1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Преценување при барање нова работа?

Дискусија во 'Барање работа' започната од rossonerka, 10 август 2013.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Дали кога бараме работа често си ги преценуваме нашите квалитети и способности?
    Па и немора да е при барање само работа, туку во многу други работни ситуации со кои се сретнуваме.
    Мислам на тоа дека многу млади луѓе по завршување на факултетот веднаш одат на магистратура и со ниеден ден работно искуство бараат високи работни позиции. Дали е тоа преценување или што?

    Ја гледав предмалку темата што би сакале да работите, сите сакаат шефови, адвокати, менаџери, доктори, а никој не спомнува дека за да бидеш шеф најпрво треба да стекнуваш искуство и како обичен работник па малку по малку да дојдеш до врвот, за да си адвокат треба да тргнеш од обичен канцелариски помошник, за менаџер ти треба големо работно искуство и животна школа итн.

    Многу често преценување има и при барање на првата плата. Сум гледала ЦВ со ниеден ден работно искуство и барање плата од 30 илјади за наши македонски услови. Нека се јави кога ќе добие :)

    На што се должи тоа преценување? На нашата глупава државичка која можеби не ни ги дава условите а ние реално гледаме на работите? Сега темава може да се прошири и на друго ниво, нели во странство многу полесно е напредувањето и ценењето на сопствениот труд него кај нас. Ама зборувам пред се за барање работа во Македонија.

    Или тоа е еднаставно наше животно неискуство во таа насока на нашата идна кариера па си ги преценуваме сопствените квалификации и труд (кои реално ни ден не сме ги имале за да ги потврдиме) па си создаваме идеали за себе?

    Или пак подобро да се преценувам него потценувам пред мојот можеби иден работодавач па може и ќе упали тоа?

    Или додека не помине некој период на невработеноста наша па ја сватиме реалноста и да ги намалиме нашите барања во цв-то.

    Дали вие сте дел од тие што реално се преценувале при барање на идната професија или работно место?
    Сметате ли дека сте навистина доволно квалификувани да работите висока работна позиција?
    Си создавате идеали за себе и вашата работна вредност а притоа сте млади и само единствено амбициозни, но не и квалификувани?
     
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    И јас отидов после факултет на постдипломски веднаш , не го сметам тоа за преценување , едноставно , ми оди учењето :D .. Сега ќе почнам да го изработувам трудот ..
    Во склопот на постдипломските , бидејки се поразлични од тоа што учев , одев и на курсеви да си го дополнам знаењето за таа област , а и волонтирав неколку месеци со цел да се стекнам со практично знаење , се на се од волонтерството заработив само 3000 денари :D и не ми е жал , стекнав многу знаење ...


    Со цените на прехрамбените продукти , горивото , кириите и висината на каматните стапки за кредитите за фамилијарен човек и 30.000 денари плата( до која тешко се стигнува ) е малку за убав живот а не па 10.000 , :!: за жал во Македонија условите се далеку од идеални и малку се цени работната сила .. Па мора да се приспособиме на условите кои за жал за мизерни ..
    Јас да можам да најдам работа во мојот град како почетник би работела за 100 евра колку да имам за џепарац :D .. Но секако да биде работа каде можам да стекнам искуство со кое ќе напредувам натаму , оти за мојата струка на идниот работодавач нема да му биде важно ако јас имам искуство во продавање слатки ( пример само ) . Значи парите не се многу битни секако немам други трошоци , да сум мажена и со деца не би прифатила оти повеќе пари ќе дадам за градинка а пак нема да бидам со децата..
    Ама сега како млад човек би прифатила и тоа како . А за Скопје за плата под 200 евра не се нафаќам оти ќе треба да плаќам кирија , сметки , храна , превоз ,па со работење за помалку од 200 евра -би одела во минус , а со 200 евра би била на нула пак ќе работиш за џабе , ама нели од некаде мора да се почне ..

    Јас лично не се преценувам и покрај тоа што дипломирав со просек знам 3 светски јазици за кои за посетував интензивни курсеви, одлично владеам многу комјутерски програми ( ке излезе постот како CV :D ) сакам да кажам дека би се нафатила за мала плата само да најдам :wasntme: јасно ми е дека искуството е многу важно и ми треба шанса да се докажам , а тоа докажување не е преку дипломата и сертификатите туку преку успесите на работното место , кога ќе успеам во тоа ќе можам да си ги ценам моите способности и труд ама прво морам некаде да ги докажам .
    Сега некој да ме стави да бидам шеф некаде ќе направи голема грешка :lol: за таква работа треба не само квалификации ами и животно и работно искуство , затоа ми е смешно кога ќе видам министер или директор со 20 и кусур години ..

    Искрено се сомневам дека некој очекува да земе 30. 000 денари плата веднаш ( може оние кои студираат сеуште и не излегле на пазарот на труд ) или пак оние кои се пикнале во државно без ден работно искуство :D
     
    На lady2013 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kameron21

    kameron21 Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    7
    Зависи од работното место,инаку јас сум да се цениме и да си го цениме сопствениот труд
     
  4. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Се согласувам росонерка, обично тоа се случува со нас помладите, тазе дипломирани, полни со идеали и стемежи за успешна кариера...ама после извесно време си легнуваш на брашното, и се помируваш со судбина...Јас сум ЗА ценење, па подобро и преценување кога се бара нова работа отколку спуштена глава и работа за бедни пари. Ама што се дешава кај нас? Јас еве на пример не би работела за 3000 ден иако сум тазе дипломирана,ама работодавците знаат каква е ситуацијата, и кога јас би одбила, 10 други би прифатиле одма. Зошто? Зашто нели си почетник, па ти треба искуство. Искуство за што? За седење гладен и во соба со мувла? Искуство за преживување? Па тоа секој помалку или повеќе го има искусено уште како студент.
    И така ке собираш искуство со години...кај нас има случаеви медицински сестри работат за 4000ден, без никаков заснован работен однос, зашто нели почнале без искуство и така тераат следните 20 години, приправници за 3000, каде си потрчко и му ги вршиш сите работи од чистач до доставувач, секретарка па на крај ако научиш да куцаш некој налог тоа е плус. Ако се дрзнеш да побараш унапредување, односто покачување на плата, дирекно добиваш клоца, зашто нели многу луѓе плачат за работа како твојата...
    Во мојата струка конкретно има случаево кои прифатиле работа за бедни услови, со потпишан договор (бланко документ) и тоа за 3 години, со минуси на плата за глупости, па на крај и на суд ќе те даде ако сакаш да дадеш отказ...
    По природа не сум мрчало, не ни сакам сега да звучам песимистички, проблемот кај нас не е преценување, туку потценување на работната сила. Нормално има секакви случаеви, ама факт е дека кај нас се работи што било само да не седиш дома...Жално, ама вистинито.
     
    На WarriorAngel, vinozito1, midnight.flower и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.050
    Целосно се согласувам со BeLLaDona23. Кај нас проблемот не е во преценување, туку во потценување на работната сила. И се согласувам со mimi дека за фамилијарен човек и 30 000 денари не се многу, со оглед на цените во времево во кое живееме.

    Јас во мојот град не можев да најдам работа исклучиво по мојата струка, среќа и не е толку специфична, туку малку поопшта, но и таква работа не можев да најдам. Се вработив на сосема друга позиција, за сосема мала плата, со многу голема надеж за подобро утре. За жал, за 5 години имам мрднато само еден мал чекор напред, и пак сум многу далеку од тоа што треба да бидам, од тоа што сакам да бидам и од тоа за што сум способна да бидам. И да биде уште по демотивирачки, попат видов многу навистина неспособни луѓе кои имаат фиктивни позиции, и земаат 3-4 пати поголема плата од мојата. Јас завршувам голем дел од нивната работа, некој друг им ја врши останатата работа, а тие си уживаат. Да не бев сведок на вакви случувања, немаше да верувам, бидејќи секогаш бев уверена дека секој е наградуван според својот труд. Затоа и се трудев да учам и да научам, се трудев да работам и да се покажам во најдобро светло. Секогаш ги почитував поставените правила и не се обидував да ги заобиколам.

    Не знам дали е до мене, или е до општеството, но овие 5 години го убија оптимизмот во мене, го убија идеалот, и денес веќе не чувствувам желба за професионална надградба, за напредување и усовршување, единствено барам начин за поголема заработка. Бидејќи, за жал, на крај успехот се сведува на тоа колкава ќе биде заработката.
    Далеку сме ние од високоразвиените општества. Таму не се прави муабет за заработката, бидејќи е нормално дека ако си успешен во работењето ќе добиеш унапредување, кое подразбира зголемување на паричната награда и останати привилегии. А овде сум била сведок на унапредување со покачување на платата за цели 300 денари (нето). :puke: :x
    :fubar: Повеќе чинат хартиите кои треба да се подготват за да се реализира покачувањето.

    Затоа, секој нека си бара колку што смета дека треба да добие, уште од почеток, некому и ќе му се посреќи!
     
    На Mimi123, Annath, WarriorAngel и 9 други им се допаѓа ова.
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.184
    Допаѓања:
    23.865
    Реалноста е дека има и млади кои се преценуваат, има и работодавци кои пак воопшто не ценат.
    Има млади кои се навистина образовани, имаат искуство кое е донекаде работно, а кое го стекнале дали преку волонтирање, преку дополнителен ангажман за време на студиите, млади кои оделе на дообучување и по завршувањето се соочуваат со фактот дека никој не го цени трудот кои тие со години го вложувале.
    Од друга страна па, има и млади кои тоа што завршиле факултет го сметаат за најголемо достигнување (а реалноста е дека се повеќе и повеќе дипломирани има и самата диплома не те прави нешто посебно) и со самото тоа бараат работа и плата која и не толку ја заслужуваат (со оглед на тоа што немаат никакво искуство).
    Сум сретнала и такви и такви ситуации.... И не знам што да мислам. Има луѓе што на 30 години уште ја бараат идеалната работа притоа испуштаат работни места на кои ќе стекнат искуство, познанаства, ќе имаат можност да напредуваат... Ама па има и млади кои вредат мноооогу повеќе, а работат за плата под просекот....
    Јас лично, имам солидно CV за мои години и сум работела буквално се што може да работи млад човек (од работа во сендвичара, до келнер, работа по струка, работа во канцеларија....) и да бидам искрена во изминатите месеци ептен се разочарав зошто, по потрага на она што сакам да го работам, она што го добивав по сите интервјуа беше негативен одговор.
    И јас се запрашав дали се преценувам? Дали, реално, можам сама (зошто цел живот сама се борам) да најдам работа која ќе ме исполнува и ќе ми носи доволни финасии (моето доволно за многу е скромно....) или да се откажам и да работам било што?
    Ама, млади сме, треба да лутаме малку навака натака, да видиме каде ќе се пронајдеме. Може нешто што ни звучи глупаво коа ќе почнеме да го работиме ќе ни се допадне и ќе бидеме први во таа струка. Е сега, доколку има некој да не храни и да не чува по дома, тоа барање на работа можеби и (полу)намерно се одолговлекува и на нас ништо не ни чини и не ни е доволно. Некои, за жал или среќа ја немаат таа можност и неможат толку да бираат :)
     
  7. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    темава само што ја видов и сметам дека е одлична.

    кај нас некои вредности се изместија. јас сакам да прашам што е со постдипломските и докторативе???

    јас кога растев за мене магистер и доктор претсавуваше човек во години што има тон знаење и искуство и со гордост ја носи таа титула. денес секој втор е магистер и доктор. искрено не сакам никого да навредам но тоа за мене е апсурд.

    и нормално кога ќе се здобијат со таа преценета титула никој не сака да седне и да се испоти со работа бидејќи нели нормално тие се магистри и доктори а всушност познавање од практичната работа воопшто се нема. јас сеуште осбивам да се запишам на пост дипломски студии, наречете ме старомодна но со 4 год работно искуство и со само 26 години јас не сметам дека сум созреана за магистер.

    како што му е на сите познато сега барам нова работа и сум спремна да ме плаќаат половина од тоа што го земам сега бидејќи сум реална и знам како функционираат работите. минимум плата за која би се нафатила да работам е од 21 до 24 илјади денари со можност за зголемување. Немам никакви титули (освен диплома нели) но имам работно искуство и сум спремна рамо до рамо да застанам со магистер кој е мое годиште. Така да треба да бидеме реални во очекувањата и во барањата. каде и да сте не се станува менаџер или шеф преку ноќ. треба многу труд и знаење да се заслужи таа позиција.
     
    На Annath, imelda, Sexybaby86 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Во денешно време и слепо и рогато заврши факултет. Нема човек без факултет бре :D
    Има разлика од факултет до факултет, некој магистер не знае колку еден со 20 години искуство во работата...така да сето тоа е ирелевантно.
    Инаку јас мислам дека вистинскиот успех не доаѓа како резултат на чекање на понуда за плата од соништата, туку на работење на работата за која постои страст и желба за успех. Има многу безброј примери како луѓе и без факултет се милионери. Бил Гејтс немал дипломирано кога почнал да работи на развивање софтвер. А и релно гледано факултет во Македонија е една обична заебанција, и на мене сите тие специјализации и тракатанции ми се едно обично губење време. Оди магистрирај во Германија да те видам.
    И јас сум еден од магистрите, иако не се доживувам себеси како магистер туку како диломирана. Се нафатив за работа со почетна плата од 12 000 со можност за наголемување со доквалификација...Не велам дека сум презадоволна, и сметам дека мојот факултет е еден од потешките кај нас (фармацевтски) ама пошто немам ден искуство и немам лиценца за работа, ок е сега за сега. не знам дали се потценив себеси за толку учење и давање пари, ама знам дека ќе ја работам работата што ја сакам најмногу!
     
    На SparkyAngel и joelle им се допаѓа ова.
  9. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Сега образовниот систем е многу различен , пример на електро постдипломските бараат присуство како на факултет , имаат задачи проекти и им се бара редовност , тешко дека некој вработен и со деца ќе најде време за тоа .
    Јас се запишав бидејки ме интересираше областа , искрено се разочарав затоа што не се спремни да понудат знаење туку ни даваат штура теорија со над 600 стр за испит научи ја и дојди :lol:
    Многу од тие книги се веќе и застарени , па затоа ми требаше и курсеви и волонтирање за да колку толку да имам некоја престава за материјалот :worried:
    Моите колешки кои се вработени и со деца многу тешко се снаоѓаат со време , па да речеме дека тоа што имаш време на располагање е еден плус .А и еден испит се плаќа 25 евра па жално е ако паднеш :clap:
    Не се преценувам во барањето работа , и еве ако се оди по план на 24 години ќе бидам магистер , можам ли да бидам шеф само поради тоа што сум положила 6 испита и сум напишала труд ? Секако дека не , како што вели мајка ми уште на млеко мирисам :rofl:

    Постидломските ги сметам за еден плус , да имам знаења од повеќе области , а секако дека најважно е работното искуство ... Би се нафатила за минимална плата само да добијам искуство , не сметам дека сите што запишале постдипломски не сакаат да се испотат за работа .
    Јасно е дека образованието кај нас е девалвирано , а највеќе кривица наоѓам во тоа што во секоја гаража се отворија факултети нема никакви критериуми за упис ни за положување .
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Со ЕКТС падна нивото на звање а од друга страна се отворија илјадници факултети, колеџи, школи и што уште не. Не дека сум против приватните школи баш напротив, со цел да направат конкуренција на државните тие се изгубиа во цифри и начин како повеќе да привлечат студенти. Наместо да работат на квалитет тие мислам дека повеќе работат на квантитет (и покрај фактот дека повеќето професори од државно отитоа да работат на приватен универз. што е и нормално за поголема плата)
    За разлика од ,,Запад,, каде што секое приватно или државно училиште си има свој имиџ и ранг кај нас е каша попара.
    На Запад ако не напредуваш во дошколувањето додека работиш знај дека работното место ти виси на конец и лесно може некој да ти го лапне (нормално дека зависи од видот на работата). Таму се продаваш на пазар на труд кој кај нас е јаден и мизерен поради начинот како одат вработувањата.
    Кај нас и знак прашање е колку реално се вреднува трудот. Факт е дека лица со дипломи работат се и сешто ама факт е дека има и такви кои немаат дипломи а држат работни места со дипломи.

    Кога бараш работа ценете си го вашето искуство. Бидете реални пред работодавецот во врска со платата. Не значи дека ако си м-р или д-р автоматски со првото раб. место ти следува под дифолт висока плата. Прво земете го раб. место па потоа докажувајте се и борете се за повисока плата. Ова не значи дека и треба да работите за мизерна плата и да се потцените.
     
    На Annath, rossonerka, SparkyAngel и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Има и млади кои се преценуваат. Кај мене доаѓаше на работа волонтерка која кога слушна колку ни се платите чудно и беше малку било. Да ние знаеме дека е малку, ама со оглед на околностите во државата работиме. А таа само факс завршила, мрзлива, повеќе збори и трачеви кажува, нема волја да научи и плата сака. Не можам на таквите да им се изначудам.
     
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Како би постоело преценување кога како прво нема реална понуда за вработување?! Скоро сите конкурси се однапред пополнети со "потребниот" кадар.
    Едно е ние во главата да си правиме пресметки колку вредиме, а друго е дали состојбата во Македонија е на тоа ниво за да ние можеме да се преценуваме.

    Сега зборувам за нас смртниците кои сме се решиле сами да си наоѓаме работа на поштен начин.
     
    На Tanjamm, Gordana10 и joey9021 им се допаѓа ова.