Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни болници - перална за пари или корист за граѓаните?!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lilit, 12 јануари 2025.

  1. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.313
    Потполно се согласувам со @CameliaMiller. Правото на здравство треба да го има секој без оглед на финансистката состојба. Ако постојат здравствени пакети како во Америка тоа би било ужас.
    Реформи се решението за здравството да профункционира и да прекине партиското вработување во болниците. Тоа што не функционира има повеќе причини : партиско вработување, ненавремено испраќање на лекари на специализации, исполнување желби на самите пациенти, неправилно користење на ресурсите, опремата.

    Пациентите во мк се однесуваат како да знаат повеќе од докторите. Бараат секој месец крвни слики беспотребно , ете решиле да си прават контрола и нема жива сила што ќе ги спречи да го направат тоа. Ако лекарот ги добие затоа ето нема индикација тогаш пациентот ќе се префрли кај друг матичен лекар што ќе му ја исполни желбата. И потоа се жалат дека ништо не функционира дека нема реагенси. Како да има кога употребата не е рационална. Има матични кои што работат на медицина базирана на докази и други кои гледат профит и не им е гајле за пациентите и за здравството. Пример пациентот бара антибиотик и тоа ти кажува кој го сака пр Амоксицилин дека тој му помогнал само. Ти го одбиваш, разговараш 20 мин со него му објаснуваш дека има вирусно заболување и антибиотикот нема да помогне. Пациентот си оди лут и оди как друг матичен кој му ја исполнува желбата, а за тебе зборува дека си лош лекар и немаш никакво знаење.
    Друго оптоварување кај специјалистите е што матичниот нема право да препише одредени лекови. Пример за дијагностицирано заболување Колитис улцероза не смее да препише матичниот лек иако бил пациентот на лекар специјалист се е докажано, ама мора 1 годишно да оди кај специјалист гастроентерохепатолог. Во помалите места е тешко да се најде. Или ако е бил на приватно за да добие побрзо дијагноза пак мора на државно да оди затоа што тоа не се важи.
    Порано и за еден аторвастатин мораше пациентот да оди кај интернист. Не знам дали е тоа уште така. Место да лекува срцеви удари и други состојби он ја работи работата на матичниот лекар. Тука се прашувам дали и самиот здравствен систем ги прави матичните лекари препраќачи.

    За неоткажани упати за магнетна резонанца или КТ во рок на 48 часа треба да се воведе казна 20 или 30 евра. И овој проблем ќе биде решен.

    Секој кој што ќе прифати работно место треба да ја работи работата најдобро што може без оглед на платата. Ако не му чини постојат синдикати, ќе се организираат протести или нека си бара друга работа.
    Поклон за лекар и сестри признавам само картичка за благодарност.
    За ние што сами си бараат пари немам коментар.

    И точно е во Германија се чека најмалку 3 месеци термин за кај специјалист. Не велим дека тоа е добро ама и тие имаат недостаток на лекари.
    Нема крвни слики по желба, нема прегледи по желба. Ако матичниот види индикација ќе ти даде упат и ти сам си бараш термин кај специјалист. Ако закажеш преглед кај специјалист и не отидеш сметка 20 до 50 евра сепак ќе си добиеш ако терминот не е навремено откажат. Затоа што специјалистот те планирал за тој ден. Следен термин најмалку уште 3 месеци ќе чекаш.
    Ако одиш на брза помош за глупост, ќе си чекаш 8 саати и втор пат нема да добиеш таква идеја.
    Затоа и на новодојдените тешко им е да се навикнат.
     
    На La-loca, Ahoy, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.431
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Машки
    Јас од сега закажав термин за во август, па сега ти види. :@
    Може и ќе умрам до тогаш, ама тоа е, јбг.

    Блокиран сум од клиника, бидејќи нема термини, нема реагенси, нема доктори, нема ништо.
    Другиве болници се бетер. ;(

    Ако не ви пишам за 1 месец, или сум блокиран од админот или сум умрел покушувајќи да се спасам во болница.
     
    На JoyJoy и Anyshka им се допаѓа ова.
  3. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    4.527
    Македонскиот здравствен систем треба да се реорганизира ама од корен, моментално нема пилот во авионот, секој си тера како што сака, нема контрола на матични, Фондот не контролира како се трошат парите, пациентите сугестивно си закажуваат испитувања/прегледи по специјалисти, и истите се жалат дека долго време се чекало за прегледот.

    Мое гледање вака од страна, како просечен Македонец ја замислува интеракцијата со доктор е следно:

    1. Се буди со главоболка и болно грло. Зошо да се мачам, ќе тркнам до матичната да ми даде нешто. Оди кај матичната, таму очекува да заврши работа за 10 минути, притоа да добие упат за испитување целосна кс и по можност рецепт за антибиотик. Нема зошо он да се мачи 2-3 дена настинката да помине, има побитни работи.
    2. Го мачи грбот 2-3 месеци. Ај ќе тркнам до матичнава на пауза од работа, да ми даде упат за магнетна и плус испитувања нешто ако треба. Секако и кај матичната редот не може да е подолг од 10 минути, тогаш веќе започнува фрустрацијата. Добива термин за магнетна за 6 месеци и пцуе по државава пошо се чека толку долго ( а во редот 90% се како него ).

    Според мене примарното здравство не треба да функционира во форматот што функционира денес, со матични кои добиват капитација по пациент. Стариот систем на здравствени домови беше добра алтернатива, со тоа што матичниот нема инцентив да работи против колегите. Едукација на матичните, кои состојби се за целосна кс, кои состојби бараат само парцијална, кои бараат испитување само на еден параметар. Кога се дава антибиотик, кога не. Кога се дава упат за специјалист, а кога се едуцира пациентот. Треба тријажа и за преглед кај матичен, не може секој со секакви минорни симптоми да се јави на преглед кога сака и да чека ред два часа, притоа земајќи време на друг со поитни симптоми.

    Јавното здравство се понаша како да има неограничени ресурси, Фондот покрива секакви суми за испитувања кои не се потребни, а ние се понашаме како докторите да се дадени од бога.

    Мал осврт како функционира скандинавски здравствен систем.
    Матичен како концепт не постои, постојат здравствени домови. Притоа не може само да се појавиш таму и да бараш доктор, има тријажа, значи прво се јавуваш/закажуваш онлајн и сестра врз основа на симптоми ти дава термин со доктор/специјализирана сестра. За термин се чека од еден ден до три месеци, во зависност од симптомот. Терминот го добиваш со точно време до минута, доколку не се појавиш, се наплаќа фиксна сума од околу 45 еур. Целосна кс не испитува никој, пошто е СКАПО. Скапо е за државното здравство да прави непотребни анализи, значи фокусот е да се третираат состојби со најмалце потрошени средства.
    И најчесто за обични настинки се испитува само црп, и тоа е доволен индикатор. Целосна кс мислам дека би испитале во екстремни состојби, интензивна нега да речеме. Јас бев хоспитализирана пред две години и дури и тогаш испитуваа само параметри кои беа релевантни за состојбата.
    За специјалистички преглед се чека долго, за магнетна/рентген исто, во зависност од ургентноста од една недела до 6 месеци. Може и со скршеница да си чекаш 2 дена, они цело време прават тријажа.
    Доаѓаш на ургентен, пеки, земи си три оброци со тебе пошо ќе заглавиш 12 часа, освен ако не ти тече крв од секое дупче.
    И имаат еден куп препораки на државно ниво, и никој не отстапува од тоа. Course of action за оваа состојба е тоа и тоа, и се следи само тоа, нема девијации. Никој не ти дава 5 испитувања доколку ти треба само едно, пошо тоа крева аларм во системот и се одразува на докторот, па никој не си ризикува работно место за да удоволи на пациент.

    Има и приватно здравство, ама е толку финансиски недостапно, што мислам дека само многу мал број од популацијата го користи. Секако дека времето на чекање е побрзо, ама квалитетот би бил ист, пошто државното здравство функционира океј ( не е совршено, но знаеш што да очекуваш ).
    Ама јавното здравство е строго регулирано, нема free will актери и од страна на пациенти и од страна на доктори.
    Кај нас не се знае кој пие, кој плаќа. Затоа и приватните болници максимално ја користат ситуацијата, пошто нема подобра алтернатива, они држат монопол уствари врз здравствените услуги и диктираат темпо.
     
    На La-loca, SummerGirl, M&M и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.491
    Допаѓања:
    21.129
    Ова што викате да прегледува матичен пред да прати на специјалист... Океј ама како?
    Не, сериозно прашувам, не се контрам.
    Еве во мојата ситуација само кажав имам киселини, гадење, болки, напади на интензивни болки во сон(што биле уствари напади на жолчка) и ми вика може е хеликобактер. Не беше, испитав. Па после ова на специјалист. И да, испадна со право ме пратила ама што поинаку би направила пред да ме прати?
    Кога правев крвна слика сѐ ми беше нормално, меѓу што и ензими и CRP, освен билирубин што беше само благо покачен. Друго ништо што би укажувало дека нешто има. А веќе тој период не можев да се насмеам без да добијам гадење и нагон на повраќање, не можев да спијам од чувството на пржење во стомак.

    Што ќе направеше матичната во ете, понормална држава? Кога матичните имаат само стетоскоп, апарат за притисок и екг.
     
    На SummerGirl и Mrs. right им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.061
    Допаѓања:
    12.798
    Не сум имала искуство, скраја било, не дај боже да имам некој сериозен проблем, ама тоа што го слушам од луѓето е хорор. Во Скопје нема саглам здравство, а што остана за Кратово, Паланка, Дојран? Во Дојран на плажа, дојдоа баба и дедо со дете кое паднало на камења, се разбило, црвенило и рани по образите и накај окото, и немало педијатар во Здравствениот дом, им рекле ништо да не се мачка, мало дете, ќе лижело ако е ставен маст или нешто друго. Плукни се на такво здравство. Во Паланка некои доктори ќе одат во пензија, се жалат, ќе пропаднел Здравствениот дом. Па тоа е една амбуланта, не е тоа болница, практично ништо. Многу народ во државата е умрен чекајќи термин, грешење на дијагнози. Да се сумира колку народ е умрен чекајќи термин, а болеста прогресира, пари за приватно нема, ќе испадне дека сме си направиле геноцид самите на себе. Не знам дали во Европа има вака неодговорна држава како нашава, евентуално во Србија е нешто слично. За што плаќаме? За ѓубре услуга? Па нека ни ги вратат парите, ќе си купиме сите по една викендица, мало станче, ќе ги рентаме, ќе имаме барем пасивни приходи, здравство и онака скоро и да немаме.
     
    На eliesaab и Anyshka им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.767
    Еве за јас каде што работев - урологија.
    Пациентот иде кај матичен и вика ме пече кога мочам.
    Матичниот место да го прати да направи уринокултура, го праќа право на специјалист, што нема никаква логика. Ако има бактерија постои антибиотик кој може да го препише, ако нема постои хигиенски режим да се обиде да се смири состојбата. Ако и после ова не е добро, пеки, прати го.

    Друга исто ситуација, возрасните мажи сите имаат проблем со простата, нормално е. Пијат хронична терапија до крајот на животот. Е сега. Го праќа на годишна контрола без основните тестови неопходни за истата, а тоа е кс со ПСА и ПАП маркери и ехо на уринарен тракт. Првово се прави во било која лабораторија, второто се прави секаде каде што има интернист и ехо апарат. Значи зборам за пациенти чија состојба е хронична и годишно се прави контрола. Без овие наоди нема логика да оди на специјалист, една од многуте причини: високо ПСА е индикација за тумор на простата. Еден од лековите кои хронично се пијат е Дутастерид, кој пак, е контраиндициран при тумор на простата. Нема уролог што ќе го препише леков при високо ПСА, бидејќи е буквално докторска негрижа.

    И сега доаѓа пациентот со 0 испитувања, а нема веќе терапија. Докторот ќе го прати на испитувања пошто - мора.

    И друга една работа, што мене не ми е јасна кога станува збор за хронични состојби кои ќе ги имаме засекогаш. Еве пак ќе земам пример ова со бенигна хиперплазија на простата. Значи состојба која човекот ќе си ја има засекогаш, може да не прогресира воопшто и лековите исти цел живот да ги пие. Може да прогресира и да треба операција. Меѓутоа, пациент кој пие терапија, има уредни маркери и ехо, нема нови симптоми, не гледам потреба на 12 месеци да МОРА да го види специјалист, оти не го гледа. Доаѓа пациентот за административно да му се продолжи лекот. Барем 30% беа вакви пациенти, кои сами се бунеа зошто мораат годишно да доаѓаат и ги разбирам.

    Испитувањата ако се океј и ако немаат нови симптоми, нема зошто да не може матичен лекар да го продолжи лекот, а контрола да се одложи на подолго време. Ако имаат нови симптоми, секако не чекаат година да помине, доаѓаат кога ги имаат симптомите.
     
    На Ahoy, SummerGirl, JoyJoy и 3 други им се допаѓа ова.
  7. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.520
    Допаѓања:
    41.923
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller , мене не ми е јасно зошто урологот не го гледа на ехо?
    Која е логиката??
    Еве татко ми пример пред да оди прави пса, прави ехо кај матичната оти да, има и ехо. Е сега дискутабилно е колку знае да гледа на него али ете, заради тоа што урологот не прави ехо, носиме од каде стигнеме, тоа е признаено секако, а колку е веродостојно знак прашалник.
    Зошто урологот не ги гледа пациентите на ехо???
    Тој е специјалист во таа област за која отишле кај него.
    Не интернист, нит било кој друг.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.431
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Машки
    Во 8 Септември ехото на урологија не им работи со месеци. А на Клиника не знам, може и таму да не работи. :worried:
     
    На emiliana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.767
    Затоа што нема време, урологот е хирург пред сè. Интернистите сите се обучени еднакво за на ехо гледање. Ако забележат било каква промена можат да бараат дополнително испитување (кт на пример).
    Од искуство знам дека има здравствени системи каде што ехото, како впрочем и други испитувања прават мед.техничари кои се обучени, едноставно е планско користење на човечките ресурси (било кој хирург сакаш да е во сала најмногу). На ист принцип и дигестивна хирургија работи, на интернист се прави ехо, колоноскопија, гастроскопија итн., ако треба операција се упатува на дигестивен хирург.

    Едит: @Katie90 имам пишувано кога ми се случи, вработена на урологија нели, петок навечер имав напад на бубрег. Таблети за болка не помагаа премногу, знаев дека морам на УЦ заради мускулно да добијам инјекција. Бев на УЦ и чекав скоро 3 часа, нешто помалку. Фала Богу дека можев да се пикам "преку ред", само што пред мене човекот најбуквално умираше и најбуквално од бубрежна болка не се умира иако така се чини. И на ехо ме видоа (интернист) и видоа дека е ситно камче кое пошло, добив инјекција и терапија. 1 недела отприлика траеше болењето издржливо.
    Кој сака нека не ми верува, нема нешто што повеќе мразам од таква егоцентричност, МЕНЕ прво, ЈАС прво, мене ме боли и крај. Исклучително ме нервирало кога ќе видам некој што сериозно е преболен да се оправа и расправа, а поздрави ќе се потепаат пред него да влезат. Е, по светов знаат дека мора да чекаат, кај нас не знаат.
     
    Последна измена: 15 јануари 2025
    На Lavender13 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  10. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.374
    Допаѓања:
    12.703
    Пол:
    Машки
    Додека има овци за стрижење, ќе има и волна.

    Дополнително, постојано се издаваат интерни упати за лабораториски анализи, КТ, МР, ехо, итн за да има обрт на пари.

    Од каде мислите дека доаѓаат парите за плати?

    Салис Таџер, една година, имаше остварнено приход од над 4 милиони € по основ - работен однос.
     
    На eliesaab и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.767
    Ова е жива вистина. За приватното здравство да може така да ги плаќа докторите, секако дека ќе се прават непотребни испитувања по желба.
    Токму на ова мислев со хранење на хипохондрија, а приватните служат како желботека. Сакаш КТ, ќе те зрачиме и 4 пати годишно, нема проблем, само мирно да спиеш.

    Во државните секако дека снемува реагенси кога истиве, само со врски, ги користат како да се џабе, по желба.
     
    На eliesaab и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.657
    Допаѓања:
    35.409
    Пол:
    Женски
    За жал, не сите интернисти се стручни и знаат да го користат ехото.
    Ќе наведам пример од маж ми. Камен во бубрег 2см интернистот не му го виде на ехо, а он болки ненормални. Па, отиде на физиотерапевт (пошо нели, на бубрези нема ништо) и од таму го пратија на рентген и таму го открија каменот. Битно година / две се акаше по специјалисти, додека на некој не му текна да направи рентген. После тоа доаѓаше таму кај вас повеќе пати додека му го кршеа каменот.
    Таму е посебна приказна :( Задоволни сме од доктрот и третманот кој го имаше горе на одделение, ама затоа гужвата :doh: Глупаво е поставен системов со мој термин. Еднаш добиваш термин и потоа откако ќе те прати урологот да направиш испитувањата, треба нели да се вратиш да ги види и си чекаш со саати :x Ако излезе докторот и те види, може ќе те прими порано, ако не, ќе чекаш. Или ќе се буткаш таму со невоспитаните :tmi:
     
    На eliesaab и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.767
    За тоа првото е до докторот искрено, ако тој не знаел до него е, од пракса знаат и тоа како. Неповрзана работа, ја носам баба ми на ехо кај интернист, пребледе кога го виде туморот нејзин (го има преку 20 години) што почна да размислува како да ми каже, му викам, знаеме, знаеме дека има тумор, не е нов :)

    За другото, додека работев, тоа беше еден од најголемите проблеми - гужвата. Мислам дека вие баш кај докторот што го спомнав бевте, што не враќа никого, ама дневно 70+ пациенти беа во прашање. Нормално, никаков ред, сите нервозни.
    Токму заради тој доктор јас ги "преземав" хроничните, односно само за терапија или ортопедски помагала што доаѓаа (пример уростома итн.) не ни влегуваа кај доктор, јас им бркав документи. Скроз нелегално, ама тоа е што е, луѓе без мочен меур во таа гужва да чекаат, или дедовци по 85 години што не можат лек хроничен да си земат... правиш што можеш.

    Едит: сега не знам како е, ама за контрола самиот МТ не дозволуваше порано од 1 месец да се закаже, ЖИВА ГЛУПОСТ. Немаше како регуларно да закажеш за порано, па импровизации. Не знам како е сега, 2 години веќе не работам, ама се сомневам да е поарно.

    Инаку неповрзано, ама стварно сме имале многу пациенти кои кичма ги боли, а мислат дека е бубрег :D Асален интернист треба тоа да знае да разликува, дали е за уролог, ортопед или за субспецијалист нефролог. Не е на пациентот да знае да разликува што е што.

    Едит 2: ми текна пример многу скорешен. Сега каде што работам, имавме систематски во државна поликлиника. Вклучено и ехо на абдомен. Колешка сегашна, баш интернистот и најде тумор на мочен меур и веќе е оперирана, тој си ја доиспита и спремна ја прати на уролог. ТАКА треба да се работи, кога сите така би работеле, ќе има некаков нормален проток на сите пациенти и третирање на сите состојби.
    Хирургот се чува за во сала, за таму е обучен и таму е потребен, колку поспремен појде пациентот, толку помалку се чека меѓу иницијален преглед и операција.
    Исто важи и општо, колку повеќе матичен доктор прегледува и праќа спремни пациенти кај кој било специјалист, толку повеќе го "штедиш" ресурсот специјалист и не создаваш беспотребни гужви и преоптовареност.
    Ова важи за сите специјалисти, не само хирурзи, за било што.

    Јас имам среќа матичната ми е ѕвер доктор, и мене и сестра ми НÈ ЛЕКУВА. И раб. денови, и викенди, од чистење на гнојни џебови до инфузии пуштање... а во ковид некои и преку прозор "прегледуваа".
     
    Последна измена: 15 јануари 2025
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.374
    Допаѓања:
    12.703
    Пол:
    Машки
    За ЕХО, интернистите и др специјалисти кои во својата специјалност би го користеле, одат на соодветна обука/доедукација за правилно користење и интерпретирање на резултатите. Така да, без таа обука, не треба да го применуваат, според мене.
     
    На Munchmallow20, An-na и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.447
    Допаѓања:
    114.748
    Пол:
    Женски
    Хаосот настапи кога сами доктори бираа што да специјализираат и кај да работат. Порано беше, треба специјалиат ортопед, ама сакам педијатар е не може сега е дефицитар ортопед тоа ќе учиш. И нема вработување во Скопје. Живееш во Прилеп, таму ќе работиш.
     
    На Lilit, eliesaab, happygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.491
    Допаѓања:
    21.129
    Да ама пак еве ти збориш за состојба што може да се следи по биохемиски параметри. И мене фала богу кога имав уринарна, ме упати на уринокултура, имав бактерија, ми даде антибиотик и помина, толку. Ама еве не знам хронична болка во грб, стомак, екстремитет можеш отприлика да побараш лабораториски испитувања и да биде нешто сосема трето. Интернистот башка нели е исто специјалист?

    Од друга стана па имаш и матични што се осврнуваат чисто на крвна слика што е исто така погрешно. Ако е чиста, готово, здрав си.

    Има и состојби кои и многу ретко се дијагностицираат не зашто се тешки за дијагноза туку зашто нема да му текне на докторот дека е тоа можно и ги мешаат со други поконвенционални состојби.
    Еве не знам дали некој матичен доктор ќе посумња во билијарна дискинезија кај пациент со слични симптоми на жолчни камења? Или интернист, ехо аха немаш ништо, ајде чао. Па овој иде пак и пак ама не му е ништо. А состојбава не се гледа на ехо. И он крив оти идел и барал испитувања.
    Или во дизавтономна состојба кај пациент со проблеми со пулс и притисок? Или само ќе го ебаваат по интернисти?

    Не е дека јас се правам попаметна дека сум читала болести ама ако сакаме да имаме функционално примарно здравство, не може само да гледаме состојби кои ги знае и мало дете а кои и не се баш ретки.
     
    Последна измена: 15 јануари 2025
  17. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.520
    Допаѓања:
    41.923
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам јас со ова, иако никој не ме прашува нели. Урологот е тој што треба да види уринарен систем и посебно простата. Интернистот треба да знае да, но ај да сме реални малку, на прсти се бројат тие што ќе те погледнат како што треба.
    Ова па со закажувањето и одењето сто пати да ти се смачи.
    Порано одиш на интернист или гастро, правеа ехо одма и си одиш со дијагноза, освен ако треба нешто да се доиследи. Сега одиш еднаш, па пак за ехо, па пак крвна слика, па пак со резултати. А може тие 15 мин да те види одма и да не се прават гужви непотребно.
    Здравството е хаос благо кажано.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.767
    Јас не зборувам за сите состојби генерално, наведувам конкретни примери за да ја увидиш големата слика. Ако тебе твојот матичен доктор те прегледува и лекува, не го прават тоа сите.
    Хронична болка не настанува преку ноќ нели, прво е акутна, кога е акутна треба да проба да сфати што ти е, барем да знае на каков специјалист да те прати, мене ми доаѓале пациенти со 4 упати за 4 специјалисти, или имав една ситуација што ја памтам, пролапс на матка, место матичен општ доктор да ја упати пациентката на матичен гинеколог, ја имаше пратено на уролог и на дигестивен хирург, без ич да биде било како сослушана и прегледана. Никој од овие нема допир со тој проблем, не се постапува вака.

    Интернистот е специјалист, но не е хирург. Состојбите кои можат да се лекуваат без операција, ги лекува интернист. Еве пример, уролог оперира бубрези, ама интернист нефролог се занимава со сите останати нехируршки третмани на бубрези. Значи самата специјализација е таква, едниов примарно сече.

    Во твојот случај не знам како било, но исправен начин било матичен да те прати на гастро, оттаму со ехо и др. испитувања сфаќаат дека се камења и треба да одиш на дигестивен хирург, па те упатува таму. Диг. хирург не те гледаше на ехо сигурно.
    Што поспремна си отишла (лаб, ехо, кт... итн) толку помалку треба хирургот да те препраќа и помалку пати ќе отидеш кај него, со што има време и за други пациенти. Не знам дали ме разбираш. Докторите се ресурс, човечки. Како и останатите ресурси, мора да се менаџираат кој што работи за да биде поефикасен системот.

    Матичниот доктор треба да дојде до претстава од каков вид е заболувањето и да те испрати на специјалист стручен за нештото, а и специјалист стручен за нештото ако е екстремно ретко, може да не се посомнева во тоа.

    И ако е нешто толку ретко само по себе е нели, исклучок, јас зборувам за нормален тек на чести и очекувани заболувања и движење на пациентите. Мора да се скрати тоа "шетање", секому се губи време, и на тебе како пациент, и на докторот како ограничен ресурс.

    Мојава матична сфати дека сестра ми има одредена инфективна болест, ретка, многу брзо. Не ги оспорувај нивните квалитети, има матични доктори што многу добро работат, а втора предност е тоа што те познаваат, ти знаат историја, поцелосна слика имаат за тебе како пациент.
    Абе не се согласувај, ама кај нас барем интернист те гледа (иста обука имаат со хирурзите инаку), еве по свет обучени мед. техничари гледаат, воопшто не се доктори.
     
    На Munchmallow20 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.447
    Допаѓања:
    114.748
    Пол:
    Женски
    Немој да мислите дека на приватно сите доктори се најдобри. Мене во една позната поликлиника при систематски преглед ми дадоа дијагноза тумор на тироидна. Да да. Ладно ми вика, имаш тумор.
    Не знаев каде да излезам од шок. Барав одма второ, трето, четврто мислење, се изнададов пари за тумор маркери крвни слики, од паника не ми се чекаше ни ден.. за на крај да излезе дека немам ништо!!
    Така да..
     
    На BlackNight, eliesaab, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.520
    Допаѓања:
    41.923
    Пол:
    Женски
    Абе гледа ама што гледа.
    Затоа не знаеше на што имав тумор, дали на црн дроб или бубрег.
    Немам проблем еве и да е интернист, ама да си ја знае работата.
    Да не гледа да те помине ради реда, да не си само термин за него.
    Ова за цела докторска фела треба да важи.
     
    На eliesaab и Anyshka им се допаѓа ова.