Од колешки мои,носат деца презадоволни се, и мислам е една од подобрите во таа област. Исто супер добра во близина е Монтесори Изворче. Низ градов една од подобрите во Капиштец - Бритиш академи моите се таму и после накај Кисела Вода - Кул Кидс. А дека се добри мислам тешко е и место да најдеш во било која ако ти е за брзо. И кај приватниве веќе се чека
Дали во дригите приватни градинки (освен Црвенкапа) носите пелени од дома?И ако може искуство за јасли група во Црвенкапа
Понеделник ке одам во Колорес да ја запишам малата 13+ месеци е. Се мислев меѓу бритиш и колорес ама бритиш ми кажаа само англиска била комуникацијата, а она е мала па да не ја шокирам мн.со нова средина нов јазик...Може грешам,ама ајде ке видиме. Плус тоа во колорес ми кажаа на 3 деца една учителка тоа ми беше ок. А во бритиш немале моментално толку мали па ке ја ставеле во поголема група. Пиколини на 12 деца 2 учителки за јасли и тоа ме одврати. Ке ви пишам како ке се вклопи
Тргна малото? Мојата од денес тргна, може се заедно во група Задоволна си до сега? Има ли некоја група на фб тука прочитав за родители или?
Да, оди веке неколу месеци. На почеток се разболуваше често, сега е ок. Најверојатно имунитет додека да зајакне. Генерално сум задоволна, имаат интересни активности, што за дете е супер. Само имам забелешки, неколу пати кога го зимам, пелената му е сменета и тоа е ок, само не го бришат убаво и му се воспалува газето. Реагирав неколку пати, и се подобрија, ама пак им се случува некогаш. Мене тоа многу ми смета, се надевам нема да имате такво искуство.Учителките се добри, мојот на почеток плачеше, сега им се смее и дава рачиња да го земат. Доколку имаш други прашања, пиши слободно
Здраво, знам дека одамна е постов, ама сега сум во потрага на градинка за моите близначиња, па ова многу ми се допадна. Те молам ако можеш да ми кажеш за која градинка станува збор? Фала многу, Ана
Дали ги мачкаат со некоја крема по менување на пелена? Вчера и денес имала потечна столица и одма е малку воспалена. Реков дене ќе прашам за тоа, и други работи прашував тоа заборавив
Да, ги мачкаат, само што по мое седат подолго време кога се какани, и се воспалуваат. Сум приметила многу пати одкако ке го земам дома, му ја проверувам пелената, и самиот памперс е испрљан малце од што газето не е добро избришано и панталоноте што ги носел дента мирисаат, затоа што седел долго така. Тоа не е во ред, реагирав неколку пати, ама пак им се случува
Можеби, ама кога е дома не му се случува, еве кога бил настинат, и седиме дома една недела нема никаков проблем. За викенди исто, не е до памперсот. Пишав погоре за панталоните, исто знаеле неколку пати да ми го вратат со испрљано боди, од што му протекло, а имаме однесено резервна гардероба, баш за таа намена. И така...