Приватизација на градежно земјиште

Дискусија во 'Правни совети' започната од alexandravujacic, 18 август 2012.

  1. alexandravujacic

    alexandravujacic Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво! Добив решение по барање за приватизација на градежно земјиште. Моето барање се одбива како неосновано. Во образложението стои следново: “...за наведените парцели нема донесено детален убанистички план со кој истите би се дефинирале како посебни градежни парцели, поради што градежното земјиште не може да биде предмет на приватизација. Во генералниот урбанистички план видно од скицата, како намена на градбата е одредено да биде постојано становање и идна работна зона“. Може ли некој да ми посочи како може да се приватизира ова земјиште. Како прво не ми е јасно што значи да се приватизира, кога јас веќе повеќе од триесетина години го користам. Тогаш сум го купил и ја имам сета потребна документација дека земјиштето е мое. Зошто сега пак да го купувам, и да го приватизирам?

    ПОЗДРАВ
     
  2. Advokatot

    Advokatot Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    6
    Кога го доби ова решение? Дали уште има рок за жалба? Дали сите документи беа комплетни?
    Право на користење е една работа, а право на сопственост на земјиште е нешто сосема друго. Што да кажам само ќе згрешам. Најдобро е оваа работа да не се прави самостојно заради ваквите случаи. :(
     
  3. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    За да се изврши приватизацијата на земјиштето потребно е да се исполнат неколку услови (зависно од земјиштето), доколку се исполнети сите услови, приватизацијата се врши без надоместок.Во одредени случаи доколку земјиштетот ви е доделено на користење со надоместок, а не сте ослободени од плаќање на надоместок за доделеното земјиште и не сте го платиле износот, ќе бидте задолжени да платите износ од 1 евро по метар квадратен. За да се изврши приватизација без надоместок, потребно е да приложите дека имате платено надоместок за доделеното земјиште, или да докажете дека сте сопственик со доказ за сопственост (поседовен лист, тапија, договори за купопродажба и друго), во спротивно вашето барање ќе биде одбиено. Приватизацијата се врши на градежно земјите во државна сопственост на кое право на користење имаат физички и правни лица, и со приватизацијата престанува правото на користење и се воспоставува право на сопственост врз предметното земјиште. Во конкретниот случај за земјиштето не постои ако разбрав точно детален урбанистички план што значи ова земјиште нема третман на градежно земјиште и нјаверојатно тое е и причината за одбивање на барањето. Битно е да видиш која шифра стои во полето за сопственост дали земјиштетот е во сопственост шифра 831 или имате само право на користење шифра 814, предлагам најправин да се расчисти ова прашање, а и треба да се има во предвид дека истече рокот за поднесување на барања за приватизација на градежно земјиште.
     
  4. Vesnag20

    Vesnag20 Нов член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво,Би сакала ако може да дојдам до некој одговор за следново:наследник сум на дел од градежно земјиште што се води во Прилепскиот катастар.Во јули бев да ги средам работите,ми дадоа потврда за идентификација за катастарката парцела ,зашто бројот е променет,а истовремено парцелата е судски поделена уште на двајца субјекти.Според потврдата за идентификација при проверка позитивно е решено уште истиот месец (јули).Отидов да извадам имотен лист, живеам во Скопје,ми кажаа дека не постои таква парцела на мое име,па ме упатија повторно во Прилеп.Ве молам за помош,што и каде да се обратам и дали може од Скоје дирекно да се види каде е проблемот,бидејќи и судски е направена физичка делба и според потврдата за идентификација на имотот е се во ред.Поздрав
     
  5. pipi-corapa

    pipi-corapa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    34
    можеш и во скопје да вадиш имотен лист за Прилеп