Сигурно постојат актери и актерки за кои сметате дека добиваат преголемо внимание и уважување, не заради нивната добра глума, туку заради физички изглед или слично. Но ни под разно не ги ставам тука Кардашијан и команија тие не се ни актерки за мене тие се само за во златна малина. Angelina Jolie Не само што ми е одбивна и одваратна, и реално добра во одвај 2-3 филма секое друго величење ми е чиста глупост. Зошто? Само бидејќи е убава и ја сметаат за една од најубавите и најсекси жени! Претерано провокативна и чудак, кој глуми мајка тереза. Но ајде и тоа нема некаква врска со тоа што не е достојна на целата таа фама која се крева околу неа. Сеа и режисер изиграва, незнам до каде само ќе оди. Jennifer Aniston После Friends, како да немаше некоја улога во која заблеска. Се само патетични романтични комедии со исклучок на 2-3 добри улоги, останато патетика. Незнам дали бракот со Бред Пит или разводот со него ја направија славна, а и нејзината мила фаца, која не е доволна за добра улога. Сосема просечна. Megan Fox Новата Анџелина Џоли, или wanna be Jolie. Само уште попатетична од неа. Океј убава е, згодна, но актерка од типот на трансформери, и телото на Џенифер не заслужуваат внимание ниту пак толкава фама. Нека проба со порно индустрија, оти само за таму ќе е добра, изгледа. A за улоги дефинитно Ал Пачино во Scarface (1983). Добар глумец,но преценета улога!
Мене искрено не ми допаѓа девојката од Twilight - Kristen Stewart Не ми остава впечаток со глумата, а гледам дека глуми во “Snow White and the Huntsman’’, се надевам дека ќе се оправда
За Анџелина Џоли се потполно согласувам.Тотално преценета актерка а јас ништо посебно не гледам во нејзината глума,некаде дури и лошо ми глуми.Има многу други поталентирани актерки кои повеќе го заслужуваат тоа внимание што таа го добива.На мене дури не ми е ни убава,ми има одвратна фаца.Сега некој нема да се сложи но тоа е мое мислење. За Џенифер Анистон исто се сложувам.Игра се во еден тип на филмови а дури и романтичните комедии ми се досадни поради неа.Едноставно ми е пример за потпросечна досадна актерка. Овие две ги набројав и во антипатични актерки баш поради тоа што се ужасно преценети. За Меган Фокс не би се сложила.Таа не е преценета како актерка затоа што никој не е рекол дека убаво глуми,повеќето ја критикуваат што е и правилно.Таа е позната само поради тоа што е убава и згодна.Повеќе како модел и секс симбол се прослави отколку како актерка. Кристен Стујард.Треба ли нешто повеќе да кажам.На неа би и забранила да глуми а не некој да ја третира како актерка па и добра . Што се однесува до преценети актерски улоги.Според мене Рис Витерспун е одлична актерка (колку и да ми е одвратна) но доби оскар за погрешна улога.Не ми се многу допадна како глуми во Walk The Line,има далеку подобри улоги за кои заслужува оскар. Сандра Булок исто доби оскар за погрешна улога.Не ми е ништо посебно во The Blind Side,повеќе би и дала оскар за други филмови.
За Анџелина Џоли ќе кажам дека не сметам деке преценета.Покрај тоа што е навистина прекрасна жена, немој сега да ми се нафрлите , ама таа е совршена јас никогаш во животот нема видено поубава жена од неа.Можеби е чудак ама тоа нејзин стил на живеење, но сега да не коментирам за убавината, јас сметам дека таа е добра актерка.Во Џиа колку само добро глупи и совршено и одговара улогата, во Оригинален грев...прекрасно.Во Changeling исто.Според мене не ја залужила славата само поради убавината туку поради квалитетите. За Џенифер Анистон се согласувам, не да е преценета, освен во Пријатели јас ја немам гледано во некоја подобра улога, само некои комедии, во кои секогаш ја има онаа препарирана фацка, секогаш исти тактики користи, воопшто не ми е иновативна и во секој филм што ја гледам како да ја игра истата улога. Скарлет Јохансон, исто, преценето до нема каде.Како некое загубено јагне ми е во филмовите што ги имам гледано, посебно во Девојката со бисерна обетка.Исто и во Другата Болејн девојка, ја немаше шармантноста на благородничка, не и личеше улогата, според мене таа е лоша актерка и таа сестекна со слава благодарение на огромните гради и полната уста.
Линзи Лохан, Меган Фокс, Скарлет Јохансон... многу ги има што 2 чисти не знаат. Од лепотан4ињата, иритантни се оној Џед Мајкл Муреј и Роберт Патинсон ака Диско лоптица.
Зашто да ти се нафрлиме, не гледам ништо лошо во тоа. Мене ми е прецента, тебе не ти е, сепак се работи за личен вкус. Не мора да значи дека ако еден не ја сака сите треба исто да ја сметаат. Ти добро си аргументира, што е и тоа поента на темава, не само да наброиш еден, двајца без причина. We need to agree to disagree Ета јас Скарлет сум ја заборавила, баш пред некој ден го гледав Lost in translation, и залудно изгубив саат ипол. Не сум го гледала Девојката со бисерна обетка за да коментирам, но во In Good Company, Match Point, не ми се допадна. The Nanny Diaries е многу лесен филм кој нема некој ''страшна'' содржина и не захтева некоја кузнај каква глума за да помине. Премногу доби на слава заради нејзината убавина, и во последно време заради некои слики на интернет ко од мајка родена Ја ставам во кошот и неа со останатине неталентирани лепотици. За грд стварно е ко смачкан грав во фацата, но во Water for Elephants ме изненди, добро се носеше со улогата. Немал уште асални улоги многу за да го процениме, а преценет е за убавина и тоа како!
Прва што ми падна на памет е Меган Фокс. Малце филмови со неа имам гледано,ама и во тие малце истата експресија на лицето ја има,и начинот на зборување и е без промени,никаква емоција нема внесено во улогите. А за убава,убава е,ама само убавина не е доволна да си актерка..
Како не ми текна тогаш незнам, но сега ќе го ''нахранам'' со комплименти Gerard Butler-епа самото презиме се кажува, батлер Ај што не е убав, не е ич, и не гледам што толку сечат вени по него, ај тоа, не е за во соодветна тема, и во филмовине, како по*ран ми е, извинете на збор! Ми се прави мушкарчина некоја, заводник, а каков туп поглед има, мајко мила. Не сум гледала нешто премногу филмови со него, ама си крена бура пред некое време ,без потребно. Просечен.
Selena Marie Gomez......попреценета од неа АМИН и го делам мислењето за А.Џоли, навистина не е ништо толку special колку што ја креваат
За оваа барав тема за апсолутно лоши актери но немаше таква Kristen Stewart - која не заслужува ниту големи букви за иницијалите, а не пак болд! Еден камен што си седи во шума дава повеќе емоции од суштествово. Не знам што мислат кога и даваат улоги :roll: Било која и да е друга ќе помине во споредба со неа. Што повеќе и да напишам, макар и лошо, премногу ќе е...
Ед Вествик a.k.a. chuck bass. Дури би кажала и преценет. Една улога имал у животот, евентуално две, и одма го кренаа човекот во облаци. Едноставно неговата појава ми е одвратна.
how dare you? немојте така ви се молам за љубовта моја Го делам мислењето за Џоли, Фокс и Јохансон...
За Џерард Батлер морам да те поправам! Првите неколку филма што му беа романтични комедии, можам да кажам - стварно не му лежат. Но, незнам колку го имаш гледано, ама за трилери, акции и мистерии, човекон е роден!!! Гледај ги само Law Abiding Citizen и Olympus Has Fallen и верувам дека ќе го смениш мислењето. Според мене, преценет е Хју Грант. Неговиот акцент, неговото изобличено однесување, едноставно од такт ме вади. Незнам зошто толку се крева бучава околу него, ама според мене може слободно да си се врати во театар и да глуми некое дрво.
Незнам зошто на сите Џоли толку ви е одбивна и викате дека е неталентирана. Факт е дека е една од најдобрите актерки, но за тоа се имам изјаснето во друга тема, неќам сега тука. Мене дефинитивно ми се преценети Адам Сандлер, Кристен Стујард и Џесика Бил. За првиов да дека има неколку добри филмови ама во последно време се некои сра*а снима со сила сака интересен да биди, па дури и го плаќаат со над 20 милиони. Незнам зошто, но ете го плаќаат. За вторава шо да кажам, отепана фаца шо појма нема од глума, а истото важи и за Џесика.
Том Хенкс и сите негови улоги. Апсолутно во ниту еден филм не ми се допаѓа како глуми, делува многу ладно, не покажува емоции и секогаш е со едната иста стегната фаца. Искрено незнам зошто филмовите му се толку популарни, мене ми се просечни а неговата глума катастрофална, на моменти и премногу монотона. Преценета улога, па според мене Рејчел од Friends. Некако таа беше премногу форсирана а јас лично мислам дека беше најслабата алка во оваа култна серија. Сите останати ми беа поинтересни од неа иако и ден денес сите редовно ја потенцираат нејзината улога како најдобра.
Најтеар нема тука поправање, мене ми е прецнет во сите негови улоги, едноставно не гледам ништо воодушевувачко во него и неговиот актерски тaлент и спообности. Еве пример Мања не го смета Том Хенкс за преценет, јас не се соглавам ни под разно, ама не можам да и се мешам нејзино мислење е тоа. Кравче мор а што праиме ти што не го сакаш Том Круз, тоа џебна венера, човек милина (ако ги изостаиме неговите сциентолошки крапс) башка глумец ипол е, во какви и улога да го ставиш блеснува. Епа така ти мене Томче не ми го сакаш јас тебе Жерардче, уи ар ивен :evil:
Kristen Stewart - Незнам како може неа ја нарекуваат актерка? Ни Г од глума не знае, цело време иста фаца, емоции никакви. Златна малина за најлоша актерка е премалку за неа. Треба перманентен бан да и дадат во Холувуд!