Жена шеф сум имала само 1 а мажи биле сите други.Заклучокот ми е дека со мажи си поминуваш поубаво.Не замараат не оговараат како баби, рекла казала нема.Незнам ама некако порелаксирано ми е кога надредениот е маж.Ке ти каже што треба и толку, не те замара а и самиот не се замара со небитни работи.
     
  18. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Не сум вработена, ама од досегашното мое искуство со авторитети, сепак подобро се разбирам со мажи. Тоа не значи дека и жена не може да биде добра шефица и да те подржува и турка напред. Сепак жените психолошки повеќе ги внесуваат своите емоции во работата, некако не им успева да ги раздвојат тие работи што многу влијае во односот авторитет-подреден. Од мое искуство мажите се повеќе објективни, а жените знаат своите домашни фрустрации и емотивни незадоволства да ги истураат врз вработените. Тука е и факторот љубомора и завист жена кон жена, а и мислам дека жените гледаат поголема конкуренција во подредените од женски пол одколку во мажите. :)
     
  19. kostic

    kostic Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    15
    Леле ни шеф ни шефица, сум ги имал и едното и другото :) Од шефицата глава ме болела, умот шашма ми го сторила од муабетчина и оговарања, а пак шефот многу нови обврски ми задаваше. па така да јас не сум дете за работење :D
     
  20. beticka

    beticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    22
    доколку имам можност да бирам би било тоа -шеф-со нив полесно се работи-мое лично мислење :* за мојот шеф