1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни градинки

Дискусија во 'Дете' започната од Lady*Bug, 14 јануари 2018.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Ако не смее да се вакцинира, еве, со потврди од комисија, лекарски конзилиум или што и да треба, а сите околу него се вакцинирани, зошто да не оди во училиште? Нели постои нешто како колективен имунитет? Нели е тоа дете заштитено со тоа што останатите деца се вакцинирани?
     
    На ocicka2014, cresa-jagoda, slobodka и 8 други им се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.200
    Пол:
    Женски
    Абе ај! :^)
    Јасно ми е дека кај нас е единствен механизам, не оти ќе се замараат да смислат начин во кој детето ни криво ни должно нема да се дискриминира... Јасно ми е... најлесно им е вака. Ама... ми се приповраќа од современи, млади личности кои го подддржуваат ова. Посебно мајки :x
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.531
    Допаѓања:
    27.740
    Пол:
    Женски
    .


    До ова дојдовме од многу слободоумност, односно секој се најде паметен да се прави и да труби против вакцини па го доведовме колективниот имунитет на нула па починаа невини деца од морбили (што лесно може да се спречи). Е сега цацко ќе биде крив кога ќе се заострат мерките. И во Германија донесоа пред некое време закон нема градинка без вакцина (за школо имаат некои казни за родителите). И во САД веројатно ќе се оди на таа опција. Не сме ние изродите тука, никогаш не сме ние три првите што измислуваат топла вода, ама први сме во правење паметни како е нешто дискриминација и бла, бла. И секогаш се буниме за права, а забораваме дека прво и основно кога се зборува за права е дека остварувањето на моето право не треба да го крши правото на другиот (а тие што не вакцинираат кршат права на живот на другите). Се сложувам дека треба да има исклучоци за деца кои не смеат да бидат вакцинирани, ама тоа е докажано е многу мал процент и дека колективниот имунитет би требало баш нив да ги штити.
     
    На Divinebutterfly, Mikha4, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.456
    Допаѓања:
    82.044
    Пол:
    Женски
    Мислам дека за оние кои не сакаат да вакцинираат освен казни ке се применува домашно образование.
    Со новиот закон за образование се воведува домашно образование, училиштето во кое е запишано треба да ја организира наставата за него во домашни услови.
     
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.367
    Допаѓања:
    317.457
    Пол:
    Женски
    Имаш ли линк некаде да прочитам повеќе околу ова?
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Ама зошто, ако сите околу него се вакцинирани? Нели имаше порано деца што не смееја да се вакцинираат, ама бидејќи сите други беа редовно вакцинирани, не се правеше проблем за одење на училиште? Нели има колективен имунитет? Или тоа не важи сега?
     
    На Mrs. Lovett и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.531
    Допаѓања:
    27.740
    Пол:
    Женски
    Е па не важи сега. Зашто имаш родители што едноставно не сакаат да вакцинираат деца кои немаат никаква причина да не бидат вакцинирани. И така нема доволен процент на вакцинирани деца за да има колективен имунитет. За да има колективен имунитет треба стапката на вакцинација да е над 95%, кај нас тоа не се постигнува заради паметување.
     
    На pianogirl, fana, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.456
    Допаѓања:
    82.044
    Пол:
    Женски
    Не знам каква е сега регулативата за деца кои не смеат да се вакцинираат.
    Можеби нема да биде за нив исклучување од образовен процес и ке се покираат со колективен имунитет.
    @joy1
    ке побарам подоцна и ке го ставам линкот.
     
    На joy1 и Annath им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.200
    Пол:
    Женски
    Не, до ова дојдовме заради нефункционалност на државата :!: Да реагираа институциите на време немаше ликови како Јаре и компанија да шетаат слободни. И не се залажувајте дека ќе смени нешто оваа хитлеровска мерка, тие што сакаат ќе вакцинираат, тие кои не сакаат ќе се снаоѓаат или со врски или ќе одат во Бугарија каде што ќе им пишат дека детето им е вакцинирано...
    Ама еј, не грижете се, исклучете ги децата од образовниот процес и сигурни сте ;)
    Yeah, right :rock:
    За да заштитите една категорија деца, дискриминирајте друга. Многу слободоумно и прогресивно.
    Ми се повраќа :envy:
     
    На Mrs. Lovett и kukla21 им се допаѓа ова.
  10. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Колку што знам, со потврда од комисија и сега важи (не само кај нас туку и секаде со задолжителна вакцинација).
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе ти одговорам како тетка на внук со аутизам. По сите документи, анализи, егг, магнетна итн. не смее ММР да ја прими. Документи потпишани од стручни лица и беа поднесени кај Министерот кој стави печат и потпис дека дете смее да посетува градинка.
    Искрено имаа проблем зимото кога се реши без ММР дека не примаат. Сестра ми даде отказ за да може да го чува. Но, часовите кај Даскалов, лекарствата и редовните контроли со една плата не можеа да постигнат. Со месеци немаше кај не отидоа со документите дека дете не смее да ја прими вакцината. Дека според сите испитувања, а највеќе поради фреквециите кој беа на егг ( точен стручен термин не паметам ) не смее да се вакцинира со ниедна вакцина. Буквално немаше врата каде не тропнаа и жалби каде не пратија дека наложено од школото на Даскалов кое го посетува дека од голема корист е да посетува градинка, а највеќе дека нема дете кој да го чува а они двајца мора да работат за да може да дете прима терапија и посетува стручна школа. Сега после толку месеци со милион луѓе стигнаа до Министерот на здраство кој откако го разгледа случајот стави печат, потпис и изјава дека дете е дозволено без ММР да посетува градинка.
    Така да реалноста е дека има многу родители чии деца навистина не смеат да се вакцинираат и неможат и покрај сите документи каде е строго наведено дека не смее да се вакцинира деца не им примаат во градинка. Зашто? Зашто ете неможат да стигнат до Министер или до било кој кој ќе им стави печат и потпис. А, мора да работат двајцата сопружници за деца да им имаат соодветена терапија, редовни контроли, посетување на школи за деца со посебни потреби кој коштаат месечно многу пари.
    Па поради оние кој од хир, од Јаре и компанија и остало не вакцинираат здрави деца..... заради таквите патат оние кој навистина не смеат да се вакцинираат. Жално и вистинито. Еден ден да поминете со тие родители и деца ќе ви е касно како им поминува едно деноноќие, а и како туркаат цел месец со една плата.
     
    На Majra, FreeMind, IRBBB и 10 други им се допаѓа ова.
  12. pianogirl

    pianogirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    767
    Пол:
    Женски
    Се си во право што кажа за жал детенцето е со аутизам и не смее да се вакцинира, но, деца кои се здрави и способни да се вакцинираат ќе го штитат и него со колективниот имунитет за да не се разболе и тој. Заради тоа што тоа детенце мило мн поѕешко ќе се избори со болестите за разлика од некое друго дете. Затоа се сите мерки иако изгледаат крути за да се заштитат децата а најмногу најранливите дечиња како внучето на сестра ти
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. day.dreamer

    day.dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    900
    Некоја мајка да има искуство со јасли во Кул Кидс?
     
  14. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.213
    Допаѓања:
    2.639
    лично не, од блиски да.
    прекрасно викаат, ама за место таму тешко. ако сакаш можам да се распрашам
     
  15. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Знам дека јавно ниедна градинка нема да го објави тоа, ама ми треба градинка каде примаат без ММР. Маж ми запнал да чекаме до година ипол за вакцинирање, и сега барам опции, се мислам да ја пратам малата во приватна градинка 3-4 месеца, за толкав период не сакам да губам време да барам жена за чување.
    Ако имате информација каде примиле без вакцина, само име на градинка ми треба, па лично ќе одам да се распрашам.
     
  16. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    Мислиш е ок детето да е во ризик? Легално не смее да се прима никаде.
    Сосем е во ред на 12м, кажи му на маж ти. Не одложувајте. Од лично искуство ова.
     
    На didisi, eli25, t-sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. t-sweet

    t-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    Во приватна градинка во таа кај што прашав јас little me детето смее да оди без вакцина само до 13м.После тоа несмее да посетува градинка додека не се вакцинира.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Што е до мене, уште на 9 месеца ќе ја вакцинирав. Маж ми сакаше да чекаме до 3 години. Компромисот беше на година ипол да биде, со тоа што имам неколку месеци каде нема да може да ја чува баба и, па испитувам опции. Се надевам дека нема да имаме друго решение за да си ја вакцинирам на 13 месеца како што си е ред.
     
    На t-sweet и wannaBeMomma им се допаѓа ова.
  19. Macito007

    Macito007 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    2.484
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам за искуства со приватни градинки конкретно за Битола?
    Кои се меѓу подобрите и малку инфо за нив :)
     
    На Дани.СС му/ѝ се допаѓа ова.
  20. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    122.047
    Верувај и државно има. Се запрепастив кога слушнав една мајка како директорката и била пројателка и ја протнала нејзината без ммр. Дно држава сме нема спас за нас:envy:
     
    На FreeMind, Mrs. Lovett, didisi и 2 други им се допаѓа ова.