Па кажале на серијата дека луѓето се глумци, ама настаните се вистинити. Иако ова им дава за право и да со измислуваат, а сепак да кажат дека е вистина. Ипак кога не е снимано веднаш, на местото на настанот не можат да кажат дека е вистина. Така да, ова од оној пат не сум го ни гледала. А немам намера ни да го гледам.
Сум гледала само 2-3 епизоди, интересно е да гледаш како ќе ги фатат па викаат, цркаат ама се гледа во некои случаи намонтирано. Имаше пред некој ден еден дошол од Париз дури зашто комшиите му викале дека жена му го варала со кумот и сега овој дури од Париз доаѓа и ко за чудо ги наоѓа кумот и жената во штала на сено, божем растоварале бали и овој паднал на неа, а оваа се во штала и такви ствари по фармерки и штикли иде, и една перика каква имаше б'лшти надалеко. И на крај овој поверува во тоа и 1 прости на жена му и ја зема за Париз. После имаше едно другарки најдовбри 7 години се, и маж и ја изварал со другарка ѝ и сега оваа почна да ги брка низ прозор па со црево го бањаше тој, и викаше на таа другарка и кучка, сељанка, ку*ва и на крај се смирија и се гушнаа плачејќи.Да бе. И сега третиов случај троа пореален, нешто мажот ја изварал со друга ги фатија во магацин и кога почнаа да се караат, па ова женав имаше сестра 14 год па и она кога се стави, ќе се потепаа скоро. Ама најчудни ми се две работи, зашто секогаш кога ќе ги фатат на дело се со алишта и не ни се муваат ни ништо, и секогаш ги фаќаат дека вараат.
Бидејќи Мона, сето тоа е глума и е изрежирано. Ништо од тоа навистина не се одвива во моментот, туку таа случка веќе се случила, а сега е прикажана од актери.
Виножитке грешна ти е информацијата,нешто си се побркала. Личностите и настаните се вистински ,не е реконструкција. Мислам сеа ...колку се вистински тоа друга работа,али тоа е концептот на емисијата.Се е У ЖИВО.
Незнам дали е одглумено или вистина, но во секој случај невкусно Прво, и јас искрено се двоумам, можеби е навистина одглумено пошо синоќа едпизодата некако ми беше безвезе. Ќеркава скришум од мајката има секс со својот очув (мажот на мајка и). И ги затекнуваат во ресторан како вечераат и божем оваа мајкава вознемирена а воопшто не ми изгледаше за таква, навистина како да глумеше. И божем после тоа овие уреднициве на емисијава ја прашале на мајкава дали да ја емитуваат епизодата поради нејзината содржина и мајкава рекла ДА за да знаеле луќево што НЕ треба да прават. Па, добро ќе ја брукам фамилијава, цел балкан да знае каква е ќерка ми само за некој да земе поука од тоа, и да знае што не треба да прави во иднина? Мислам ми нема смисла тука нешто Или е глума или навистина лудаци шетаат по овој чуден свет
да и јас ја гледав таа емисија синоќа и да ви кажам ако е тоа вистина ми се згнаси животов....ги даваат ќерката и очувот како имаат секс у спалната и тоа онака баш ги даваат како на филм...на оваа цел гз и се глеаше ....мислам многу е невкусно....колку и да била испотресена мајката не знам како можела да дозволи да се дава све тоа на телевизија (ако е вистинито)
Па јас не сум ја гледала емисијава, од тука прочитав дека е снимана со актери и не е во живо Срам да ви е ако некоја лажела
http://www.youtube.com/watch?v=J7wdGETr ... re=related ве молам изгледајте го ова демек оваа паѓа у несвест коа ќе дознае дека ја вара маж и јао по фејк не можеше да биде леле видете ќе се газите од смеење
Јас ја ѕиркам кога ќе ја начекам, како дешавка е интересно а сега дали е намонтирано незнам. Сеирџиско дете сум, велешко Него, мене ме нервира водителот кога им се меша и одвраќа, кој морон Овие се расправаат и овој оттука неповикан се меша и он се расправа, и појавата му е некако идиотска
хахахахах е веќе ова стварно нема смисла Како некој ниско буџетен филм е, се гледа дека е глума хахахах катастрофа
Ахахахаха ама дефинитивно најјака епизода беше онаа Ја га волим Со таа плавата психопатка. Ми го продолжи животов
Иии единствена ли бев што буквално се уплашив од тој очувот во синоќешната епизода??? Искрено ми личеше на чудовиште, на Гаргамел де Оној со стапче не се чепка, а не па односи да имаш со него... П.С како тоа ни еднаш не ги фатиле голи, туку секогаш онака се мазат по облека...нема смисла
Гледав една епизода (младо момче се фатил со жената на неговиот чичко кој го израснал) и ми се згади. Не само од ефтината приказна туку и од актерите на чело со оној ќелавиот и плавушата. Ех, што се народ нема да направи од бес, овај де, за пари.
Мене ми изгледа премногу вештачки. Лоша глума, сценарија од некој болен ум...а водителите не можам да ги поднесам!
мислам дека се е исценирано зашто многу вештачки глумат а и дали некој би си дозволил да прави будала од самиот себе си на тв??? кога одат таму незнам што очекуваат па кога ке дознаат дека се изневерени се лупаат од земја па доага и до тепачки,нешто не ми штима тука ама ај...
Сакам да прашам...? Секој работен ден во 18:20 h. Имаш страна на Канал 5. Не знам што ви е интересно за секоја ситница овде да прашувате.