Да и јас имам приметено хеланчињата замирисани кога ќе ја земам, и прво проверувам да не е какана. Фала ти, ќе реагираме и ние од понеделник ако пак се случи.
Поздрав женски.Вие кои што ги носите во приватни градинки,дали може да ми кажете како плаќате кога на пример детето било само половина месец,или само 10 работни дена. Има ли некој закон што ги штити родителите доколку ви направат некоја парична штета. И ,ако некоја од вас веќе има искуство,во тек на изолација поради позитивен случај од вработен во градинката или пак и дете,колку дена треба градинката да не работи? Фала однапред
Во Светот на колорес, за отсуство 2 недели-не се намалува ништо, за 3 недели отсуство ти намалуваат само 3000ден.(ова важи доколку претходно го најавиш отсуството). Доколку не иде цел месец, плаќаш 3000.
А без никаква најава не скратуваат ништо? Еве малиот втора недела во континуитет не иде поради бактерија, да прашам или да не се нервирам џабе?
Па кога кажала првиот ден дека е болно бебе и нема да оди, по логика значи "најавила", детето нема да оди. И чим се собрале веќе 15дена по дифолт треба да плати - 20% од сумата. @Jana06
@kukla21 Не ме прашале, јас сама известувам, мислев дека така треба. @emkaemka Ептен држи вода ова, баш кога ќе го однесам ќе им кажам. Јас мислев најава значи некое време претходно што е невозможно со болно дете. Инаку, во другата тема зборевме за дали да се носи болно дете. Не знам дали го фатив делот погоре во сликата ама пишуваше дека детето треба да се носи здраво.
И во мојот договор исто пишува. Јас тоа најава го сфаќам да кажеш колку дена нема да иде. Пример јас кажувам не иде 3 недели, пред истекот на 3тата недела најавувам уште една. Ако речам болна е, не го разбирам како најава ако не потенцирам дали нема да ја носам 3 дена или 2 недели. Баш ќе видам колкава ќе биде фактурата.
па како знаеш колку ќе е болно?? Пример, мислиш настинка 2-3 дена, излезе бактерија (која бтв ја фатил во градинка). со коронава и затворањето на градинките, ептен забегале. Пола месец не оди 10-20% помалку. Изолација ради нивен вработен, пак 10%.
Абе не е фер, ама си има во договор, сум го потпишала. Свесна сум дека првава година ќе иде 50 дена од болести, а ќе платиме 360. За изолација, родителите земаат плата како боледување, логично е да си платиш за детето.
Мене па ич ми нема логика да платиш 100%. Не се исти трошоците на градинката кога не оди детето, освен платата ма вработените. искрено, малку аздисале со коронава. Секој е свесен што потпишува, ама и ептен ја користат ситуацијава.
Кога не може да иде во државна, ќе си плаќам и ќе си ќутам. Море нека иде само, доста ми е од ова подавање на детето со домашните како штафета.
Здраво мајки, ако може да споделите искуство со јасли во градинките “Пиколини“ и “Светот на Колорес“ (Карпош). Се двоумам помеѓу овие две. Се работи за бебе 10 месеци. Фала
е тоа е проблемот. Се знае нема место во државните и ајде приватниве “силни”. не е малку колку се плаќа на годишно ниво. 3000 еур е солидна школарина на приватен факултет.
И повеќе од школарина на Факултет. А не нудат ништо посебно. Ниту една приватна градинка (освен Изворче) нема некоја лиценцирана програма па да речеш е различна од државните.