Kallias mozebi ne e moe da komentiram,no sama kazuvas deka majka ti bila so tebe vo bolnica site tri dena,a tatko ti dosol zaedno so mazot ti po tebe i bebeto. Pa kako togas ocekuvas svekrvata da ne se naluti stom ne smee do 40 dena da go vidi bebeto? Bi trebalo da bide ramnopravno za dvete strani...toa e barem moe mislenje...bez razlika kolku i dali te nervira
Прекрасен ден и испомешани чувства.. болка радост се на едно место, помина визитата и др Бато рече можи да си одите дома, му се јавив на мм и заедно со двете баби го донесивме матеј дома .. кога и да помислам на тие денови секогаш инстинктивно се насмевнувам и се наежувам
Јас мислам дека немаше поубав ден од тој! Иако се породив природно во болница останавме 5 дена. бебе беше на антибиотик, јас со инфузии и крв примање... пораѓај лесен ко песна, после тоа едвај додржав да не се издепримирам! Секој ден ни викаа денес ќе ве пуштиме, па се враќаа да ни кажат дека уште еден ден ќе не задржат. А во собата немаше ни прозор, нит знаеш дали е ден, дали е ноќ. Дента мислам дека немаше посреќна од мене. Моите дојдоа меѓу првите По мене беа дојдени мм, мајка ми и сестра ми. И си предремаа 2 саати чекајки додека да ми ја средат историјата ( прв кревет бев за испуштање, ама ми ја згрешиле годината на раѓање, па чекав да исправаат. ама ко за беља, немаше доктор слободен во цела ГАК ). Ме пречекаа со балони и нови чизми за шопохолик совршен подарок Дома ме чекаа татко ми и на мм неговите со торта декорирана со бебешки работи, честитки и подароци за бебето. беа фини и бргу заминаа, па можев да се одморам. Вечерта дојде золва ми и дечко и, ама и тие на кратко. Мајка ми и сестра ми останаа да спијат кај мене за да ни помогнат. Вечерта се утепавме од смеење и раскажување анегдоти поврзани со пораѓање, мислев конците ќе ми испукаат.
Феминки кога однесовте облека за бебето во државна, последниот дена на заминување или веднаш по пораѓајот имавте ваши??
јас сум од битола незнам колку ке ти бидам од помош.мене ми донесоа на денот пред да си одиме дома со бебето.додека бевме таму носеше облека од болницата.чиста беше секој ден ги преслекуваа и не беше парталава како што ми велеа претходно.
Облеката за син ми ја донесе маж ми дента кога ме отпуштија од болница. На ГАК не дозволуваат бебињата да се облекуваат во облека донесена од дома, освен на денот на испис.
Prekrasno bese.mm mi ja vnese kerkickata a doma ukraseno so baloni i natpisi dobredojde mecinja edna kupa. Od toj den nasiot dom e mnogu vesel ispolnet so nasmevkite placot i bebeskite zvuci.celiot dom ni mirisa na bebe a nie sme presrekni
Вториот пат ме пречекаа маж ми, поголемиот син и старосватицата. Маж ми се изначека за отпусната листа цел саат, затоа што син ми го напишале дека е женско. Едвај чекав да си дојдам дома. Кога веќе бевме дома, го оставив мајсторот да се дружи со синко, а јас одмарав. Другиот ден дојде цела тајфа на гости. Едвај чекале да излезам од болница.
Mene me zema mm od bolnica so zolva mi i sestra mi, doma me precrkaa svekrva mi i svekor mi, doma imase sini baloni i eden so helium Its a Boy, muzicka igracka nemavme zaedno kupeno, kupile i taa ja zakacile na krevetceto. Tolku bese ubav denot nadvor, samo sto iskociv od bolnica so bebus vo korpa bev mnogu srekjna, sonce go greese nezno se do doma, pozadi vo kola si sedev so sestra mi i bebus, preubav soncev den bese, najubava prolet vo mojov zivot
Да ја живам темата. Седев во болница еден ден, бебе супер, немаше жолтица. Цицаше од вториот саат, со мене беше, сакав да надојде млекото па не му дадоа ниту еднаш адаптирано. Малце падна во тежина, што е нормално, ама многу лесно доењето ми беше. Бев психички спремна за пораѓај, доење, чувствував дека филмски ќе се породам, така и беше.. Си имав спремно едно фустанче, широчко и патики, и за него алиштенца 50ка, арно ама се роди 4100 и 54цм, и му обајснував на тел на маж, што да земе комбинација друга да направиме. Доаѓа маж, со балони, со транспортер, видно изгубен и возбуден, ми ги заборава патиките. Во Чаир цела група 20 и нешто души чекаме да не пуштат, јас се пикнав меѓу првите, го спремија бебе, ми кажаа одма да го бањам дома. Го земаме во транспотртер и ајде да сликаме јас со апостолките што ги носев таму Среќа мои си носев. Монтираме транспортер во кола, дома од балони не се проаѓа . Беше чисто, ама уште еднаш светнал се, залепил стикери.. одма се избањав еднаш убаво долго и бебе го фатив во лавабо од кујна го избањав, ко да сум бањала бебиња цел живот. Цел ден го гледавме и му се восхитувавме. Си го галевме и држевме во раце. Веќе од 3 ден излеговме надвор да се шетаме. Преубаво ми беше. Уште ми е.
Штета што јас воопшто не го доживеав убаво овој ден. 2 недели бев во болница скоро, косата само еднаш ми беше миена. Се одолговлечи излегувањето за 2 дена, и жими се последниот ден ми доаѓаше да се фрлам од прозор. Ама сериозно. Ми се појавија огромни отоци, нозете буквално ми беа дупло од нормално, лицето ми беше изобличено. Среќа вечерата претходно успеав да се истуширам. Имав спремно се и за мене и за беба, донесе маж ми се, ама мене кондурите не ме собираа никако. И така ги гледам нив надвор дотерани, јас како од поплава исфрлена. Па и тогаш ќе бев подобра. Балони, цвеќиња, маж ме гушка, јас како идиот без чувства. Му ја дадоа на него, ја гледа, се топи. Не се ни сликавме, јас не сакав, не се чувствував како да сакам спомен од тој момент. Дома наредил мечиња, банери, облачиња, го наместил убаво креветчето, затоа што до последно не сакав да се мести, јер боже сачувај прашина ќе паѓа . Ама џабе јас си преплакав, и така плачеечки влегов да се бањам, да се киснам. Сега криво ми е, ама појако беше од мене.
Јас имав спремано фустанче и сандали. Арно ама кога ми ги донесе мм нит фустанот ме закопчуваше, нит сандалите ме собираа. Искочив со стомак како уште да сум трудна, а сандалите ни до пола од оток неможев да ги облечам. Среќа мм ставил и труднички фустан, па со тој искочив, и по влечките што си ги носев во болница Беше 40+ августовски ден, претопло. Балони, цвеќиња, мм мамурен зошто претходната вечер славел, ама кога го виде бебе се стопи. Сликите ни се мутни. Не се знае кој кај тера. Дома дојдов беа моите и неговите дојдени, се чистело, бришело. Ама јас само се истуширав, и си легнав одма. Бев преморена и ненаспана, ништо не ме занимаше.
Едвај чекав да си одам дома. Се беше накитено и спремно. Беше прежешко, пре пре жешко. Се истуширав во 11, во 12 излегов испотена и усмрдена. Од хормони смрдев многу. Дома донесовме укакано бебе, а се чудевме зошто плаче. На никој не му текна пелена да провери. Првата пелена ја ставив наопачки и дур ја ставав 18ти пат се испотив. Како во некој друг живот ми се тие денови. Не ја памтам првата ноќ. Знам дека многу плачев првата недела за сенешто. Ништо конкретно, битно да се плаче. Сега знам дека било убав момент, тогаш не ми беше. Иако на сликите сум убава и средена, дури и свежа на лик сум, не сум сигурна дека толку убаво се осеќав колку што изгледав.
Јас од болница си дојдов без бебенца. Беа во инкубатор моите јуначиња. За ден-два требаше да ме пуштат, јас не сакав ни да чујам. Сакав да сум таму. Знаев дека ако излезам, ќе ги гледам само понеделник и тоа преку филтер. Додека бев во болница (останав 5-6дена) броев да дојде 13 часот за да ги видам. Неможеа веќе да ме држат и ме пуштија. Мм ме зема. Прво ме однесе кај моите. Незнам како издржав, не се расплакав. Јас бледа ама убава во лицето, послаба од што бев, без стомак. Можеби немаше да изгледам во телото како да не сум родила ако не ме јадеше душата тие денови од болка. Не се расплакав, не заради себе, заради моите. Ги цркнав луѓето цела бременост, ги поштедив да кукаат сега при живи внуци. Точно 13 дена по породувањето, ни се јавија да си ги земиме дечињата. Јас закрепната скроз, по генералка дома и местење креветче, си ги прибравме близначињата домче. Сами, јас, мм, и тие двајца. Моите и неговите не пречекаа. Солзи-радосници на сите страни. Многу убав ден, многу. Секој напред ден од тогаш има смисла за мене. Само да се здрави и живи! Сите па и моите!
Мене ме изнесоа мајка ми и свекрва ми бидејќи мажот беше во странство. Дома кога дојдов сестра ми ја беше украсила цела соба со мечиња и балони.
Никако поинаку и не те замислив, баш вака. Мене сатар ми фалеше во рака кога влегов дома после 8 дена поминати во болница. Сатар! Само што имав тоалет во соба и се бањав секоја вечер, али што ако се бањаш кога течеш како кобила. Ни слика, ни бутур. Лута, хормонски нестабилна фрлив бебе како и ти и си отидов во соба да спијам. Поуморна во живот не сум била. Вртоглавици, изнемоштеност и халуцинации. Планирав и забава да правам во чест на раѓањето се тоа се откажа уште на породување. Како си замислуваш дека ќе биде, а каква лудача искачаш од болница со бебе пресмешно ми е Не ти е дојдено до ништо, ние по кола ќе се убиевме, бебе се лизга во транспортер ние хистеришаме, снег замрзнато ладно, јас пот пот за извоз.