Јас не се секавам пред 3 години кога внука ми тргаше во градинка дека беше вака како што викаш. Сигурно не мислев да влезам со неа во занимална и да играм со неа Како мислиш одредува воспитачката? Ми го гледа детето прв пат у живот , ја фака за рака ја носи и ОНА одлучува мое дете колку ке седи? Сериозно?
И моево почна, на врата ги предадовме децата и толку еден ден пола саат нареден 2 саата и натака ќе видиме али она ни кажува по колку седат и на крај кога ги земаме кажуваат колку јадел што јадел колку пиел итн.
Ич не сакам мајки и баби и татковци седнати со децата. Ако мајката на Соња е таму и моето ќе сака мама да дојде. Затоа, ниедна.
Корчагин нели е државна градинка? Инаку точно дека одредува воспитувачката колку ќе седи, во зависност од детето. Ако не може да се смири ќе ти се јави за 10 мин да го земеш првиот ден. Ако е супер,може и 2 часа да седи
Неможам меил да најдам. Мислам 13.000 беше,без додатни трошкови. Ова е онаа приватна во Аеродром кај поликлиника Јане Сандански.
Здраво на сите Мој прв пост тука и прво па машко за приватна градинка. Јас размислувам за приватна градинка од проста причина што кај мене во населба сите градинки се по 40 деца во група и по две три дечиња на креветче. А и моето ми е избирливо за јадење :/ Па правев истражување и ги читав сите коментари од почеток на дискусијава и се јавив во неколку градинки. Имате ли посебно искуство, лошо или добро со следните: IPS во карпош3 Пиколини во карпош4 Yahya Kemal Француската во Карпош4 IPS цената е 14.000 плус 2200 за јадење, Пиколини неможам никако да ги добијам на телефон па ако имате некакво инфо за храна/групи/цена би ви била благодарна, Yahya Kemal e 12.000 a француската 12.000 со оkолу 430-50 еур дополнителни трошоци. Со тие што стапив во контакт до сега, позитивни ми се мислењата и неможам да се одлучам. Ако имате некаков инпут би ви била благодарна
Има во ѓорче и се чека по две години освен ако не фатиш врски. А за јадење се распрашав и што точно даваат овде во градинките и мене најискрено тоа не ми се допаѓа.
Да. Не е храна купена на тендер по најевтини цени. Од таков тендер децата у Куманово закачија салмонела. У градинката која што оди моето дете храната ја носат од Александар Палас. Нема мајонез, нема чоко бисквит, нема маргарин и мармалад. Мене многу ми беше битно каква е храната, оти и дома многу пазам за нејзиното јадење. У 6 скоро години, прв пат проба фаст фуд пред два дена. Разликата е огромна.
Пази додека можеш, но не заборавај дека кога ќе почне пубертетот и да излегува ќе јаде само такви глупости надвор сигурно нема органско да купува. Затоа внимавај и со рестрикциите кон одредена храна.
Пазам јас. Навиката навреме се стекнува. У пубертетот нормално дека ќе јаде, нема да и стојам на патот. Ама дома ќе јаде здраво. Додека можам се е биде здраво. Затоа и барам здрава храна у градинка. Жално е уште на 4 год дете да јаде штетна храна. А зошто? Барем додека е во брз развој да е здрава храна. Да нема цицки и брада на 9 години.