Аиии ете и другарка на мојава и ние од Април официјално почнуваме. Сега со мајка ми се чуваат и ќе почне да ја носи накај 20ти Март по пола саат-саат да ги учи луѓето, па од Април со мене на адаптација
Мојата ќерка одеше во Црвенкапа во аеродром, но од кога фати коронава престна да оди, инаку тргна во јасли. Сега повторно сакам да ја запишам во градинка веќе има 3 год и мислам дека ќе биде добро и за неа да оди во градинка. Црвенкапа веќе не ми одговара локациски, така што размислувам за некоја друга градинка. Реон центар накај карпош. Видов на ФБ Светот на колорес, Пиколини, Green House, кои се вашите искуства? Што учат?
Клаустрофобичен простор и импровизиран двор кој не е градинката. Не знам локациски, ама провери ја Веселата дружина. Пријателка баш носи таму, гледав слики. Многу пријатна атмосфера
Мене ме интересира дали Ви дозволуваат некогаш да влезете внатре и да погледнете каде всушност ќе го оставате вашето дете... Ние кога отиднавме да се запознаеме со директорката, буквално за се разговаравме надвор во дворчето па затоа прашувам, наводно поради протоколиве сега.. Ама сепак за таа пара би сакала да видам каде ќе го оставам синчето, па затоа сеуште размислувам во изборот...
Веројатно ако побарате да разгледате ќе ве пуштат. Пред короната правеа прошетка низ градинката, ама сега е оставање и земање дете само пред врата.
На две блиски пријателки одат децата. Само пофални зборови имаа. Лошо е што јадење од дома носиш, ама во однос на активности супер се.
Те молам сподели искуство како беше задоволна од целокупната услуга и јасли групата? Од колку месеци ја носеше?
Мајки како терате со разболување? Читам во договорот дека ако не оди повеќе од 15 дена (најавено) се одбиваат 20% што во превод ми е дека ќе си плаќаме цела сума оделе или неоделе. Вака не се разболуваат често ама па пазени се многу
Многу се мислам дали да ја запишам и мојава во црвенкапа од април. 14 месеци ќе биде тогаш. Нема место во Аеродром по државниве или немам јака врска. Ја запишав кога беше 3 месеци, во срничка, клон бамби и еве уште си чекаме за место
Јас сметам дека треба да имаме разбирање и да не бараме да не шетаат. Тоа што се плаќа приватно, не дава право да се шетаме. Сепак таму има мали деца. Што ако денес 10 прошетаат. Дали ќе ви е сеедно ако детето е веќе запишано и е дел од групата и непознати му се рашетаваат?