За мајката можеш да ставиш чај за доилки (ако дои) , сокче, чоколада. За бејби радосница или рамка со отпечатоци На бит пазар,во делот каде што продаваат галантерија за мобилни телефони.
Јас од една маалска цвеќара ја земав. Ама тоа беше зимоска околу нова година, никаде немаше избор зашто сѐ беше новогодишно по рафтови, а обично по продавниците ваквите корпи ги вадат на пролет заедно со тие декоративните корпи за саксии. Инаку сега може да има овој период во Меркур, Бриколаж, и во Џамбо може да има. Можеш да земеш и бела обична ваква како на сликава, по цвеќарите ќе најдеш сигурно нешто.
За во болница јас би отишла со балон, цвеќиња ми се непотребни ствари и општо онака. Ама мене па глупо ми дојде што ниедно балонче немав пред ГАК Плетена корпа со овошје е топ идеја според мене, башка што корпата и ќе се најде и понатаму И други работи што сака жената а сигурно ќе и се најдат - еве ако планира да дои, чај за доилки, јас би ставила и некое минимално поклонче за нејзе и честитка за новороденчето. За бебуш можеш кутија украсна со тоа што планираш да купиш. Во било која цвеќара ќе ти го украсат ако не те бива. Јас поклон немам спакувано во животот, не ме бива ич balontvister имаат едни мини сетови со балон што мене ми се многу убави, не се корисни ама за спомен
Дома немаше ништо а пред болницата маж ми донесе мече, балони итс а грл и букет цвеќе за мене и свекрвата ми даде букет цвеќе. Моите и на маж ми беа поседовме и тоа беше.
Кај нас дома имаше свашта , стварно беше преубаво ,а мене од очи не ми се гледаше . Гледав само кревет да фатам. Не се сликавме саглам од што немав сила . Имаме две три слики ко од канализација да сум излезена. Беа моите ,на ММи ,пиеја винце се мезеа, убавини. А јас да имав пиштол ке пукав од нервоза. Им љубоморам кога ке ги видам средени ,насмеани сликани првпат со бебето. Јас толку немав сила и бев за никаде ,гледав само креветот кај е.
Од болница не земаа мм и сестра ми, моите дома не чекаа, неговите дојдоа после 2месеца... Енивеј, пред болница ме пречекаа со цвеќе во корпа, а дома беше од сите страни украсено, балони секакви, поклони, декорации мм сам местел цела ноќ... По една пијачка и заминаа, јас едвај чекав да се избањам и да легнам, не бев спиена со денови. Мајка ми остана една или две ноќи за помош. Се на се, пречек со збунетост дека прво бебуле во фамилија, но многу многу љубов и внимание.
Не земаа мм и бабите од болница, дојдовме дома ручавме, го бањавме бебе, си отидоа они јас вечерта чистев ВЦ, зошто не беше исчистено од пред да одам во болница и приоритет беше
Nazalost mojot prv den doma bese nikakov. Me zedoja od bolnica maz mi i majka mu. Ta namkor sirese negativna energija od odma. Bebe pistit so tri kebinja pokrieno v kola nadvor 33 C i vikam trgni prekrivki taa mi vika ti ke me ucis deca kako da se gledaat. Odime doma samo me peckase i na kraj zede da kazvit deka leonka ne smeela od doma dete da vadi 40 dena i da izleguva. Na kraj mi pukna filmot kako sto imav mn bolku vo stomakot (imav komplikacij od carskiot) se izrasplakav go zedov bebe i slegov pred zgrada. I ne mozev da se smiram od placenje 2-3 sati. Maz mi sleze po mene i mu rekiv naredniot den majka mu da si zaminit ( od drug grad e) ko se kaciv gore tipkava vrati treskat drami prajt...bebe placit od so bev jas mn voznemirena i toa bese. E taka go pominav jas mojot prv den doma. Inaku maz mi imase napraveno stalaza nad spalnata kupeno igracki i baloni se bese okolu mene ama dzabe seto hoa padna vo voda
Леле Се надевам дека после те остави на раат... Ццц што жена е тоа бре, без чувства.. Баш ми е жал така што било
Мајки дали од болница кога доаѓате ве пречекуваат двете фамилии? Во болница нема да дојдат сите по мене да не се прави гужва. А за дома да го видат бебето како се одвива тоа? Живееме во заедница на различен спрат што значи родителите на мм секако ќе го видат бебе здравје. Знам кај другарки имаше ваков пречек на кратко со торта такви работи. Понатака секако би ги викнала моите на повојница пред 40дена. Но ме интересира за денот кога ќе си дојдеме дома.
Тоа си е секако ваша одлука дали сакате гужва прв ден дома. Кај мене моите не дојдоа ни во болница, свекрва ми изрази желба дојде со мм и после дојде кај нас право (јас не сакав искрено никој ми требаше мир, тишина, со бебе со мм да се видам ама никој не ни праша сметаа ваљда дека се подразбира) поседе некој саат, зачисти дома,јадевме и си отиде. Ни торти ни пречек. Зима рано се стемнуваше моите на работа, па чуле ноќе не се оди кај бебе и не дојдоа. Повојница ние не правевме, зимата беше актуелна големата кашлица па не сакавме луѓе дома. Поентата ми е, нема правило и како треба или што ќе каже народот, ќе излезеш тазе породена дали природно па нема да можеш на дупе да седнеш или царски ни да седнеш станеш не па да готвиш спремаш чекаш гости. Ако ти е мерак нека дојдат на кратко дел по дел.
Твој избор е тоа. Јас не сакав никакви пречеци нити дома доаѓање. Според мене ни требаше мир додека се навикнеме. Премногу луѓе во еден простор со мало бебе и јас со болки ќе ме изнервираше. Е сега тоа е мојот карактер. Дојде свекрва ми да помогне на мое барање дека имав болки и не можев да станам од кревет. Јас ни во болница не сакав никој да ме посетува освен маж ми. Тоа си го комуницирав со него и никогаш не сум криела што ми пречи.
Фала ви за мислењата, здравје да помине се како што треба и да видам како ќе сум, па ќе се организираме можеби и неколку дена после тоа. Ме интересираа и други мислења дали ете е така праксата да дојдат дента поблиските за да знам.
Од болница не пречекаа родителите на сопругот, дома си дојдовме сами со сопругот, истиот ден подоцна дојде мајка ми за да помогне и да ни држи страв да не утнеме нешто прв ден дома со бебе, гости некое време не примавме, стеавот помина после некој ден и ја ослободивме и мајка ми. Толку убав период испадна, без притисок кој кога да дојде, да го види, да го пречекаш, ние кога бевме спремни за гости веднаш си ги викнавме, нормално тие едвај чекаат и друго е со желба, поодморен, кога сакаш, а не кога мора и мора И ние немаме убави слики од доаѓањето дома, украсено беше преубаво, ама ние бебето го гледавме, пола работи не се ни сеќавам што имаше Битно, ми значеше што некој помислил, сестра ми ни имаше украсено дома за пречек, ама и ми значеше што ни дадоа време за адаптација, тоа е најголемиот подарок
Кај нас дојдоа сите баби дедовци тетки. Ама дека не живееме во ист град па беа само дента кога ме пуштија. Искрено ми беше гужва и нервоза, ама па и ги разбирам сакаат да го видат. Така да јас ги оставив да го видат да му дадат поклони и искрено после тоа со бебе се повлеков во друга соба. Си седевме таму раат со бебо никој не ни сметаше. Мм со помош на сестра ми наместија за ручек, ручаат сите и си заминаа. Така да како сакате така. Ама верувај дека многу гужва ќе ти створи тебе нервоза. Зависи и што карактер си и што ќе се договорите со сопругот.
Ние планираме од болница сами со маж ми да си идеме. Јас му кажав не сакам никој по мене, ти си доволен. Дома ќе не пречекаат неговите и моите, ете ајде меракот да им помине, и после секој по домите хаха. Првиот ден сигурно ќе ни биде утепан, па уште милион луѓе дома ни фалат. Така да веќе и темно ќе е реално, ноември.