1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватна пракса (Private Practice)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Lovely, 5 декември 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Е ај не можеле се во една епизода да сместат, Наоми можеше да се породи, детето да порасне и да ја гледаме и неговата свадба. :D
    Инаку ми беше убава Наоми, па и мене ми е мило како на крај испаднаа работите. Жал ми беше најмногу за Шелдон и за Миранда.
    Интересна беше серијава, ама се согласувам дека е добро што на време и го ставија крајот, инаку ќе станеше бетер од шпанска серија.
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  2. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Стигнав до 16 еп од 5та сезона
    - кога умре Ерика и проблемите кои се десија со малиот и со бебето на Амелија
    Сакам да прашам дали со оваа сезона се става крај на серијалов?
    Или јас нешто погрешно сум сконтала?
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Не, не е тоа крајот, серијата има 6 сезони, последна е 13та епизода, имаш уште за гледање. :)
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  4. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Оваа серија е доказ зошто сакам да гледам повеќе серии од филмови
    Само што ја завршив можеби една од најдобрите серии што сум ги гледала до сега и сум полна со емоции.Некако не форсирав(не дека не ми беше интересна) но сакав секој ден да си гледам по една епизода.Последните 2 сезони стануваа дефинитивно се подобри и подобри и толку многу се зближив со ликовите што навистина ќе ми недостигаат.
    Алисон-Прекрасна жена, која што на изглед е совршена но свесна дека прави многу грешки во животот.И мене во Вовед во Анатомија не ми беше ништо посебно, имав впечаток дека се работи за богата, размазена прељубница која незнае што сака од животот.Во Приватна Пракса дефинитивно имаше многу подобра улога.Мислам дека им беше утка што ги споија со Сем, не ми беа воопшто пар и искрено мислам дека можеше да функционира многу добро со Пит бидејќи на почетокот така и почна, фрчеја искри меѓу нив.Но на крај се добро се заврши, Алисон и Џејк и бебенцето :clap:
    Дефинитивно и мене Вајлет ми е најнеомилен лик, не само карактерно туку и физички.Се трудев да и најдам некоја позитивна страна(освен тогаш кога се жртвуваше и само таа сакаше да ја задржи ќеркичката на Дел).Мислам дека не го заслужуваше Пит и си доби заслужен крај, сама и со нова книга.
    Дефинитивно нај пар ми се и мене Шарлот и Купер.Каков спој!На почетокот не им давав ни 5% дека ќе успеат а на крајот станаа најјаката двојка од сите.Шарлот навистина претрпе многу и заслужува да има таков маж покрај нејзе бидејќи е право срце.
    Сем и Наоми, ок, ми е мило дека на крај се заедно.
    Жал ми е за Шелдон бидејќи ќе остане без жената што ја засака но барем ги живее последните моменти со неа.
    Амелија иако на почетокот не ми се допадна, после тоа што и се случи со бебето навистина заслужуваше да има некој покрај нејзе кој што ќе и пружи љубов.
    Дефинитивно серијава ќе ми фали многу.Ти Благодарам Шонда (со мали исклучоци кога сакав да те задавам на нелогичните спојки и ситуации) и се надевам дека ќе направиш уште подобра серија
    Фала, пријатно! :D