Да де, така и беше кај мене. Ама пак ме прати на гастролог што Е специјалист, не ме онадеше со плус биохемии за да одлучи дали сум за на специјалист. Затоа викам, кај многу состојби нема што да прегледува матичен па праќање на специјалист е нож со две сечила. Не зборам за ретки оти се стварно ретки туку ретки оти никој не се замара за нив. Типичен пример е ендометриозата и многу состојби кај жени. Не знам кај нас ама читав во Америка ли беше, во просек требале 9-11 години ендометриозата да се дијагностицира. И тоа е зашто на жените им се кажува дека болка во тој предел е сосем нормална за жена во репродуктивен период(??). Баш читав и за случај во Британија кај што тинејџерка од 16 години трипати се враќала во болница со неподносливи болки во стомак доле, ѝ велеле нормално е менструацијата да боли? А она со апендицит.
Те разбирам убаво. На мајка ми, пред некоја година, компјутер правеше мислам на гастро, доаѓа дијагноза холангиокарцином. Ја готово, не знам кај се наоѓам, оти прогнозата со тој вид лоша. Плачки, нервози, отидовме Мегамед на ехо само, др рече ова е хемангиом, 99 посто. Потоа со уште едно мислење се потврди таа дијагноза. Мислам животот ми се скрати тогаш.
Па никаде не реков дека матичен не треба да праќа на специјалист, туку како и првиот случај што сама го кажа, кога си имала уринарна инфекција, направил уринокултура и дал терапија. Епа многумина ни толку не прават, за нив беше муабетот. Замисли да те пратела без никакво испитување на уролог, ме разбираш? Па губиш време и нерви, си била на матичен, па на уролог, па тој те пратил на УК, па ај назад кај него, па ај со извештајот негов пак кај матичен за атб. Буквално 5 чекори вишак се.
Ама тоа е друг муабет. Квалитетот на докторот е друго, може и уролог да те гледа и да не види, ако не го бива. Може и матичен општ да те гледа, ако е обучен и знае што прави, да види. Тоа се согласувам, квалитетот е важен. Но колку и да е квалитетен доктор, кога денес ќе види 50+ пациенти, апсолутно се губи на квалитет, ниту може време да посвети на секого, баш ова ти кажувам дека е дел од проблемот. Поради голем број беспотребно дојдени, тие што треба да добијат соодветно време, посветеност не добиваат, во таа калакурница... тоа е.
Нешто друго што исто е малце... проблематично. Значи неќеме некој само за растечен нос да иде кај матичен. Ама неќеме и да гледаме мрсулави луѓе по јавен превоз и на работа. А исто така и неќеме матични да даваат боледувања од ракав? НЗС кое е? Мене настинки увек ми траат 7-10 дена. И скоро секогаш функционирам нормално, немам температура, не се осеќам омалаксано, само не се гледам и гушкам со секој и носам маска. Евентуално ако ми трае долго или имам некој почуден симптом, па идам кај матична за брис и секогаш испаѓа дека немам ништо. Полани ми се затна и ме болеше увото а немав на брис ништо. Ама еве не знам кој ќе даде 2 недели боледување (што матичен и не може) за растечен нос.
Малку сме оф топик ама,јас не се согласувам со тоа. Медицината има многу специјалистички гранки. Сите имаат јаки и слаби страни. Замисли некој кој со мерак прави операции, со 10 положил анатомија и патологија да го пратиш на специјализација педијатрија. И така работат во лоши услови, барем да го работат тоа што го сакаат инаку ќе добиеме немотивирани лекари. Хирургот треба да знае да оперира, а педијатарот треба и да може добар контакт со мајката и детето да оствари. Пристапот е многу подруг. Исто имаш и специјализации како микробиологија каде што немаш многу контакт со пациенти. Има доктори кои тоа го преферираат. Болниците треба навремено да планираат колку лекари, какви специјалисти ќе им требаат, да си пушта навремено конкурси и каде што ќе има поголема конкуренција нека има и тестирања.
Тоа океј ама како ќе најде после работа? Ако не им требаат, нема да ги вработат и ќе си останат со прстот у уста.
Океј Хитлер, ова никаде не постои. Нормално е да има повеќе огласи за места кои се дефицитарни, ама не може државата да ти наложи која гранка ќе ја специјализираш. Не е проблем тоа што сите конкурси се само фарса, проблем било докторите по своја желба да запишеле специјализација...оф.
Не сум хитлер, така било порано. Немало приватни специјализации.. тоа што има тоа ќе специјализираш. И ќе работиш каде ќе те распределат.
Перална на пари апсолутно да. Дека сами си праиме ,највеќе сами си праиме ама има удел и државата. Сите пофалени доктори полека или преминуваат на приватно ,или си отвораат приватно или се селат... Од друга страна на државно се осеќаш ко да те прегледуваат ради реда. Еве пример трудница сум гледам доста од трудниците одат и на приватни скрининг и приска и на државни ( јас немам вишок пари па скрининг на државна терам бидејќи гинекологот ми е добар и ми ги кажува истите мерки секое одење,сум немала ни причина да речам ама ако не е тој таков после ехото за приска на ГАК сигурно ќе барав друг. Однесувањето на докторката на ГАК. ,,Здраво ,,прашања за претходна бременост " легни ама е ниско плодов ,(3 ца на специјализација зад неа) ова тука е назалната коска кај даун синдром треба да е задебелена (тука како да се свести) кај вас госпоѓо е сосем нормално и пак продолжи нив да им објаснива уште кои мерки се зимаат" И да ок е да слушаат и гледаат и да објасни амааа не е ок да заборави дека јас сум тука ,трудница шо може од памет да ја извади со едно зборче ,трудница а не кукла за вежбање. Исто резултат за д димер и хемостаза барав по телефони оти др не го потпишала и наместо во петок во вторник со молење стигна... Ова тазе работи... Да не збориме за односи во породилиштата (др на пораѓај ми рече ,,шо мислеше ти и ко ќе раѓаш ќе биде слатко како кога го правиш ха ха ха") штета приватните пораѓаи се прескапи ,една немаше на државно да роди се кладам. Да не збориме за изгубени животи на бебиња ,деца млади луѓе... погрешни дијагнози ,хаосот на онкологија итн. Буквално направија да ти е страв на лекар да идеш. Секоја чест на исклучоци ама реалноста е таа...
Тие примери укажуваат колку лекарите во државава се неетични, некултурни, немаат емпатија, никакви, зинати за пари, а кај многумина знаењето е дискутабилно. Мајка ми накај 50 години, почна да и шара менструацијата, отиде на гинеколог и тој викал „море бабуле, да не си трудна, а? Бабуле, опасни сте вие бабите, имаш ли дечко?“. Нејзе и е смешно, мене не ми е, одвратно и несериозно. После испадна по групи да се жалат од него, пипкал пациентка од 18 години повеќе од што треба, па се јавија и други биле пипкани повеќе, ама доцна сфатиле дека прегледот не бил баш таков. „Дечко ти нека те секса повеќе на десно, цистата ќе пукне“, на што личи ова? Една сосетка исто во менопауза имаше обилни крварења, гинекологот била жена, па на прашање кај да го стави вешот, и рекла „гаќите на глава да си ги ставиш“, а женава сирота, лепела по неколку влошки од обилни крварења, кај ќе седне, штрампи позади неа. Исто на породување ми кажувале дека им викале „ајде побрзо, смената ќе ми заврши, ќе си одам“, „јас ли те терав да го правиш детето, а?“. Мизерни. Ако нешто те заболи, макар ситница, да ти е страв. И ако сакаат да им бараат мито, глумат надменост, демек како да си им досаден. Македонија не е место каде треба да родиш дете.
Па и сега е така, се специјализира тоа што има воглавно. Или кај може да се најдат врски. Нема бескончено многу места кај што има вишок кадар.
Па и сега е така. За државните специјализации нема што сакаш. Знам еден сакаше неврологија доби дерматологија. Други двајца со завршена специјализација сакаа Скопје да работат но останаа Тетово зошто од таму беше распишана специјализацијата.
@CameliaMiller многу добри поенти сподели, од реални искуства. Во главно, да, приватните болници кај нас се станати пералници за пари затоа што веќе долго се примарен избор на голем дел од населението (иако апсолутно не е лошо да постојат како алтернатива, дополнителен ресурс), можело или не да си ги дозволи. А тоа е така баш ради работите Камелија што ги пиша во постовите претходно, јас би сумирал во две главни причини: Прво дека кај нас концептот за примарно и секундарно здравство, па и терциерно, е комплетно девастирано, сведено до мисловна именка и не постои, не функционира. А тоа е клучот на добро здравство според мене. А втората причина е тоа што 80% од населението, ако не и повеќе, е со став Фејсбук/ Гугл > стручно мислење. Не може да одиш на доктор и сам да си кажуваш што сакаш да испиташ или каква терапија да добиеш. Едноставно не може. Некој тоа го учел 10+ години за да ти со еден пост во рандом фб група знаеш што и како ти треба и си постручен. Епа не си. Тоа што му одговарало на Ефто може нема да е соодветно и за тебе. Е сега, првото и второто се во тесна причинско - последична врска и си се влечат меѓусебе. Она што ме загрижува е дали има некој доволно ХРАБАР (квалификуван сигурно има) што ќе дојде до позиција и ќе се обиде да почне со средување на системот, кинење на деловите од тој причинско - последичен систем. Успехот ќе зависи во голема мерка и од нас.
Ова на запад е решено многу едноставно, до 5 дена боловање не ти треба потврда од доктор, ама првиот ( а некогаш и вториот ден ) од боловањето се неплатени. За баш да се запрашаш дали состојбата што ја имаш вреди да не одиш на работа, и да не се злоупотребува боловањето. Последната матична што ја имав во МК пред да си заминам, мислам дека правеше некои далавери, даваше боловања од ракав на кој и да му треба. Ординацијата и беше константно празна, немаше ни греење внатре. Се погоди два пати да ме фати гнојна ангина со 40 температура, ми вика не можам да ти дадам боловање, ја потрошив квотата за месецов.
Да не заборавиме и дека многу луѓе ја имаат таа хипохондрија и идат на приватно превентивно, зашто знаат што ги чека ако не дај боже има нешто и покасно се открие. За жал довербата во државното здрвство е на 0. И тоа им оди во прилог на приватниве. Последна дешавка пациентка за влакно избегна смрт од компликации од операција на желудочна кила. МРСА, плус внатре уништени органи.. На клиника ја искасапија Систина ја спасија. Е така..
Namerno se unistuva drzavnoto zdravstvo zasto poedinci koi se na rakovodni pozicii zemaat pari od privatnite za da regrutitaat pacienti I da pravat haos vo drzavno.Mnogu politika I badenter vo drzavno bez da se vnimava na kvalitet a trpi narodot obicniot chovek.
Па само за растечен нос и не треба да бидеш на боледување. Мене ми е растечен носот од есен до пролет, т.е. додека е ладно и загадено, имам хроничен синусит и сувиот воздух + загаденоста ми влошуваат симптоми. И кивам, и ме боли, и шмркам, таман работа дома да седев пола година. Дома остануваш ако стварно ти е лошо и температура имаш, не за растечен нос. Тој што нејќе да гледа сосема нормална појава зимно време, постојат маски или нека најде алтернативен превоз. Значи не викам БОЛНА дека треба да работиш, туку за растечен нос и кивање не се седи дома.
Пих... Овие болнички бактерии ги има и по приватните. Сетете се само на сторијата за Жан Митрев и за тоа колку болнички бактерии биле прикриени! Сигурно и во Систина го има ова. Само... таму подобро се крие. За да не нарушат имиџот, оф корс Ова што ти го напиша го има и обратнопропорционално... Колку луѓе биле избркани од Систина, пошо не можеле да ги излечат (читај, не сакале да имаат негативен биланс) па истите спасот го бараат по државниве. За колку компликации, се уште се вика брза помош и се праќаат на клиника?