1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни градинки

Дискусија во 'Дете' започната од Lady*Bug, 14 јануари 2018.

  1. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Другарка моја се вработи како воспитувачка во една приватна градинка во Скопје, не би да именувам.
    Од тоа што ми го збореше за градинката, односот со децата, далеверите што ги прават, начините на кој ги лажат родителите за јадењето на дечињата, спиењето и све остало, се згрозив.
    Искрено, никогаш не би носела дете во приватна градинка.
     
    На Martka, Meckicja и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Па не знам колку баш лесно можат да лажат кога децата и сами кажуваат што јаделе (зборам за возраст 3+).
     
    На twilight123, Mari-Li и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Да, верувам дека е така, децата лесно се издаваат дома. Ама ова повеќе е за деца кои се помали од 3 години,како и деца со попреченост во развој.
     
  4. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Милионер да сум дете не би запишал во приватна градинка. Ова повеќе ми личи на припич!
     
    На poenta, oblace1, Meckicja и 2 други им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    така ти личи зашо не си се нашол у ситуација да мораш . не збори пред рака.
     
    На YasMazza, twilight123, Dust и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Зошто да морам во приватна градинка?
     
    На cresa-jagoda и Dadusicka им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.143
    Пол:
    Женски
    Една од лажгите е планирањето исхрана со нутриционист(во една приватна скопска градинка,не именувам која) ,а менито го составаа на состанок воспитувачки ,негователки и газдата на градинката,а на родителите им се кажува дека менито го состава нутриционист.
    Башка се дозволува се и сешто,само детето да "сака" да оди во градинка.
     
    На Emilija-Emce, cresa-jagoda и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    1. Може нема да најдеш место во државна за откако ќе сакаш. Може ќе треба да чекаш
    2. Може детето има потреба од поголема нега што нема да може да му ја пружи државната градинка бидејќи е 1 негувателка на 20 деца
    3. Може затоа што детето ќе ти е склоно на алергии и во градинка бидејки не дозволуваат храна од надвор ќе ти го ранат само со чај и леб зашто е алергичен на млечно или јајце или глутен
    Има многу причини. Се надевам ќе немаш потреба од приватна. Но не им суди веднаш на родителите кои праќаат во приватна. Не е секогаш препич.
     
    На twilight123, Scorpio87, Ѕвездички и 5 други им се допаѓа ова.
  9. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Па ете на пример имаш дете што е алергично на куп производи, во приватна градинка за него посебно се подготвува храна.
    Или ко син ми што не зборува сеуште, потребно е со него да работи логопед и бара повеќе внимание за да се вклучи во активностите - во градинката секој ден работи со логопед, а на сите деца им се посветува повеќе внимание - не е дека во државна градинка не знаат воспитувачките, ама кај нас во Аеродром во групи со 30-40 деца,, не можат тие жени да постигнат.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Од напишаното можам да заклучам дека приватните градинки всушност не нудат никаков квалитет освен тоа што ке ви пратат слика кога и да побарате...

    Прво што ми падна во очи е фактот дека менито го спрема персоналот а не нутриционист. Понатаму, честото менување на воспитувачките дефинитивно не е позитивна работа, а најбитната работа е тоа што им е дозволено речиси се' само за да сакаат да одат во градинка. Ако навистина е така, а знаејќи како функционираат други работи во државава, сигурна сум дека членките не лажат, за 200 евра месечно јас ке добијам размазено дете.

    Од денешен аспект, доколку јас како родител се соочам со одреден проблем, би размислувала за жена која ке се грижи за детето, работа со логопед доколку е потребна, наместо приватна градинка во која нема никаков ред.
     
    На referentka, Martka, Mr. Right и 2 други им се допаѓа ова.
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Ама не се сите приватни градинки такви. Има и навистина што имаат и нутриционисти и све.
     
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.143
    Пол:
    Женски
    Треба да се внимава каде.
     
  13. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Можеби, немам никакво искуство со градинки, ова го напишав според мислењата погоре.

    Ми падна во очи тоа што во некои приватни градинки ги запишуваат децата јер им се може, а не затоа што истите нудат подобри услови од државните.
     
    На cresa-jagoda, NarCis@ и LiliBoz им се допаѓа ова.
  14. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.194
    Пол:
    Женски
    Abe za rabota so logoped moze pak da se plaka privatno I pokraj gradinkata. I jas ne bi dadela 200 evra za privatna gradinka
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Избор на родителот е сепак. Читав.на факултети мк една статија за која би го дала истиот коментар сеа што го даде ти ама тоа е за џепарлак..
     
  16. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Тоа го велам и јас, би избрала државна градинка и дополнително посета на логопед. Или жена која целосно ке му се посвети, доколку има проблем со алергии, а не приватна градинка, во која воспитувачката работи со група на деца.

    Точно, јас зборувам каков избор би направила со оглед на тоа дека и во приватните не е се сјајно како што е во рекламите.
     
    На cresa-jagoda, NarCis@, Mr. Right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.847
    Пол:
    Женски
    @LiliBoz 1 негувателка и 1 воспитувачка на минимум 30 деца :!:
    Друга работа е што со навистина мали деца, односно од јасли па до кај 2-3 год., нема да знаете ништо, ни дали јаделе, ни како се однесуваат со нив. Имено, тоа се случуваше во градинката за која пишував претходно. Во најмалата група, тоа што го видов и слушнав беше изживување, да не ги спомнувам погрдните зборови. За разлика од поголемата група каде воспитувачките беа многу фини и културни.
    Во врска со логопед, има и во државните. Но, и да оди во приватна градинка детето, јас за таква работа, би барала проверен логопед приватно, без разлика дали ми влегува во цена или не. Квалитетот и искуството никако не е поврзано со тоа што работи во приватна градинка.
    Има приватни и приватни. Сега овие новите што никнуваат како печурки, подобро да не пишувам како земаат лиценци. Со "имаш некој во министерство?". Е, толку треба. Јас стварно би се распрашала добро, исто како што направив и за државната каде што оди ќерка ми. Тргнете од тоа дека имаме Систина, Ре Медика и Санте, сите приватни болници, а знаеме со квалитет горе-долу како е, истото го има и во приватните градинки.
    @Rebecca_R и јас исто размислував како тебе за жена, ама и тоа како се премислив заради една колешка. Најми жена, и тоа преку агенција, со препораки, со сѐ. И беше супер задоволна, сѐ додека не стави камера. А стави камера, затоа што почнаа да ѝ исчезнуваат работи. Ситници, ама па зошто некој да ја краде. Ај тоа, ама кога виде дека детето поминува 5 саати пред телевизор, а оваа оптегната на гарнитура и збори на мобилен, тука ѝ прекипе. Градинката има поголеми предности според мене, но жалосно е што условите кај нас се лоши. Немаме пред сѐ соби за тријажа, за болните деца, на кои родителите не можат да земаат толку често боледувања. Јас мислам тоа да го има, па и повисока цена да плаќаме, ќе биде многу полесно. Друго, капацитетот е мал, нема доволно персонал, тоа мора итно да се среди. И трето, храната за децата кои немаат алергии е одлична, освен ужинките, ама за тие деца кои имаат проблем, е невозможно да посетуваат државни градинки.
     
    На Scorpio87, MissDior, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Masnickaaa

    Masnickaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    897
    Пол:
    Женски
    Од која приватна градинка сте задоволни и би ја препорачале?
     
  19. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    4.872
    Пол:
    Женски
    Истото и јас сакав да го прашам, бидејќи имам навистина потреба да го носам.
    Се мислев меѓу литл ми, кулкидс и бушава азбука... Ако некој има и друг предлог или мислење за истиве, да пише :)
     
    На Masnickaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.143
    Пол:
    Женски
    Приватните градинки треба да им даваат и подобри плати на вработените.
    Другарка конкурираше на конкурсот за воспитувач на градинката Светот на Колорес,плата 12 000 .
    (facepalm)