Да ми е близу, таму би го носела. Наш пријател има две деца таму, ептен се фали. А и преубав двор имаат, никој нема таков мислам
Дали во реонот на градски парк Green House е единствената приватна градинка? мислам дека имаше исто од задната страна на парк, кај александар палас уште една ама не ми текнува на името, ако некој знае да сподели..
Има убав и Green House Со плус градина со овошје и зеленчук, mud kitchen. Плус огромен простор, со неколку игралишта и лулашки, многу зеленило. Плус од самиот двор има директ влез во градски парк
Да ама некако раштркано ми е таму Бев на разговор , видов све , ок е , ама дворчето онаму ми е поубаво ...
Е да, едно е лево, едно десно. Но океј е, таман за дистанца супер. Секоја група си е на посебно игралиште
Мамички како одат уписите во приватниве градинки. Се чека ли многу време од упис до почнување? Некој да препорача градинка во околина на Аеродром, како се со цени отприлика и од која возраст примаат деца? Со целава ситуација со градинкиве мора да ги разгледаме сите опции. Благодарам однапред
Не е како државните да се чека. Дури и да не го запишеш, можеш да пробаш како ке му оди, ден, два и после да го запишеш и да си продолжи.
Која градинка во Центар и околината би ми ја препорачале за од година да го носам? По колку деца се во група, исхрана, активности и други детали?
Центар и околината ти е широк поим. Кој дел од околината и е битен. Има општини блиску до Центар како Карпош на пример кои се држат строго до реонизација (деловите што се граничат со Центар) и каде што не примаат деца што не се со адреса од реонот, за да немаат притисоци и фаќање врски. Јас моето го носам во таква градинка и сум презадоволна. Во Центар примаат и деца од други општини и имаат скала со бодови (и ако не си од Центар губиш поени). Заради притисок врз градинките често доаѓа до фаќање врски. Кисела Вода не знам како е и Аеродром и Гази Баба не знам како е, пошто и тие ти се околина општина Центар. Инаку во сам Центар имаш неколку градинки. Едната е Кочо Рацин со клон кај Зебра (ај да речеме блиску до строг Центар) и има и клон во ГТЦ (баш строг Центар). Имаш клон на 13 Ноември кај полициска Беко (главната зграда е кај Песталоци па и тоа е блиску до строг Центар) и на Кукушка и кај Кругче. Сите од 13 Ноември се блиску до Центар. Од луѓе што носта деца во таа градинка знам дека имаат ОК услови и дел од кадарот е супер. Има и од Корчагин клон позади Уставен Суд (и тоа е некако строг Центар). Храната е иста во градинките во една општина. На општинско ниво се решава тоа прашање. Од искуство Карпош и Центар имаат многу слично мени.
Пишав околина зашто не знам дали и колку градинки има во Центар, тука се пишува само за Карпош и Аеродром. Сигурно не мислев на Карпош 4. Ако има некоја искуство кај Зебра, гтц или Беко нека ми пише. Само едно прашање, таа кај Беко не е државна?
Да сега сфатив дека ти приватни бараш. Во Центар баш и нема многу приватни. Имаш една горе на Водно: Лилипут за која јас знам. Потоа во Карпош ама блиску до Центар (на сама улица Васил Ѓоргов на 50 метри после Рзувелтова што ги дели Центар и Карпош) е British Children Academy. И блиску до Центар на Партизанска е Светот на Колорес (исто стотина метри после Рузвелтова). Други барем јас не знам.
Претпоставував, гледам воопшто Центар не се спомнува, а сабајле низ гужвите не би возела подалеку. Ми треба некаде близу за пешки да го носам. Фала ти на одговорот, може некоја мајка ќе сподели искуство, секако имам време.
Green house само ќе ја додадам, малку поскапа од другите ама од тоа што имам слушнато вреди за парите
Ама таа не е блиску до Центар. И за неа јас знам дека не е ништо посебно иам само убав двор. И тоа од вработена таму. Ако гледаме тој реон и поскапа јас би гласала за Изворче Монтесори. Само таа градинка во земјава има различна програма од сите други односно има лиценца за Монтесори метод. Другите ниту една нема лиценцирана програма.