дечки мене ме интересира дали некој има искуство со префрлање од уким на друг факултет во странство .. сакам да кажам ист факултет истата струка само во бугарија еве пример или во словенија дали ќе ми бидат признаени предметите по ектс бла бла
Дали е можно префрлување од еден на друг факултет на уким од 2 семестар или мора да се чека септември?
Дали има врска запишувањето нова година со бројот на кредити освоени од претходните, и како оди тоа на уким ?? Ако знае некој ве молам.. Дали за да запишеш 3-та мора да имаш 90 кредити од претходните години ?
Не знам за број на кредити точна бројка ама за да запишеш трета било каде на уким треба да ти се положени 100% од прва година и 50% од втора година. Ако еден предмет од прва не ти е положен паѓаш година и пак ќе бидеш втора ти се поништуваат и цела втора да си ја положила на пример. Друго, ако имаш презапишан предмет од прва год ќе мораш сега да го положиш во оваа сесија - нема врска што има и во јануари сесија пошто ако го паднеш паѓаш година. Од втпра година треба условните да ти се положени (што влечат др предмети во 5ти семестар - ако има такви на твојот фак, ако нема тогаш било кои 50% од вкупните предмети).
Имам презапишан а не положен од прва,значи паѓам година.. И сега треба да ги преслушувам и положените од втора.лелее да се отпишам од факултет најубаво.
@Me_Beatrix Не знам за градежен како оди, за економски знам, мислев ако си на економски да ти помогнам.
Не градежен сум, навистина не знаев за ова, имам уште една шанса да го полагам оваа сесија ама многу е тежок не верувам дека би положила без спремање. Незнам дали може да се направи нешто,затоа што повеќето од 2ра ми се положени и ако мора да ги преслушувам нема смисла да одам на факултет. Сепак, фала ти .
Нема да преслушуваш ништо од тоа што ти е положено. Ако го слушаш трет пат, одиш во приватна квота. Положеното си останува положено.
Здраво.Дали постои граница до кој семестар смееш да се префрлиш на друг универзитет? Јас сум започнувам трет семестар оваа година и сакам од петти семестар да се префрлам на УКИМ. Фала
Здраво некој дали знае за префрлувањето како е процедурата јас со 17 положени иапити на Економски во Скопје сакам да се префрлам на Угд Гоце Делчев во Скопје.Дали ќе ми ги признаат предметите што сум ги положила? Фала
Зависи од програмата но ако ги имаш истите предмети и на двата универзитета тогаш би требало сите да ти ги признаат.
Здраво, би сакала некој ако знае како оди постапката за префрлање од машински на медицина, пошто не најдов на интернет нешто конкретно
На медицина не примаат префрлања од други факсови. Посебно од машински, многу тешко. Евентуално за 3г студии не знам дали може некако нешто, за општа знам дека строго не може никакви префрлања, ни од медицински во Штип не даваат, не па од сосем друга струка...
Не знам воопшто дали смееш да се префрлиш, бидејќи ти реков важи правило дека нема префрлања од други факсови на медф. Единствено да прашаш во студентска служба на медф за повеќе инфо или сега да се упишеш како нов студент на уписите.
Јас мислам дека треба да се презапишеш на ново, сепак различни ептен струки, кон крај на студентска година.