Префрлување и адаптација во ново основно училиште

Дискусија во 'Дете' започната од ivi1987, 19 декември 2019.

  1. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    76.018
    Пол:
    Женски
    Ја отварам темава затоа што ми се потебни искуства и мислење околу адаптацијата кога се префрлува дете во друго основно училиште.
    Знам дека сите деца се различни и различно прифаќаат и се адаптираат на промени, ама секое искуство ми е добредојдено.
    Кога е најдобро да се префрли дете во друго училиште, дали во тек на школска година или додека трае летен распуст?
    Низ разговор гледам дека нема да биде баш лесно префрлувањето, посебно затоа што е многу емотивна и брзо се приврзува со деца и луѓе. Ги обожава наставникот и наставничката, со децата убаво се согласува и кога и да се спомне префрлување и доаѓаат солзи во очи.
    Како полесно да се справиме со променава? Што да направам за да и помогнам полесно да прифати?
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  2. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.030
    Допаѓања:
    40.200
    Баш мора да ја префрлите?
    Се препознавам во неа, мислам мнооогу разговор и убедување
     
    На cresa-jagoda и ivi1987 им се допаѓа ова.
  3. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.184
    Допаѓања:
    106.076
    Пол:
    Женски
    За која возраст станува збор?
     
  4. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    76.018
    Пол:
    Женски
    @wannaBeMomma ќе мора затоа што се селиме и сакам школото да и е блиску до дома. Дур е целодневна не е проблем, ќе ја носиме и зимаме. Ама кога ќе почне во смена да оди ќе биде неизводливо.
    А се плашам психички како ќе и влијае променава.
    7 години има, од 8 би требало да почне во ново училиште.
     
    На cresa-jagoda и wannaBeMomma им се допаѓа ова.
  5. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.184
    Допаѓања:
    106.076
    Пол:
    Женски
    Значи ќе биде трето во новото школо. Зависи кога ќе се селите, но според мене, добро би било со самата преселба да се запознае со комшиските деца, да стекне нови пријатели кои сигурно одат во новото школо, полесно ќе и е адаптацијата кога на нов терен имс некој познат. Искрено, сметам дека што помали тоа полесна име адаптацијата, имам пример на девојче кое од Охрид се пресели во Скопје во 5то и супер се прилагоди, сега е средношколка веќе.
    Ако веќе може да темпирате, да почне од 1ви септември е поубаво, ем нема да има трауми од типот до петок во старото од понеделник во новото, таман и летото три месеци ќе има пауза, таман да и 'легне' идејата. Ако одела во градинка, разговарајте да се потсети како таму имала воспитачки и другарчиња со кои била блиска и како исто се плашела кога одела во школо па како таму запознала уште подобри другарки....
    Зборувај и за новиот дом, новата населба, предностите на истата, посетете го школото каде ќе учи, одете заедно кога ќе носиш документи за да ја префрлаш, нека ја започнае учитеклата кај која ќе биде, нека ве додадат на фб или вибер група во класот, полека да се навикнува на се, моментално ова е за неа, на некој начин, траума, па и за нас, на работа да те префрлат во друга канцеларија со нови колеги е тешко дур се навикнеш а тек за дете.
    Зависи од детето, може да имате потешкотии на почеток, но тоа што велиш брзо се приврзува сметај го за позитивно, ќе се приврзе брзо и со некои нови другарчиња.
    И за крај, со ваква прекрасна мајка како тебе, ќе биде се супер, сигурна сум :)
    Со среќа во новиот дом и со лесно околу се што следи.
     
    На bicycle, cresa-jagoda, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  6. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.360
    Допаѓања:
    21.343
    Пол:
    Женски
    Јас лично сменив училиште прво према второ одделение. Зависи од детето и од личноста, мене тоа искуство ич не ми е трауматично. Напротив, го памтам ко позитивно. Промена ми било. Децата се страшно адаптибилно и многу ги потценуваме во тој поглед.
    Нон сенс е да остане во старото училиште, ако имате поблиску училиште. Ќе се навикне.
     
    На cresa-jagoda и ivi1987 им се допаѓа ова.
  7. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    76.018
    Пол:
    Женски
    Одеше во градинка со една група дечиња, па ја запишавме во училиште во кое немаше ниту едно познато дете. На почетокот беше многу тешко, се повлече и не можеше да се опушти и да се спријатели. Ама со помош на наставниците, а и ние дома постојано разговаравме со неа па се опушти, и кога веќе се прилагоди одењето и е како песна. Можеби и тоа искуство направи да имам страв од новава ситуација па не знам како да постапам и што да направам за да биде полесно.
    Сакам да почне нова школска година во новото училиште, веќе го виде новото место на живеење, и се допаѓа и почна да се радува и да прави планови. Гледам дека се радува кога ќе и спомнам дека ќе има нови другарчиња во маало (тука кај што сме сега сите другарчиња се преселија и остана сама, без врсници) па тоа малку ја опушта.
    Фала од срце за советиве, многу ми помагаат.
    И фала од срце за убавите зборови, само убавини да се враќаат :f:

    Баш од таа причина сакам да ја преместам. На пет чекори е основното, кога ќе дојде време сама да оди и да се враќа дома нема да се малтретира.
     
    На Sexybaby86, cresa-jagoda, irena.1 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.601
    Допаѓања:
    144.654
    Иви мислам дека сега е поголема, иако нели тоа е карактер и тешко се менува, и полесно ќе и биде. Повеќе разбира, се радува за новиот дом, ќе се прилагоди и на ситуацијата. Секако дека на почеток нема да биде се исто, ама ќе си најде другарчиња и таму.
    Можеш да разговараш и со новата учителка или учителки, нормално да и ја олесни адаптацијата.

    Нашите мали баш на таа возраст , се преселија во нова држава, нов јазик, непознат, се ново.
    Полесно се прилагодија отколку ,, старите,,. Кратко се таму, ама децата веќе имаат прифатено се што е од таму.

    Честитки за домот, ептен ми е мило. :)
     
    На cresa-jagoda, Coco31, ♡BuBaLe♡ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    76.018
    Пол:
    Женски
    Ќе разговарам обавезно и со наставнички и со педагог и психолог во училиштето ако треба, само полесно да се адаптира и да прифати нова средина.
    Тешко ми е само што ја гледам со солзи кога збориме за тоа, ме убедува дека не и е тешко и да патува повеќе само за да остане каде што е сега. Се тешам и утеха ми е распустот, тоа ми е единствена надеж искрено. Ќе одмори и ќе има време да се спреми за тоа што следува.

    Фала за честитките Дафи, само убавини да ви се враќаат :l:
     
    На Sexybaby86, cresa-jagoda, ♡BuBaLe♡ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.791
    Допаѓања:
    157.203
    Пол:
    Женски
    @ivi1987 никако промена сред школска година, ќе се осеќа како додаена на веќе стекната класна динамика. Многу ми се допадна шо рече @♡BuBaLe♡ прво да се запознај со комшивските деца кои учат таму за да почни да сака да оди таму.

    Јас имам сменато училиште во основно, само покасно, во 5то и го памтам како многу трауматично. Ама и од сегашен аспект сфаќам зошто. Никој не познавав. Пред да се преселиме ме преместија за да сум ја фатела годината и не можев да се запознам со околината.
    Така да запознавање од претходно, и никако префрлање на сред година.
     
    На cresa-jagoda, ♡BuBaLe♡, ivi1987 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.220
    @ivi1987 најди детски психолог, ќе и' помогне со разговор.
    Ние имавме мака со префрлањето.
    Во 3то ја префрливме, и едвај се навикна.

    Немој да му се плашиш само.
    Како (ако) идат проблеми, така ќе ги решавате.:hug:
     
    На cresa-jagoda и ivi1987 им се допаѓа ова.
  12. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    76.018
    Пол:
    Женски
    @WildMk и кај нас префрлувањето ќе биде во 3то. Ќе најдам детски психолог обавезно, верувам ќе ја опушти и ќе и помогне да прифати дека промената е за нејзино добро. Се плашам, ама кога гледам дека и други дечиња се префрлуваат и на крај се прилагодуваат, имам надеж и утеха ми е. Темава ја отворив и поради неа, да знам како да постапам за да и го олеснам прилагодувањето, ама и за себе искрено, зошто секој совет ми е добредојден :hug:
    @theowndemon дефинитивно нема преку школска година да ја префрлувам после советиве. Таман ќе има време цело полугодие да се адаптира на новото место на живеење, а ќе си оди во старото училиште. Па после распустот ќе почне во нова средина.
     
    На cresa-jagoda, WildMk и theowndemon им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.220
    Слушај ја што зборува.
    Гледај да не навлегуваш многу во детали, ама ако има прашање кое ја мачи, објаснувај и во позитивна конотација.
    И окупирајте се со дружење.
    Добра идеја е да се спријатели со дечиња, пред да почне школската година, ако имате таква можност..
    Ако не, отпосле.
    И не ја форсирај за ништо.
    Нека го сфати школото како место за дружење, не место кај што стои анатема над нејзе и и' дели оцени.
     
    На cresa-jagoda и ivi1987 им се допаѓа ова.