Леле навистина оваа последната епизода е врв на дебилизмот.Кога жената влезе во купатилото и препоставив дека нешто такво ќе се одигра демек покушувала да се самоубие . Мене не ми се верува во ова чудо,некако не ми е нормално некој да дава дозвола најинтимните настани да му ги прикажуваат на телевизија и да прави шпанска серија од сопствениот живот.Едноставно ако се сомневаш дали партнерот ти е неверен,сам погрижи се да откриеш а не некоја си таму таканаречена детективска агенција која се труди да заработи по цена на туѓата несреќа. Го гледам ова шоу колку да ми помине времето но повеќе од јасно е дека ова е само добро изрежирана приказна со лоши аматерски глумци.
Сценарио, актери, шпански/турски серии, кој се глупира, бламира итн. Не ме интересира. Мене ми е важно тоа што е интересно за гледање. Два дена како случајно ја забележувам емисијата на телевизија и ми го привлече вниманието (што не значи дека секој ден ќе ја гледам де)... ама погоден е терминот (баш кога ништо друго не ми се прави освен да дремам пред телевизорот ). Штета што најинтересното е цензурирано. Пуу бре!
Јас стварно незнам луѓе како можете да ги гледате овие глупости? Еднаш случајно фатив на ТВ некоја епизода и ми дојде нагон за повраќање, пред се од бедните водители, оној Карамела како некоја машка кукла во излог е (целиот пластичен и здрвен), а колешка му е катастрофа. За актерите, пардон учесниците немам зборови. Толку се бедни, јадни, проѕирни и така натака што подолого од 5 минути неможам да ги гледам. Од авион се гледа дека се е глума, ама лошото е што типциве и типкиве незнаат ни г од глумење. Неможам емисијава да ја сместам ни во шпански/турски/индиски серии, тие се далеку подобри, ниту во комедија затоа што повеќе се трагични одошто смешни. Невидено срање !
Шпански сапуници. Овај бил со снаата, ја принудувал, па таа го изневерила со најдобриот другар мажот зошто татко му ја принудувал, па овај се јавил да ја пријави дека го вара син му, па на крај се дознава дека тој почнал, тој крив излезе, пак не знам што. Како е тоа само изрежирано. Абе глупости во боја... Добра глума, се на се Пак и водителиве безвезе, посебно онај Горан мислам се викаше..
Прељубници Гледав пред некој ден Прељубници на канал 5. Се емитува отприлика во 22 часот. Интересна емисија т.е. реално шоу. Ме интересира дали имате гледано и што мислите дека е ова реално или тие се само глумци?
Прељубници мене ова реално шоу ми е ужасно глупаво и просто, еднаш го гледав и веќе никогаш нема да го гледам.
Прељубници Воопшто не ми е интересно и не ми се допаѓа ова реално шоу, како и сите слични шоуа што се емитуваат на нашиве простори. Единствено реално шоу кое го гледав со задоволство беше Survivor, бидејќи е забавно и се разликува по многу нешта од останатите. Не знам како воопшто на телевизииве им се даваат пари за вакви глупости. Апла се гледа дека тоа се глумени ситуации, ништо не е реално. ( Веројатно се базирани на вистински случки, а овие само глумат. ) Барем оние што глумат да се професионалци, а не како овие кои среде расправија се смешкаат под мустаќ. Имам изгледано само 2 епизоди и мислам дека не грешам во врска со глумата.
Прељубници Здраво ова е најреално ова е нај вистинито нема ништо лага во ова. а иначе е интересна ако почнеш да ја гледаш те остава до крај да гледач и секоја наедна така да висш сто уште не.
Вистина или не, денес страшно ме изнасмеа бабата, особено кога го праша од кога не спиел со жена му и кога му збореше дека бил неспособен да задржи жена
оваа е тотална глупост од љубопитност изгледав едно две емисии и ми изгледа наместено аматерска глума не знам само како се нафакаат на вакви работи да снимат а водителите се катастрофа не им оди од рака да бидат озбилни.
Јас искрено попатетично нешто одамна немав видено. Ми се погоди да ја гледам емисијата кога жената го изневерува мажот со брат му. И он дознава и така се смирено си праат муабет.. Му се заканува дека на мајка им ќе го кажел бе! Господе боже! И додека они имаат фамилијарна расправа се убацува водителката и она поставува прашања и тој глупиот водител.. Сигурно у таков момент ќе сакаш некои си луѓе од страна да ти изиграваат адвокати.. Полоши актери ни имало ни ќе има. Не можев ни да ја догледам до крај емисијата од шо беше глупа, не знам со кој од браќата остана лепотицата КАТАСТРОФА!
Самоо еднаш седнав да го гледам од љубопитност, и никогаш повеќе! Залудно потрошено време на глупости, крајно просто и патетично... Ми изгледа како да е наместено, а за лошата глума да не коментирам. Ужас...
Хахахахахааха на денешната се покакав од смеа Ја га волим. Кој психопат еј. Оваква некоја да ти се закачи не дај Боже ццц, им упаднаа на луѓето дома со камери а овие појма немаат
леле на јутуб ја глеав оваа, со една плава таква никаква! Aбе не верувам дека се вистина, ама одлепена е епизодава
Верувај верувај не е ништо наместено имам роднина во србија и ги прашав дали е точно ми рекоа да и дека некој нивни комшија се пријавил за емисијата. А за плавата таа е болна особа, ај да кажеше дека го сака само еднаш дека исе допаѓал ама она нон стоп кажуваше само тоа ништо друго и овие на крај сватија дека ги излажала сите.
многу ми се интересни коа ќе почнат да се кубат ко кокошки некои лелее како можат вака да се бламираат пред јавност незнам сепак ги глеам кога ми е досадно да се посмеам
Абе овие не се нормални, ама од друга страна убаво им прават. Може и јас истото би го направила, и би реагирала баш како тој челавиот жена му што го вараше со брат му. Лудото 19 ќе може да ми пратиш линк од јутуб, неуспеав вчера да гледам, а како што можам да забележам баш интересно било .