1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватна пракса (Private Practice)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Lovely, 5 декември 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Ajдеее отиде Пит. Како вака направија. :^)
    Мило ми е што Ади го одбра Џејк, се надевам ќе се средат. Можно е ова да е последната сезона, нема објавено колку епизоди ќе има, зависи од рејтингот.
     
  2. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    5.422
    Наводно Кејт Волш(Адди) има потпишано само за 13 епизоди од оваа сезона и ќе си оди од шоуто, мислам дека уште не се знае дали ќе продолжи без неа (што на мене баш и ми нема поента) или ова ќе биде последна сезона. Инако како за прва епизода добра беше, поразлично направена, интересно, али Шарлот ми е најинтересна
     
  3. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Не бе не режисеркава не ја можам. Како Вајолет не ја откачи некако, да се отарасиме од уште еден крајно глуп и непотребен лик.
    Моментално најсветла точка во серијава ми се Шарлот и Купер и барем нивната приказна засега ми се свиѓа како се одвива.
     
    На popins и Trendafilka им се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Ќе престанам да ја гледам серијава во моментот кога Адисон ќе си замине.
    Покрај Шарлот и Џејк (Бенџамин Брет) :mm: , Адисон сепак е стожер на случувањата и не сфаќам што серија ќе одржат, ако неа ја нема. :^)
    Мило ми е што конечно ѝ се исполни желбата за бебе, иако очекувам да затрудни.
    И не знам зошто го умреа Пит. Требаше да ја умрат Вајолет, која смрдла. :puke:
    Дали мислите дека Шелдон и Амелија имаат шанси да останат заедно?
    :?:
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Серијава има аспирации да премине во шпанска,м? На крај да не дознае некој дека сам на себе си е мајка?
    Ич не ми се допадна последнава епизода, не знам што им требаше целата драма со Сем, па реално шоу, бла, бла... Башка приказната со аферата многу ми личи на онаа од Вовед, на Вебер со мајка и на Мередит, ама пак си останал со својата жена. Шонда некако слабо со инспирацијата.
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Откажана е серијава, 13тата епизода од сезонава ќе биде последна. Со заминувањето на Кејт Волш нема што да гледаме, па Шонда донела одлука да се стави крајот. :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Доста им беше реално, нека се удри еден среќен крај и волкот сит - и овците на број. :D
     
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Имаше некој потенцијал серијава , ама откако адисон се сплетка со сем и замина наоми стана досадна секој со секој се сплетка и добро е што ке ја откажат ке ја догледам до крај чисто дека ја гледав толку време ...
     
  9. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Јас сум стигната до сезоната кога на таа лудатат и го извади бебето на психијатаркава ...
    треба да се вратам на гледање имам некој голем минус од еп за гледање... па ке може да коментирам со упдате моменти.
     
  10. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Па можеби сеуште имаше потенцијал серијава за 6-та сезона, ама како и да е подобро да прекратат со време. Особено Адисон ако си оди, нема поента.

    Инаку за сите овие 5 сезони како најомилен лик ќе ми остане Шарлот, сум кажала и претходно зошто. Можам слободно да кажам и дека ми е еден од поомилените ликови од сите што сум ги сретнала низ серииве.
    Многу ми е мило за неа и Купер, се надевам дека нема да им се случи некоја трагедија со бременоста. И онака и го собирам на Шонда, нека не чепка кај што не треба, сериозно ќе добијам нагон да ја барам низ Америкине :devil:

    Еее и после толку години тренинг пак си останува на истото...се приврзувам за серии, секогаш ми е жал кога завршуваат. Нема чаре, само нека излегуваат некои нови добри, за побрзо да ги преболам :D
     
    На mona.s и RainBow им се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Прекрасна беше последнава епизода, посебно крајот.
    Шелдон е еден од најпрекрасните ликови во тв серија досега, толку е мил и ненаметлив, дефинитивно треба да му даваат повеќе улоги на ова човече.
    :)
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Да, добра беше епизодата. Се надевам Шелдон ќе се оправи, стварно е супер човече, ама оној педофилон се гледаше дека е психопат од километар. Очите, очите како само му светкаа.. :puke:
    И Шарлот колку јака жена е... Колку помина, а колку има само уште за поминување.
    [​IMG]
    [​IMG]
    Па не ги сакаше, ама богами ги доби сите деца. :lol:
     
  13. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    Преглупа ми беше последната епизода....сакам за Шарлот да биди најјаки ми е од сите заедно со Купер срцки ми се :P :P
     
  14. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    Леле се изнаплакав и од радост и од тага многу добра беше епизодата многу ми е кеф за сите најповеке за Шарлот и Адисон
    се надевам се ке ок со Шелдон тој најсрцка е од сите :!: и се надевам дека Вајлет ке си најди некој и та пропати многу
    Да не знај некој уште колку епизоди има?Оти се гледа дека е прикрај :?:
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    12-та епизода излезе вчера и останува уште една, следната недела на 22ри јануари.
    Тоа ќе биде крајот. :)

    Шарлот да се породи, и да видиме свадба помеѓу Адисон и Џејк.
    Каков тип ѝ најдоа на Амелија, wow. :o
    Бонбона, ептен фино ѝ ја запечатија приказната, се надевам нема да расипат нешто сосем на крајот во овие две последни епизоди.
    Сем со кого ќе остане?
    Вајолет ќе си умре сама и безнадежна, напорна и кенкава?
    А Шелдон?

    Наоми ќе се врати во последната епизода, се надевам нема да им текне брилијантната идеја пак да ги состават со Сем, зашто ќе биде премногу шпанско серииче.
    :D
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Се гледа крајот веќе.
    Мислам дека Сем ќе си остане со Стефани, глупаво е да се врати Наоми, па ај пак да прават нешто, башка не можат во една епизода се да сместат. Мило ми е за Адисон и за Шарлот, што се не претурка сиромашката сезонава, леле кога и го вртеше внатре бебето. :x Се исплашив да ви кажам право.
    Одличен е дечкото на Амелија, баш си одговараат, редно и она малку да проживее.
    Само се надевам дека и Шелдон добро ќе помине. А Вајолет... Сама ќе си остане, така и е најдобро. Може само ќе наговестат дека ќе има нешто со тој од книжарата.
     
    На mona.s му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    Мислам дека Сем ке остани со сестра та...а се надевам дека Шелодон нема да умри оти најдобар е од сите нема да е фер...
    Наоми ке се врати лелел ич ја нејкам неа...и мене Вајлет многу ме нервира само изводи нешто цело време ке си пиши книга изгледа :)
     
  18. Masnickaaa

    Masnickaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    897
    Пол:
    Женски
    Јас премногу се навлеков на серијава, ми стана една од омилените. Жал ми е што ќе заврши :( :(
     
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Happy ending`s all around :)

    Малку плачев, малку се смеев, убаво ја заокружија приказната.
    Мене пак баш ми се допадна како на крајот пак ги споија Сам и Ноеми а пак и бебето во приказната :inlove: тие си беа еден за друг, soulmates.
    Вајолет од секогаш ужасно ме нервираше со таа неуротичност и воопшто не ми влеваше доверба како добар психотерапеут, повеќе ми беше како нејзе да и требаше цело време психотерапеут, изгубен и сувишен лик.
    Дечкото на Амелија :l: :l: :l: супер спарени ликови :P
    Адисон конечно среќна со Џејк и бејби Хенри :)
    Шарлот и Купер ми беа омилени и баш смешно ми беше како се снаоѓаше Купер во улогата на stay at home dad :lol:
    Шелдон срцка, напушти се за да биде со Миранда :clap:

    Убава серија, убав крај.
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Крајот е тука. :)
    Многу емоции и малку солзи на последната епизода.
    Едисон напредуваше и се изгради мислам најмногу како лик, покрај Шарлот.
    Кога за првпат се појави во Grey's Anatomy, во првичната сцена мислев дека е разгалена и егоцентрична залудена кариеристка и материјалистка, ама е толку женствена, добра, емотивна и пожртвувана.
    Вистински пример за една жена, просто прекрасен лик.
    Ќе ми недостига, дефинитивно.

    Романтично беше што ги споија Сем и Наоми, морам да признаам, иако жал ми падна за онаа Стефани.
    Не дека ми беше некој супер лик, ама ја разремети овој Сем, поштено.
    Жената си е сега истрауматизирана.

    Шелдон напушти се` да биде со љубовта на својот живот.
    Додека ѝ ги кажуваше сите тие работи на Миранда, е тогаш се расплакав.

    Вајолет остана со прст во уста, пардон, со нова книга в рака.
    Големо чудо.
    Беше и остана изгубен, напорен и лик без компас.
    И мило ми е што не ја споија со никого, впрочем, не знам како некој воопшто и би трпел таква покрај себе.

    Купер и Шарлот - сВе 5. :up:

    Едисон сепак мислам дека го доби најдобриот хепиенд.
    Совршен маж покрај себе и слатко бебенце.
    Се` што всушност посакуваше.

    Убава серија, на која со време ѝ досудија крај.
    Ќе ми недостига.
    :)