Има една, Бон Тон се вика. Ама само за дечиња над 2 години што се посамостојни. Исто и игротеката Смајли прима деца над 2 години.
Како се движат цените за приватните градинки во Скопје? Од колку се најевтините и дал вреди за нив да се плака или поскапоте се и подобри? Фала
Адаптацијата 1 ден му траеше т.е од прв ден со спиење во 14ч го земав. После 3м во државна каде седеше до 11. Во тие 3месеци дали вкупно 15 дена одеше... Колорес 3 дена Литл ми ти викаат 1-2 недели. Мора да прашаш со нив. Моево доста проблематично беше за вп градинка
Адаптација кај дете не трае никако еден ден. Може да остане да спие,може воопшто да не плаче но не е адаптирано на нова средина и услови. Такво нешто нема во детска психологија. За адаптирано дете можеме да збориме после минимум од еден месец.
Епа после 1 недела со радост оди. Се радува кога ќе ги види, ја знае зградата, трча накај влезот тропа на врата. Си ја знае учителката си ја бара внатре итн. Е сега ова го кажувам од аспект на родител, психолошки анализи тоа лично не ми е домен на работа.
Зависи од детето. Ако е поголемо и разбира каде оди, дека оди без мама кај учетелка и други деца и ако сака да оди, тогаш е адаптирано. Ако со трчање оди во градинка, зошто не би кажала дека е адаптирано?
За сега имам инфо само од една градинка и ми рекоа дека адаптација трае 3 дена, што мене ми изгледа малку за 20 месечно дете... Ќе прашам и во други како е...
Зошто малку. Ако детето добро прифати не плаче. Јас од 11м го пуштив во државна, не знаеш каков хорор доживував и јас и тој. На 15м во приватната од прв ден си прифати добро. Твоето не е мало, скоро 2г веќе детенце. И овде им беше 2нед адаптација, ама јас брзав за на работа па ми излегоа во пресрет да почнеме одма штом не плаче, јаде, спие итн. Мој предлог по детето да се водиш не по правилата. Ти можеш и 3м адаптација да му тераш, а нему можеби ќе му е убаво да седи таму.
Нас на ново работно место да не стават па ни треба адаптација од еден месец, а не дете кое уште емоциите не си ги распознава. 3 дена адаптација не постои, може да кажат со сакаат. Дете дур запознае деца, простор, учителки, правила ехееее...
Многу зависи кој какви можности има. Тешко е кога работиш, а 3 месеци детето седи до 12ч па и боледувања. На работа кој ти вика пошто си на ново место седи денес до 10ч. Јас го разбирам фактот дека за 3 дена не се адаптира, ама зависи можностите и реалноста. Мене вкупно 6м ме толерираа на работа,породилно завршено во јуни. Во јуни не го примија не правеле адаптации одмори користеле, од 01.09 да почне. На 1.09 ти вика 2 недели адаптација. После ти вика ќе го заспијам јас, ама до 14ч да го зимаш ние не можеме до16ч да ТИ го чуваме. До недоглед. За после да ти каже не можам да го заспијам може ќе се разбуди после 30минути и ќе ги буди другите. Стварно не ја разбирам адаптацијава. Други што одат во смени или имаат баби може полесно се снаоѓаат па децата ги адаптираат подолго. На крајот од денот детето највеќе ќе покаже.
А дали кога ја бирате градинката можете да се запознаете и со воспитувачките? Знам дека сега е Корона протоколи и чуда, ама во секој случај сакам да знам каков кадар ќе се грижи за детето, па да знам каква е ситуацијата... Инаку ептен сум со трема околу поаѓањево во градинка
Кога ќе почнете ќе ги запознаеш секако. А ако сакаш нешто да разговараш плус секоја учителка треба да излезе во пресрет.