Форумџика на годината

Приватни болници - перална за пари или корист за граѓаните?!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lilit, 12 јануари 2025.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.239
    Допаѓања:
    157.294
    Бидејќи се разврза дискусија па да продолжиме тука.

    Приватните болници полека, но сигурно се издигнаа како избор број еден за граѓаните кои можат да си ги дозволат нивните услуги. Од друга страна државните на сметка на тоа пропаѓаат - опремата, зградите и персоналот заминува, иако имајќи го предвид нашиот стандард сепак голем дел од граѓаните се нивни коросници и заслужуваат сериозна здравствена заштита.

    Во овој легален криминал се јавуваат како протагонист во улога на "спасител" осигурителните компании иако со нив на крај е "више дара, него масло". Треба да развиеш шема и да влезеш во "криминал", за да добиеш нешто - дегутантно е.

    Додека сопствениците на приватните болници ги полнат своите џебови, и самите ќе го направиме здравствениот систем како Американскиот, граѓаните умираат. Истовремено, Косово ужива можност за бесплатно лечење во нив (односно во Систина), и за свои пари, услугата станува идентична како некогаш во државните болници.

    Од друга страна знаеме за сопственик на болница кој е криминалец и во нормална држава ќе беше поинаква приказна. А по кулоарите се шушка дека токму тој со тогашната влада му го смести скандалот на Жан, што на крај отиде на штета на граѓаните. Како? Операциите на фонд им ги ограничија на месечно ниво, па мораа да одат во фамозната Систина.

    Каде е грешката?
    Дали комплексот на сиромаштија превргна и ја зголемивме побарувачката, па со тоа и се зголеми потребата од доктори кои пребегнаа од државните во приватните?
    Дали треба законот да се промени и да направи некакви услови и ограничувања каде што болниците не може да имаат статус на бизниси, туку на болници како што и треба?
    Какви искуства имате со приватните болници? Кои доктори се навистина вредни за сумата?
    Дали сметате дека било која минорна интервенција или преглед заслужува преглед на приватно, што уште повеќе го зголемува проблемот со јакнење на приватните болници?
    Колкави се платите на докторите во приватните болници и дали сметате дека се реални?
    Тие што живеете во странство, споделете како изгледа здравството таму, приватни вс. државни?
     
    На azelea, Amelia, NoirSerpentine и 7 други им се допаѓа ова.
  2. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.174
    Допаѓања:
    1.664
    Пол:
    Машки
    На Candice.S му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.239
    Допаѓања:
    157.294
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.087
    Пол:
    Женски
    Темава нема потреба да е за споредување, како таа погоре, може да се дискутира чисто од аспект на приватните болници, добро е поставен воведот, така што нема потреба да се меша со другата тема.
     
    На happygirl, daylight, Lilit и 2 други им се допаѓа ова.
  5. ThrinaMist

    ThrinaMist Нов член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2025
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Искуството од приватните болници - те вртат и те испитуваат до максимум додека можат да ти земат пари. Откако доволно ќе наземат пари - тогаш ќе добиеш дијагноза.
    Те гледаат во пари. Те гледаат како бизнис.
    За жал иако секој месец се одавам од пари за придонеси државното здравство ретко кога сум го користела заради неможноста од тоа да чекам за термин. Најчесто сум имала итни случаеви.
    Тешки криминали се водат во државава во секој аспект, а особено во здравството

    Во систина само добар ден да кажеш ти е минимум 5000 денари, за сѐ дополнително цените одат нагоре. Страшни цени во однос на стандардот во државава, но кога човек е на мака и кога се работи за здравје некогаш нема друг избор

    Има и случаеви каде луѓе остануваат и без пари и без здравје.
    На моја кожа моментално го искусувам делумно тоа.
     
    Последна измена: 13 јануари 2025
    На piglet1, LiquidLuna, Amelia и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    436
    Приватните болници стануваат норма во последно време и тоа нормално од немајкаде, не дека многу уживаат граѓаните да фрлат пари за еден обичен преглед.
    Фактот е и дека едното повлекува друго, ради немање термини и услови се оди на приватно, ради приватното докторите креваат рака и не се замараат.
    Не знам како е во другите градови, ете ќе зборам од лично искуство за Битола.
    Останав бремена и иако имам приватно осигурување, има ограничена сума која што можеш да ја искористиш, па планирав да си ја водам бременоста кај матична, а главните скрининзи и пораѓај во Плодност. Сметам дека нема и нешто лошо кога веќе имам приватно осигурување (преку фирма), да не го искористам. Ама првите прегледи кај матична, толкава незаинтересираност као ете има срцева реакција, не можам да ти вадам сликичка од ехо, сликај со телефон, носи си епрувети за брисеви и сл., до ако се пораѓаш Плодност што не си ги направиш таму брисевите, ајде не се жали дека боли, како ќе раѓаш и едноставно не се чувствуваш како човек.
    Плодност услови и услуга супер, ама пак редици и редици, чекаш по саат- два, а со закажан термин и еден преглед кошта 2000ден. без разлика дали ќе си 5 мин. или пола саат, без разлика дали си дошол ради болки и контрола. Значи и приватниве полека се претвораат во државно со оглед на чекање и гужви, ама цената скапо си ја плаќаме. Таму продолжив да ја водам цела бременост, кај матичната земав само упати за крвна слика и носев извештаи што и самата го преферерираше повеќе. За рок од 9 месеци до прва контрола по пораѓај цената на редовен преглед се крена од 1800 на 2500 ден., цената на пораѓај од 82 илјади на 95 илјади. Тука дека има некоја регулација, не верувам, цени од ракав, не морат никому да се објаснуваат, додека има овци муабетот, ако не ти чини оди на државно.

    После пораѓај имав многу болки во нозете, матичната ми вели ортопед во Битола нема, оди во Ресен или Охрид. И треба да се закренам јас со новородено бебе по другите градови, ајде решив Жан Митрев ќе одам, тој е изборот во Битола. Во приватна болница докторот си пиеше кафе и се муабетеа со сестрата и прегледот се состоеше легни, крени една нога, крени друга нога, кај стега, имаш дискус хернија. Треба магнетна за да се потврди ама и да потврдиш, пошто доиш не можеш да примаш терапија, пробај акупунктура, ама има само во Скопје, има едни лепенки во аптека пробај со тоа ако не. 2000 ден. преглед за цели 5 минути, терапија не постоечка, однос како на пазар да сме, прашувам дали смеам да вежбам, може ќе ми помогне со болките, одговор - ај па ти многу време имаш.
    Fast forward преглед за бебе на колкови, го носев на државно на радиологија, преглед 2 минути, нема јадра, чао.
    Ортопед нема за целосен ортопедски преглед, во Жан Митрев доктор иди еднаш во месецот, поминавме таму, втор преглед месец ипол. Закажан преглед 3 недели унапред, цената во месец ипол од 1500 на 2500 ден., 2 дена пред преглед ми го откажаа, не иди докторот, нема замена. На државно нема термин за ехо, едвај се најде месец покасно.

    Заклучок - we are screwed either way, поготово во другите градови.

    Досега задоволна сум од државно за сите редовни прегледи за бебе, иако секогаш одам психички спремна дека ќе ми се испонашаат.
    Можеби сами сме криви што сами ја креваме побарувачката си тоа што одиме на приватно, ама ете кога се работи за здравје, оставаш принципи настрана и се крстиш да не биде нешто сериозно.

    Забегав малку од темата, можеби мислењето е повеќе за во другата тема, ама нејсе.
    Апсолутно не мислам дека не треба секој минорен проблем или преглед да се прави на приватно, ама некои работи не чекаат термин по 3 месеци, поготово ете кај бебиња кога има специфичен период кога се прават одредени прегледи, ама и воопшто.
    Мене ме интересира зошто во Битола има 3ца ортопеди и сите имаат само 3 дена во месецот на Мој термин, порано не можеш да закажеш затоа што термините излегуваат само за нареден месец и веќе се фатени. Што за граѓаните кои немаат начин да одат во други градови? И повеќето доктори всушност, не само ортопеди?
     
    Последна измена: 13 јануари 2025
    На Dust, Amelia, DoubleK и 8 други им се допаѓа ова.
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.998
    Допаѓања:
    32.320
    Пол:
    Женски
    Што би се рекло во зачаран круг сме. Ем криминалци им е дадено да водат нешто место да бидат во затвор ем ние како луѓе очекуваме премногу.
    Имам искуство со здравство во Велика Британија (подолго време) и Германија (еднаш ама многу вредно искуство). Во двете земји користев државно здравство освен приватен забар во Велика Британија (на државно немаше место). Во Велика Британија листите на чекање се долги, ama сите чекаат зашто приватното здравство е прескапо. Барем беше прескапо за луѓето со кои јас се дружев. Имав другар што почина бидејќи касно му дијагностицираа рак на коски (чекаше магнетна резонанца 9 месеци бидејќи не бил во ризична група за ништо на негови 35 години). Е сега нема лутење бидејќи нема некој да се пикне преку ред кога некој чека (а тоа е наш менталитет бидејќи не сакаме ич фрустрација и на крај пак сите фрустрирани). Во Германија чекавме 6 саати во чекална со болни деца од различни болести за крвна слика и ехо на колк/колено на дете. Сите чекаа по толку ама мирни глас не им се слушна, само ние одевме да прашуваме уште колку ќе чекаме. На крај ни објаснија дека едно ехо имаат и за хоспитализирани и за итни случаи па има ред (еден од хоспитализираните па еден од итните и така). Тие што чекаа со нас се чудеа како директно на Универзитетска Клиника сме отишле зашто дел од нив беа со деца со 10 дена температура па дури тогаш стигнале до Клиника за крвна слика. Како што ни објаснија немало опција приватно да се направи.
    Второ ние за се даваме поклони (и за арно и за лошо се носи барем кафе на докторот/сестрата) и така поттикнуваме корупција на мало (која потоа станува ѕвер што на крај над не јаде).
    Инаку приватното здравство е исто оптоварено зашто ние сами го оптоваруваме. Сами бираме ваму или таму. И пак немам трпение. Гледам и по мене. За детево на пример ако крене температура без матичната да ја прашам чекам ден/два па го носам на крвна слика која ја плаќам од џеб па дури потоа на преглед (со ова скратувам еден чекор - да не одам два пати кај матичната). За се сме сами виновни.
     
    На azelea, M&M, Victorian и 7 други им се допаѓа ова.
  8. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.823
    Пол:
    Женски
    Не сакам да плаќам за државно кога не го користам. Секој месец што ми земаат од плата е повеќе од доволно да си платам приватно. Ова ми е дупол трошок. Ако решиле да крадат нека терат кај сакат, нека одвојат придонесите од плата кој сака посебно да си ги поминува.

    Зошто здравствено и пензиско да не е по своја волја?
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.657
    Допаѓања:
    35.409
    Пол:
    Женски
    Државното здравство е систематски уништувано со години. Тешки криминали се во прашање и се тоа благодарение на ВМРО и крвникот ТодорОФФ (кој го „оправи„ и образованието) заедно со Мијалков и Камчев. Нормално, за пари! А, народот како што го дал господ, троа наивен и помодарски настроен, трчаше во Систина, оти таму „најдобри„ лекари се, а другиве што се лечеа во државно, беа гревови.
    Епа, ако ни е!!!
    Јас до сега успешно во широк круг ги заобиколувам приватниве болници. До кога, ќе видиме :x Се надевам ќе ме служи здравјето мене и моите блиски, па да не морам да се акам по тие врати.
     
    На Mother of 2boys, piglet1, referentka и 12 други им се допаѓа ова.
  10. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    19.957
    Пол:
    Женски
    И токму тие сметам дека во голема мера придонесоа за дополнително зголемување на цените, зошто во многу приватни компании се нудат овие пакети за вработените. Не дека не знам колку е покриено, но сепак имаат влијание на цените. Исто како и договорите со Косово, кои накрај негативно ќе се одразат кон тие што немаат приватно, па и на тие што имаат, кога треба нешто позначајно.

    Да, на добар пат сме кон тоа, за жал.

    Како и за се друго, во тоа што никој не размислува државнички, секој гледа да си го реши индивидуално проблемот. Грешката е секако целосно системска. За државно требаат врски, ваму пари. Значи време или пари. Секогаш е изборот помеѓу нив две. И подобри услови во приватните, па ќе стегни заби и човек што нема многу пари и за здравје и човечки третман ќе оди на приватна. А да, со тек на време на толку мн пациенти, почнуваат и тие да наликуваат на државни болници, само убаво уредени.

    Апсолутно, ама тоа кај нас тешко. А и секаде во светот станува таков трендот.

    Реално, имам океј искуство засега. Брза и ефикасна услуга, убави услови, љубезен однос и од останатиот персонал (сестри, болничари).

    Сум налетала на многу коректен однос од одредени доктори, но исто така за одредени проблематики и таму е веќе како на лента. Не знам дали навистина не се посветува доволно внимание или дали некогаш едноставно толку се можностите на докторите во некои ситуации.

    Генерално кај сите ми смета што немаат посеопфатен пристап, во соработка со други специјалисти од области сродни со проблематиката на пациентот.

    Кои вредат за парите не знам стварно, секој со своето искуство. Ама еве конкретно Систина имаат одлични доктори.

    Кога човек прави операција, за најдобрите на државна треба веројатно врски или да се изначекаш, некогаш и пари, па полесно е некогаш да одиш на приватно, зошто таму секогаш исто така има некој што е меѓу најдобрите, ако не и најдобар. А факт е дека побрзо ќе завршиш работа. Иначе знам многу луѓе што биле кај добри доктори на државно и се стварно задоволни.

    Не мислам дека треба да е така. Токму ова сметам дека е една работа која може и треба да се смени. Барем за минорни работи не мора да се фрлаат непотребно пари и со тоа да им се зајакнува уште толку позицијата. А особено кога имаш приватно осигурување и за ситници одиш на приватно, зошто реално има поубави услови и ете така постепено се уништува државното здравство.

    Појма немам, а баш ме интересира :). Знам колку се во Германија, и ако овие во Систина што се набројаа во другата тема се точни, тогаш се скоро исти. Правам муабет за првичната сума, не за таа од 30 000 евра :). Секако дека се и на процент, што нели, дополнително влијае на советите што ги добиваме. Иако мора да сум искрена дека лично мене досега не ми била наметната/сугестирана непотребна интервенција.

    Германија конкретно, има задолжително (кое го имаат најголем број од луѓето) и приватно здравствено осигурување. Ако имаш приватно осигурување добиваш мн побрзо термини, може да си го бираш сам докторот специјалист. За да имаш можност за такво осигурување треба да земаш плата над одредена сума, ама не секој што зема се одлучува да го има, зошто има и многу недостатоци споредено со задолжителното. Пример ако имаш некои предиспозиции плаќаш повисока сума, баш како кај нас во осигурителните компании.

    Мислам дека скоро сите болници се приватни или пак од некои непрофитни организации. Не знам како е точно, ама скоро секаде може да одиш со тоа задолжителното осигурување. Во последно време ми се случува некаде да ми кажат дека работат само со пациенти со приватно осигурување.

    Условите во болниците инаку секако се многу подобри отколку кај нас на државно, но не подобри отколку на приватните. Мене во Мкд ми е мн полесно да одам во приватна болница, отколку Германија да закажувам преку матичен и да чекам за термин. Како и да е, кога ќе влезиш еднаш во шема, се оди мн побрзо.

    Сума сумарум, мислам дека е добро што ги има приватните, зошто ако нешто е итно, за пари, мн брзо се реагира. Ама ако државата продолжи да ги остави да регулираат цени само преку принципот на пазарот, ќе го јадеме сите и тоа јако. Забегаа начисто со цените и потребна е сериозна регулација. Ама мислам дека тоа во пракса нема да се реализира.
     
    Последна измена: 13 јануари 2025
    На M&M, Трагедијаупмм, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.239
    Допаѓања:
    157.294
    Бидејќи немаме висок стандард на живеење. Тогаш на голема врата го каниме Американскиот здравствен систем каде милиони луѓе немаат осигурување.
    Таквата пракса ќе ја зголеми побарувачката на полиси и ќе пораснат цените уште повеќе. Плус многу наивно од нас ако мислиме дека тие пари што ги даваме сега, би ги покриле цените на полисите.
    Не се согласувам со ова ама воопшто. Не сме доволно регулирана држава за да биде вака.
    Треба да работиме на тоа да го вратиме приматот на државните, а не да ги јакнеме приварните.
    Зошто не ги користиш услугите на државните болници?
     
    На Mother of 2boys, Chantal, azelea и 6 други им се допаѓа ова.
  12. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    720
    Допаѓања:
    11.577
    Истово и јас го мислам. Месечно од плата ми одземаат по 5200 ден за здравствено осигурување - чии услуги не ги користам. Да има опција да се откажам - веднаш би се откажала.
    12 месеци по 5200 = 62 800 ден, со тие пари ќе си плаќам приватно здравство.
    Државно не ни помислувам да идам за нешто посериозно. Освен една крвна слика и рецепт од матичен за антибиотик друго ништо не користам.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.998
    Допаѓања:
    32.320
    Пол:
    Женски
    @winnie02, @wendy2 ова што го заговарате е навистина лош систем каде што луѓе буквално ќе умираат по улици ако немаат да си платат. Не сакате да го имате Америчкиот систем верувајте. Зашто тек тогаш нема да може да има бирање. Колку ќе платиш толку ќе добиеш. Занете дека во Америка ако немаш соодветна полиса може да те избркаат од болница ама буквално. И ако имаш полиса а имаш нешто не дај боже поскапо тоа што пак го плаќаш од свој џеб е премногу.
    И со ова имам посредно искуство. Додека тетин ми беше во Амбулантна кола со ротација вклучена на тетка ми и рекле да сурфа на интернет во која болница да го носат според нивното осигурување за да може да го примат. А плус возењето со Амбуланта е исто нешто што се плаќа.
     
    На Mother of 2boys, mimiiiii, staycalm и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.212
    Допаѓања:
    8.696
    Пол:
    Женски
    Дечки, ние сме одамна тргнати кон систем на здравство каде ќе се лечат само тие што имаат пари. Не е ова од пред 5-10 години, ова е од моментот кога законски се дозволи приватизација на здраството.
    И не ќе биде- туку веќе Е така.
    Кога ќе дојде нож под грло ќе преживее тој што има пари. Во спротивно ќе си умре.

    Што се однесува до моето искуство со приватните установи можам да кажам дека сум одела за итни ситуации кога на државно не сум стигнувала ни до вратата на докторот. И сум платила иако сум била кнап со пари, ама не ги жалам од овој аспект. Добив преглед, дијагноза (со нагласено 99% точност) и соодветна терапија што ја почнав да ја пијам истиот ден. Дури ми напомена докторот дека за 100% сигурност за дијагнозата би требало да се прави уште еден тест ама нема потреба од него. Тоа е таа ситуација кога може да те ошурат дополнително ако сакаат. Се излечив и тоа без трајни последици, кои можеа да бидат и до ден денес да сум со последици.
    Некои дијагностики и не се скапи, навистина не вреди чекањето на државно за нив. (Да не зборам за недостатокот на материјали, недостатокот на (стручен)кадар и сл. на државно, заради кои може и да не завршиш работа, така да џабе што е поефтино).
    Сум чекала со машко бебе во мајчин дом на преглед со 50 души во чекална за да ми каже супер е ама продолжи со широк повој (цело лето до наредна контрола). Додека на приватен му го тргна повојот одма, со напомена дека стои со свој потпис на дадениот наод и е целосно одговорен кога тој наод вели дека не треба широк повој.
    Зборот ми е дека не се сите доктори во приватните установи само за заработка.
    Кај многу од нив сум сретнала одговорност за здравјето на пациентот и грижа каква што треба.
    Со првото дете одев на приватен гинеколог и откако се породив (во државна болница), се приспитував дали вредеше да се дадат толку пари. Во државната болница докторите ми велеа за некои нејзини одлуки и терапии дека се непотребни, ми јадеа трици да ми извините на збор.
    Ама кога се породив сите бебиња во собата примаа антибиотик заради инфекција, моето не примаше. Така да не биле нејзините превентивни мерки без потреба и само за пари...
    На приватно одговорноста зад дадената терапија и дијагноза се сфаќа многу посериозно, тоа е мојот впечаток.

    Секако има и исклучоци и бизнис.
    Во Ковидот беше многу матно на пр.
    Се хоспитализираа и болни од ковид и оние што беа болни од нешто друго на плуќа, демек суспектни на ковид па ајде во ист оддел. Ако не преживее, секако ќе се брои како ковид пациент. Ова на татко ми му се има случено. Оди со негативни два теста на ковид и докторката му вика - не им верувам на тестовите. Ако сакаш да ти дадам антибиотик не може дома, мора тука да се лечиш. На одделение со суспектни на ковид. Среќа па реши да не оди татко ми. После некоја недела од најобичен пнеумослајд виде дека има друга бактерија што дава слични симптоми како ковид. Се излечи дома со антибиотици. Тоа е чиста непрофесионалност и само бизнис. Зошто огромни беа сумите за да лежиш.

    И на пластика на приватните го има тоа - прави една козметичка операција и пошто пациентот е спремен да оди понатаму, му го пуштаат црвот со муабетот при контрола - супер ти е тоа, па ако сакаш понатаму може да направиме и да средиме и ова, ова и ова и ќе бидеш КОМПЛЕТ...Веројатноста или подобро познавањето на човечката психологија е искористено - т.е ако дошол еднаш ќе дојде и друг пат, па нека дојде бар пак кај нас. Додека не се осеќа комплетно.
     
    На azelea, CameliaMiller, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.055
    Пол:
    Женски
    Летово, за жал, имав прилика да го искусам и државниот и приватниот здравствен систем. За државното здравство, можам да го кажам најлошото. Недостатокот на професионалност кај вработените, недостатокот на специјалисти и застарената или целосно отсутна медицинска опрема го прават секое искуство повеќе борба, отколку вистинска грижа за здравјето.

    На крајот, од самата државна клиника, бевме советувани да се обратиме во Систина. Оти замислете сега ова, единствениот доктор во Македонија кој е квалификуван да ја изврши таа специфична операција, значи единствениот, секако дека е таму.

    Кариерата ја започнал во државно здравство, бил обучуван и усовршуван преку специјализации во странски земји. Ама, поради неспособноста на државниот систем да му обезбеди соодветна апаратура за работа и услови за напредување, нормално дека преминал во приватно.
    Во неуспехот на државата да го одржи и реформира државниот здравствен систем. Недостатокот на инвестиции во опрема, кадар и објекти создава празнина што приватните болници ја пополнуваат, ама по многу висока цена. Корупцијата, неефикасното регулирање и отсуството на прецизни политики за развој на здравството, дополнително го влошуваат проблемот.
    Во голема мера. Слабото ниво на услуги во државните болници ги тера луѓето да бараат решение во приватното здравство, дури и кога тоа е финансиски тешко. Комплексот на сиромаштија и недостатокот на доверба во државниот систем, ги туркаат луѓето да ги надминат сопствените финансиски можности, плаќајќи премногу за услуга која треба да биде основно право, а не луксуз.
    Апсолутно. Приватните болници треба да се регулираат како болници, а не како профитабилни компании. Законот треба да постави ограничувања на цените, транспарентност и да гарантира барем минимално ниво на услуги во државните болници за да се избегне потполна комерцијализација на здравството.
    Можам да зборувам од сопствено искуство. Имам позитивно искуство од Систина. Од самиот прием, па се до завршувањето на третманот. Персоналот беше професионален, љубезен и внимателен. Услугата беше брза и добро организирана, а условите и опремата, секако на високо ниво. Докторите покажаа посветеност и стручност, што ми даде чувство на сигурност и доверба. Што сметам дека е многу важно за релацијата доктор-пациент.

    Тоа што најмногу ми остави впечаток беше грижата за пациентот и индивидуалниот пристап, што ретко може да се доживее во државно здравство. Ова за мене, апсолутно го оправдува изборот на приватна здравствена установа. Сепак, тешко ми е да ги оправдам високите цени за услуги што треба да бидат достапни за сите. Можеби е важно да напоменам тука, дека од Систина бевме советувани, за хемо да идеме на државна клиника. За конкретната дијагноза, ни кажаа таму биле подобри докторите.

    Е сега, вредноста на докторите во приватните, зависи од индивидуалното искуство, ама не мислам дека високата сума секогаш гарантира врвна грижа.
    Не, но поради неефикасноста на државниот систем, граѓаните се приморани да се свртат кон приватни болници дури и за основни интервенции. Ова дополнително ги слабее државните и го зајакнува приватниот сектор.
    Претпоставувам дека се значително повисоки отколку во државните. Иако тоа ги мотивира докторите да останат во земјата, платите не секогаш се во корелација со квалитетот на услугата. Регулирањето на платите и условите за работа може да создаде подобар баланс.
    Живеам во Германија и тука постои баланс помеѓу државното и приватното здравство. Државните болници нудат квалитетни услуги, а приватните се луксузна опција и не се неминовна потреба. Осигурувањето покрива дел од трошоците и за двете, а пациентите не се соочуваат со огромни сметки, да речеме како во американскиот модел. И двете имаат свои предности и недостатоци. Но државното тука, е како приватното кај нас. И најдобрите специјалисти се секако во државни болници, универзитетски клиники.
     
    На Yowannty, flower55555, Chantal и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.212
    Допаѓања:
    8.696
    Пол:
    Женски
    Инаку, да не бидам разбрана погрешно од постот претходно. Има одлични доктори и на државна гинекологија, ама не можеш да ги бираш секогаш кај кого ќе бидеш.
    И во однос на неонаталното одделение сеуште тврдам дека се постручни и подобри од другите болници. Затоа и се пораѓав во државна болница - зошто ако има недај Боже некој голем проблем со здравјето на детето, знаев дека пак ќе не пратат на клиника.
    Гледам сеуште така прават..
     
    На Chantal и eliesaab им се допаѓа ова.
  17. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.090
    Допаѓања:
    55.803
    Пол:
    Женски
    Според мене приватно здравство не ни треба да постои воопшто. Моментот кога институции кои нудат услуги кон кои секој треба да има пристап стануваат приватни, тогаш тоа е чист бизнис, и те гледаат само од интерес за пари. Немај (доволно) пари и појди на приватно, тогаш не знам дали ќе го има тој љубезен однос и желба да ти помогнат.

    Но од друга страна, државниот здравствен систем ни е ужасен, и му треба реформи и тоа како. Треба да се стремиме да бараме подобрување на државниот здравствен систем, наместо да трчаме за сѐ на приватно. Реновирање, нова медицинска опрема, плати задоволителни за здравствените работници. Сепак тоа од наш џеб иди и заслужуваме да имаме здравствена грижа како што доликува.

    Со приватно здравство се лечи само оној кој има пари. А право на здравствена заштита треба да има секој, бидејќи тоа не треба да е луксуз. Не сакаме да го имаме америчкиот здравствен систем, иако работава повеќе оди натаму. Јас лично сум немала досега потреба (и фала богу) за да одам на приватно бидејќи на државно не можеле да ми завршат работа, но доволни ми се приказните од сите други кои врвеле и врват низ тоа.

    Грешката е во системот најмногу. Но и во луѓето што за секоја ситница одат на приватно, со што ја зголемуваат побарувачката. Незаинтересираност на државата да вложи повеќе во државниот здравствен систем, недостаток на реформи, корупција.
    Државно здравство е најдобро нешто, но само кога функционира како што треба.
     
    На Chantal, CameliaMiller, Lilit и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    169.437
    Пол:
    Женски
    На темава сум многу поделена, па не знаев од кај да почнам со коментар.

    Од старт јавното здравство треба да е фри, достапно, средено и да можи да се идентификува приоритет кога ситуација е сериозна. Оти нема смисла да сме со ист упат, јас да сум ок, ти очигледно да се виткаш од болка и пак да влезам прва.

    Термини кај нас за лек нема. Па есенва се шо ми беше итно бев приватно. И сега оти на ниво на недела крв провервам - одам приватно иако на државно буквално не ни доплаќам со дијагнозата оти ни ми се чека, ни ми се оди подалеку ни па ми се изложва на дупло поќе ризик.

    За почеток ко си најдов грутка, јас бев кај матичен и не можев да најдам термин за мамографија (потребен покрај ехо), логично, оти сум 1) под 30 и 2) немам фамилија историја. А, рак беше и имав индикација. Ако чекав државно ваљда и метастази ќе имав дур го најдев. Ајде ќе речиш само испитвања се, пошто хирургија скоро одма имаше термин државно. Ама се решив за приватно ради грижата пост оп шо во искуство на луѓе шо ги знам, неспоредлива е и грижата и хигиената на приватно со та на државно. Пак. Жално е дека ова е реалноста. Жално е дека државното е толку несигурно и лошо. А грижа за здравје е право на сите нас.

    Поентата ми е, ако јавното здравство беше квалитетно, приватното никогаш немаше да можи да си земи толку на сила. Да, можат колку сакат да ги пумпат цените и да се однесуват како шо сакат оти е приватен бизнис. Дали е етички да е така? Не вервам. Ама не е нешто шо можиме да протестираме и да го сменат. Един протест е да ги бојкотираме и да не одиме таму. То пак е невозможно зошто јавното здравство од старт не чини и немаме во шо да пребегаме. Да чинеше, никогаш приватните немаше да можат да си земат толку на "сила".

    Од страна на пациент, ако ми е итно секогаш себеси ќе се клам како приоритет и ќе одам приватно. И мислам дека нема реалност каде нема да сум покриена од приватно осигурување. Воедно ова ми остава кнедла в грло оти не носи многу блиску со здравствениот систем на Америка, кој ми е омразен. Пошто имаме фри јавно здравство. Само толку е нефункционално шо на крај добивме бизнис болници.
     
    На piglet1, staycalm, LiquidLuna и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.445
    Пол:
    Женски
    Ќе кажам нешто што ретко се спомнува, а тоа е дека еден од проблемите е и опсесијата со неколку истакнати лекари од секоја сфера кои веќе како да имаат изграден култ околу нив и не се дава никаква шанса на други.
    Ова го има и на државно и на приватно, ама баш зашто дел од овие што се сметаат за подобри имаат преминато во приватни болници, перцепцијата е таа дека вистинските професионалци се останати само на неколку места. Знам дека сите сакаме да го избереме најдоброто и за себе, ама на крај мојот впечаток е дека се' се сведува на тоа кој најдобро знае да се продаде и има изградена слика, додека подеднакво и повеќе стручни луѓе остануваат во сенка. Еден од проблемите е и баш тоа, избирањето специјалисти и тепањето за нив.

    Нормално дека кога во една болница се вртат милиони, цел персонал ќе биде екстра грижлив, нема да се распаѓаат кровови и сите апарати постојано беспрекорно ќе работат. Од друга страна државното здравство е смешно колку е ефтино и една од работите што мора да се направат според мене е да поскапи. Да, нека има бенефити за социјално загрозени луѓе, ама за сите други? Нека се качат цените. Не може за се' да се плаќа минимално и истовремено да е екстра.

    Фалат еден куп доктори, болниците во помали градови се хорор и се праќаат во Скопје, условите за работа крш, нешто ако се реновира, друго ќе се расипе и така во круг. Целосно разбирливо зошто сите пре би избрале да работат во приватните бидејќи исто ко што пациентите сакаат да бидат третирани како луѓе, така сака и персоналот.

    Во одењето во приватни болници има две страни.

    Од една страна, баш како последица на итност ама немање термини на државно, сакаш/неќеш ќе платиш приватно. Ако имаш уникатна состојба што ќе се нафати да ја третира само тој некој доктор што е исто на приватно, пак сакаш/неќеш ќе платиш. Ако сакаш комотност после операција, тука во секој случај приватна болница е подобриот избор. Ко што кажав и горе, нормално дека сите го сакаме најдоброто за себе кога се работи за здравје.
    Од друга страна луѓето одат и за најмала неитна работа фрлаат илјадници во Жан Митрев и Систина. Тука причината е некој вид плацебо ефект. Ако си бил на она што ти е врежано дека е "најдоброто" место, автоматски ќе се осеќаш подобро.
    Да не заборавам да го спомнам и суетниот момент на одреден тип луѓе - дека они не сакаат да се мешаат со се' и сешто во чекалните на државно. Лол.

    Доколку се вложува квалитетно во државното здравство и луѓето престанат да изедначуваат квалитет на доктор со тоа каде работи - пошто ние не сме земја кај што критериум за вработување се стручност и најдобро CV, туку врски - ќе се намали тој притисок во приватното и нема да наплаќаат 5000 за добар ден. А се' додека не е така, исто како и секој бизнис, и приватните болници ќе гледаат максимално да заработат. Се' си е причински - последично поврзано.
     
    Последна измена: 13 јануари 2025
    На staycalm, JoyJoy, Chantal и 13 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.767
    НЕ за укинување на солидарното здравствено осигурување.

    ДА за сериозни реформи во здравство, во фзом и во аврм.

    На многу места смрди, но има чаре. Самото здравство со асален министер и асални под него може да се среди да биде барем пристојно (баш никаде не е идеално), фондот многу убаво да се чешла (веќе почнаа, не им е гајле дали бараш или не работа, туку преку ујп на сметка дали ти легнуваат средства гледаат) - уште да ги подберат "невработените" што на црно работат, а за тоа им треба здружен труд со ујп и мвр.


    НЕ САКАТЕ да дојде ден да имаме амерички терк на осигурување. Овде да си најголем голтар и бездомник, нема да ти ја земат куќата што те лекувале, а не си платил партиципација. Седете си мадро.
     
    На mimiiiii, VDT2906, JoyJoy и 11 други им се допаѓа ова.