Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни болници - перална за пари или корист за граѓаните?!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lilit, 12 јануари 2025.

  1. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    29.393
    Пол:
    Женски
    Факт е дека државно немаме функционално здравство, за жал. Мислам дека сите заслужуваме да имаме еднакви можности за лекување, ама реалноста не е така. Во итни и спефицични случаеви ако немаш пари, може и да ја немаш можноста да се избориш со болеста.

    Лични примери имам еден еден куп, ама ни приватно не е идеална услугата. Требаше итно, најитно да правам биопсија и да се оперирам. Ајде приватно ја направив биопсијата да не чекам, за операција државно ти вика има листа се чека, може за месец може за два, а може и за три. Докторката ти вика може само неколку дена да одложиме операција. И немаш опции, мораш приватно.

    Од искуството со операција приватно можам да кажам дека односот со хирург ми беше благо ужасен, џабе плаќаш толку пари, кога од шо праи по 10 операции у ден не знаеше да ми каже дали ми има извадено плус жлезди или не после операција. Ај се појави дури еднаш да ме види на 2 минути. Она што вреди од услугата е третманот од сестрите, она што на државна шанса нема да го искусиш ако немаш врски. После операција примав инфузии скоро без прекин 48 часа. Првите саати не бев подвижна и од инфузијата ми се мочаше нон стоп. Си титкаш на креветот и одма трча сестра да ти помогне што и да ти треба. На државно за жал бидејќи и таму сум имала операции, можеш да молиш и да вриштиш и никој да не дојде со саати.

    За прегледи бидејќи приватните не се признаени, мораш да одиш државно. Морав итно да одам на ендокринолог, брзо после операција. Ми дава матичната итен приоритетен упат пошто за на ендокринологија да фатиш редовен термин е лотарија. Одиш, има една докторка што работи со тие итни приоритетни упати. Стигнав сабајле во 7:40 веќе имаше 40 пациенти со бројче за кај неа. Докторката се појави во 10. Јас влегов на преглед во 15:30. Изживување и малтретирање, влагаш на преглед, ама нема преглед уствари туку ти дава упат прво за проверка на крв(која што не можеш дента да ја направиш зошто лабараторија работела до 14:00) треба да одиш друг ден, па да дојдеш за една недела со резултати за преглед, и ја чекаш пак истата голгота. И ем си болен и нефункционален, ем си измалтретиран максимум.

    Е затоа на приватните болници им цвета бизнисот, на маката на народот.
     
    На Mother of 2boys, strelec231992, Chantal и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.616
    Допаѓања:
    21.733
    Јас прво да прашам - дали сте нормални со тоа да се укине фондот и одземање од плата за придонеси?
    Дечки кога бевте деца, студенти, невработени од чии пари се лечевте, кога не сте работеле?
    Јас се лечев од тој фонд дур барав работа и вие од мојата плата ќе се лечите ако утре останете без работа. И затоа е ФОНД. Не е лична твоја заштеда. Ни јас не сум ги искористила сите пари што ми отишле за здравствено па ај да земам да се утепам.
    Каме јас еве за државна болница ќе пишам. Кога прашував за работа таму на едно место, еден ми рече - и да се вработиш, непријавена ќе бидеш барем 2-3 години ако не и више. А до душа и не ги интересираше да ми земат било каков контакт, ме набркаа оти не им требаат луѓе.
    Да, да се подберат ама нека се подберат и сите што вработуваат на договор на дело, особено во здравство. Мислам...чудно е чекај ќе ги чешламе овие што работат на црно а самата држава ги остава да работат така.
    *****
    Да продолжам.

    Јас за иста услуга во Систина и на друго место на приватно, сум платила апла различна сума, да не речам дупло во Систина. И ова зашто сакаат илјадници евра да земе доктор. Океј, у реду учел и све тоа ама мора да се прилагодиш на местото каде што си отворил болница. Некој од форумов еднаш имаше пишано дека млади лекари во Систина и Жан Митрев зимале 30000 почетна. Ајде бе? Овие не учеле? Значи до алчност е, не оти многу си ги ценат вработените.

    Инаку едно нешто што фали во државното здравство е долгорочно советување. Имаш некоја состојба, ти кажуваат вака и вака третирај и толку. Контрола не спомнуваат, што ако се повтори не знаеш, што треба да смениш во начин на живот не знаеш.
    Кога ги повредив окото, никој не ми спомна дека симптомите ќе ми траат со месеци, секој пат кога окото се суши (во спиење), рожницата дека може да напукне и да продолжи да пука и да доведе до инфекција, рекоа само недела дена и ќе оздрави. Е кога фати да ме боли пак, чаре побарав на приватен, оти ми требаше за одма, пред да фати инфекција. И одма си дознав што и како понатаму да го третирам. А ако чекав за државно термин, може и без око ќе останев.

    А од друга страна кога се оперирав, од персоналот бев презадоволна ама условите ужас. Да ме извините, не можеш да се исќењаш на раат оти нема капак, тоалетна, сапун и светло во веце. Таванот се лупи, ќебињата стари. Ама ае, три дена издржав.

    Не знам како би се регулирало приватното оти нели слободен пазар ова она, сами си бираат цени, освен уствари само да го средиме приватното.
    Во ковидот најмногу процветаа пошто ниедна клиника не ебаваше нековид пациенти. Значи пак ради државното.
     
    Последна измена: 13 јануари 2025
    На JoyJoy, azelea, fashion-addict и 4 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.091
    Една перспектива како бивша вработена во здравство, која си ја сакаше работата, но не ја работи повеќе поради очајните услови од двете страни (за вработени и за пациенти).
    И морам и политика да вмешам; иако лично јас не сум партиски определена, работев доволно долго (10 години) за да ги "осетам" двете партии на власт, со тоа што СДС уште беа на власт кога дадов отказ. Исто е важно да напоменам дека имав 0 врски за вработување, да речеме, среќа сум имала ете.

    Прво, здравството пред 10 години од денес беше во 10 пати подобра состојба од што е денес. Работев на хирургија и не ни се случуваа бизарни ситуации од типот на нема испирол, или да се расипе КТ и 6 месеци да не се поправи. Далеку од тоа дека сè функционираше подмачкано, но функционираше со расположливите ресурси како-така.
    Тој период докторите имаа и втора смена (логично, со нив и јас), но тоа траеше цела 1 година, малку подолго, после ја укинаа и работевме само 1 смена. Што е тотално глупаво, но нејсе.

    Моите замерки кон здравството и оној сегмент во кој јас лично работев (не можам да зборувам за сите болници, поликлиники итн.) е 1. Премалку доктори. Фондот за прегледи им беше преполн, екстра термини пуштав, иако логично на некој што чека со месеци не му изгледа така. Е ама, пошто е хирургија, докториве не работеа само амбуланта, туку имаа ден за свои операции, ден каде што се асистени на некого (99% се врши операција со асистент - специјалист, ако има расположлив специјализант и тој), еден ден за разни дијагностички интервенции, еден ден дежурство.
    Втор проблем е фанатизмот кон одредени доктори. Работев со еден кај кого НЕ Е НОРМАЛНО што се случуваше, имале, немале упат, доаѓаа од цела држава, а тој никого не враќаше. И ќе речеш на ова - браво, ама не размислуваш кој квалитет на услуга го добиваат сите 70 пациенти денес. 7 саати да ги работи без одмор, по 10 луѓе на саат се тоа. Помалку од 10 минути по човек. Ветеринар дупло повеќе по мачка обрнува внимание! А зборувам за луѓе кои доаѓаат за сериозни болести, за операции.

    2. Матични лекари. Има матични лекари кои се ЅВЕРОВИ, кои уствари практикуваат медицина, не се семафори за пренасочување. Ние немаме функционално примарно здравство, а тоа прави да се оптовари секундарното до неиздржливи граници. Не може за секое кивање, кашлање и на криво мочање без никакво испитување да закажеш пациент на специјалист. Не е потребно, не е нормално, истовремено на 4 места ги закажуваат, а не испитале баш ништо, ама што сè може да биде, пиши упат - преџи бриго другога. Не знам во кој универзум матичен лекар е океј да испрати пациент било каде без тој прво да го прегледа, без да има идеја воопшто што би можело да му биде за да го праќа. Така, троши време и на специјалистот, и на пациентот, а притоа троши и ресурси (да, мораме да бидеме поголеми домаќини со фондот) беспотребно. Речиси сите анализи може да ги направи матичен лекар, и секоја им чест на оние кои праќаа спремни пациенти, пошто специјалистов нема стаклена кугла па да види што ти е нели, секако ќе те прати на испитувања, значи сто чекори за едно исто нешто - матичен - специјалист - испитувања - специјалист - матичен. Кога доаѓале пациенти спремни со испитувања, специјалистов веќе има идеја што е направено и ни себе, ни на пациент не губи време во празен од. Но - матичниот да ПРЕГЛЕДАЛ, испитал - може немало ни да треба специјалист - можел и да излекува многу работи за кои доаѓале пациенти.
    Не може матичните лекари да ни служат само административно за кај ќе посакаме ние да не испраќаат.

    3. Непотребни испитувања и терапии. Никаде на планетава земја, а посебно не во добрите здравствени системи не постои произволно испитување (на државно). Оти јас сакам така, за секој случај, еве ќе си правам магнет на 6 месеци. Ми се може, имам врски де. Таа параноја доведува луѓе кои ИМААТ потреба да не можат на ред да стигнат, тоа е најстрашното, а секундарно повторно, трошиме ресурси кои ги НЕМАМЕ. Секое испитување е мала партиципација, но погледнете си на пресметката колку фондот плаќа на болницата. Никогаш не разбрав, не разбирам и нема да разберам хранење на хипохондрија, не е нормално и не е во ред.

    4. Мој термин - butchered. Со воведување на 3 типа на упати (редовен, приоритетен и итен) се направи таква калакурница, да не знам кој ја доби таа брилијантна идеја. Ај термин, приоритетен океј, ама итен - па ако е некој итен постои ургентен центар, што побогу бара итен пациент меѓу редовниве?
    Второ, не може за секоја можна дијагноза да се дава такви упати, да не се замара матичен нели, нема термини па ајде, јас ќе му дадам штогод, нека крши глава пациент нека се расправа во болница. После ги враќале, епа еве не знам како да не се вратени тие што не се вистински итни, просек по доктор беше меѓу 50-80 на ден. Како е возможно да ги прими сите? Да ги прегледа? Еве ако знае некој нека ми каже.

    Да се прашував јас ќе мавав по џеб на секој матичен што пратил пациент "итен" ама уствари редовна ГОДИШНА контрола, која е тотално небитно дали е точно на месецот, месец порано или 2 месеци покасно. Или праќа некој оти го печело мочањето "итен" (а ни обична уринокултура нема направено, за кој к*р го праќаш), и заедно со некој со напад на бубрег чекаат. Секако дека првиот ќе остане последен, ако и тогаш.

    5. Мито и врски. НЕ, НЕ ТРЕБА ДА ЧАСТИТЕ НИКОГО. Ни кафе, ни ништо. А не да доктор за породување цели теми имаме што му се купува. НИШТО Е ОДГОВОРОТ. Ни за операција, ни за ништо. За поголеми плати и јас ќе ги поддржам, за поклони НЕ. Не се тие криви колку што нас ни е "култура" таквото дебилно однесување.

    6. Вработени дегенерици. Имав колеги и колешки вакви, делумно не можев меѓу нив веќе. Тој степен на немање емпатија кон друго суштество е патолошки, а овие не се малку. Да, премалку се платени сите, и јас бев премалку платена, ете затоа ме нема. Ама не ми беше рандом пациент крив за тоа па на него да истурам фрустрации. Сериозно ми е гордост што тој стаж ми заврши без да земам 1 денар мито и без да имам никаков конфликт со пациенти. Нормално, секакви пациенти има, ама тие не дошле за мене и немаат лично против мене, па не дозволував секакви испади мене да ме испровоцираат.

    7. Ај што нема болници и лекари надвор од Скопје, и тие што ги има не се користат. Сè додека не се ограничи да не може да се даде упат од пример Велес за Скопје (градска во градска болница), доколку има за нештото специјалист, ќе биде Скопје хаос, а не болница.

    8. Гомна, гниди (читај случај УКРО). Тоа постои и тоа треба во затвор.

    Имам уште многу, ама се уморив. Мака ми е, си ја сакав работата, си ги сакав пациентите. А од личен принцип не прејдов во приватна болница, туку во сосема друг сектор.
     
    На Mandela, baguf4e, *Explorer* и 29 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.091
    @Munchmallow20 не мислев на ситуации како твојата, има луѓе се водат како невработени, а цели бизниси на црно тераат. Посебно меѓу Албанците.
     
    На Lilit и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.329
    А за приватните знаете и зошто цветаат?
    Колку шо има шо не сакаат да идат на лекар и се лечат сами, толу владее и хипохондрија. Ме боли мал прст? Ало, ако може преглед? Нема проблем, повели термин. Зошто не оди и тоа преку матичен? Ок, нека има поише термини, сакаш побрзо, сакаш таму, нема проблем, ама матичен ќе провери дали си за на специјалист.
    Сега со приватното здравствено па колку небулози има. Човек со реална мака нема право да користи ради хронична или претходна состојба, ама затоа овие со измислените - МРИ, гастроскопии, ма што не, за она... Акутно нешто го "заболело".
    Даклем... перална за пари
     
    На Трагедијаупмм, JoyJoy, andrejko82 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.091
    Ова ме потсети на една ситуација во која не бев ниту вработена, ниту пациент, имаше сообраќајка и дечкото од мотор падна, најмалку од сите повреден беше, но се најдов таму и да не чека и тој Брза Помош пошто имаше повеќе повредени и нив прво ги носеа, го качив во кола и го однесов на клиника на ургентен.
    И додека си чекам така, доаѓа Брза Помош, со сирени, ротација - тоа служи за кога некому ЖИВОТОТ му е загрозен. Чим доаѓа така комбе и персоналот одма реагира бидејќи можеби треба реанимација итн. Од комбето искача маж, значи сам искача од позади, лабаво влага во УЦ. Трчаат сестриве накај него, да видат што му е, тој покажува замотана рака во газа крвава. Ај одма го примаат нели...

    ИСЕКОЛ ПРСТ. Значи не да го исекол да му виси да го спојат, сецкал дома нешто и си го дупнал прстот. Најтрагично? Не се сеќавам бидејќи беше многу одамна, не беше од Скопје пациентот. И како и да е, видов сестриве дека на криво го гледаат, доаѓа дежурен пластичен хирург (ги брифираа меѓувремено дека немале таму пластичен хирург, во градот). Го прегледува пластичниов хирург и не може да си поверува дека со ротации пола држава ја поминале за прстов, зема да го прашува зошто не го сошиле таму во таа нивната болница, овој вика ме праќаат оти не знаел хирургот да ме сошие. (!!!!!!!!). Почна да инсистира малку докторов, вика ај да видам кој колега е дежурен, одма ќе го пријавам дека не знае 3 кончиња да сошие, ранава твоја матичен доктор мора да знае да ја сошие, а не хирург, каков е тој доктор ова да не го знае. И на крај испадна пациентов таму правел драми, тој барал за Скопје да оди, фаќал врски, се заканувал, оти ПАЗИ - страв му било да не му се парализира прстот. Б О Ж Е.

    И докторов мислам тука пукна, му вика добро, таму имате ЕДНА брза помош, додека јас се заебавам со твојов прст некој инфаркт има немаат како да го донесат, сите ќе ве пријавам пошто ова не е нормално.

    Да, некогаш и до нас е. Не може да биде "ќеиф" здравството. Баш во право си со тоа за сè што ќе ми прдне ќе притрчам на лекар, хипохондрична нација сме.

    Не ми се ни почнува за антибиотици да зборам, уште малку супербактериите ќе ни станат домашни миленици, за сè живо "за секој случај" лапај атб.
     
    На baguf4e, *Explorer*, Трагедијаупмм и 18 други им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.329
    И се е под изговор "за здравје пари не штедам, ја да си проверам".
    А реално, многу феминки пишуваат слични ситуации и во др.држави, ама не... ние курчот и во Систина.
    Не можам да го преболам моментот на слики од инфузија, цак таг на локација - оп Систина. Зошто е престиж тоа?
     
    На Трагедијаупмм, Ahoy, JoyJoy и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.573
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно перална за пари корист имаат само вработените. Квалитетен кадар исто немаат којзнае што. Секоја чест на исклучоци ама и тие за пари се таму. Никакви заклетви не важат. Се е мафија. Кој знае што имаат работено да стигнат до таа пара.
     
    На Трагедијаупмм, Anyshka, andrejko82 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.015
    Ми е страв да читам вакви теми. Не дај боже да се разболиш, готов си. Во државно термин нема, во приватно сите пари ќе треба да си ги дадеш и прашање е дали ќе се спасиш. А секој месец плаќаме здравствено, за што? За да нема термин или прв термин е по 3 месеци. Здравството е дно.
     
    На Anyshka, Cosmic Girl, ThrinaMist и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.829
    Пол:
    Женски
    Пробувам.
    1. Нема реагенси
    2. Нема термини
    3. Не познавам гинеколог кој не наплаќа преглед.

    Зошто кажав да не се плаќа здравствено? Затоа што поголема контрола на средствата да се воведе е мисловна именка. Ќе продолжиме да си плаќаме, како со години, а уште повеќе ќе тоне. Плати не можат да исплатат на одредени болници, а не пак друг материјал.

    Партиски кадар не доаѓа на работа за плата, доаѓа за бенефит.
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.329
    Можеби подобра контрола и реорганизација, ама целосно неплаќање ќе е катаклизмично. Тогаш ни тие што сега можат да си дозволат така да плаќаат, нема да можат.
     
    На andrejko82, crimson, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  12. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    571
    Допаѓања:
    1.145
    затоа што не даваат државни специјализации.Од сите апликанти ( 100 апликанти даваат 5 специјалицации државни по нивни избор). Останатите ако сакаат приватно -и ретко кој може да си дозволи.ова го кажувам од со 100 % точност
     
    На andrejko82 и Hinebrra им се допаѓа ова.
  13. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.902
    Допаѓања:
    5.738
    Пол:
    Машки
    5 пати ме вратија скоро и кога ги прашувам што е проблемот, креваат раменици. А уствари немаат реагенси.

    Државна болница да нема реагенси. (facepalm)
    Си отидов на приватно и одма ми извадија резултати, а на клиника 5 пати се враќав да правам испитување. :@

    Зеленортска Република има подобро здравство од нас. :|
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    535
    Апсолутно е и голем дефицитот на доктори, ете можеби јас не знам како функционира точно, ама каде се тие 3ца доктори останатиот дел од месецот? Дежурства? Колку пати се дежурни во месецот?
     
  15. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    571
    Допаѓања:
    1.145
    овде има plot twist - двапати НЕДЕЛНО се дежурни.без да му биди платено на тие од други градови а на тие од СК и редовни им е платено.и тоа билда фрустрација.останатото време нонстоп на клиника.Останатите кои нема да добијат државни специјализации и неможат да си дозволат приватни, мигрираат странство.....[/QUOTE]
     
    На Hinebrra му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.091
    Зависи колку специјалисти има. Овие со кои јас работев во просек имаа 3-4 дежурства месечно, а рачунај дека секако со закон мора да имаат 48 часа непрекинат одмор, како и сите останати.

    Не е дека не работат (барем тие со кои јас работев, не можам да знам за сите), но бројот на пациенти е далеку несразмерен со бројот на медицински, административен и помошен персонал. Во секој сегмент фали кадар, најмногу медицински сестри и администрација.
    Во нашиот случај, на 10 доктори во еден момент имавме ЕДНА сестра.

    За специјализации, не е дека нема државни, туку има одредени "популарни", а оние помалку популарните нема заинтересирани. За ова немам баш најдобри информации, знам дека се обидуваа да направат некои специјализации воопшто да не се активни ако има доволно. Пример орл е "непопуларна" и не можеш ни да најдеш доктор кога еден ќе се пензионира. Хирургиите сите се пак многу популарни, а немаме капацитет на државни болници колку што произведуваме хирурзи. Голем дел од нив воопшто се на хирургија со план да заминат, не да останат овде.

    Целото здравство мора да се реформира од корен, вака е авион без пилот, не се знае кој што и кога прави.

    И да, чекањето со месеци не е само кај нас, за две други држави знам со сигурност поради мои блиски колку чекале, во Германија после 8 месеци магнет, во Хрватска после 1 година и 1 месец ортопед термин.

    Второ, се случуваше од 10 термини, 5 пациенти да не дојдат. А стигаат СМС пораки, се јавуваат од МТ... многу е неодговорно неоткажувањето, и беше сериозен проблем константен кој немавме како да го решиме. Не се сеќавам да имало ден кога сите термини навистина дошле сите пациенти, тоа е огромна реткост.
     
    На Ahoy, JoyJoy, Chantal и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.002
    Пол:
    Женски
    Да, на ендокринологија на државна е баш вака.
    Дури и добро што си влегла дента. Можело и да не остане време за тебе.
    Оној пример што го напишав погоре - дека не добив ниту прилика да дојдам до докторот во државно, беше на ендокринологија.
    Тотално истата слика беше таму, згора на се што дента имаше за секој термин по двајца пациенти, зошто докторката морала да отпатува ненадејно во петок па на пациентите им рекле да дојдат во понеделник. Не 40 туку 60 пациенти чекаа во тоа ходничето. Ќе се истепаа на врата кој има предност, дали тие од петокот или тие дента што имаа термин. А сестрите ништо не преземаа некаков ред да воведат, викаа сами ред да си направеле пациентите. Докторот не знам што правеше, зошто како што пиша дијагностика се прави на друго место и во друго време, ама по 40 мин со пациент се задржуваше.
    Не беа прегледани сите пациенти сигурно, јас не останав да видам, зошто имав општо лоша состојба со болки и температура и не можев да издржам и си заминав. Два дена подоцна направив преглед во Систина и за 4 часа завршив се.
    Истиот ден почнав терапија, а да останев преку државна тој ден уште ќе чекав резултати од крв, ќе немав ни дијагноза, ни терапија. Терапијата место дента во најдобар случај ќе ја почнев за некои 2 недели. Пошто од државна така ми рекоа, додека чекам дијагноза и терапија, да си пијам аспирин ПРЕВЕНТИВНО, за да не дошло до трајни оштетувања на жлездата. Замисли. Да пиеш доживотно хормонска замена зошто некогаш не си добил навреме терапија.

    Значи паметни здраствени системи паметно работат. Гледаат да намалат број на хронично болни зошто се терет и за државата и фондовите и за буџетот на пациентите. Многу се залагаат за рана превенција и спречување на болестите.
    А ние имаме здраствен систем обратно поставен- не те лечи на време со помал трошок, за да ти се искомплицира здравјето па да те лечи во иднина подолго и поскапо.
    Некој спомна за прегледите на дојки кај помлада возраст жени.
    Нашиот сегашен систем за преглед на дојки на клиника прифаќа апликации само за жени над 45 години, освен ако немаат веќе дијагностицирано заболување. Ова од искуство го зборам. Те прашува системот дали имаш ризици и еве чекирам се што имам, ама заради возраста не добивам термин (независно од ризиците). Имам преку 20 години дијагноза за бенигна промена која секоја година морам на ехо да ја гледам, ама системот не ги наведува нив како ризик фактор. Како е ова превенција од рак на дојка стварно не знам? Матичната ќе ти даде упат, ама на клиника ќе те викнат после месеци, зошто предност имаат поитни случаи. Ама ако јас чекам цела година за контрола, тешко дека тоа е превенција некаква и дека навремено ќе правам контроли. Место на една реално на две години ќе излезат контролите.
    Ги демотивираат пациентките да се контролираат! Или пак ги мотивираат матичните да даваат лажни симптоми за побрзо да им дадат термин. Не е ок, во секој случај.
    Исто е и за превенција за гинеколошки болести.

    Пап тестот е бесплатен само еднаш во три години. Тоа е за срамота!
    Те проверуваат во систем дали си направил веќе и ако си го искористил ќе ти наплатат (по тарифник, зависи од методата). Која е таа превенција?!
    Што е со жените кои мораат да прават контроли почесто од 1 годишно зошто се во поризични категории?
    Порано промовираа здраствена култура, пап секоја година да се прави, бесплатно. Сестрата на гинекологот од државна ординација дури се јавуваше на телефон да потсети дека цела година не си направила ПАП и да направиш, за сега да стигнеме до ова?
    И ич не ме чудат статистиките и растечките броеви на болни, зошто не се работи на превенција.
    Треба бесплатни тестови за мнооогу болести.
     
    На Трагедијаупмм, Munchmallow20, Chantal и 3 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.091
    Ова со дијагностика за жени, мене ми е фрапантно затоа што така беше кога се вработив, не се смени ништо 10 години, сега е и полошо. Имаше еден мамограф и едно ехо за дојки, вкупно ДВА специјалисти кои тоа го работат. Од нив двајца едниот почина. Двајцата беа врвни (и е) и тука нема збор, ама по ЕДЕН апарат и вкупно двајца доктори во Скопје, па како да има термин и кога. Мислам има и на други места, еднакво очајна состојба. Како вработена имав право на систематски да ми направат ехо и мамографија, еднаш мамографија само направив, просто требаше цел ден да отсуствувам од работа во болницата во која работам за мамографија да направам, па не ја правев. Ехото ако е океј, терај магарето. Не треба така, ама немаше кој да ме замени, ме чекаа луѓето. Ненормална работа.
     
    На JoyJoy, SummerGirl и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.015
    Буре без дно. Фрлаш пари, а немаш ништо од тоа. Ако ти треба каков било преглед, термин нема во државно или апарат не работи, па барај си приватно, плати си 100 евра ако имаш, ако не, умри си, не му е гајле на никој. Оштетен си, си дал куп пари за здравство што не постои. Си фрлал пари за некој апстрактен поим. И забележавте ли дека странци од некои сиромашни и утепани земји, се чудат на нашево здравство.
     
    На SummerGirl, Anyshka и eliesaab им се допаѓа ова.
  20. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.145
    Допаѓања:
    35.911
    Пол:
    Женски
    Мене упат за по други градови ми дадоа од што нема термини на клиника, ама тој што не одел по болнички врати не верува дека термини има по 3 месеци.
    Во Систина прашав за тоа што ми дадоа упат за во друг град 30.000 и нешто.
    А да е само тоа ај.
    Исто и за ехо на гради матичната ми кажа немало термини.
    Сакале не сакале ако ни е итно мораме приватно.