Јас немав пречек дома. Луѓево дојдоа по мене (двата пара баби и дедовци+маж ми) и сите заедно си отидовме кај нас, поседоа пола саат да му се порадуваат на бебето, и со осет се разотидоа. И првиот и вториот пат од свекор ми добив букет цвеќе. На сите строго им забранив да нема балони, мечиња и такви тракатанци бидејќи сум хардкор противник на сѐ што е Ин, сѐ што е тренд. Кога си дојдовме дома со првото ни беше чудно, незнаевме што треба да правиме Знам само дека влегов да се бањам, косата 8 дена не ми беше миена зашто баш тој ден кога сакав да ја мијам, малата реши да искача. Во болница не ми ни текна тоа да го правам, демек ај денес-утре ќе не пуштат, а ме задржаа 5 дена. Со второто дојдовме дома, големата се радуваше, сакаше да и ја оставаме во скут да ја држи, а останатите си продуживме со работи како ништо да не се случило
Со првото имам пишано. А за со второто не велам дека не беше прекрасен пречекот но желбата да го видам постариот синче беше огромна. А и неговата радост што бебето му донело голем камион
Знаеш што? Ме удри реалноста во глава, мислам дека ти можеш да ме разбереш убаво затоа што сме во слична ситуација... Што ако ми прават царски рез и не сум во можност ни газот да си го избришам сама? Кој ќе ми помага од сабајле до вечер? Во време на корона ни мајка, ни сестра ни бутур, а и онака не верувам дека ќе дојдеа. Сама со ликов кој ме трпел 9 месеци, јас саката, а ни јас ни он немаме појма што да правиме. Ќе биде интересно!
Ќе ви се убацам у муабет. И да се породиш царски, веруј кога ќе влезеш дома со бебе, ниту ќе те заболи рана, ниту ќе помислиш на неа. Еве го бебе ми е скоро 8 месеци и знам у болница ме болеше раната ама немам сеќавање дека ме болела кога сме дошле дома... И ќе имаш појма што да правиш, се ќе знаеш и се ќе биде правилно Со лесно
Не знаеш како ме утеши! Ете, со малку позитивни зборови на некоја, таму некаде, ѝ уби една грижа. Фала!
Сестра ми се пораѓаше во време на морбили .Забранети беа посетите.Сама со две .Што мислиш се снајде ли? Нормално.Не се сеќирај се доаѓа инстинктивно.Ништо не е научна фантастика .Прашувај ги сестрите ако не знаеш ќе ти покажат и најважно бебето не се крши не се плаши.
Баш исто! Во болница после царски едвај застанав на нозе. Ептен имав болки при станување, за движење ич муабет не праам. Кога влегов дома мислам дека се преродив. Не помислив ни на болки, ни на раната. Не мислете на тоа. Уживајте со бебче
Ме зедоа сопругот со неговите родители Собата беше цела украсена со балони, ленти со името на бебенцето, машнички. Кога влегов се изнаплакав, тогаш сфатив дека животот веќе нема да ми биде ист
Многу фино ти одговориле јас сум на ред Прво и основно земи направи список што ти треба и купи го до седми месец. Најчесто во осми се случуваат глупи ствари и мора да се “лежи” до крај. Бидејќи ќе немаш кој ќе збудалиш од нервози, а нема потреба. Пелени, креми, корито, уље за бањање, тупфери за бришење гз со пакети можеш да земеш. Ноќна ламба, бодиња, кај тебе е ладно таму земај на долги се и шпикозни. Од 56ка па нагоре. Првите бројки по два пара, од 60ки и нагоре земи по пет пара оти ги покакува. Тетра пелени земи преку 20 тие се како подметачи за се и ќе ти се најдат. Кревети мевети не троши пари. Земи едно гнездо и со вас на спална. За тебе земи си улошки ќе крвариш 40 дена, има за бањање во дм без мирис земи си така е подобро за детето, брадавици во случај за доење, креми за пупки. Организирај премештај дома една соба да биде тип топ средена за бебе, со дел за пресоблекување и слично. Сега го можеш тоа, после не. Да е романтично сам со бебе (а поом немаш) не е. Нема да знаеш кај ти е гз, а кај ти е глава. Затоа те викнав на форумов има се да прашуваш не ја слушај мајка ти за совети. Ќе биде многу тешко првите три месеци, многу солзи и кавги. Ама од друга страна е така посебно убаво некое чувство...некогаш, не секогаш Размислувај сега стратешки што каде да ставиш и поставиш да си олесниш. Направи си магацин со залихи, храна и за тебе сок од јаболко пакети ќе бидеш жедна и чоколада многу. Има секакви теми овде. Не купувај глупости туку само неопходни ствари се е тоа филм инаку. Убаво би било ако некој дојде да ви помогне барем првите три недели да поспиеш и одмориш од стресот. Ама ако нема кој ќе преживееш ова е ситна боранија за нас и потешки фази имаш поминато.
дупка имам за "пречекот дома". Ме зема мажот ми од болница,јас излегов со подгазени патики не ми ги собираше стапалава во нив,ептен отоци ми се појавија после 3тиот ден. Ништо спектакуларно.¹ Дома чисто беше,гнездо за бебе имав си го легнав,јас седнав и плачев незнаев дали ке ме бива за мајка. Дали ке можам да го заштитам Абер немав ни доење ни ад а беше на комбинирано и гледав само да е на два часа. Може затоа и успешно доев 8 месеци бидејќи не се замарав дали имам или немам млеко. Хормонално лудило имав и страв. Сами со бебе па дали ке го слушмам ноќе. Првата ноќ спиев со аларми на 2 часа за да го дојам. Оно кутро заспано од жолтица само спиеше. Тоа беа тие 2 недели сон за мене. Последни за овие 5 години. А сега како ке биде со бебе no.2 ке ве известам подоцна.
Јас уште сега почнав да купувам, затоа висам и на темиве „што треба да се купи за бебе“, пишувам во еден тефтер и планирам. И креветче купив, до нас да биде, на мама уште сега ѝ е тесно и го бутка тато, а не па со бебето во кревет. Форумов помага МНОГУ! И за совети, и за утеха... Фала што ме викна.
Катастрофа ми беше првиот ден, па и месец. Наместо да си уживам во пораѓајот и тоа што следи после, јас во болница кркав нервози благодарение на мојата свекрвица, па го насска и мм, јас крварев и се расправав по телефон ама не сакам ни да се потсетувам на тоа. Ми ги уништи првите денови како мајка со нејзините драми и наместо да уживам во мајчинството, јас се мислев дали ќе одам под кирија и како ќе ја истерам зимата, затоа што госпожата ја увреди кога не и дадов да глуми мајка на син ми па сакаше да ме брка. Нејсе, од што бев мизерна во болница, излегов со истите алишта со кои влегов, а си имав спремно фустанче ново, со мерак си го купив и чував. Пречек никаков немав, ни едно цвеќе никој не ми даде, среќа се сожали госпожа па ги викна и моите кога си дојдов, тоа ми беше единствено позитивно нешто. Како несвесна бев првиот месец, сега сфаќам какви шокови ми правеа во времето кога требаше да сум најрастеретена од непотребни работи. Фала му на Господ успеав да дојам и бебе е супер. Само тој да ми е здрав, јас веќе не сум битна.
На креветче многу мал процент спијат, да не те разочарувам. Ние ги извадивме душеците и на земја за повеќе место и посигурно. Размисли што би правела ако не спие во креветче. Имај алтернатива. Нишалка на старо земи секако е до шест месеци. Знаеш што размислував? Јас сум далеку иначе знаеш дека би се понудила. Да ја прашаш Виолета да дојде барем на недела дена да ти помогне после болница? Плус искусна е друго е знае поминала. Како идеја ми дојде оти е најблиску до тебе.
Пречекот беше интимен, ние и нашите родители, полна маса секакви јадења од кои јас само крофни јадев. Бременоста ми беше како песна, а фала им на свекрва ми и мајка ми кои ми помогнаа. Првите две недели по пораѓајот бев преморена затоа што во болница спиев по 3 4 часа. Во пакет со маж ми, бабите беа од огромна помош додека да влезам во форма и да фатам ритам. Без притисок, без мудрувања, само поддршка имам. И маж ми е за пофалба. Знаев дека ке биде добар татко, ама он не е само добар, одличен татко и маж е. Сите обврски околу син ни ги извршуваме двајцата. Околу куќата исто. Се што требаше да се купи за бебе јас купив на почеток. Во 5ти месец купивме она што е големо - лулка, количка и транспортер, корито и постоље. Алишта купувавме откако го дознавме полот, поточно од 3ти месец. До 6ти месец јас се имав спремено, последните три месеци уживав, докупував алишта ако видам нешто што ептен ми се допаѓа. Во 8ми месец исправ се и спакував во вакум кеса. Ниту во еден момент не помислив дали ке се случи нешто лошо. Уживав во бременоста а уште повеќе уживам откако го родив моето совршенство. Лулка или креветче Next to me за првите 6 месеци се најпрактични затоа што се лулаат. После тоа класично дрвено креветче со душек затоа што бебето ке почне да се исправа. Според мене, бебе на спална со родители никако. Прво не е безбедно, второ нема комоција.
@PurpleMind Ама, има шанси и никој да не сакаш да ти се плетка дома. Јас нејќев никој да видам. Сите ги избркав. И мајка. Бебе нејќев никој да го чепка. Ниту пак да ми кажува како треба. Само јас и маж. Немаше шанси да заспијам ако он не спие у истата соба. Ни околу домашни работи не сакав помош. Ме болеа градите. Сакав да шетам гола. Нејќев ни гости на пола саат. Никој! Не велам дека ова е правилно, ама за мене беше. Сакам да кажам дека хормоните се луда работа.
Јас и беба имавме два пречека. Со маж ми живееме Мк, породена во Австрија. Татичко беше присутен и на пораѓај, а и од утро до мрак беше во болница со нас, па немал време да се ишиша и му текнало дента кога не пуштаа. Во 10 саатот ме известија дека ќе си одиме, му се јавив да му кажам. Мајка ми спремала за мене и беба за облекување. Во 11 ми дадоја исписница, се истуширав, нашминкав и чекав до 1 и пол саатот. Нервозна шетам низ ходниците со бебе, ми велат ајде оди да спремаме собата за друга мајка, се јавувам кај маж ми не крева, кај мајка ми таа ми вели маж ти 1 саат се тушира, сакал да е убав кога ќе ве земел ( знам каков е кога ќе почне да се спрема). Конечно дојдоа со мајка ми, и дадовме да не слика.. хаос сликите, утре ќе ве сликам поубо ми рече божем ја секој ден излегувам од болница со бебе.. така да слика една немаме убава. Татко ми купил цвеќе во саксија за дома преубаво и го крстил по ќерка ми. Кога стасавме солзи радосници.. Потоа маж ми си отиде за Мк, јас и беба останавме цели 2 месеци кај моите.. си дојдовме буквално со последниот авион, после тоа другиот ден затворија границите. Тати ја украсил цела спална со балони, нејзиното креветче го наместил по негов вкус ( не бев тука кога се спремаше за бебa). Прекрасно беше, конечно заедно како права фамилија.
Еее спомени со првото бев дете со бебе имав само 19г..пораѓајот ми беше лесен освен што ме распука малку се беше ок ама не цицаше како шо треба ме разрани ептен макии па фати некаква инфекција и заглавивме 7дена болница хорор оно плаче оти е гладно ја плачам од немам како да му помогнам... Дојде ден за дома дојдоа по мене мм, свеки и свекор ми... Си отидовме јас право под туш бебе на ад беше... Со 2 пораѓај како песна се за 4ч од болки до пораѓај ни пукната ни сечена... Истиот одбор за пречек.. Моите дојдоа по недела дена и за двете кога требаше да идат мајками добиваше менструација па бабини деветини..и нејзе не ја доев немав млеко а и мн ме напнаа уште у болница(башка кога маж ти ќе ти рече каква мајка си погодно ти е шишето со ад отколку да доеш) го оставив не ми требаат губитници и насилници во животот. Со 3 исто убоо поминав, отпосле неможев да одам оти најголема се роди а без никакви зафати таму.. па кога не известија за дома му кажав на мм и дојде со золва ми, маж и и детето... Малата ја носеше мм и бидејќи беше на боловање мм цел месец ми помагаше.. Моите дојдоа по некоја ден и така, бев мн релаксирана и пресреќна што ја доев малава и уште ја дојам по 10м... Многу предизвици носи животот жени