Искрено многу се разочарав на една емисија како „љубовницата„ е озвучена,во сите тие караници и конфликти да ја озвучат??? Епизодите ги пратев на БН канал,од првин ми беа доста зачудувачки што нема по светов ... ама кога го видов тоа стварно катастрофа ... Имам слушнато дека во скопје,има ваква агенција (ама тие не емитуваат како овие).Значи овие што се од србија немаат што да прават па ајде ќе правиме „реалити шоу„ мизерно вистина .. Глупост во боја. Што има толку да се покаже на емисијата што даваат со цензура пфф?? Тоа што некој е повреден ?? Или „прељубникот„... мизерно вистина ... До некаде си викав сето ова е глума,потоа си вика може да постои сепак им помагаат на луѓето со кого живеат,ама после таа снимка ставрно разочарана се осеѓам ..
Лаги со опашки! Е тоа е мојот коментар за оваа `сапуница`. Незнам како воопшто некој може да поверува на ова. Имам гледано две емисии и повеќе не ќе ми текне да гледам.На еден куп собрани аматери и ајде сега ќе глумат,а и тоа глумењето неможат да го одглумат како што треба. Скокаат како кокошки на просо демек се тепаат,викаат,се караат,приплакуваат за неколку секунди покасно кога во кадар случајно ќе ги фатат на лицата им се забележуваат некои насмевки кои неможат да ги прикријат. Страшно!
Што? Прељубници? Ма дај .. Нема врска ништо, начин да се млатат пари и потполна глупоштина! Се приказните им се ипоплеткани до немај каде, незнам сестри биле, незнам мажот ја изневерувал жената со девојката на другарот на синот па незнам ова, па незнам она. Па сите тие луѓе реагираат најбурно на светот, па се мавтаат ко ненормални, па скокаат, па се дерат па ау секоја епизода исто. Па кој нормален човек со малку совест би изреагирал така? Кој нормален човек би се бламирал толку пред камери ?
http://www.youtube.com/watch?v=KtbrRAtYsFw Оваа епизода е прва и последна која сум ја изгледала. Значи МОРА да ја гледате. МОРА.
Многу неорегинално и аматерски направено шоу. Нема допирна точка ова со вистината, глума, глума и само глума. Имаше едно вакво америчко шоу(срање), Cheaters се викаше, така да ова е копија само во многу полоша верзија . http://www.youtube.com/watch?v=GOtzKsS2 ... playnext=2
BoaVista точно така, србите да не видат нешто од американците па веднаш да направат, бетер од бугарите станаа . Ја има и на германски и е реална и вистинска.
Ова не знам дали вистина е , ама дека постојат вакви луѓе тоа со сигурност, што не крепи земјава Ја имам гледано неколку епизоди на Канал 5 и на јутуб две гледав, за „тепање време“ добра е , без разлика дали е вистина или некои „филмчиња“ си снимаат .
На западот не му е гајле дали ги има на камери,дали ке ги оговараат,дали ке му се смеат,многу е поразлично од кај нас,повеке луѓе кажуваат дека е вистина не глума.Но незнам во што да верувам
Многу ми е јако! Увек коа иам време гледам,ептен е такво за сеир фаќање јес да сеир на туѓа несреќа ,ама пак затоа и го направиле да биде како реално шоу! Мислам дека малце работите се напумпани,дека има и глума и се за пари, дека доста нереално делуваат некои работи..увек прељубниците се силни,устите отворени и спремни да вреѓаат,ни грам срам ни ништо..затоа и ми е малце чудно,али у секој случај интересно ми е за гледање!
Ни мене не ми се допаѓам оваа емисија.Гледам некогаш ради да тепам време али не верувам во тоа ама ич.Све некако невистинито ми е нереално.
Баш прееска ја гледав епизодата на Канал 5 и се запрепастив. Не можев да поверувам на очиве. Едно време си викав овие измислуваат вакви потресни приказни, дека им се договорени, измислени, ама нема шанса, емисијава е антонимот на Све за љубав. Интересна е, но и доста потресна. Баш оваа епизода беше како свекорот ја злоставувал снаата од синот, а таа го варала синот со неговиот најдобар другар, а свекорот платил детективи да ја следат и разоткријат за на крај да се осеќа тој изневерен и да се разоткрие самиот. Бетер од шпанска серија. Лошо, потресно, морничаво, језиво итн.
Јас денес фатив една епизода. Пофејк емисија од оваа нема. Цело време превртував очи и на крај ја исклучив бидејќи беше џабе губење на време. Ццц со какви глупшости се занимаваат луѓето
Свашта, има милион попаметни работи и емисии и филмови и серии и се и сешто за гледЊЕ отколку ова.. според мене не вреди. јзк
Навистина многу е нереално.Шпанска серија како што пишале погоре Само од сруга страна си мислам па ако е се фејк тогаш зошто оставаат број за да се јавиш ако се сомневаш во партнерот
Па најверојатно за да се договориш каква приказна да ти измислат и да ти платат за тоа Можно е и тоа, а можно е и се да е вистинито, луѓево стварно реално ми изгледаат, реакциите, шокирањето, се...
гледав 2-3 епизоди на јутјуб и мислам дека во првата водителите кажуваат како ова се вистински случки само со нови ликови, односно дека е глума.. иако јас не верувам дека ова се случува, особено оваа епизода.. мајка на синот црна магија да му прави?? па и уште се воодушевени од гатачкава.. страшно ilent: ilent: ilent: http://www.youtube.com/watch?v=OqV6xlWSY50 исто и таа емисијата со погребот.. не се нормални во негативна смисла
И малите деца од 5 години, подобро глумат од овие Ццц, каква реалност бре луѓе, ова нема допирна точка со реалноста. Пред некој ден фатив една епизода, тоа толку нешто глупо осмислено и нереално, немам зборови. Али бар добри актери да нашле. Овие беа тотална утка. Го фати типкава типот со најдобрата другарка, 15 мин се дереше, ни да заплаче, ни ништо. А пак кога се правеше дека плаче, солзи немаше . Поглупо нешто во живот немав видено Али дека е цела емисија фејк, е.
Ќуути ни Поаро не им е рамен, уз муабет ги откриваат ...ех шо се не ќе направат луѓето за гледаност ццц...и после се чудам кај отиде достоинството и човечките вредности како искреност, храброст, истрајност...во бестрага каде на друго место...а епизодана во која татково одел со жената од синот еееј дневник типката пишувала и ја откриле Дa бе да... Шо да речам, многу се приметни, малце курс по глума да испоштовале и помалце да читале книги од Агата Кристи, а повеќе современи крими-дететктивски романи пред да почнат со снимање, може и ќе поверував Едит: а некои настани во приказните навистина се случуваат, за тоа со црната магија со синот-знам за таков случај. Но, ете да беа подобро осмислени и одглумени можеби ќе ја загризевме мамката.
Хаха еве сега гледам на Канал 5. Абе ајде, ептен ми е вештачко ова. Од една страна, многу просто изгледа, од водителиве па се до учеснициве (така да ги наречам). А од друга страна, дај бе, кој нормален би оставил да се емитува тоа. Нормално, мора да ги прашаат за дозвола нели ? Мене лично, и милион евра да ми дадат, нема да се согласам да ме гледа цела држава како го варам дечко ми/маж ми. Не знам, ме мрзеше сите коментари да ги читам, може има некој напишано, ама глумат се гледа. Јас подобро би изглумила. Па оваа сега ја гледам, се напи апчиња некакви, ќе се труела женската, абе ајде. Никој не се фрла кон камерата, да се одбрани, да не го снимат, сите пред неа се тепаат, молат и не знам уште што. За разлика од ова, сум го гледала америчкото. Тоа ми е доста реално. Се гледа вистинска реакција. Може и таму глумат, кој ги знае, ама барем не ми е дебилно како ова. Српска работа.