Приватна vs. Општа Болница? Инспирирана од слична тема во образованието, одлучив да ја отворам темава. Баш ме интересира како размислувате. Некој ќе рече дека џабе приватните болници постојат, сепак во општата болница се поискусни. Што вие мислете?
Приватна vs. Општа Болница? Ја мислам дека постручен кадар има во приватните болници,во државните примаат секакви и неписмени,и не се грижат за пацитентите.Додека во приватните ве гледаат како очите во глава,од проста причина што си плаќаш и си добиваш квалитетни здравствени услуги.Мислам дека повеќето ке се сложат со моето мислање
Приватна vs. Општа Болница? Мислиш? А од каде се дојдени лекарите во приватните болници? Од небо паднале? Кадарот е иста школа - барем сега за сега, сите учеле, завршиле, се труделе, специјализирале и се усовршувале на исто место, Државна болница (Клинички Центар во Скопје, како терциерна здравствена установа, со исклучоци) - и не држи вода муабетот дека лекарите во приватниот сектор се постручни. Секој што има шанса, од државно преминува во приватно. Зошто? Заради парите - и ништо повеќе. Не сум сретнала лекари кои ќе одбијат добра парична понуда затоа што факт е дека во државен сектор заработуваат многу малку. А ти се чини дека се постручни затоа што ти обрнуваат повеќе внимание - треба да те алат за тие пари што ги даваш таму
Приватна vs. Општа Болница? Во приватните не би рекла дека се постручни и повеќе знаат, само што подобро те третираат, како што рече Анатх, те мазат, те пазат, повеќе внимание ти обрнуваат. Во државните некако и не им е многу гајле, па те маткаат натаму-наваму. Ама затоа и си плаќаш. Исто така приватните се секогаш нови, чисти, реновирани.Државните се крш.
Приватна vs. Општа Болница? Бидејки веќе има и приватни општи болници мислам дека треба да се смени насловот во Приватна vs. Државна Болница... Сите знаеме што е добро , и сите сакаме да не мазат , пазат... Конкретно на тема породување искусив како е и во државна болница а и во приватна, и во мојот случај ( ннагласувам мојот бидејки имаат луѓе и подобри искуства)со истиот доктор кој се премести за време на мојата втора бременост во приватна можам да кажам дека за разлика од првиот пат искуството ми беше многу поубаво, и полесно поминав ( без компликациите кои едвај ми ги исконтролираа по првото породување )...Но, во смисла за квалитет на кадарот и во државните болници сеуште има квалитетни стручњаци , има и добра опрема, е сеа еден добар дел отидоа во приватно , па затоа има и доста млад кадар на некои од државните клиники... но за некои работи нема разлика приватно или државно па не би идела за обичен преглед да ги фрлам парите во приватно, бидејки како разведена мајка на две деца тоа не можам да си го дозволам а и да можам ако сметам дека советот ќе биде ист не би... Е сега во државново докторите можеби се пооптеретени со работа, кога и да сум отишла било лудница од гужви, народ од цела држава, и во сета таа гужва нели не може да очекуваме премногу внимание...а и мотивацијата им е помала.... Значи не можеме да генерализираме ... Реално некои клиники изгубија од квалитет на персонал но некои сеуште имаат најдобри доктори , а третманот и удобноста е таа која сеуште прави повеќе некаква разлика , тоа се плаќа , дај Боже таа разлика да се намали, односно да напреднеме во таа смисла а и сите да бидеме во можност да бираме каде сакаме да се лечиме, учиме и се во животот...
Приватна vs. Општа Болница? Да се сложувам со Анатх и Маја8, уште би додала дека секој добар лекар т.е специјалист примариус или што и да е по титула оперира/работи и во своја (немора да е лична туку кај некого) приватна ординација. ЗНачи ако сакаш да те тинтра некој и да не чекаш ред од неколку месеци оди си во негова приватна ординација/болница за која ќе си платиш, ако немаш чаре ќе чекаш во државна. Некои од нив држат и катедри на факс, значи буквално се растураат од работа за плата од државата а пак до некои не ни можеш да дојдеш единствено ако од петни жили не фатиш врски и дадеш мито. Во секој случај кој како се снајде и колку пари има.
Приватна vs. Општа Болница? Факт е дека има голем одлив на квалитетни лекари од државните во приватните болници, со што автоматски, квалитететот на здравствените услуги во јавното здравство се намалува. Но тоа е, се едуцирале на терет на државата, минале бројни обуки во странство и потоа ајт не ми чини државното ќе одам во приватно. Но, разликата во стручноста на кадарот е само еден елемент. Дотрајана апартура, долги листи на чекање за снимања во државните, наспроти современа апаратура и пристојни термини во приватните. Си плаќаш и молим лепо. А навременото снимање и дијагностика често може да е прашање на живот и смрт. Во приватните болници имаш чувство дека си третиран како човек. Удобен амбиент, хигиена, насмеани лица. Но, не дека тие се обдарени со повеќе хуманост, туку од наједноставна причина што те гледа низ призма на пари – и ништо повеќе. Така нељубезни и намќорести медицински сестри и лекари од државно, кога ќе преминат во приватно, не можат да ја симнат насмевката од лицето и се џанам мед им тече од устата. Море ни државни ни приватни, мразам болници, но кога се мора... Во првите бедно, немотивирано, во вториве само гледаат што поголема да ти биде сметката. Пред некое време ја носам свекрва ми во една приватна болница за очни болести. Фино прашувам колку чини преглед и консултација. Љубезно ми одговараат - 700 денари. Останувам во чекална додека свекрва ми се прегледува. На крај да платам – ми вели 2000 и кусур. Зошто, велам, нели беше 700. Е па, правено е плус ехо на очи, очно дно, ми реди таму.... Абе свекрва ми многу квалитетно истретирана беше, низа на дијагнози, стручни наоди, све фино, љубезно, културно. Но, и со чувство дека си е... во здрав мозок. Не за џабе рекле, да не се разболиш...
Приватна vs. Општа Болница? Ти изгледа не си била на некоја државна клиника затоа го имаш тоа мислење,секој има право да каже што мисли,незнам зошто те погоди мојов пост и зошто толку ароганција во него??? Сепак позз
Приватна vs. Општа Болница? vickyy90 еве јас ќе ти кажам - татко ми е вработен во Клинички Центар уште по дипломирањето, таму имал и пракса во текот на студирањето, таму работи со години. Голем дел од нивниот кадар, се префрли по приватните болници, најчесто Мегамед и Неуромедика. Заради пари или нешто друго, не е ни битно. Поентата е дека, газдите на приватните болници не си земале од странство вработени, туку ги земаат од државните клиники. Така што тоа дека „во државните работат нестручни“ не држи вода. Да не биле квалитетни, немало да ги земат.
Приватна vs. Општа Болница? Јас се породив на клиника и мн лошо поминав таму,стварно лошо искуство, па можеби затоа имам такво мислење за персоналот,можеби се постручни ама за понашање се нула. И да секако си одат од државни во приватни за парите,секој се бори за подобро и повеќе
Приватна vs. Општа Болница? Не знам кај ја виде ароганцијата во мојот пост. Јас барем сум била и државно и приватно и тоа не да се лекувам (фала му на Бога), туку медицинско лице сум по професија и знам како стојат работите во тој сектор. Ако ништо друго, барем за здравството знам. И во државно се породив, на ГАК и благодарение на стручноста на докторите во државниот сектор јас и мојот малечок сме дома, здрави и живи. Секако дека имаш право на свое мислење, само ти кажав дека тој многу стручен кадар во приватните болници дошол од државен сектор. И само изгледа дека се постручни, оти, како што кажав претходно, мора да те алат за тие пари што ги даваш таму. И ти самата го кажа тоа.
Приватна vs. Општа Болница? Најголемата мана на докторите од државните болници е тоа што и кога незнаат и неможат да изведат некоја операција не признаваат па секој соодветно да биде лекуван во странство .Од лично искуство знам дека повеќе во државна болница не влегувам , си поиграле со мене , со моето здравје , време и нерви .Сега треба одам во странство но кој ми ветува дека изгубеното време ќе се надохнади ? Ги презирам , ги вршат работите механички и ретко кој доктор е човечен во таа џунгла . Знам само еден таков доктор ама на крај и тој се откажа бидејќи немаат апаратура за посложени операциии ..ццццц
Јас сум против приватизација сметам дека здравството не треба да биде бизнис . Но со оглед на состојата на нашето јавно здравство ,многу граѓани се одлучуваат за приватно нели за здравје не се штеди. Ова особено е голем проблем во Америка , ама да ја оставиме неа далеку сме од американциве Кога таква професија се изедначува со бизнис нормално е дека ќе има повеќе интерес за парата бидејки нели вложил докторот таму и треба некако да се издржува. Нели подобра услуга ,пољубезн пероснал, поубави услови но секако си ги плаќаш дебело . Знам за случаи за непотребно маткање на пациенти и безброј прегледи со цел поголема заработка , посебно со тие фамозни лекови од странство конкретно мој познаник плати 50 евра за инекција која мислеше дека е од странство и само таа може да му помогне а всушност се работело за гарамицин која од аптека се купува за 8 денари . Ја читав темата за хпв гледам девојки се жалат на непотреби процедури и прегледи од приватните лекари . Или пак се нафаќаат за рутински прегледи исто и за Систина имам пример каде жена цела бременост одеше таму на пороѓај отиде таму и имаше компликации , иако имаа услови за да ја породат ја пратија во државна , нормално беше преплашена бидејки тој доктор и ја следеше цела бременост сега во 5 до 12 ја пратија на друго место , јас мислам дека тоа го направиле со цел да заштитат реноме и дека повеќе сакаат лесни случаеви .. Од овие приватни клиники можам да ја издвојам само клиниката на Жан Митрев како клиника која е прогресивна и се изведуваат сложени хирушки зафати . И не ме свакајте погрешно не се докторите во приватните клиники нестручни напротив ние имаме проблем што многу од врвните стручњаци ни бегаат во приватно незадоволни од условите ...Но кога парите ќе замешаат прсти сосем нормално е да има заматена перспектива и не ги осудувам (треба да платат даноци, плати,придонеси, инвестицијата да ја повратат и да заработат нормално ) .. И сега да ја свртиме другата страна од паричката , јавното здравство .. Сите сме свесни какви се условите повеќе од мизерни , редици , гужви стара апаратура, недоволен капицтет премалку лекари некои и нестручни .. Јас сметам дека треба да се инвестира токму во него , на државата и е многу полесно здравството да е приватно .. Ако може да се вложува во споменици може и во нови болници и нови апаратури и во човечки ресурси .. На јавното здравство треба да му се подигне квалитетот не сите можат да плаќаат огромни суми кога ќе се разболат ама сите заслужуваат еднаков третман .. Може ви заличи на монолог за ова имам уште многу да зборувам но ке се сопрам тука , би сакала да слушнам ваши мислења .
Се согласувам дека ако станува збор за приватно, само Филип Втори е болница во вистинска смисла на зборот. Се друго е чист бизнис. Во Филип Втори, за парите си го добиваш вистинскиот третман, лекарите се од странство и си го наплаќаат трудот, додека во другите области, конкретно за гинекологија, можеш само да излезеш со празен џеб, тоа е единствената разлика од јавното здравство. Сите професии по правило се хумани, медицината е само (треба да биде) најхумана професија, меѓутоа времињата се такви, материјални, па ни во медицината веќе ја нема таа хуманост што некогаш ја имала. Во врска со државното здравство, како маана е добро познатото мито, влегување преку ред со врски, и огромната гужва. Ама дека има стара апаратура и нестручен кадар е далеку од точно. Впрочем, не за џабе ги пратиле комплицираните случаи од Систина во државна, како што и сама кажа во воведниот пост. И државно и приватно се истите доктори, ги кажуваат истите лаги само за да соберат повеќе пари, ама барем државно нема толку да бидеш оштетен, и таа незаинтересираност од страна на докторите всушност некогаш може да ти спаси голема сума. Порано многу бев против државна, најпрво заради ниското хигиенско ниво, а после и третманот што го добиваш од страна на лекарот. Меѓутоа, во последно време толку збувна приватизацијата, што квалитетот е ист со единствена разлика, цената. Сум имала можност и да споредам, и услугата, барем за рутинските прегледи е тотално иста. Приватњаците си заработуваат на неиформираноста на народот. Понудуваат вакви или такви лекарства, ласери и не знам што, третмани кои може да се заменат за многу поефтини. Не дека државно нема такви случаи, ама се далеку по минимални. А и со новите апаратури, квалитетот е потполно ист, само што приватниот ќе го форсира ласерот наместо некој поконзервативен третман, колку да може да го исплати.
Јас имам позитивно искуство со приватното здравство. Никогаш не сум почувствувала дека сум праќана на непотребни испитувања, само за да ми земат повеќе пари. Напротив, имало многу пати кога не ми наплаќале прегледи, наместо преглед ми пишувале контрола, или ми ги пишувале само неопходните работи. Имало и случаи кога сум барала дополнителни испитувања (хипохондрик, што да се прави), а ми кажувале дека нема потреба. Можеби главната разлика е третманот од персоналот кој те негува, ама во одредени ситуации тоа било тоа што ми треба. Да го тргнеме породувањето на страна, имав операција на некоја чудна циста со цврсти делови, со големина на топка. Ми ја направија лапараскопски, тешка операција од 3 часа. После тоа мислев дека ќе умрам, не знам дали е такво чувството после секоја операција, ама многу ми значеше човечниот однос. На страна од ова, докторот во ниту еден момент не ми кажа дека морам да се оперирам кај нив. Ми кажа да не одам кај било кого - ми кажа 3 доктори во државава што ми ги препорачува, имаше меѓу нив и такви кои работат праватно, и државно, и ми рече јас да си одлучам. Дури ни тој не беше меѓу тие тројца, што особено ми се допадна- од познатата докторска суета ни трага, ни глас. Дури и кога му реков дека сум била кај „конкуренцијата“, ми рече - не се конкуренција, колеги се. Друг момент што ми оставил впечаток од моите пет лежења во приватна болница е што докторот поминуваше да ме види по неколку пати на ден, секој ден, па често дури и недела - иако не бил на смена. Државно што е право само со децата сум лежела, па искуствата ми се со нив, ама и таму ги имам, мислам дека 6 пати сум лежела со нив државно и еднаш приватно, ако не сум заборавила некое.. Искрено, задоволна сум од односот во детските болници или оддели, иако момент што посебно нервира е чекањето без да знаеш до кога. Отпусна листа, доктор, снимање, или не дај боже - да однесеш извадена крв во епрувета на хематологија. Е ова искуство беше врв. Крвта ја имав во 7.30 наутро, успеав да ја дадам во 12.55 - среќа, затоа што примаа до 13.00. Два пати бев - двата пати беше исто. Докторите се стручни и ваму и таму, ама односот е поразличен, а и одговорноста им се разликува. За хигиената и организацијата да не зборувам. Не ни завлегувам во теми како храна, бидејќи сум расчистила со тоа дека болница не е хотел. Да, цената се разликува, пресуден фактор дали некој би одбрал приватна или државна болница. Мислам дека примарното здравство се потсреди откако се приватизира. На стоматолог што е право последен пат сум била државно пред точно 18 години, а претходно државното верувајте беше страшно. На гинеколог само два пати сум била државно, иако со врски, се покајав. Жално е што за да се смени односот и организацијата не се неопходни пари. Дури верувам и дека за хигиена не се потребни којзнае колку пари, макар што и нашиов народ е прилично гнасен, што може веднаш да се заклучи ако влезеш во кој било јавен тоалет. И со парите кои јавното здравство ги има на располагање може да се направи многу повеќе од она сега што го има.
Грешка си ме сватила во врска со нестручноста , напротив мислам дека има многу стручни доктори во јавното здравство ама нели се наоѓа по некој примерок секаде . Токму тој случај го кажав затоа што женава даде многу пари за прегледи контроли а кога највеќе и требаше помош ја препратија во државно не знам колку биле стручни тамошните доктори да не зборувам на празно , но сепак мислам дека додека можеле да земаат пари земале а не сакале да се нафанат на случај кој може да тргне на лошо па да си уништат реноме ( во приватниот бизнис нели тоа е многу битно ) затоа сметам дека да се меша бизнис и здравство е лошо . Се имам изјаснето дека докторите во јавното здравство не се платени доволно ама тоа е друга тема ... А во државна што има гужви има , затоа сметам дека треба да се подигне и квалитетот во другите болници во државава не секој втор случај да го препраќаат во Скопје . Па ќе има турканици и незадоволни и некои кои не можат да чекаат и ќе ги истргнат парите на приватно . Има апаратура но треба инвестиции , може сега е сменето , јас кога бев пред 3-4 години на посета во нервно искрено ми се згади . И се согласувам со Ариел луксуз за во болница воопшто не е битен , не ме интересира мене дали ентериерот е вакава боја или таква форма само хигиена да е на високо ново ... Сепак се зависи од докторот каков ќе му биде односот но сепак мислам дека на приватно парите играат голема улога , а здравјето не е бизнис .
Колку само би зборувала на ова тема,ама еве накратко мое искуство и видување. Во приватното здравство сум имала прилично добро искуство.Подиректен пристап со пациентот ,повеке те слуша и уникатен однос доктор-пациент (што не значи дека е постручен).Единственото катастрофално искуство сум го имала во Свети Лазар,а баш спротивно мислев ќе имам подобар третман бидејќи нема гужва колку во Систина. Од моето искуство и лежење во јавно здравство мислам дека како прв проблем се јавува хигиената.Џабе тие лечат болни кога уште триста болести ќе навлечеш додека те пуштат.Мислам дека не е до пари,не можеш ти соба со 5 болни да ја исчистиш за 5 мин,згора на се ,испуштаат болни а постелината не се менува,кога го видов тоа верувајте ми се згади,што би рекол еден познаник здрав ке појдиш болен ке си дојдиш(од искуство валјда).Точно е не ти е потребен хотел,ти требаат само пристојни услови додека си во болница.Друго што докторот те посетува наутро и толку,наредното утро друг кој не те познава,и така во круг. Докторите се стручни,зависи каков ке ти падне,ако е поотворен можеш добро да поминеш.Гледам помладите некако се трудат повеке да ти обратат внимание,но има и од тие што не можеш ни А да ги прашаш,не пак муабет да си направиш.Друга работа е што можат со денови да те држат без да направат потребни испитувања наеднаш,замисли една ден земаат крв,друга ехо,трета друго испитувања,а ти чмаиш ли чмаиш,психата те отепува(додуша да не лажам мене дури трета ден ми земаа крв,не било хитно))). А за отпусна листа да не зборуваме.Три дена по ред одев да ја земам,а во неа верувале или не искуцани само два збора кои матичниот после не можеше да ги свати. Затоа,секој со искуството свое.Стручноста на државните лекари можеби е и повисока од таа на приватните,но убаво е кога лекарот ке ти се обрати со името твое,те запомнил и тебе и твојот проблем,го имаш неговиот мобилен да му се јавиш за било што,се консултирал со свои колеги да ти помогне,те опуштил малку пред се психички.И така си напнат се тресеш цел,ти треба пријателско лице. Мислам дека јавното здравство се поправа пополека,но пополека.
Нормално дека е убаво , ама кошта освен што си пациент првенствено си клиент . Ама не е изводливо консулатиции преку мобилен на некој доктор во јавно здравство што прегледува 100 тина пациенти, епа тогаш кај ќе му биде крајот .
Е не е изводливо,знаеме,ако ти било хитно нешто не можеш да исконтактираш.За коштање знаеме дека кошта и ме нервира што плакам повисоко здравствено осигурување а на крај пак завршувам на приватно и јас и мојата заштеда.Ајде јас помлада,ам кога чекавме со татко ми 5 часа без столче,страшно. Искрено не ми е битно дали некој ме третира и гледа како пациент или клиент,важно сум завршила работа. Треба да постои и јавно и приватно здравство токму од овие причини,конкуренцијата не е на одмет ,така и јавното здравство ке се унапредува.