Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Преферирате да работите со надреден/шеф или надредена/шефица

Дискусија во 'На работното место' започната од etjena, 6 септември 2010.

?

Преферирате да имате шеф или шефица?

  1. Шеф

    83 глас(а)
    78,3%
  2. Шефица

    23 глас(а)
    21,7%
  1. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    Јас гласам за шеф. Жениве некако ми се 5 минути вака, 5 минути така. :^)
    Да се чудиш како да се однесуваш. Мажите се постабилни и покоректни. :)
     
    На La.loca и L.i.n.a.a им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Сум била сведок на жени шефови кои се одлични ментори, многу праведни и коректни, постојано се трудат нивните вработени да напредуваат, знаат да слушнат, па и да прифатат сугестија од подредените и не се плашат дека некој ќе им го земе местото.

    Од друга страна, сум видела и мажи кои се катастрофални шефови. Не прифаќаат туѓи мислења колку и да држат место, ги кочат вработените да просперираат, намирисуваат конкуренција во секој вработен што ќе се истакне, буквално пазат да не споделат некој важен контакт и таквите си ги чуваат за себе.

    Стварно не ми е важно дали е маж или жена, сè додека се вклопува во првиот профил.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    31.368
    Пол:
    Женски
    До човекот си е а не до полот. Сум имала шев кој беше најзлобниот и најнефер човек кој го имам запознаено, толку погано, дрско и безобразно суштество не сум сигурна дека постои на друго место. Сега раководителката на секторот во кој работам е жена, предобра и најкоректна!
     
  4. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    3.770
    Јас преферирам со надреден шеф. Поедноставни ми се некако, брзи за договор и многу полесни за воспоставување компромис.
    Секако зависи од карактерот на личноста ама ете, моето досегашно искуство така покажало.