Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пречек од болница...прв ден дома

Дискусија во 'Бебе' започната од Snow-Queen, 9 октомври 2013.

  1. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.202
    Пол:
    Женски
    Темава отишла во заборав, па да ја активираме.
    Од болница нѐ пречекаа моите и кумата. Дома по скалите имаше закачено балони, собата исто беше цела со балони и на краветчето имаше закачено некако испечатени буквите од неговото име. И од кумата доби поклон, торта од памперси и козметика, крошна со боди,тренерки и пижамки.
    Откако си отидоа гостите си легнавме, одремавме и двајцата, се истуширав и дежуравме цела ноќ со плачки, тој плаче, не знам зошто плаче, па и ја си плачам со него.
     
    На 24.07, firequeenn, LucyLu и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    17.580
    Пол:
    Женски
    Ајде да ја активираме :clap:
    Мм не зеде од болница со бебе. Претходно со сестра му украсиле, балони, букви со хелиум, преубаво беше. Дома беа свекрвата, золва ми и свекор ми. Ручавме, си заминаа тие, јас се бањав и си се исплачив од страв каква мајка ќе бидам (facepalm)
    Првиот ден двајцата со мм само стоевме над креветчето кај бебе. Не можевме да го изнагледаме :lol: Од прв ден сами со мм, никој друг не сакав да ми се плетка низ дома.
     
    Последна измена: 26 ноември 2021
    На Slonce91, Fatalnata, 24.07 и 18 други им се допаѓа ова.
  3. Bulibu

    Bulibu Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    1.904
    Пол:
    Женски
    Лелле сега кога се сеќавам си се смеам на глас, а тогаш сигурно не ми било смешно:rofl:.
    Брат ми и мм ме зедоа од болница, дома не пречекоа мајка ми, свекрва ми и свекорот, си ручавме бебка си спиеше, се истуширав и веќе прва вечер спремни да си легнеме околу 1ч по полноќ беба почна да плаче ја местам да цица, ќе цицне ќе пушти и готово јас викам млеко немам крај паника со мм дома бебе плаче полициски час имаше абе шетаме по дома ко муви без глави и мислеме од кај да најдеме ад:rofl:. Полицијата е веднаш зад нашата куќа и мм оди таму бара 'помош' како да оди во другиот град по ад дека кај нас нема дежурна аптека|(, по некое време беба се смири на цица си заспа и спиеше до сабајл(сум имала млеко:rofl:)|-), а оно грејното може и нешто да ја болело којзнае прв ден прво дете интересантно беше :D:D:D
     
    На LiquidLuna, mal.ecka, 24.07 и 16 други им се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.009
    Пол:
    Женски
    Од болница ме зеде само мм,дека во Систина ни рекоа деца неможе да идат.Дома ме пречекаа балони во ходник на кои пишеше Добродојде Леона.Во дневна уште балони и подарок од кумата имаше.И секако голема шоља турско кафе дека немав пиено 5 дена :D .Дадите се ‘истепаа’ која прва да ја земе во раце,па се шкрапаа слики и на крај им здосади :D Малата ми рече ок доста ни беше од бебе врати им ја сега во болница :D
     
    На LiquidLuna, mal.ecka, Sweetheart87 и 27 други им се допаѓа ова.
  5. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.372
    Пол:
    Женски
    Од болница ме земаа мм и мајка ми. Дома ме пречекаа дедо ми, баба ми и вујко ми. Свекор и свеки од здравствени причини не можеа да дојдат. Имаше балони it's a girl многу убави :party:. Се испосликавме, сите ми дадоа поклончиња и златници за бебка и либе ме изненади со огрлица. Па ручече и мекици имаше 8). Торта кафе и сите ги избркав. После со либе си застанавме над гнездото и не можевме да ја изнагледавме бебка. :inlove:
     
    На LiquidLuna, mal.ecka, firequeenn и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    4.181
    Пол:
    Женски
    Шоубава тема :inlove:
    Тука не пуштаат уште првиот ден кога се породив, си идеме сами со мм нема кој да не пречека, одбравме да сме сами на почеток и јас уморна, двајцата збунети, ненаспани, несвесни дека ни се случи најубавото во животот. Патронажната доцни пола час, мене ми се гледа како цела вечност. Стоиме над бебе и се молиме да не заплаче, оти што ќе му правиме :D само што се породив. Вечерта неможев да заспијам од возбуда, го гледав бебе и плачев цела вечер од среќа. Се` се случи набрзина, во краток период и како низ магла ми е. Додека да се освестам и помина. ^_^
     
    На LiquidLuna, mal.ecka, Blue moon и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.442
    Ние си дојдовме дома на мојот роденден, поубав роденден не можев да посакам, посебно поради тоа што бевме 10 дена во болница и одвај чекав да си појдеме дома. Дома беа најблиските од двете страни, золва ми му помогнала на маж ми за декорација, јас кога влегов во спалната не можев да се воздржам, очите ми се наполнија со солзи. Пресреќна бев што конечно се заврши во најдобар ред (лежев 2 месеци поради скратен цервикс и се породив 35та недела). Од друга страна бев преплашена како ќе се снајдиме, првата вечер око не склопив, го гледав цела вечер.
    Инаку дома сите го даруваа, пресреќни и возбудени, прво внуче од двете страни и брзо си заминаа.
     
    На LiquidLuna, H.VAGA, Slonce91 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Што убава тема :inlove: Ми наврати убави спомени.
    Се породив лани во ноември во пикот на короната. Од болница ме зема мм и додека се симнував со лифтот во болница, превозбудена дека не си го имав мм видено 3 дена а и тој прв пат ќе ја види бебка во живо (ја виде еднаш преку стакло-такви беа протоколите во Ремедика) Кога го видов солзи ми потекоа се испревозбудив :D Сестрата чека со транспортерот а ние се гушкаме и си плачеме :D Си одиме накај дома, требаше да дојдат моите и неговите и по пат ни се јавува татко му дека не му е баш добро и нема да дојдат, за да подоцна разбереме дека е позитивен на ковид. Дома беа само мајка ми и татко ми. Дневната беше преполна со балони, на прозорците имаше од оние буквите-балони welcome, подароци од блиските преубаво спаковани, торта, украсни колачи, погача, мини крофни, други колачи… Ги гледав подароците, ги читав картичките и се здробив од плачење од среќа, прв пат во животот толку сум била возбудена (сега ми е смешно :rofl:)
    Ја надоив бебка, ја легнав во креветче, ручавме а јас апетит нула. Инаку додека бев во болница супер си јадев дури и репете барав, ама како стигнав дома скроз изгубив и така ми беше 2-3 дена.
    Си заминаа сите и јас и мм останавме сами, не можевме да се изнагушкаме. Ми вика леле сега што ќе правиме :rofl: Ќе се снаоѓаме некако му велам. Првата ноќ станувавме да ја проверуваме дали дише :rofl: Вкупно спиев 2 часа расцепкано, не можев ич да спијам. Затоа другиот ден бев како камион да ме удрил па отспав неколку часа и бев како нова.
    Преубав и преемотивен ден ми беше тоа :l:
     
    На WhiteCat33, LiquidLuna, H.VAGA и 10 други им се допаѓа ова.
  9. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.722
    Ахх денот кога не пуштија дома.:l:
    Ме пречека маж ми на влезот од болницата заедно со свекрва ми и мајка ми. Реков дека сакам прво него да го видам да се качи горе да си го види детето па после другите.:wasntme: Дојде горе, си поплачивме малце и му го дадов да го држи во рацете а тој го зеде толку вешто, како тоа да го правел секој ден. Повторуваше колку е убав, колку е горд што баш тој е негов син:inlove: А јас бев најгордата мајка на светот. Се радував дека на свет донесов живо и здраво бебе, иако не помина се како што планирав, не размислував воопшто на лошите работи, бидејќи си одевме дома!
    А таму, сето украсено од влезната врата , салонот, дневната па и креветчето од бебето. Маж ми кога дозна детали за пораѓајот(висина,тежина од бебето) отишол да му изработат рамка во која ги пишува сите тие работи и плус си ставивме слика од бебето во таа рамка, преубаво изгледа. За мене тоа беше плус изненадување што ме развесели.
    Имаа наместено посебно место каде се чувствував удобно додека закрепнував, ме нудеа со цедени сокови и разни пити, абе како кралица :D
    Убави денови беа, настанот сам по себе ги прави да бидат убави! Имам и слика од првиот ден, јас и бебето како лежиме на кревет, си ја носам сегде со мене во новчаникот.:l:
     
    На LiquidLuna, IRBBB, minne992 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.902
    Допаѓања:
    6.131
    Пол:
    Женски
    Ја исчитав цела тема и еве ме како плачам пола саат, хормони (facepalm) Премногу емоции има во секое мислење, едвај чекам да го доживеам тој ден. Уште некои 3 месеци :l:
     
    На LiquidLuna, joy1, AAN и 2 други им се допаѓа ова.
  11. AAN

    AAN Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2022
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    ^^ И јас со хормониве ;(
    Иначе јас му реков на мм сакам само тој да дојде да ме земе од болница. И дома да не ми се збирет од прв ден многу гужви. Сакам мир и тишина. Пс ќе видиме како ке биде. Уште 2 месеци останаа.
     
    На LiquidLuna, Anturium и Knizhevnik11 им се допаѓа ова.
  12. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.902
    Допаѓања:
    6.131
    Пол:
    Женски
    И јас си кажав само тој да дојде по нас, ама дома сакам да ми се најблиските. Планот е мајка ми да спрема ручек кај нас дома за потесната фамилија и да се изнасмееме и исплачеме :inlove:
     
    На AAN му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Ептен не знам каде да го поставам прашањево, тука ми се виде најсоодветно.
    Наскоро ќе треба да идеме со мм по бебе од болница да ги зимаме, тоа е желба на мајката.
    За првото дете не бевме, не можевме.
    Е сега, што би било соодветно тој ден да носам?
    Секако во болница не планирам ништо. Или треба? Мајката кога мене ме зимаа мк донесе таму балон и цвеќе ама да не звучам безосетно, во моментот мене ме ми беше ама ич до тоа. Дома се ми беше ок, ама во болница ту мач ми дојдоа цвеќиња, веројатно дека едвај чекав да си одам, па сега ми се створи аверзија.
    Мајката на моето дете му донесе дента торта од пелени, со играчка внатре и мислам нешто од облека. Не би сакала да се повторувам ама немам идеја. Она сака такви работи, а јас па дека не сум по тоа, немам ни идеи.
    За мајката мислев за земам плетена кошница, да ја наполнам со овошје и не знам со што уште?
     
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.303
    Пол:
    Женски
    Ако е мајката по такви џиџи миџи ствари, направи и кеиф, однеси пуфки.
    Сега има убави балони со пердуви внатре, натпис можеш да си избереш, добредојдовте дома или што и да е, може за бејби нешто да земеш, комплетче некое, кебенце персонализирано е убава идеја. За мајката букет.
    Овошје јас не јадам многу и не ми е вау идеја.

    Мене лично ми се сувишни такви работи, кога славеле мекици синко добил куп балони мечиња пуфки кои се доста скапи, а непотребни и неискористени. Ама има луѓе кои ги обожаваат.
     
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Она сака овошје и такво работи, затоа и сакам да и носам. Не сака цвеќиња.
    Ама што се пуфки жено? :rofl:
    И да, секако ќе му купам на бебуш облека, играчки ама мислев како тоа да го "спакувам"? Да нагласам, најверојатно ќе му купам и гнездо, па можеби нешто со тоа? Тотално некреативна сум за вакви работи, ама мерак да и правам сакам.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    2.472
    Пол:
    Женски
    Облеката спакувана во кутија и горе балон со натпис - добредојде и името. Едноставно е, а многу убаво.
     
    На Калатеа, Lavica2602, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.442
    Тоа што мислиш можеш да го однесиш во цвеќара или друго место каде што декорираат.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Јас за една многу блиска особа на мекици однесов вакво слично. Наместо балон му ставив од оние хартиените топки што се како за на лустер што се продаваат во Џамбо. Купив плетена корпа, ја наполнав со кебенце, боди, лигарчиња, чорапчиња, шпихозни, играчка плетена. И на стапчиња за ражничи набоцкав фереро бонбончиња ги ставив измеѓу работите. Топката ја прицврстив со 2 пластични држачи за балони од страните, со силикон ја залепив. Декорирав со украсни траки, предобро искочи. Сѐ на сѐ ме кошташе некои си 2500-3000 денари.
     

    Прикачени фајлови:

    На lackygirl, Skyler, Giovanna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Каде има плетени корпи?
     
  20. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    6.984
    Јас сум земала од цвеќарата во Рамстор мол и во Капитол, различни големини има.
    Има и гајбички некои, и тие се интересни.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.