1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни градинки

Дискусија во 'Дете' започната од Lady*Bug, 14 јануари 2018.

  1. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.218
    Допаѓања:
    2.653
    Па нема појаки негативни коментари од тие што никогаш не искусиле приватна градинка :)))

    Моето искуство со државна и приватна е следно:
    Комуникацијата со учителките во приватна е врвна, разговараме за секоја промена кај детето, состаноци со нив имаме често, бидејки тие се стручни и поминуваат многу време со моето дете.
    Учителката во државна немаше никогаш време за такво нешто.

    Во никој случај детето НЕ Е МИ Е РАЗГАЛЕНО.
    Туку имаат тооооку едукативен материјал што не мора никој тоа ми го пренесе, сама си раскажува дома.

    За мене најважно е што се секој ден надвор во двор, буквално секој ден.
    Од најмало до најголемо.
    Тоа во државна нема.

    И има уште милион зошто.

    И на некоја по дома никогш не би ја оставила, што ќе научи од некоја баба?
    Бабе, бабе кога ги слушам на лулашки коса ми се крева :))

    Затоа од мене глас за приватна.
    Конкретно мојата е во British Children Academy.

    Не знам, далеку ми се беа и не ги разгледував.
    Одбери ја таа со двор и со едукативна програма.
    Зависи колкаво ти е детето?
     
    Последна измена од модератор: 6 јули 2018
    На LadyC, Lady*Bug, Masnickaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    4.820
    Пол:
    Женски
    И државните да имаат 15 деца во група ќе биде идеално.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.194
    Пол:
    Женски
    Da I jas istoto ke go kazev se ubavo vo privatnite ama I parite se ubavi sto gi davaat vo privatnite 10000 ,15000 den ehee a vo drzavnite davase skoro sestra mi znam 1500 den mesecno za edno dete
     
    На LadyC и Martka им се допаѓа ова.
  4. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.218
    Допаѓања:
    2.653
    Тогаш твојата другарка е крајно не професионална, штом она како педагог си дозволила да работи под тие услови.
    Кои работи те згрозиле?
    Ме интересира најискрено
    И мислам дека треба и те како да ја пишеш градинката. Можеби некоја од нас тука ја гледа како опција за своето дете.

     
    Последна измена: 6 јули 2018
  5. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Еве конкретно еден случај. Едно од децата што ги чуваат било малце потрапаво и родителите замолиле посебно внимание да му посветуваат. Но, во случај на невнимание, детево паднало, имало огромна џумка на главата и наместо да им кажат така да родителите, една од воспитувачките кажала дека се степале со некое друго детенце за играчка. Мислам WTF?
    Стварно не знам како и е името на градинката, само знам дека се наоѓа негде во Црниче.
     
  6. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.218
    Допаѓања:
    2.653
    Не, нема да добиеш размазено дете и приватна градинка не е е јер ми се може, побогу.
    Се додека мислиш некоја жена подобро ќе се грижи од едуциран кадар во градинка, и дека таа нема да го разгали мисламмм.. ноу комент.

    Не знам што е финтава со нутрициностот :) се додека детето јаде во изобилство овошје за ужинка, салати, манџи а не бисквити, торти и кравјо млеко ич не ме интересира кој го прави менито.
    Не знам дали знаете ама тоа јадат во државните градинки.
    Тоа беше причина бр. 1 зошто ќерќа ми ја отпишав и ја запишав на место јаде што јаде вистинска храна.

    Абе Мини, а мислиш во државна само вистината на тацна ќе ти ја сервираат? Дека си пишала никогаш нема да го пуштиш во приватна.
    Таму се куп деца, ќе падне и нема ни да видат што се случило.

    А има и секакви родители. Детето било трапаво, па да пазат. Абе ај.
    Па деца се, ќе паѓаат тоа е нормално.
    Се зависи од приоритетите.
     
    Последна измена од модератор: 6 јули 2018
    На darcy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Јас одев во државна градинка и јадевме манџи, салати со секое јадење и овошје. Торти и бисквити за ужинка ни даваа некогаш по малце. Изгледа зависи од градинка до градинка. :)
     
    На Meckicja, cresa-jagoda, An-na и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.218
    Допаѓања:
    2.653
    Joi ти или детето твое? :)
     
  9. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Јас, пред некои 12 години. Потоа и нашколо јадев јадење од градинка бидејќи одев во целодневен престој.
     
  10. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    И мене моментот со жена што ќе го чува ми падна во очи, ама реков да не навлегувам во полемиката.
    Јас од градинката на мали сум баш задоволна, имаат активности секој ден, надвор се секој ден, повремено ги носат и вон градинката, и пред се ми е битно што него го тераат да работи и што не сака (многу е тврдоглав дома, таму слуша), да се дружи со децата иако тој може и само на страна со играчки би сакал да седи, таму знам точно што јадел и колку јадел (и им верувам, бидејќи ако некој ден нешто одбил тоа и ми го кажуваат).
    Е сега, секој сам си одлучува според своите можности дали ќе ги даде додатните пари, не е мала ставка во домашниот буџет. Не се мешам во ничив избор, но лично ми пречи етикетирањето дека ако го пуштам детето во приватна градинка се препичувам, го размазувам (напротив), или ете ми се може (па дури и тоа да е главна причина). Нешто слично како и во темите за породување во приватна болница...
     
    На Lizi, kukla21, Mari-Li и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Од каде знаеш за каква жена правиме муабет? Во државава нема девојки и жени кои завршиле соодветен факултет и не можат да најдат работа? Зошто по дифолт мислиш дека жена која работи дома е неука?

    Еве кај моја другарка доаѓа жена која има завршено педагошки факултет, кај роднина доаѓа девојка која е студент на истиот факултет.

    А во државни градинки паштети јадат?
     
    На referentka, cresa-jagoda, NarCis@ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.218
    Допаѓања:
    2.653
    Ок Joi, јас не сакам да јаде моето дете чоколино, цедевита, бисквити со млеко, туна конзерва и сл.
    Пак ќе кажам приоритети.

    Бидејки девојка со твоите предиспозиции ќе работи во институција каде што ќе биде пријавена, ќе се доедуцира.
    Нема да прави кашички во некоја куќа или да пегла бодиња.

    Па јадат намаз од туна, да не е тазе уловена туната?
     
    Последна измена од модератор: 6 јули 2018
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Да, убаво е тоа, ама во реалноста има еден куп дипломирани на педагошки и едноставно нема работа за сите. Наместо да работи во маркет, личноста може да работи со едно дете, потполно истата работа која би ја работела и во градинка.
     
    На cresa-jagoda и NarCis@ им се допаѓа ова.
  14. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.218
    Допаѓања:
    2.653
    Реално такви девојки се многу малце, и да ангажираш таква за детето можеби е ок до кај 24 месеци.
    На едно дете, нормално да расте му треба социјализација, да сретнува разни карактери, да сфати дека не е само тоа и дадилката.
    Од друга страна треба да учи нови работи, да истражува.
    Не знам дали имаш деца, ама знаеш ли едно дете на 4 годишна возраст колкав капацитет има?

    Абе неее, многу биле размазени нашите деца остај тоа :))
    Имам пријатели и во други приватни градинки. Ниедно не е размазено.
    Сите се прекрасни дечиња
     
    Последна измена од модератор: 6 јули 2018
    На darcy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Не се малце, ама очигледно имаш поразличен став и не си барала таква личност. Јас зборам за мене, и не се сомневам дека ситуацијата во приватните не е сјајна, како што напишаа неколку членки.

    Сега ке се убедуваме дека градинка е нешто неопходно? Дека дете кое не оди во градинка не е социјализирано? Дете кое расте дома не истражува? Има друга тема за тоа, да не одиме оф-топик.
     
  16. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.218
    Допаѓања:
    2.653
    Да се убедуваме? Не.
    Извини, Само да посочам дека ниеден член што го носи детето во приватна градинка, не кажа лошо на таа тема.
    Вашите претпоставки беа, малтене смешни.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    825
    Пол:
    Женски
    Во очи ми падна муабетот дека и во државните градинки да се по 15 деца се ќе биде супер. Не, не и не. Имам страшно искуство со државна градинка, на добар глас демек, каде во група со моето дете одеа, замислете само 12 деца.
     
    На Mari-Li му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.144
    Пол:
    Женски
    Имам искуство со работење и во државна и во приватна.
    Комуникацијата со воспитувачот зависи од личноста.
    Конкретно јас имав групен состанок/родителска со родителите и во државна /приватна на две недели,а секојдневна индивидуална комуникација со сите родители.
    И во државна има секој ден надвор,мојата група беа секој ден надвор ,имавме огромен двор со редовно искосен тревник со лулашки,лизгалки и останати реквизити,тука приватните се лимитирани бидејки се објекти во приватни мали дворови,барем во таа јас каде што работев.
    Храната ја набавуваат во државните преку тендери,приватните кетеринг или имаат готвачи вработено,набавката сигурно не е од еколошки чисти,непрскани средини.
    Во нашата имаа секој ден супа од разновиден зеленчук,,манџички,зелка,компир,грашок,боранија,кофте,грав,лека,пире ,чорба од риба,сарма ....Секој ден сезонска салата ,една обавезна овошна ужина(банана,праска,јаболко,праска,круша,на есен варени костени,тиква печена),втората пудинг,тортичка.
    Да напоменам дека една градинка во карпош храна набавуваше од државна градинка.

    Голем проблем во приватните грдинки е и правилото "јас плакам јас одлучувам",па се прават исклучоци.Пр.во државна градинка не примав ни под разно дете дојдено со ранче со антибиотик ,(носење болни деца ужасно ми пречи,па бев на црна листа кај некои родители),а во приватна ме натераа да ставам капки во очи на дете ,зошто, бидејки пари се во прашање.Одењето во приватна градинка не е гаранција дека нема да се разболи детето.Секаде се разболуваат.

    Друг голем огромен проблем во приватните градинки е изборното спиење.
    Тоа во прв момент на родителите во приватните им е одлично,но рутина во спиењето е бенефит.
    Имаше деца кои не сакаат да спијат,за нив има други активности,но родителите потоа се жалеа дека дома им е се пореметено.

    Предноста во приватна градинка е што се помали групи,подобро се работи,јас во државна имав група од 28 деца,е сега предност е и да билдаш социјални вештини во група од 30 наместо во група од 6.
     
    Последна измена: 6 јули 2018
    На nekoja85, Alanna, JoyJoy и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.218
    Допаѓања:
    2.653
    Ова е веќе одлична паралела и искуство меѓу државна и приватна.
    Сепак мојот став како родител е моето дете да биде во приватна градинка.
    Сме ги пробале двете опции и нема споредба.
    За нас тоа е изборот.
    Кој како сака за своето дете, така нека прави.
    Единствено оцрнувањето на децата од приватна градинка не ми се допадна.

    За мене најголема траума од градинка е спиењето. Не сум спијач и тоа е.
    Во државните се се генерализира, нема индивидуален пристап.
    На некое дете не му треба едноставно сон.
    Во случај тоа да ми смета како родител, во разговор и соработка со учителката сигурна сум дека ќе успееме да почне да спие моето дете.
    Мене лично комуникацијата ми е најважна, ќе кажам браво за тебе што си таков воспитувач. Искрено, тоа е реткост во државна градинка.
     
    Последна измена од модератор: 6 јули 2018
    На kukla21 и darcy им се допаѓа ова.
  20. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Неопходно? Веројатно не, има многу деца што не одат/не оделе во градинка и ништо не им фали. Тоа според мене, иако и јас не сум одела во градинка и дури години подоцна сфатив, а и мајка ми признава, дека тоа беше грешка.
    Според педијатри, дечји неуропсихијатри, дефектолози, логопеди, градинката е нешто што треба да е задолжително. Прво нешто што ми рекоа да направам кога кажав дека син ми доцни со говорот (инаку е здраво дете), ми рекоа ГРАДИНКА ВЕДНАШ, а за приватна или државна не наметнуваа, иако препораката ако можам тоа да си го дозволам беше приватна. Алтернатива на градинка немаше. Не баби, не жени, не студенти, не магистри, едноставно - НЕ.

    И да, битна ми е и мене повратната информација што и како се работи со детето. Болни деца рекоа не примаат, не знам до кој степен се придржуваат до тоа. Имаат пречистувачи на воздух, имаат озонатори, па може и тоа помага. Во групата на син ми сите преспиваат, и тој таму си има ред. Таму јаде, дома еве месецов што не го носам, веќе се одбива. Му се здосадува, понемирен е, и искрено едвај чекам да продолжи следниот месец.
     
    На Mari-Li му/ѝ се допаѓа ова.