Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни болници - перална за пари или корист за граѓаните?!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lilit, 12 јануари 2025.

  1. Iva:)

    Iva:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема некој голема разлика во квалитетот помеѓу државните и приватните клиники. Приватниве удираат на ПР и маркетинг. Некогаш е тешко да се начека термин за државно (офталмолог, ендокринолог, невролог) ама и тоа го имам совладано, кога ќе ми е зорт т.е.треба да одам годишно на контрола си чекам на мој термин во понеделник и штом пуштат одма ја барам матичната. Што се однесува до персоналот, на мислење сум дека на државно се поквалитетни докторите, а гужвите непотребно ги пратав пензионерите, сум разговарала на Ендо со неколку и буквално сите денови се таму и прават гужва. Барем од мое искуство, немам нешто претерано високо мислење за докторите на приватните клиники барем кај оние кај што сум била. Е сега во случаевите во Пет/КТ, МР и случни снимања не е проблем толку терминит колку што ние немаме доволно такви апарати. Овие ги купија пред 10 години и во меѓувреме ништо. Дури и некои клиники апаратите што според нив ги купила претходна власт ги складирале во подруми демек не биле функционални или немало кој да работи на нив (како со системот на Онкологија). Само еден универзитет во Истанбул има 5 пет/кт апарати за студентите а кај нас во цела држава само еден.
     
    На JoyJoy, CameliaMiller и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.491
    Допаѓања:
    21.129
    Абе и јас се согласувам ама ете редовно ќе видиш оние што паламудат како тоа што кај тебе е настинка, кај друг може да биде со многу тешки симптоми па затоа нема што да киваш и шмркаш меѓу луѓе оти имало може некои со слаб имунитет, имало со хронични итн
    И јас не седам дома ако нормално функционирам.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.447
    Допаѓања:
    114.747
    Пол:
    Женски
    Е па еве јас 2008 ма завршив со тешка форма на грип, и на раб на хоспитализација зашто колешката на нога го врвеше само шмркаше и киваше и кашлаше и можела и со темп да работи. Така она на нога си помина, јас 2 недели од кревет не станав и уште долго не можев да се опоравам. Јас сум од тие што паламудат.
     
    Последна измена: 16 јануари 2025
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.767
    Па не ги слушај, тоа се истите што лапаат атб за кивање. Мислам до твој осет и култура е ако си заразна да ставиш маска во јавен превоз, или да киваш во марамче, ама не можеш дома векови да бидеш цела зима реално.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.767
    Во секоја болница и секаде ги има болничките бактерии, не ги измисливме ние тука. Сериозен светски проблем се. Само приватните пошто слабо се контролирани барем овде, можат да си прикриваат.

    Лично искуство со приватна болница немам, но и татко ми го носев на приватно во Жан, мајка ми на приватно во Систина. За татко ми лично ми се допаѓа докторката што го водеше, но не ја видов смислата, не доби ништо повеќе од што добиваше државно, чекавме и таму преку 40 минути секогаш. Мајка ми на приватно правеше процедура поради анестезија, на државно фала богу |( нема анестезија за истата, а е многу болна.

    Од лично најжално што јас сум посведочила и највеќе што ме погодило како вработена нели, е чекањето на трансфузиологија каде што најчесто чекаат две многу ранливи групи на пациенти - стари луѓе и бремени жени.
    На УКРО немам ни влезено, веројатно тоа би ме убило. Од муабети знам за нечовечки однос таму, иако ги разбирам од аспект на тоа дека и мене ми доаѓало да плачам од работа и од стрес и да се тресам за јадење и да ме боли бешика кога конечно ќе мочам, го разбирам тоа многу добро, СЕПАК, не се виновни луѓето кои дошле, туку тие "горе". Затоа секогаш кога ќе ми речеле - што не протестирате, абе лесно е да протестираме, ама не сме образование па да може да почека работава, нашиот протест највеќе по грб на луѓе на умирање ќе удри... нагоре високо, надолу длабоко.
    А пошто со тие горе нема разбирачка, нема слух, носат правила и прописи без да видат пациент со очи, не ти веруваат што се случува... за себе тврдам дека сум била квалитетен работник, а истото го тврдам за колешките и колегите со кои речиси истовремено отказ дадовме. Имав колешка што не ни имаше најдено друга работа, со плачење последниот ден се поздравуваме, ми рече - ќе метам улици, ама овде веќе не можам.

    Дел прејдоа во приватно здравство, ем се дупло платени, ем дупло помалку работа имаат (facepalm)
     
    На MeowMeow, JoyJoy, M&M и 5 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.767
    Види, повеќе мислења секогаш треба да се бараат, и второ, и трето.
    А за гугл пациенти се мисли на хипохондрици, кои претеруваат барајќи непостоечки симптоми. Мислам, има луѓе кои не можат да прифатат дека болеста им е психичка, не физичка.
     
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.235
    Пол:
    Женски
    Секако дека приватните болници се перална за пари. Да им беше цел да бидат корисни за граѓаните, немаше да бидат прескапи.
    А, не е дека ако дадеш повеќе пари, ќе добиеш подобар третман. Туку е како ќе ти се погоди според среќата.
    Како што има незадоволни од државните, така има незадоволни и од приватните болници.
    Се изнаслушав од луѓе како добиле погрешни дијагнози во приватните болници, па за џабе им биле фрлени парите и сакале-нејќеле, морале последната надеж да ја бараат во државните.
    Дечко опериран во Жан се жалеше дека џабе фрлил пари. Не му обрнувале внимание иако уште се жалел на болки. На постар човек му рекле за маката да си праша кај комшиите бидејќи они не можат да се замараат. Битно, му зеле пари за преглед. После скандалот со Ковидот што изби не ми е јасно зошто уште одат таму. |(
    Не се сјајни ни државните. На Клинички никогаш не бев соодветно третирана.
    Ситуацијата со Детската Клиника е особено загрижувачка.
    Многу деца умреа таму. Јасно е дека не може да се спаси сечиј живот, но зачестувањето на смртниот исход е сомнително. Жално е што други медицински лица се посремни да ги бранат колегите отколку да прифатат дека е возможно кај тие нешто да не штима.
    Интересно ми е што дел од политичарите иако се преполни со пари, за некои ствари си бараа чаре во државните, не во приватните болници. :D
    За тоа што здравството не ни чини, криви се властите, но и ние што седиме наместо масовно да излеземе и да побараме промени.
    Но, не барајте Американски систем. Буквално еден од најлошите е.
    Нема секој пари. Тој кој нема, умира.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  8. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    1.760
    Пол:
    Женски
    Приватна болница ми го има спасено животот.
    Во државна болница се немам појавено повеќе од 10 години. Не е дека не верувам на докторите кои се во државна туку не ми се допаѓа пред се хигиената, услугата, шалтер - систем (оди на сите шалтери на крај пак ти фали нешто), сестрите се секогаш како да им ја имаш пола фамилија убиено… за разлика во приватна - секогаш ме пречекале со насмевка, средени документи и готова сум за побрзо време
     
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.491
    Допаѓања:
    21.129
    Кога сме кај психичките, многу поопасен пристап е оној кога ќе речат "абе на нервна база ти е" а не ни прегледале.
     
    На CameliaMiller и Angie1432 им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.767
    Апсолутно, ама за на "нервна база" постои психијатар.

    Јас имам обратно искуство, претходната матична ме утепа од праќање по специјалисти, ова рани 20ти, јас и' викав на психијатар да ме прати (имав панични напади) - но ми викаше млада си ти за таму :^)

    Не знам колку, ама отприлика 1 година траеше сето ова додека сама себе не се однесов на психијатар и од тогаш, до ден денес, пијам терапија и одам на психотерапевт и фала Богу одамна не сум имала паничен напад.

    Апсолутно треба повеќе да се слуша пациентот што зборува, и да си бидеме "адвокати" на сами себе.
     
    На Munchmallow20 му/ѝ се допаѓа ова.