1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Преферирате да работите со надреден/шеф или надредена/шефица

Дискусија во 'На работното место' започната од etjena, 6 септември 2010.

?

Преферирате да имате шеф или шефица?

  1. Шеф

    83 глас(а)
    78,3%
  2. Шефица

    23 глас(а)
    21,7%
  1. number1

    number1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    4
    Шеф се разбира. Секогаш е тука за тебе а и ти за него :P
     
  2. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Шеф. И тоа не од причина пошто е машко, па би имала привилегии или полесно би поминувала, би ми прогледаувал на грешки и слично, тука заради нешто сосема друго. На моето прво работно место, моето прво работно искуство го имав со шефица. Луѓе мои, тоа беше мачилиште. Ми даваше задачи во 5 до 12 пред крајниот рок, а потоа кога ќе ја побарав за дополнителни информации не ми одговараше на повиците, кога ја барав лично во канцеларија беше премногу "зафатена" со пиење кафе...
    Тоа беше ужас. Искрено, жената немаше некои особени квалитети, а местото го држеше од незнам кои причини. Незнам зошто мене ме доживуваше како закана, кога реално немав ама баш никакви намери да целам на нејзиното место, а и немав шанси. Прво не ми е тоа струка, а второ тогаш сакав само да учам, искуството ми беше најважно, а не позицијата во фирмата. Но, ете, таа ме гледаше како конкуренција. Ахх жени...
    А денес, сето тоа ми е смешно. Кога ќе ги видам љубоморните погледи или шушкања зад грб од страна на колешките, само им е насмевнувам во лице и им посакувам убав ден со насмевка од уво до уво. Имам само две колешки со кои комуницирам убаво, а и приватно си се дружиме. Но тие се здрави личности, без фрустрации и комплекси на помала вредност. Доста ми се. Другите не ми ни требаат. Си ги имам колегите ;) :rofl:

    [​IMG]
    [​IMG]
     
  3. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Таа што ми беше шефица си владеше самата со себе. Доаѓаше на работа со разум, а домаќинл'кот, трачевите и личните чувства си ги оставаше за роднините, пријателите и комшивките. Организационата страна и беше најсилна точка, секој знаеше каде му е местото, кои му се работните задачи, авторитетот не го изгради со паничарење, мобинг и строгост, туку со услужливост на мајчинска фигура. Ја красеше сплет на човечност, умешност да се справи со работните проблеми без излишни тензични испади и добро познавање на човечката психологија. На личен план, под нејзино менторство закрепнав во самодовербата и во земање доволно простор за самоизразување. Оваа жена делуваше здраво на психата. Ги изодела сите скалила до раководниот врв и тоа како предност го искористи во градење база на доверба на реалција шеф – работник.
    На крај се искотиравме високо на листата за добро колективно работење.
    Моментално работам со едно луто шефче, едно малечко, живчано и кога се лути врие во образите а чури од ушите. Доста доходовно и успешно е, сковано по комунистички нацрт, правиме спојка на младешкиот ентузијазам да се биде во тек со сите новини, законски измени и дополнувања и искуството применето во брзата постапка на селекција и издвојување на главните точки од мноштвото информации. Заштеда на време, помал губиток на нерви и повеќе време за кафосување. Он ме научи да не ги сфаќам работите премногу лично, без субјективно внесување во проблемите на странките да си го одработам најстручно мојот дел од работата и чао, пријатно, повелете и друг пат.
    Од искуство гледам дека сосема е различен машкиот и женскиот пристап на шефување.
    Жени кои имитираат мажи, а апла се гледа дека со сила го прават тоа, не ги бива. Оние женки кои непотистички дошле на висока позиција, прерипувајќи ги скалилата нужни за ојачување на работната психа се губат во простор, свесни дека располагаат со теоретско познавање а практично никакво, капацитетно не можат да се носат со одговорноста и потфрлаваат во ускладување на меѓучовечките односи, се најлесно поводливи за исфрлување на сите можни фрустрации кои ги носат во себе, а најчесто врз нивните подредени.
     
    На do-re-mi, Moira и Nina24 им се допаѓа ова.
  4. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Воопшто не ми е важно дали е шеф или шефица се додека се коректни, правични со подредените и знаат како да си ја вршат работата. Сепак од моето досегашно искуство, бидејќи сум имала и шефови и шефици, а и од туѓи искуства некако излегува дека мажите се покоректни и досега подобри шефови. Не знам зошто но кај жените повеќе работи егото и некако повеќе се занесуваат кога ќе добијат некоја повисока функција. Почесто им се извикуваат на работниците, а мажите се посмирени и подобро си ја вршат работата. Мислам не дека нема исклучоци и во ова, но во поголем процент е така. За неубави ситуации со шефици можам да кажам доста примери а досега лош шеф не сум имала. Кога го кажувам ова не мислам на нивниот однос со мене, туку воопшто со сите вработени. Лично досега не сум имала некои проблеми со надредените, само некои ситници што ги сметам за нормални нервози на работно место.
     
  5. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    јас имам работено и си шеф и со шефица ама една шефица што ми се погоди еднаш никој не можеше да и угоди а сега шената на шефот ми е најдобра пријателка и сега сум главен архитект во фирмара аи шеф и шефеца е исто ако ти се погодат некои арогантни течко ке ти се пише на мене ми е исто
     
  6. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    1.142
    јас имам работено во директен контакт со споствениците на фирмите и можам да кажам само со маж препоставен е подобро.кога се вработив кај жена бевме 1 на 1.е сега првите две години супер беше ама кога подобро ке размислам :fubar: беше на возраст колку и мајка ми па кога влезе во менопауза шо да ви причам :@ претходно се зближивме и си реков супер со женава ќе биде :rock: ама тоа испадна само во нејзина корист; во име на блискоста останувај прекувремено( последица на пуш-паузата која траеше по пола саат неколку пати во текот на денот или пак си бркаше приватни работи за време на работа).а ја само 10 мин.колку да јадам па и затоа почна да се издишува кога ја фати тоа климаксот, не дај боже на телефон да кренеш :^).И последната година ми стана кошмар навечер се будев :worried: за све крива, ама буквално и за нејзини грешки,целата хаотична ,нервозна не смееш да ја прашаш ни за околу работа нешто што мора :worried:.Е ама па кога ке ја фатеа" добрите"е тогаш морав да ја слушам за кај нејзе дома децата како и се, шо прават во животот,цело маало кај неа знаев како го тераат животот.е ама морав и да покажувам ентузијазам да слушам и потпрашувам(иако ми се издрала пред 5 мин. зашто на пр. и го немало телефонот)зашто во спротивно ја сум незаинтересирана за работата не ми се работело мене :@ абе е***е во здрав памет колку имало.и на крај не издржав во една од таквите ситуации и дадов отказ.мн се изненади не очекуваше и 100 пати ме праша ????и на крај само ми рече: абе не ти се работи тебе :fubar: после само се потруди да биде пријатна до крај на месец и то се ослободив од голем товар
     
  7. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
  8. bernadett

    bernadett Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Се зависи од тоа како шефицата стигнала на тоа место :) Дали со памет или на друг начин ;) Кај мене имам шефица и секогаш гледа првин на нејзе да си погоди, посебно во креирање на смените, или во последен момент да направи некои ротации затоа што сакала да излезе и сл. Меѓутоа и ако на било кој му текне или има потреба да направи некоја промена со смени никогаш не прави проблем.
    Се зависи од карактерот на човекот, без разлика дали е шеф или шефица.
     
  9. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    Шеф, шефф! :!:
    оти ќе си има предности, ќе си имам бенефит сигурно, зашо ќе го шармирам тоа сигурно, па ќе му се ускувам а и напред деколте тука, и очите негови у мене! :$
     
    На AziskaStrslenka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Шеф само :$ Жентурача да ми се падне некоја,ќе ми се дере над глава,а вака ќе си откопчам едно копче од кошулата и завршена работа :P
     
    На Kartman, Srckata28 и luci22 им се допаѓа ова.
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Уф вака жал ми паѓа, кога ве гледам колку сте убедени дека вашиот сексапил ќе ја заврши работата место вас. :^)

    Да такви жени не сакам да ми бидат шефици, оти така и дошле до некоја позиција и сега секоја убава девојка ја гледаат како конкуренција па уште и ако е способна тогаш следува минирање од сите страни.

    Јас со мојата шефица немам проблем, затоа што си ја знае работата и знае точно кој кои работни задачи ги има, не мотивира да се надоградуваме и не охрабрува кога ќе се покажеме, гледа да ја сработиме работата а не кој колкаво деколте имал. ;)

    Имам и шеф и со него немам проблем, немам проблеми кога луѓето со кои работам се дојдени на работа за да работат, а не да лечат комплекси и да задоволуваат ниски страсти.

    Топла препорака не се потпирајте на убавината многу во кариерата, оти знае да биде нож со две сечила.
     
    На Mishela и Daydream им се допаѓа ова.
  12. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Се додека личноста е човек и се однесува со мене како со човек, а не како со робот или роб, не ме интересира полот. Доколку има еден човечки однос со вработените, на работното место е дојден/а преку вистинска работа, а не преку врски и лижење туѓи гениталии, тогаш немаме проблем. И да е шеф и да е шефица, ако е личност полна со комплекси и "јас се' знам" мото - џабе ви е се'.

    Сум имала и шеф и шефица. И тоа во исто време, на исто работно место. Коректен однос и со двајцата. Не сум имала проблем.

    Единствена лоша работа со шефица е ако ве фати ПМС во исто време. Или пак ако е постара може климакс да ја фати, а вас ПМС па да настане колективна нетолеранција. :D

    Ако мислите дека со шеф подобро ќе поминете само зашто сте женско, се лажете (или пак јас се лажам
    :?: ). Како и да е, убавината не пали секаде и секогаш. Ама пак од друга страна и самопочит и достоинство нема секаде и секогаш, така што... секој со својот памет. :?:
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Се зезаме бе луѓе,аман... :D
     
  14. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Стршленка не е далеку од вистината дека многу жени го користат својот сексапил и шарм и на работното место... И темава е сериозна нема потреба од шали.

    Убава жена секогаш има предности и луѓето се многу потолеранти со неа... ама верувајте дека сексапилот не е нешто што сакате да го користите на работа, секако доколку живеете според некои морални принципи и интегритет.

    Затоа што тие шефови не се ни малку наивни и глупи, па сето тоа флертување и привилегии ќе дојде еден ден за наплата и ако не сте спремни да ја платите цената тогаш ќе се најдете во пеколна позиција. Многу жени се така наивни мислејќи дека само поради убавината ќе добијат се што сакаат,па после оти шефот ме малтретира |(

    А пак има и жени кои си живеат според тие правила и не им е проблем и да замижат некогаш и да легнат со некого во име на напредокот. :puke: Сепак нив не ги сместувам во категорија луѓе.
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    ^
    Од друга страна, во една нормална работна средина, со нормални претпоставени, жената не треба да се плаши дали нејзиниот шарм шефот ќе го сфати како вид на сексуална понуда. Не зборам за отворено пуштање, заводливи погледи и покрети. Зборам за слободата која пример еден маж ја има во една организација, да го истакне најпозитивното од себе, да го употреби својот шарм и кон странки/муштерии и кон претпоставени или колеги, отвореност да биде тоа што е во рамките на дозволеното, со што ќе има позитивни резултати во работата и меѓусебните односи. Жената од друга страна треба многу да внимава, посебно убава жена затоа што и најмала насмевка и опуштеност знае да се сфати погрешно од страна на претпоставени со комплекси на Бог.
    Кого да кривиме, дали шефовите кои се однесуваат како сексуални манијаци или многу ку...та кои им ја даваат таа слобода па веќе не се ни способни разлика да прават помеѓу жените.
     
    На crimson, joelle и mimiiiii им се допаѓа ова.
  16. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Шеф - жените често знаат да бидат bitchy. Можеби е генерализирање, но еднаш сум се изгорела и никогаш повеќе. Од сопствено искуство говорено, најдобро е да си сам свој шеф. Го практикувам истото веќе извесно време и сум далеку посреќна со плодовите на сопствената работа. ;)
     
  17. Kartman

    Kartman Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2014
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Машки
    полот не ми е важен

    ако е премногу напнат/а ако премногу бара или галами или ако филозофира (обожавам кратка директна комуникација)

    ке го/ја мразам
     
  18. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Од искуство се покажа дека со мажи многу подобро соработувам одколку со жени.( ова се однесува само за шефови/директори ) Значи зборам за постари мажи професионалци во својата област а не пилиштари. Мажите се полни со почит и ја ценат работата. Со жените имав проблем оваа година иако незнам зошто но ете наидов на многу отпор од нивна страна.

    На работа сум многу сериозна дури и строго делувам ама така почнав на првата работа и така ми остана.
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Сеедно ми е.
    Тешки комплекси има и кај двата пола. Колку од вас тука сте шефици? Вака се однесувате кон своите подредени како што се опишува во темава? Не се сите луѓе исти. Како што има жени љубоморни, те гледаат ко конкуренција, ти прават стапици итн... има и мажи кои се плашат дека утре ќе му ја земеш работата, те вредуваат помалку само затоа што си жена итн... Ова со маживе е па поистакнато во мојата професија, кога ќе им кажеш што си завршиш „Аааау што женско на таква струка???„ Пфф, па и професори колку имаше такви на факултетот, нема врска, каков шеф и да имам не ми е битно затоа што јас ќе сум си секогаш коректна, а проблемите со шефот или шефицата секогаш може да се решат ако се обратите на повисоко ниво. :)
    Шеф е, ќе играте како што ќе свири ако ви е битно да си ја задржите работата, глупави створења има од двата пола затоа и ми е небитно.
     
    На Mishela, SwanMay и Daleron им се допаѓа ова.
  20. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Мимс е во право има секакви. Ете јас имам шефица па не би ја менувала за ништо на светот.
    До човечноста е не до полот.
     
    На VladeMila и mims-89 им се допаѓа ова.